IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Република Македонија и нејзините “соседи“
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Република Македонија и нејзините “соседи“

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 16:33
На Балканот (ако не се брои Словенија) нити имало земја која може да го носи епитетот лидер на регионот, нити за долго време ке има. Добрососедските односи се непознат поим. Секој секому се удвара, признава, негира така да се е една пародија која ако не е трагична би биула смешна.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 21:56
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

На Балканот (ако не се брои Словенија) нити имало земја која може да го носи епитетот лидер на регионот, нити за долго време ке има. Добрососедските односи се непознат поим. Секој секому се удвара, признава, негира така да се е една пародија која ако не е трагична би биула смешна.
  коментаров е на место да
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 12:48
zar makedonija ima komsii?изненадување
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 13:30
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101031419&id=9&prilog=0&setIzdanie=21887

Во „Џонсон контролс“ велат дека тука инвестираат од „стратегиски причини - присуство на брзорастечкиот пазар во Источна Европа и поврзаност на фабриката со централата за развој на софтвер во Бугарија“.намигнување

еве и од нас фаjде да иматезадоволство
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 15:13
Некои од постовите ви ги префрлив во Клубот на фајтери.
За потеклото на Да Бе расправајте таму, а за лидер на балканот слободно отворете си тема во Свет и престанете да ја расипувате оваа, отворена е со друга цел!
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 15:29
изненадување

http://dnes.dir.bg/2010/01/18/news5716356.html

Борисов нареди лесно минаване през Македонија


Изменето од да бе - 18.Јануари.2010 во 15:39
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 19:17
Да се одреди датум за преговори за Македонија на следниот самит на ЕУ во март 2010-та.

Европските и македонските власти да се освестат дека одложувањето на стартот на преговори за земјата носи ризик од влошување на меѓуетничките односи, а може да биде опасно и за стабилноста на целиот регион, загриженост за одложениот датум во декември, ова е суштината на амандманите кои ги поднесува известувачот од Словенија Зоран Талер на сопствената резолуција за Македонија која треба да ја гласа ЕП на 26-ти месецов.

Амандманите на Талер го избегнуваат прашањето за името и се фокусираат пред се на европскиот пат на Македонија.

Од друга страна, низа пратеници, во главно од Грција и Бугарија, бараат да не се инсистира толку на што поскоро одредување датум за Македонија, и би сакале акцентот да се стави на добрососедските односи и воздржување од провокативни акти и изјави.

Грчки пратеници потсетуваат дека во Македонија до сега ниту еден изборен циклус не бил регуларен и дека за инцидентите од парламентарните избори во 2006-та се уште нема судска разврска. Според нив, ова буди сомнеж дека во Македонија не се казнуваат сторителите, отворајќи го прашањето за ефикасноста и независноста на судскиот систем.

Инаку, резолуцијата на Зоран Талер е првиот документ од европска институција во кој се употребува контроверзниот термин “антиквизација“, во врска со градењето антички споменици и повикувањето на античката историја. Британскиот конзервативец Чарлс Танок преку амандман бара да се избрише овој термин, но малкумина веруваат дека тоа ќе успее.

Пратениците ќе гласаат на 26-ти јануари за оваа резолуција, која е првата на новиот известувач, Зоран Талер. Генерално и прогрчките и промакедонските струи во ЕП се задоволни од овој извештај и го оценуваат како избалансиран помеѓу двете страни.

Резолуциите на Европскиот Парламент не се обврзувачки но го откриваат расположението на различните политички групации во Европа, како и расположението на земјите членки кон одредено прашање.


Еве какви соседи имаме
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 19:19
А и за нашите западни соседи


Најавата за одржување на вонреден попис на населението во Албанија, во кој за прв пат ќе има изјаснување за етничка и верска припадност, наидува на жестоки реакции на одредени десничарски кругови

Предводник на овие кругови е познатиот историчар, уставотворец и политичар Сабри Годо, според кој голем број на Албанци во изминатиот период ја смениле својата етничка и верска припадност поради остварување на разни интереси.

Ваквата состојба ќе даде искривена слика за бројот на припадниците на малцинствата, но и за верските заедници, вели Годо.

Според него, прво треба да се праша населението дали воопшто сака да биде попишано, врз национална и етничка основа.

Претседателот на комисијата задолжена за организирање на вонредниот попис, Генц Поло вели дека ќе биде предвидена можност, доколку некој не сака, да не се изјаснува за својата етничка и верска припадност

Од друга страна малцинствата во Албанија, вклучително и македонското, го поздравија планот на официјална Тирана за одржување на попис на населението, во кое ќе има можност да се изјаснува и за етничка и верска припадност.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 20:29
http://dnes.dir.bg/2010/01/22/news5744228.html

Грцките фермери капитулираа пред Борисов
Грцките фермери отдрпнаа тракторите и преку граничниот пункт Кулата - Промахон започнаа слободно да минават ТИР-ове след срешта со премиерот Боjко Борисов.

Грцките представители заjавија, дека почнуват да пропуштат коли во знак на уважение кон бугарскиот премиер, ко доjде да разговарa, како и на приaтелски чувства кон Б'лгариa, рече БТА.

Ние сме братски народи и сакаме нашите земеделци - в Б'лгариa и Грција, да живеаат добре и да добиваат повеке пари.


Брееее Боjко за 2 саата ни напрви браka со грцивеизненадување

може да ви го позаjмем за 1 ден да ви го реши споротзадоволство


Изменето од Анастеа - 23.Јануари.2010 во 01:30
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2010 во 01:33
Чувајте си го за вас... и Бојко и Божо и браќата грци.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2010 во 22:30
Се почесто во европскиот парламент се гледа правото лице на Бугарија.Се фатија на орото заедно со малагата
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 11:59
Бугарија, дали навистина е пријател на Македонија?
Бугарија може да се претвори во втора Грција за Македонија, која го условува влегувањето на земјава во НАТО и во Европската Унија. По примерот на нашиот јужен сосед, се очекува и Софија да има сè повеќе барања и услови кон нашата држава во рамките на клаузулата „добрососедски односи“, а користејќи го правото на вето во ЕУ и во НАТО, оценуваат упатените.

И покрај начелната поддршка што бугарскиот државен врв ја дава преку официјални изјави, експертите препорачуваат да не се замижува пред пораките, на пример дека Македонија ќе стане членка на ЕУ само кога на Бугарија ќе и го врати струмичкиот регион и обидот на Софија да стане фактор во спорот за името под изговор дека географската област Македонија лежела на територијата на трите држави.

- Бугарија смета дека треба да се води сметка за историските, културните и другите реалности поврзани со географската област Македонија - изјави пред неколку месеци Димитар Цанчев, портпарол на бугарското МНР. Тој рече и дека добрососедските односи се критериум за помош на Македонија во напредокот кон НАТО.

- Грчко-македонскиот спор директно ја засега и Бугарија. Името Македонец, употребувано од македонските Бугари е дел од бугарското историско наследство. Дел од географската област Македонија е во границите на бугарската држава, во која живеат и десетици илјади бегалци од сите нејзини краишта - изјави пред еден месец Ангел Димитров, поранешен бугарски амбасадор во Македонија.

Најострата стрела ја испрати Волен Сидеров, лидер на бугарската ултранационалистичка партија Атака, кој рече дека Македонија треба да стане членка на ЕУ само кога на Бугарија ќе и го врати струмичкиот регион. Навестување дека ќе се зголемуваат барањата на Софија дава и бугарскиот европарламентарец Евгениј Кирилов, кој се обидува да го издигне на европско ниво прашањето за бугарските воени гробишта и споменици, кое неодамна го актуализира во мешаниот комитет на ЕУ.

Македонија треба да избегне војна на два фронта - грчки и бугарски, смета професорот по меѓународно право, Трајан Бендевски.

- Секогаш може да се очекува Бугарија да нè блокира, зашто Македонија и е трн во око. Не треба да нè чуди ако еден ден Бугарија излезе со статистика за бугарски државјанства и побара права за Бугарите во Македонија - вели Бендевски. Софија ја поддржува политиката на Атина кон Македонија и Бугарија може да направи уште поголем проблем од оној што ни го прави Грција - смета Стојан Ѓоргиев од ОМО Илинден-Пирин.

Грција воведува една грда мода, која се демонстрира со блокада, која Македонија може да ја добие од Бугарија и која Хрватска веќе ја добива од Словенија, оценува Љубиша Георгиевски, поранешен амбасадор на Македонија во Софија.

- Европската Унија не може да го предвиди зулумот што го направи Грција, кој станува практика и со други држави. Теоретски, Бугарија има право да ги условува нашите евроинтеграции, но фактички не верувам дека тоа ќе се случи, зашто нашиот сосед има свои сериозни проблеми и ние не сме му најголем приоритет - смета тој. Според него, шовинистичката и неевропска политика на Бугарија ја застапуваат повеќе радикални центри, како што е партијата Атака.
Според Лазар Лазаров, професор од ФОН, Бугарија ја користи ситуацијата со Грција за да ги оствари своите интереси.

- Бугарија прва ни ја призна државата, но не и националниот идентитет. Сега се надева дека преку проблемот со Грција ќе може да добие делумно остварување од нејзиниот средновековен сон. Всушност, отворајќи прашања за нашиот идентитет или бугарските гробишта, Бугарија се обидува да извлече непризнавање на македонското малцинство - оценува Лазаров.


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 12:52
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:


Бугарија може да се претвори во втора Грција за Македонија, која го условува влегувањето на земјава во НАТО и во Европската Унија. По примерот на нашиот јужен сосед, се очекува и Софија да има сè повеќе барања и услови кон нашата држава во рамките на клаузулата „добрососедски односи“, а користејќи го правото на вето во ЕУ и во НАТО, оценуваат упатените.


ФАКТ
Кон врв
tanas_1902 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 346
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tanas_1902 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2010 во 09:00
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.