|
Република Македонија и нејзините “соседи“ |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На Балканот (ако не се брои Словенија) нити имало земја која може да го носи епитетот лидер на регионот, нити за долго време ке има. Добрососедските односи се непознат поим. Секој секому се удвара, признава, негира така да се е една пародија која ако не е трагична би биула смешна.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zar makedonija ima komsii?
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101031419&id=9&prilog=0&setIzdanie=21887
Во „Џонсон контролс“ велат дека тука инвестираат од „стратегиски причини - присуство на брзорастечкиот пазар во Источна Европа и поврзаност на фабриката со централата за развој на софтвер во Бугарија“. еве и од нас фаjде да имате |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои од постовите ви ги префрлив во Клубот на фајтери.
За потеклото на Да Бе расправајте таму, а за лидер на балканот слободно отворете си тема во Свет и престанете да ја расипувате оваа, отворена е со друга цел! |
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://dnes.dir.bg/2010/01/18/news5716356.html Борисов нареди лесно минаване през Македонија Изменето од да бе - 18.Јануари.2010 во 15:39 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да се одреди датум за преговори за Македонија на следниот самит на ЕУ во март 2010-та.
Европските и македонските власти да се освестат дека одложувањето на стартот на преговори за земјата носи ризик од влошување на меѓуетничките односи, а може да биде опасно и за стабилноста на целиот регион, загриженост за одложениот датум во декември, ова е суштината на амандманите кои ги поднесува известувачот од Словенија Зоран Талер на сопствената резолуција за Македонија која треба да ја гласа ЕП на 26-ти месецов. Амандманите на Талер го избегнуваат прашањето за името и се фокусираат пред се на европскиот пат на Македонија. Од друга страна, низа пратеници, во главно од Грција и Бугарија, бараат да не се инсистира толку на што поскоро одредување датум за Македонија, и би сакале акцентот да се стави на добрососедските односи и воздржување од провокативни акти и изјави. Грчки пратеници потсетуваат дека во Македонија до сега ниту еден изборен циклус не бил регуларен и дека за инцидентите од парламентарните избори во 2006-та се уште нема судска разврска. Според нив, ова буди сомнеж дека во Македонија не се казнуваат сторителите, отворајќи го прашањето за ефикасноста и независноста на судскиот систем. Инаку, резолуцијата на Зоран Талер е првиот документ од европска институција во кој се употребува контроверзниот термин “антиквизација“, во врска со градењето антички споменици и повикувањето на античката историја. Британскиот конзервативец Чарлс Танок преку амандман бара да се избрише овој термин, но малкумина веруваат дека тоа ќе успее. Пратениците ќе гласаат на 26-ти јануари за оваа резолуција, која е првата на новиот известувач, Зоран Талер. Генерално и прогрчките и промакедонските струи во ЕП се задоволни од овој извештај и го оценуваат како избалансиран помеѓу двете страни. Резолуциите на Европскиот Парламент не се обврзувачки но го откриваат расположението на различните политички групации во Европа, како и расположението на земјите членки кон одредено прашање. Еве какви соседи имаме |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А и за нашите западни соседи
Најавата за одржување на вонреден попис на населението во Албанија, во кој за прв пат ќе има изјаснување за етничка и верска припадност, наидува на жестоки реакции на одредени десничарски кругови Предводник на овие кругови е познатиот историчар, уставотворец и политичар Сабри Годо, според кој голем број на Албанци во изминатиот период ја смениле својата етничка и верска припадност поради остварување на разни интереси. Ваквата состојба ќе даде искривена слика за бројот на припадниците на малцинствата, но и за верските заедници, вели Годо. Според него, прво треба да се праша населението дали воопшто сака да биде попишано, врз национална и етничка основа. Претседателот на комисијата задолжена за организирање на вонредниот попис, Генц Поло вели дека ќе биде предвидена можност, доколку некој не сака, да не се изјаснува за својата етничка и верска припадност Од друга страна малцинствата во Албанија, вклучително и македонското, го поздравија планот на официјална Тирана за одржување на попис на населението, во кое ќе има можност да се изјаснува и за етничка и верска припадност. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://dnes.dir.bg/2010/01/22/news5744228.html
Грцките фермери капитулираа пред Борисов
Грцките
фермери отдрпнаа тракторите и преку граничниот пункт Кулата - Промахон
започнаа слободно да минават ТИР-ове след срешта со премиерот Боjко
Борисов.
Грцките представители заjавија, дека почнуват да пропуштат коли во знак на уважение кон бугарскиот премиер, ко доjде да разговарa, како и на приaтелски чувства кон Б'лгариa, рече БТА. Ние сме братски народи и сакаме нашите земеделци - в Б'лгариa и Грција, да живеаат добре и да добиваат повеке пари. Брееее Боjко за 2 саата ни напрви браka со грциве може да ви го позаjмем за 1 ден да ви го реши спорот Изменето од Анастеа - 23.Јануари.2010 во 01:30 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чувајте си го за вас... и Бојко и Божо и браќата грци.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се почесто во европскиот парламент се гледа правото лице на Бугарија.Се фатија на орото заедно со малагата
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бугарија, дали навистина е пријател на Македонија?
Бугарија може да се претвори во втора Грција за Македонија, која го условува влегувањето на земјава во НАТО и во Европската Унија. По примерот на нашиот јужен сосед, се очекува и Софија да има сè повеќе барања и услови кон нашата држава во рамките на клаузулата „добрососедски односи“, а користејќи го правото на вето во ЕУ и во НАТО, оценуваат упатените. И покрај начелната поддршка што бугарскиот државен врв ја дава преку официјални изјави, експертите препорачуваат да не се замижува пред пораките, на пример дека Македонија ќе стане членка на ЕУ само кога на Бугарија ќе и го врати струмичкиот регион и обидот на Софија да стане фактор во спорот за името под изговор дека географската област Македонија лежела на територијата на трите држави. - Бугарија смета дека треба да се води сметка за историските, културните и другите реалности поврзани со географската област Македонија - изјави пред неколку месеци Димитар Цанчев, портпарол на бугарското МНР. Тој рече и дека добрососедските односи се критериум за помош на Македонија во напредокот кон НАТО. - Грчко-македонскиот спор директно ја засега и Бугарија. Името Македонец, употребувано од македонските Бугари е дел од бугарското историско наследство. Дел од географската област Македонија е во границите на бугарската држава, во која живеат и десетици илјади бегалци од сите нејзини краишта - изјави пред еден месец Ангел Димитров, поранешен бугарски амбасадор во Македонија. Најострата стрела ја испрати Волен Сидеров, лидер на бугарската ултранационалистичка партија Атака, кој рече дека Македонија треба да стане членка на ЕУ само кога на Бугарија ќе и го врати струмичкиот регион. Навестување дека ќе се зголемуваат барањата на Софија дава и бугарскиот европарламентарец Евгениј Кирилов, кој се обидува да го издигне на европско ниво прашањето за бугарските воени гробишта и споменици, кое неодамна го актуализира во мешаниот комитет на ЕУ. Македонија треба да избегне војна на два фронта - грчки и бугарски, смета професорот по меѓународно право, Трајан Бендевски. - Секогаш може да се очекува Бугарија да нè блокира, зашто Македонија и е трн во око. Не треба да нè чуди ако еден ден Бугарија излезе со статистика за бугарски државјанства и побара права за Бугарите во Македонија - вели Бендевски. Софија ја поддржува политиката на Атина кон Македонија и Бугарија може да направи уште поголем проблем од оној што ни го прави Грција - смета Стојан Ѓоргиев од ОМО Илинден-Пирин. Грција воведува една грда мода, која се демонстрира со блокада, која Македонија може да ја добие од Бугарија и која Хрватска веќе ја добива од Словенија, оценува Љубиша Георгиевски, поранешен амбасадор на Македонија во Софија. - Европската Унија не може да го предвиди зулумот што го направи Грција, кој станува практика и со други држави. Теоретски, Бугарија има право да ги условува нашите евроинтеграции, но фактички не верувам дека тоа ќе се случи, зашто нашиот сосед има свои сериозни проблеми и ние не сме му најголем приоритет - смета тој. Според него, шовинистичката и неевропска политика на Бугарија ја застапуваат повеќе радикални центри, како што е партијата Атака. Според Лазар Лазаров, професор од ФОН, Бугарија ја користи ситуацијата со Грција за да ги оствари своите интереси. - Бугарија прва ни ја призна државата, но не и националниот идентитет. Сега се надева дека преку проблемот со Грција ќе може да добие делумно остварување од нејзиниот средновековен сон. Всушност, отворајќи прашања за нашиот идентитет или бугарските гробишта, Бугарија се обидува да извлече непризнавање на македонското малцинство - оценува Лазаров. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФАКТ |
|
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |