|
Македонија низ Христијанството |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | |
??.?.?.
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 11.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 72 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грција била поделена на 4 дела во Римската Империја - Ахаја, Епирус, Македонија, Микри Азија(Мала Азија)
,,И ете таму беше еден ученик по име Тимотеј син на Јудејка, која веруваше, и на татко Грк" ,,Зошто сите знаеа дека татко му е Грк" ,,И на Павла му се јави ноќно видение некој Македонец застана пред него и му се молеше велејќи: ,, Дојди во Македонија - помогни ни!". И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајки дека Бог не повика да им го проповедаме Евангелието" Во Филипи ,,а отаму во Филипи, римска колонија и почеток на онај дел на Македонија" Во Солун и Берија ,,И некои од нив се убедија и се дружеа со Павла и Сила, а исто така и големо множество побожни Грци и не малку угледни жени" - Павлос во Салоника кажи да освен Евреи и многу Грци прифати Христијанство ,,И мнозина од нив поверуваа, а од угледните елински мажи и жени - не малку" Во Атина ,,Луѓе Атињани,, - А не вика луѓе Грци, сви назива според град кој живее Во Коринт ,,А секоја сабота расправаше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Грците" ,,Тогаш сите Грци го фатија началникот на синагогата Состена и го биеја пред судската столица, а Галион не сакаше ни да знае за тоа" Трето Павлово мисионерско патување А некој си Јудеец по име Аполос родум Александриец, човек красноречив и мошне упатен во Писмата, дојде во Ефес" - ова сам подвлекао да вам не буни Аполос грчко име а Јудеец. Он је био Грк само из Хебрејске вероисповести, како и свих Јудееца који се спомиње у Салоника, Атина, Коринт, Ефес и други градова и провинције. Павле во Ефес ,, Јудејците и Грците, го чуја Господовото Слово" ,,Тоа го научија сите Јудејци и Грци кои жи-вееја во Ефес и страв ги обзеде сите" ,,И испрате во Македонија двајца свои помошници, Тимотеја и Ераста, а самиот остана уште некое време во Азија" ,,И целиот град се побуни и еднодушно навлегоа во театарот и ги одвлекоа Македонците Гај и Аристарх, Павлови сопатници" Проштевање со ефеските старешини ,,сведочејки им на Јудејците и на Грците покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус" Изменето од Македон - 17.Јануари.2010 во 15:27 |
|
http://my.opera.com/GreeceLAOS/
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Третата македонска војна (171 BC - 168 BC) е војна водена меѓу Рим и Персеј, кралот на Македонија 2. Третата македонска војна ( на англиски ) 3. Третата македонска војна ( на француски ) 4. Tретата македонска војна ( на италијански ) 5. Третата македонска војна ( на јапонски ) Изменето од Македон - 17.Јануари.2010 во 15:31 |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
PARMEON
Група Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 55 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија и Македонците во Библијата –Нов Завет ( Превод од верзијата на кралот Џејмс) Македонци-- народ кој живее во Македонија, регион, северно од Грција Дела на Светите Апостоли 19:29; 2 Коринтјани. 9:2. (приметете дека Грција е друга земја и друг народ, како во дефинициите така и во Библијата).
EЕве што пишува во Второто послание до Коринтјаните, Светиот Апостол Павле: 9;2 зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина. ". Еве што пишува во 2 Коринтјаните 7;5 Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв. Послание до Римјаните 15:26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим. 2 Коринтјаните 8:1-5 1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија Послание до Филипјаните 4:15-18 15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие. 16 Вие ми испративте во Солун, еднаш и двапати, за моја потреба. 17 Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка. 18 Примив сè и имам сè во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога. Овие докази сведочат дека Македонците во Библијата се претставени како посебен народ и етнос. Со овие текстови се докажува дека се прави разлика меѓу Македонците и Грците, кои биле два соседни народа, ама сепак, различни еден од друг. Апостол Павле прво ја посетил Македонија, па Грција. Интересно е што кога Апостол Павле дошол во Македонија, Македонците покажале големо гостопримство, собрале дарови и финансиска помош за Црквата во Ерусалим. Но, кога Апостол Павле отишол во Ахаја, се сретнал со философски умови кои му се подсмевале и се подигрувале со него, кога пробал да им го проповеда Словото Божјо. СЕ надевам дека го пронајдов она најважното кое е доволно да им сведочи на сите дека Македонците биле присутни во најславната книга над книгите, Библијата, која ја опишува автентичната историја и оној кој ќе го порекне ова, ќе испадне смешен. Изменето од Македон - 19.Јануари.2010 во 02:13 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Spiridon
Нов член Регистриран: 01.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа не значи дека ние(Македонци) и тогашните Македонци имаме некаква врска.Тие биле по култура Хелени(не Грци),а ние сме Словени.
И што докажавте со овој цитат од Библијата? |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не си јасен воопшто - эошто тие Македонци и денешни Македонци да не се исти,сепак Македонец е Македонец Видиш Бугарите како се исти од времето на Аспарух па до ден денес - а паэи Аспарух е ТуркоМонголин што се надевам не се денешниве Бугари,или сепак се |
|
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Религијата која ја практикуваме е токму таа што Павле им ја презентирал на Македонците . Направена е анализа и се знае колку зборови денешните Македонци ги имаат наследено од Македонците во времето на Апостол Павле , а тоа се стотици зборови . Тоа не значи дека ние(Македонци) и тогашните Македонци имаме некаква врска. Доколку незнам ни еден збор абориџански , а не ја практикувам и религијата која они ја практикувале во првиот век од нашата ера , е тогаш може да се каже дека немам , ама апсолутно никаква врска со таа култура и тие луѓе . Ние Македонците практикуваме и Ислам , користиме многу турцизми , тоа е доказ дека имаме врска и со Турците , што можеби тебе тоа нема да ти се допадне , но сепак е факт . Изменето од eptendosadno - 19.Јануари.2010 во 13:12 |
|
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Она кое можеби не се знае многу кај нас е дека покрај Светиот Апостол Павле, во Македонија, поточно на Света Гора, планината Атос, дошла и Мајката Божја, кога заедно со светиот Апостол Јован, по бурата која ги снашла, стапнале на ова место, каде и мајката Божја побарала побарала од Господ, оваа градина да и биде посветена неа. На Света Гора имало монаси дури од четвртиот век, а нивниот број подоцна почнал да се зголемува. Во време на Јулијан Отстапникот, сите христијански цркви биле срушени, а Христијаните биле принудени да се сокријат во блиските гори, додека пак подоцна, во времето на светиот Цар Теодосиј сите пагански храмови биле срушени.
Во времето на Василиј Први Македонецот, ова место било прогласено за место каде може да живеат само монаси. Света Гора во раното Христијанство и потоа Икона "Богородица- игуменија на Света Гора" |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам дека овде започнало христијанството и дедоми бил меѓу првите, опссссс, заборавив дека исус и апостолите биле евреи.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доколку си Христијанон знаеш св.Петар и св.Павле низ какви борби поминале со Евреите за да бидат сите безбожници Христијани
|
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од моите по-омилени теми,браво буги за оваа тема.
Откако згаснала моќната Македонска Империја, нејзиниот древен културен идентитет останал како талог на дното од изворот на новиот римски цивилизациски примат, од кого произлегла афирмацијата на латинската традиција. Но римолатинската цивилизација и писменост не можеле до крај да истраат во покривањето на древномакедонскиот супстрат како историско и културно наследство, при што дошло до нов процес на духовна и културна глобализација како поширок поредок, во кој се испреплело наследството на моќната Македонска Империја што згаснала, со исто така моќната Византиска Империја што се родила главно врз нејзините темели. Таму каде што во историјата духовните и културните процеси ги откопале руините на древномакедонското сведоштво од антиката, врз истите темели се подигнале новите цивилизациски тврдини на Византија. Во ваквата цивилизациска проекција првенствено се имала предвид македонската духовна и културна традиција на библиска земја, со која Македонија историски се предодредила да стане првата европска средина, каде што апостолот Павле со дел од христовите ученици почнале да го шират христијанството, кое веќе два милениума на поголемиот дел од светот претставува општа човекова цивилизациска трансферзала за духовно и културно живеење. Но и Византија не била еднорамковна култура, туку претставувала конгломерат од повеќе културни традиции, интегрирани како производ на меѓусебни односи, врски и влијанија. Врските на македонската ранохристијанска и средновековна култура со византиската биле неограничени, како и на оние со Рим, при што во овој домен се вршела трансмисија на верската, филозофската и на научната мисла во двете насоки. Дилемите кои се наметнуваат при проследувањето на процесот на цивилизациско прелевање на просторот на Македонија и пошироко во Југоисточна Европа во голем дел произлегуваат од т.н. голема преселба на народите (или словенската колонизација), која се реализирала од 80-тите години на 6 и низ целиот 7 век. Имено, домородното македонско население, кое дотогаш било сообразено со византискиот духовен, културен и просветителски амбиент, дошло во ситуација да се вклучува во новата етничка сибиоза со словенските доселени племиња и постапно станувало билингвално. Ваквата етничка словенско-македонска симбиоза наметнала појава на два важни фактори за духовна трансформација на меѓусебните културни и јазични прелевања: процеси на словенизирање и на христијанизација. Процесот на словенизирање го зафатил домородното македонско население, со што на општествената сцена во Македонија стапила доминантната позиција на словенството како колективен идентитет. Додека, пак, процесот на христијанизација ги истиснувал паганските традиционални духовни искуства на словенските племиња како резултат на осмислената и функционална политичка доктрина, која требало да ја обезбеди лојалноста за интеграција на Словените во византискиот глобален свет. Финалето на оваа историска епизода на цивилизациско прелевање се реализирало дури по три века. Кирилометодиевската мисионерска и просветна дејност и заживувањето на нивната традиција во периодот меѓу втората половина на 9 и средината на 11 век го мотивирале историскиот процес за постепено создавање на една словенско-византиска и притоа христијанска цивилизација и култура, а ваквата ситуација станала прилог словенската култура да се издигне до степенот на трета христијанска цивилизација во Европа – веднаш по латинската и по византискогрчката. Политичката програмска поставеност за развојот на словенската цивилизациска свест правовремено се активирала од Византија во Македонија, за подоцна – по прогонувањето на кирилометодиевите ученици од Моравија, да настапи враќање на реализацијата на изворните идеи од Мисијата назад кон нејзините извори – Македонија. Зацврстувањето на словенската цивилизациска свест на општествената, духовната и на културната сцена во Македонија при дејноста на светите Климент и Наум во Охридскиот духовен и книжевен центар го продлабочило чувството за дистанцирање на македонското духовно и културно живеење од она во Византија. Веќе на самото заживување на словенските културни процеси Византија гледала како на антивизантиски постапки, при што таа не можела да ги спречи во натамошниот развој дури и по уништувањето на Самуиловото словенско македонско царство. Едноставно, веќе воспоставената словенска традиција во Македонија, афирмирана преку Светиклиментовата охридска школа, почнала да манифестира вкоренето цврсти корења што не се искоренувале. Дури и во 14 век, кога Византија го изгубила влијанието во источните провинции и македонскиот простор почнала да го користи како изворен центар за актуализирање на развојните тенденции, веќе во Македонија немало историска гаранција да се измести словенската традиција. Македонските духовни и културни центри (меѓу кои и Света Гора) само за извесно време ја одолжиле погубната судбина за крајот на византискиот свет, при што таму мошне успешно се реализирале сите развојни творечки тенденции што доаѓале од Византија, но тие нагло биле и прилагодувани во словенската традиција преку соодветни преводи. Од втората половина на 16 век до крајот на 18 век во Македонија настапиле забрзани развојни процеси со кои се истакнале пројавите на новите просветителски идеи преку примената на македонскиот народен јазик во образовната, писмената и во богослужбената практика. Ваквите форми на просветителски пројави послужиле како предвесници на народното будење и на преродбенските идеи во текот на 19 век. Но за жал, сложените историски околности во Македонија создавале услови да се врши изолација на националното себепрепознавање, при што соседните народи тоа го користеле како погодност да се поттикне стремежот за асимилација и да се дистанцира афирмацијата на националниот духовен и културен идентитет на македонскиот народ. Сепак, врз македонските темели до крај успешно не можело да се надградуваат туѓите културни идентитети, освен што се наметнувале нивните повремени протекторати. Токму врз реалните историски принципи во современоста почна да се афирмира македонскиот засведочен културно-историски идентитет. |
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Корените на христијанството се наоѓаат во Виница изразени преку ТЕРАКОТНИТЕ ИКОНИ пронајдени од Виничкото кале.Виничките теракотни икони се вбројуваат во редот на најавтентични археолошки откритија и претставуваат драгоцен дел од целокупното Христијанско наследство.
Интересот за неговото истражување се појавува во 1978 година, кога археологот Ц. Крстевски донесол во Музејот на Македонија пет фрагменти од теракотни релјефи со иконографски претстави, дотогаш непознати, особено интересни за проучувањето на старохристијанскиот период. Така, од 1985 година се започнува со археолошки ископувања кои непрекинато ќе продолжат до денес. На почетокот како заштитни, а подоцна систематски, со овие ископувања е констатирана релативната стратиграфија на локалитетот. Според археолошките наоди, особено керамичките, животот во населбата се одвивал во долг континуитет, од неолитското време сè до полниот среден век, со таа разлика што се најмногубројни архитектонските остатоци од доцноантичкото време (4-5 век). Откриени се остатоци од ѕидови на неколку објекти од профан карактер, со организирани тремови, „клупи“ за седење, магацински простории, ѕидани од камен и варов малтер, кои на одделни места се зачувани во висина дури до 4 м. Во едни се најдени писцина, префурниум, водоводни инсталации и друго. Објектите биле подигнати покрај одбранбениот бедем, од кој е откриен еден дел заедно со една полукружна кула. Бедемот е ѕидан од кршен камен и варов малтер, а неговата ширина изнесува 3 м. Значајно е да се спомене дека во шутот меѓу ѕидовите е најден голем број на цели и фрагментирани реплики од теракотни икони, со непроценливи археолошки, уметнички и теолошки вредносни димензии. Приближно на средината на локалитетот се наоѓаат моше лошо зачувани остатоци од ѕидови на мала средновековна црква, многу порано прекопана од „диви копачи“ – трагачи по злато. Околу црквичката е откриен голем број примероци од архитектонска пластика, и тоа колони, бази, капители, делови од канцел, транзени, подни плочи и сл., а од подвижниот материјал фрагменти од керамички садови, предмети од бронза, железо и коска, потоа накит, монети и друго. Откриен е и истражен богат женски гроб од 12 век во кој се најдени 9 стаклени и 4 бронзени позлатени белезици, 11 бронзени прстени (неколку позлатени) и еден предмет од коска (игленица). Овие теракотни рељефи содржат иконографски претстави со христијанска тематика, како и латински натписи со литургиска содржина. Датирани се во V - VI век и веројатно служеле како апликација на ѕидовите на гробните објекти во доцноантичкиот период во виничкиот градежен комлекс. Теракотните икони од Виничкото Кале кои биле откриени од археологот Цоне Крстевски претставуваат единствени од ваков тип со непроценливо богатство од археолошка, уметничка и теолошка вредност. Неколку примери од Теракотните Икони: |
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |