|
Закон за забрана на пушење на јавни места |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 36> |
Автор | ||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не е себично. Тој што се разболел како последица на пушењето не можеш да го споредиш со оној што се разболел од рак, грип, леукемија и слично, бидејќи не е по негова вина. А сите плаќаме здравствени придонеси, подеднакво. А не е ли себично пушачите да го уништуваат здравјето на непушачите и секаде да сакаат да можат да пушат?! И како сега, сите плаќаме, мене некој ми го уништува здравјето, а подеднакво плаќаат сите. Фер ли е?! Секако дека не е... |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Законот ќе видиме каков е, ќе оцени Уставниот Суд, иако како што гледам, нема многу на што да се повика за да поништи некои одредби од истиот. Во западноевропските држави, независно од економскиот развој на истите, алкохолот и цигарите се луксузни добра, со тоа завршува приказната кај нив, кој смета дека може да си дозволи нека си дозволи, кој не смета, нека си внимава што ќе прави со средствата. Кога едно добро е луксузно, независно на кој степен на развој е државата, тоа секако дека вреди повеќе и дека не е добро кое служи за задоволување на егзистенционалните потреби, а дел средствата од истото одат и за здравство. Во однос на возилата и некои правни лица кои ги спомена, секако дека и тоа е регулирано со закон, а друго прашање е колку извршната власт е способна да го спроведува. |
||||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Оф мори мајко... факт е дека законот е криво насаден и воопшто не е водено сметка на многу параметри кои се основни и круцијални за него...
И никој не рече дека ние пушачите бараме да пушиме каде сакаме.. Едноставно сакаме да се одредат простории вон нашето живеалиште, каде што ќе можеме да пушиме цигари. Ионака сега и ќе ги поскапат, ја забранија нивната употреба во сите простории од јавен карактер, па можат и да не осудат со по 100 камшика заради пушење цигари.. И ај сега кажи дали е сето тоа фер.. Кај ни лупнаа забрани, па уште и ќе ги поскапат на име луксузни добра, па јас ќе се пребацам на јадење кромид, зашто само за него ќе имам пари.... И после не сме дискриминирани.. Уште да ни ..................... владава и ќе скокаме од радост... |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
fichot
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Mozebi nekoi bolesti ne mozes da gi iskontroliras, t.e. svesno da si go zgolemis rizikot za nivno dobivanje, no eve (svinski)grip na primer. Moze da go zakacis vo kafanata/klubot kaj sho (od nova godina so merak) izleguvas. I? Sho ne sedese doma, majka barase i slicno. Primeri kolku sakas: Nepravilna ishrana moze da ti naprai eden kup komplikacii, od truenje do cirovi, rakovi do infarkti itn. Skrshenici i drugi fizicki povredi pri sportuvanje, itn itn itn. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Jaс исто се сложувам со одредување простор за пушење, но само во кафулињата, не во сите простории од јавен карактер, а во институции никако ниту просторија ниту ништо, како што е во сиот нормален свет, затоа што таму сме приморани некогаш да одиме сите. Во однос на поскапувањето и слично, така е во сиот свет, односно во оној дел од светот каде што се стремиме и чии вредности сакаме да ги достигнеме. Ние мора да се навикнеме на поголема нормираност на нашите животи, тоа е факт, во западноевропските држави е така, така мора да биде и овде, не како порано, секој да си прави што сака и како сака, мора да се нормира сето тоа. А пак ке кажам, недискриминацијата на пушачите не треба да се гради врз дискриминација на непушачите и негрижа за нивното здравје! |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
fichot
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
pogore navedov eden primer. eve go pak: Zamisli mrsen, debel shofer sho go stega infarkt dur vozi poln avtobus so 120 po avtopat.
Rizikot od grip ne moze da iscezne no moze da se namali so svesno odnesuvanje, isto kako i rizikot od rak na b.d. Inace, ja ne sakam da im smetam so cadot na lugeto, mislam, ja ne se rodiv so cigara, pamtam kako e. Megjutoa ne sakam ni da ziveam vo izolacija ili da bidam tretiran kako graganin od vtor red samo radi toa sho pusham. |
||||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Работава округло па на ќоше колега........ Запад е запад, европа е европа.. ние сме претерано далеку од неа и нејзините стандарди.... А со донесување на вакви закони, во услови на беспарица дефинитивно нема да се приближиме, туку напротив дополнително ја зголемува огорченоста кај народот... пак ќе ти кажам... нека ми дадат 2000 евра плата, па нека ставаат ддв на ддв, акциза на акциза и нек биде кутија цигари 200 ден.... А не во услови на полу мизерија, каде што само 1/10 од граѓаните живеат убав живот, 1/6 од граѓаните просечен живот, а останатите крпат крај со крај, па уште да им се креваат цените на цигарите, и да им се влошува економската состојба на уште мн. други граѓани, заради неиздржан, и за мене недоделкан закон, целосно е недозволиво...нека го остават овој закон на страна, и нека решаваат круцијални теми, нека ја зајакнат економијата, финансиската слика кај граѓаните нек се промени, па нек воведуваат вакви културно културолошки закони.... во спротивно се ствара огромна апатија од страна на народот... |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ova e biser... nemame pari za jadenje, pa zgora na toa kje gi poskapuvaat cigarite i ni zabranuvaat da pushime.
Изменето од Messenger - 15.Јануари.2010 во 19:17 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Колега Месенџер... Дали знаеш колку луѓе нервозата ја лечат со цигарите? Дали знаеш колку има луѓе од социјалните слоеви, кои повеќе си ги сакаат цигарите од лебот? И јас не се согласувам за тоа да ги сакаат повеќе цигарите од лебот, но за жал тоа е факт кој неможе да се измени.... И тие за жал сочинуваат голем дел од нашето општество... И сега ако на тој страстен пушач кој ги пуши најевтините можни цигари што можат да се најдат во продажба, да му покачиш цената гарантирам дека ќе се откаже од пушењето.. Сега некој ќе каже дека тој направил добро за себе и за своето здравје, автоматски добро си направил и за својот минорен буџет, ама автоматски направил лошо, што на некој му ја скратил заработката и му земал една четвртинка од лебот... Значи тоа е тоа што мене највеќе ме засега... Јас не викам дека цигарите се супер... Напротив и за жал тие станаа нужно зло.... зло кое поврзува многу економски и социјални групи. Јас не сум против овој закон, туку сум овој закон да оди на доработка, и да се донесе во некое догледно време, кога Македонија ќе зачекори во постабилни економски води, кога ќе има услови за спроведување на овој закон. Не му е време сега верувајте.... И воедно треба да претрпи многу измени, како не би биле оштетени засегнатите групи на граѓани.... Не е мислено на сите делови, и затоа кажувам дека законот е криво насаден..... |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Oki doki.
Изменето од Messenger - 17.Јануари.2010 во 00:53 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
НРГМКД, како може , некој со цигари да лечи било што, па нека е и нервоза?! А ако некој веќе се откажува од лебот за да пуши цигари, тоа си е негов проблем, кога пола свет гладува, некој се жали дека нема пари, а купува цигари, па за да биде трагедијата поголема, дури и бара државата да се грижи за тоа дали ќе имал цигари или не?! Во која држава го има тоа државата да се грижи за нечии фрустрации?! Ако некој со нешто сака да се лечи, постојат лекови, да , тоа е дел од надлежностите на државата, да се грижи лековите да бидат достапни за сите, со прифатливи цени и слично. Некој се лечи и со алкохол, некој наоѓа утеха во нешто трето, зарем државата треба да се грижи и ова да го има во доволно количини?! За среќа, државата не се занимава со вакви нешта... |
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мислам дека владата се обидува да спроведе закони кои буквално не се спроведливи во држава.100% сум сигурен дека и овој закон ќе биде спроведуван таму кај што се може и сака а тоа по правило се најситните риби...И место да учиме од другите и анализираме искуства ние повторно измислуваме топла вода...Како пример ќе ја наведам Хрватска која се „лизна„ на ист закон за на крај сепак да попуштат и да спроведат полесна форма на овој закон, која е многу слична на предлогот со кој излезе Бучковски денеска и одприлика гласи: „секој локал со квадратура помала од 100метри квадратни може сам да си одлучи дали ќе биде дозволено пушењето, а оние поголемите секако и финансиски посилни треба да имат посебна просторија за пушачи„...
|
||||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ај да ве прашам колеги нешто? Дали некогаш некој од вас осетил некоја сиромаштија? Дали имате осетено јака нервоза и после барате средство за да се смирите (било какво средство)? Па дајте завртете се малце околу слоевите на граѓаните кои едвај кубурат за леб, или воопшто и немаат... Јас најискрено сум осетил од најсилна сиромаштија до најсилна нервоза... Но не е муабетот за тоа кој како смирува нервози, туку муабетот е што се ќе повлече овој закон и ќе остави позади себе... Животот за сите не е розев, верувајте кој не осетил не знае што е тоа црнило во животот... И затоа ви кажувам дека овој закон ќе остави позади себе, многу невработени, многу луѓе ќе останат без своите примања, или голем дел ќе останат без добар дел од своите примања.... Не гледајте само околу себе или не го гледајте социјалниот сталеж на кој припаѓате.... Погледнете подалеку и ќе ви стане јасно за што зборам...Не е веќе муабетот кој каде ќе си ја задоволи својата страст за цигара, туку веќе преоѓа на многу повисоко ниво... Допрва ќе кулминираат многу незадоволства, од проста причина што ќе се генерира голем процент на незадоволни луѓе, на чело со тие што ќе бидат економски засегнати....
|
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
Внеси реплика | страница <1 1112131415 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |