|
Евангелие и поука за денес |
Внеси реплика |
Автор | |
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Јануари.2010 во 15:11 |
Во православната богослужбена традиција и секојдневното богослужење како дел од утрената богослужба секојдневно се читаат делови од светото Евангелие. Се читаат на гласно и јасно за да допрат до ушите на верниците.
тука може да се запознаеме со православната богослужбена традиција и кои зачала (делови од евангелие) се читаат секој ден и кратки поуки на старец Пајсиј Светогорец - наш современик светило на 20-от век. Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 1) Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.“ „Гласот на оној, што вика во пустињата: пригответе го патот на Господ, израмнете ги патеките Негови.“ Се јави Јован, крштавајќи во пустињата, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.“ Старец Паисиј Светогорец Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка. За жал, многумина од оние што се плиткоумни им даваат неисцрпен воен материјал на еретиците, така што цели православни градови и села ги заземаат јеховините сведоци и го шират своето мисионерско дело. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sto ima vrska pocetokot na Evangelieto na Marko so Jehovinite svedoci? |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве нешто од пословиците, безвремени се и инспиративни. Мало ама јако: 14:33 Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свето Евангелие од светиот апостол Јован (зач. 3)
Во она време, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, оти постоеше порано од мене. Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за да биде Он објавен на Израилот.“ И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него. Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ,Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е, Кој ќе крштава со Дух Свети.’ И јас видов и посведочив, дека е Овој Син Божји.“ Старец Паисиј Светогорец Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји. Поголема е вредноста на еден благословен човек кој внатрешно променувајќи се и надворешно се осветува, отколку на оние што постојано го менуваат само изгледот (својата облека), а внатрешно го чуваат стариот човек со старите гревови. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прекрасно!
|
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 51) Рече Господ на Своите ученици: „Имајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ,Дигни се и фрли се в море!’ и не посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“ Старец Паисиј Светогорец Поголема е вредноста на словото на еден смирен човек со опит, што излегува со болка од длабочината на неговото срце, отколку куп красноречиви зборови на еден конте што зборува набрзина и со извежбан јазик, но не ги исполнува душите зашто зборовите се телесни, а не се пламениот јазик на Светата Педесетница. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 52) Во она време дојде Исус во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините, па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?“ Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас за нешто и одговорете Ми; тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа. Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!“ А тие си мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме ,Од небото’ - ќе рече: ,Па зошто не му поверувавте?’ Но, ако кажеме, ,Од луѓето’“ - се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк. И кога Му одговорија на Исуса, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и рече: „Ни јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа.“ Старец Паисиј Светогорец Поголема благодарност им должиме на оние што беа неблагодарни, отколку на оние што ни беа постојано благодарни, оддолжувајќи ни се во овој суетен живот. Исто така, најдобра молитва е кога некој неправедно нè проколнува, а ние го примаме тоа молчеливо и со добрина. Природно е дека оние што се близу до Бога никогаш не можат да бидат проколнати, бидејќи во нив нема зло, туку само добрина. Какво зло и да им биде фрлено на тие осветени луѓе, тоа се осветува, и тие чувствуваат голема скриена радост. Оние пак, што се оддалечени од Бог, секогаш се неутешени и двојно се измачуваат, бидејќи оној што не верува во Бог и во вечниот живот, освен тоа што останува во овој живот неутешен, душата си ја осудува во вечноста. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 53) Рече Господ во приказна: „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен. И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен. Испрати и друг; него, пак го убија; и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија. Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: ,Ќе се засрамат од сина ми.’ Но лозарите си рекоа помеѓу себе: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.’ И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други. Зар не сте читале во Писмото: ,Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!“ И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа. Старец Паисиј Светогорец Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фален и Славен да е Живиот БОГ во Срцето и Името Исусово
ХалелуЈАХ! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 84)
Рече Господ: „Пазете на себе. Ако згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае - прости му. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ,Се кајам’ - прости му.“ И Му рекоа апостолите на Господа: „Засили ја во нас верата!“ А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на оваа црница: ,Откорни се и пресади се в море!’ и таа би ве послушала. Кој од вас, кога се врати неговиот слуга од поле, орач или овчар, веднаш ќе му рече: ,Дојди бргу и седни на трпеза!’ Нема ли да му каже: ,Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ми дури јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!’ Зар ќе му благодари на тој слуга, што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не. Па така и вие, кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: ,Ние сме слуги негодни, оти го извршивме она, што бевме должни да го извршиме.’“ Старец Паисиј Светогорец Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нè боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). Оној што бара смирение од Бога, но не го прима човекот што Бог му го праќа за да го смири, не знае што бара, бидејќи добродетелите не се купуваат како намирниците кај бакалот (колку што сакаме килограми), туку Бог ни праќа луѓе да се преиспитаме и да се потрудиме да се здобиеме со доблестите за да се овенчаме со нив. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |