IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Православна Христијанска чест!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Православна Христијанска чест!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Православна Христијанска чест!
    Испратена: 17.Јануари.2010 во 14:49
Дали Христијаните се одадоа на мерзоста на запустението и почнаа својата блудност да ја шират и над најсветите работи. Дали македонската христијанка ја брани својата чест? Дали Македонскиот христијанин мисли на честа? Не ви се чини ли дека наместо понизност пред Бог, газењето по светите работи на луѓево им служи само за поголема сладострасност. Какво е вашето мислење? Имаат ли денешните христијани во Македонија воопшто чест?
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 18:06
brate sard ! ubava tema
bi sakal da ti posocam nesto.
onaka kako sto rekol gospod
vo poslednite denovi :
onoj koj vrsi nepravda, neka vrsi uste nepravda;i koj e oskvernet neka se oskvernuva uste;i koj e praveden neka vrsi uste pravednost, i koj e svet, neka stanuva uste posvet
----------osana--------
Кон врв
†Сард Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај †Сард Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 19:16
Нашиве луѓе се повеќе и повеќе го губат осетот. Веќе не сакаат да разликуваат исправно од неисправно, само во моменти на криза ќе потпризнаат нешто, кога ќе мине пак си тераат демек модерно било. Ако некогаш сферите на гревот ги чувствувале како опасен простор за да се премине и да се биде подолго таму. Подоцна кога се во тие сфери знаат дека не е во ред. Сега чувствуваат дека со тоа го губат духот. Ја губат убавината и светлината во себе, ама не сакаат да се откажат од имагинарните задоволства и да го признаат тоа.
Пред 15 години во Скопје се заљубував во секоја втора според убавината и карактерот, сега сите го изгубија духот. Колку и да се дотеруваат и местат духот им фали. И колку се чувствуваат дека тој дух се повлекол тие уште повеќе сакаат да го заменат со нешто лажно. Лажно црвенило, лажни усни, лажни трепки, лажна боја на косата, лажни гради, лажни нокти, лажен тен... Се што може да биде лажно е искористено, а притоа тие се погрди и погрди. И истите ќе ти речат дека се добри христијанки.
Тоа што им ја уништија свеста на младите деца уште пред да израснат никој не го погодува. Гледам мали деца колку се прекрасни, прекрасни очиња, ама и колку жал ми иде сознанието што ќе сторат од нив овие „модерниве“ за неколку години подоцна во нивните животи.

Затоа и за последните времиња пишува, дека луѓето ќе се женат и мажат исто како и порано ама тогаш ќе дојде крајот. Ова значи дека луѓето сето тоа заради својот блуд ќе глумат бракови, врски, а не како сериозна љубов, обврзаност, должност меѓу себе, пред себе и пред Бог.

Старците навестиле: ќе дојде време кога храмовите ќе бидат полни, ќе бидат убаво украсени, свештенството ќе биде богато, ама во таквите храмови и цркви не одете, ЗАТОА ШТО ТИЕ ЈА ИЗГУБИЛЕ БЛАГОДАТТА. Таму луѓето нема да се спасуваат или претерано тешко.
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 19:30
Апсолутно Сард си погодил во суштината...за жал, улогата на Верата и религијата во нашето општество одамна ја изгуби својата улога и како и секоја морална и традиционална вредност што ја имаме е извртена од луѓето со цел да се оправдаат своите гревови.

Погледнете на пример пред некој ден, пред Божиќ се пости со алкохол, меса и незнам уште што, само да се помине лудо и незаборавно на огнот што се пали во комшии...а и убава порака пратија весниците, толку кубика дрва се изгореа туку-така...а некој во меѓувреме ќе мрзне.

Младите генерации што доаѓаат се малку изолирани од Црквата, се во име на МОДЕРНАТА секуларизација, веќе не се оди во Црква секоја недела, ретко се почитуваат 10-те Божји заповеди, а цело време се повикува Бог напомош. Затоа почнаа да ни се случуваат гадости со младината...немојте утре да се изненадите ако вашето дете е на некој порно-клип од мобилен телефон.

Воопшто не сум компетентен да говорам за религија, вера, Црква, затоа ме нема на овој подфорум, само го изнесов своето гледиште...и еве ви признание, не ја знам Оче наш...т.е.ги знам само првите неколку зборови. А како би ги знаел кога се давиме во лицемерие, лаги, дволичност, алчност и што уште не и кога моите воопшто не помислиле на МОРАЛНАТА улога што би можела да ја има Црквата во општеството и во мојот живот.
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 20:02
I da saka covek da e cesen brzo se gubi i se gushi vo tugjite lagi. Lugjeto od zavist deka si takov ke te izedat. Dojdeni sme bukvalno do ona deredje-snajdi se pa zivej! Toa e toa. 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 20:16
Точно...детето додека расте го учат да ја дели ужинката со другарот, да си помага, да биде добар, а кога ќе дојде времето да влезе во 'повозрасниот' свет го чека суровост и тоа што го има детското и добро во него се губи...за жал ниско сме паднати, само не знам каде е крајот и што ќе биде во иднина...
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2010 во 00:38
За оние кои ја бранат Христијанската чест или не бранат Господ приготвил благодат или пропаст. На која од двете слики Македонија одговара?


Левит - Трета Книга Мојсеева Глава 26

3 Ако постапувате според Моите повелби и ги запазувате Моите наредби, и ги исполнувате,

4 ќе ви дадам дожд во своте време, и земјата ќе го даде родот свој, и дрвјата полски ќе го дадат својот плод,

5 и *вршидбата ќе трае кај вас до гроздоберот, гроздоберот ќе трае до сеидбата, и ќе го јадете својот леб до наситка и ќе се +настаните на земјата ваша со сигурност, и војна нема да мине по целата ваша земја.

6 Ќе и' дадам мир на земјата ваша, ќе спиете и никој нема да ве обеспокојува, ќе ги истребам лутите ѕверови од земјата ваша;

7 војна нема да мине преку вашата земја. Па ќе ги гоните непријателите ваши, и тие од меч ќе паднат убиени пред вас;

8 петмина од вас ќе прогонуваат сто души, и стотина од вас ќе прогонуваат илјадници, и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас.

9 Ќе погледам на вас и ќе ве благословам, ќе ве расплодам плодни, ќе ве умножам и ќе го поставам заветот Мој со вас.

10 И ќе јадете од старото и од постарото и старото ќе го исфрлите поради новото.

11 Ќе ја поставам скинијата Моја меѓу вас, и душата Моја нема да се гнаси и одвраќа од вас.

12 Ќе се движам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ.

13 Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од Египетската земја, каде што бевте таму робови, и ги скршив врските на јаремот ваш и ве изведов охрабрени.




За оние кои НЕ ја бранат Христијанската чест:

14 Ако, пак, не Ме слушате и не ги исполнувате овие Мои повелби,

15 и не им се покорувате, и ако душата ваша вознегодува од Моите закони, и со тоа што нема да ги испонувате сите Мои заповеди, за да го нарушите заветот Мој, -

16 тогаш и Јас ќе постапам со вас вака - ќе ви пратам скудност, красти и жолтица, од кои ќе ослабат очите ваши и ќе се измачува душата ваша, па ќе сеете семе залудо, зашто непријателите ваши ќе го јадат.

17 Ќе го свртам лицето Мое против вас и ќе паднете пред непријателите ваши; над вас ќе владеат непријателите ваши, и ќе бегате дури и кога никој не ве гони.

18 Ако и покрај сето ова не Ме послушате, седумпати ќе ја зголемам казната за гревовите ваши;

19 ќе ја скршам вашата тврдоглавост, ќе го направам небото ваше како железо, и земјата ваша како бакар;

20 па залудо ќе се истоштува силата ваша, и земјата ваша нема да го дава својот плод, и дрвјата на земјата ваша нема да раѓаат плодови свои.

21 Ако, пак, и потоа тргнете настрана и не ќе сакате да Ме слушате, ќе ви нанесам седумкратни удари поради гревовите ваши;

22 ќе испратам против вас лути земни ѕверови, кои ќе ве изедат, ќе го уништат добитокот ваш и ќе ве намалат, така што ќе се запустат патиштата ваши.

23 Ако и потоа не се поправите и трнете против Мене,

24 тогаш и Јас ќе тргнам против вас со јарост и ќе ве поразам седумкратно за гревовите ваши.

25 И ќе испратам против вас одмаздувачки меч за одмазда поради заветот; ако, пак, избегате по градовите ваши, ќе испратам на вас помор и ќе бидете предадени во рацете на непријателот.

26 Ќе оскудевате за леб; десет жени ќе го печат лебот ваш во една печка и ќе ви даваат леб со мерка; ќе јадете и нема да се наситите.

27 Ако и покрај сево ова не Ме послушате и тргнете против Мене,

28 и Јас ќе тргнам против вас со гнев и седумкратно ќе ве казнам според гревовите ваши,

29 и ќе ги јадете телата на синовите свои, и телата на ќерките ваши ќе ги јадете.

30 Ќе ги разрушам жртвениците ваши, ќе ги разрушам ракотворните столбови ваши и ќе ги фрлам труповите ваши врз урнатините од идолите ваши, и душата Моја ќе се одврати од вас.

31 Градовите ваши ќе ги претворам во пустињи и ќе ги опустошам светињите ваши, и нема да примам благопријатен мирис од жртвите ваши.

32 Ќе ја запустам земјата ваша, така што ќе се чудат над неа непријателите ваши, што ќе живеат во неа;

33 вас, пак, ќе ве растурам меѓу народите и ќе ве истреби мечот што ќе дојде; земјата ваша ќе биде пуста, и градовите ваши - разрушени.

34 Тогаш земјата ќе се вознагради за своите саботи преку сите денови, додека биде пуста; а вие ќе бидете во земјата на непријателите ваши; земјата ќе си почива и ќе се вогнагради за своите саботи;

35 таа ќе почива за сето време додека ќе биде пуста, што не почиваше за сите саботи ваши кога живеевте во неа.

36 А на оние од вас што ќе останат, ќе им всадам страв во срцата во земјата на непријателите нивни, па и шумот од развеан лист ќе ги прогонува; ќе бегаат како од меч, и ќе паѓаат кога и никој не ги гони.

37 И брат брата ќе презира и кога никој нема да ве напаѓа; не ќе имате сила да им се противставувате на непријателите ваши;


38 ќе загинете меѓу народите, и ќе ве проголта земјата на непријателите ваши;

39 а другите од вас ќе истлеат поради беззаконијата свои во земјите на непријателите ваши и поради беззаконијата на татковиците ваши ќе исчезнат.

40 Тогаш ќе ги исповедаат беззаконијата свои и беззаконијата на татковците свои, заради тоа што Ме презреа, престапија и станаа против Мене;


Која од двете слики приличи на Македонија и Македонскиот народ.

На онаа која   8 петмина од вас ќе прогонуваат сто души, и стотина од вас ќе прогонуваат илјадници, и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас.

9 Ќе погледам на вас и ќе ве благословам, ќе ве расплодам плодни, ќе ве умножам и ќе го поставам заветот Мој со вас.


или на онаа

ќе им всадам страв во срцата во земјата на непријателите нивни, па и шумот од развеан лист ќе ги прогонува; ќе бегаат како од меч, и ќе паѓаат кога и никој не ги гони.

37 И брат брата ќе презира и кога никој нема да ве напаѓа; не ќе имате сила да им се противставувате на непријателите ваши;


Каде сте македончиња... Каде припаѓате?

Изменето од sard - 01.Февруари.2010 во 01:15
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2010 во 16:38
Originally posted by sard sard напиша:

Дали Христијаните се одадоа на мерзоста на запустението и почнаа својата блудност да ја шират и над најсветите работи. Дали македонската христијанка ја брани својата чест? Дали Македонскиот христијанин мисли на честа? Не ви се чини ли дека наместо понизност пред Бог, газењето по светите работи на луѓево им служи само за поголема сладострасност. Какво е вашето мислење? Имаат ли денешните христијани во Македонија воопшто чест?


Sard, mozhesh li da objasnish shto podrazbirash pod nekoj "da ja brani svojata chest?"

Dali mozhebi mislish na branenje na chesta na Hristijanstvoto kako religija so svoi normi i kriterijumi za zhiveenje? Ako e taka, togash dali mozhesh da gi nabroish tie normi na zhiveenje? Ushte podobro, dali mozhesh da gi citirash ili da navedesh pokazateli kon Biblijskite delovi na koi mislish dodeka pishuvash na ovaa tema?

Mislam deka toa kje pomogne vo natamoshnoto razvivanje na diskusijata.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.