|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 6465666768 157> |
Автор | |||||||||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
ЛАВ .........Лавовите ги внесуваат своето срце и својата душа во сите празнични или роденденски прослави. Тие се многу дарежлив знак и трошат многу кога купуваат подароци за нивните пријатели и за семејството, но и за организирањето на празничните прослави. Бидете внимателни, затоа што истото го очекуваат и од вас. Што и да им подарите треба да биде најголемото и најдоброто. Што и да добијат сакаат да почувствуваат дека тоа е купено со внимание и дека е избирано специјално за нив. Кога се добро расположени секој ден за нив е празник и само си бараат повод за да ја организираат наредната прослава. И секоја нивна прослава е незаборавна. Сакаат подароци кои прават да се чувствуваат одлично. Аксесоари за коса, козметика или предмети за чистење се добар избор за овој знак. Тие исто така сакаат да се коцкаат, па однесете ги на прошетка до казино, купете им чипови за покер или шпил карти. Театралноста при врачувањето на подароците е многу поважна отколку самиот подарок. Подарокот не треба само да им биде даден. Околината е многу важна – тој треба да биде во центарот на вниманието, седнат на удобна столица која ќе претставува негов престол. Сите гости треба да седат околу лавот. Море од цвеќиња е она за што лавот сонува, но и голем букет ќе сврши работа. Тој треба да биде придружуван од голема картичка на која е испишано колку многу тој ви значи. Подарокот треба да биде завиткан во златна хартија и да има голема панделка. Кога барате подарок за лав обрнете внимание на работи кои опуштаат и релаксираат. Уметничка слика е добредојдена, тие се сметаат за големи познавачи на уметноста. Никогаш не се уморни од накит, но немојте ни да помислите на бижутерија. Подарокот треба да се вклопува во кралскиот статус на лавот. Секогаш земајте го во предвид вкусот на лавот. Неговото срце ќе се исполни ако го изгравирате името на вашиот омилен лав во некое ќоше од подарокот. Тие секогаш се горди со своето име. Дури и ако им подарите златна хартија со нивното име насекаде по неа, ќе бидат пресреќни и ќе го стават на највидливото место во куќата. Лавот е сончев знак и ги обожава црвената и златната боја. |
|||||||||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
БЛИЗНАЦИ .........Близнаците сакаат подароци кои одговараат на нивниот огромен интелектуален потенцијал. Од нив се ценети оние работи кои ги рашируваат нивните хоризонти. Подарете им примамлива книга, некое научно списание, џебен калкулатор или билет за некој културен настан, екск*рзија и сл. и ќе ги направите пресреќни. Близнаците владеат со куќата на комуникацијата и сигурно сте забележале дека тие се постојано со нивните пријатели. Олеснете им ја комуникацијата преку купување на телефон или компјутер. Често ги губат работите, па можете да им подарите нешто кое што веќе го имаат или кое го имале, но го загубиле. За близнаците подароците и не се толку важни. Тие полесно поднесуваат ако заборавите да им купите подарок, отколку биковите или овните. Личноста е поважна за нив отколку подарокот. Исто така при купувањето е многу важна вашата фантазија. Тие сакаат необични подароци и многу е важно што е напишано на картичката – треба да е нешто од срце. Овој знак управува со рацете и дланките, па парфимиран лосион за раце, блескав прстен, ракавици или нешто друго поврзано со овие делови од телото ќе ги задоволи. Сакаат да се забавуваат и го сакаат разнообразието, затоа ако сакате да ги направите среќни, донесете им неколку поевтини подароци наместо еден скап, но секој спакуван различно – нека имаат добра забава при отворањето. На тој начин и вие ќе имате добра забава, затоа што коментарите што близнаците ги даваат додека ги отвораат подароците сигурно ќе ве забавуваат. Близнаците се најљубопитниот знак во хороскопот и со нетрпение чекаат да видат што се крие под опаковката. Но, тоа не е поради богатството кое се крие внатре, а едноставно поради задоволувањето на нивната љубопитност. Тие никогаш не гледаат материјалистички на подароците. Нивната боја е жолтата. Таа ги смирува нервозните близнаци, па ако купете подарок во оваа боја нема да погрешите.......... |
|||||||||||||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
a rakovite
|
|||||||||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
.........................
РАК...........Сентименталните ракови сакаат подароци со лично значење. Можете да им подарите рамка за слика со фотографија од некој од вашите заеднички моменти, албум со ваши слики или дневник со моментите поминати заедно. Однесете им свеќник кој ќе го користат за нивните романтични вечери. Рачно изработените предмети се секогаш добредојдени, без разлика дали тоа е слика, џемпер, колачи или пита. Нив не ги интересира цената на подарокот, а што тој претставува за нив и на кои моменти од нивниот живот ги потсетува. Многу често раковите се колекционери. Ако и ракот за кого купувате подарок е колекционер, тогаш прашањето за подарокот е автоматски решено. Правете што сакате, но нивната колекција мора да се зголеми. Лична посета на денот на роденденот или на некој празник до нивниот дом ќе ги направи пресреќни. Доколку не можете да ги посетите, немојте да заборавите да им се јавите или да им испратите SMS. Раковите владеат со секторот на домот, па подарок за нивниот дом неверојатно ќе ги израдува. Но внимавајте, подарокот мора да биде практичен. Колку поголем и потопол е подарокот, толку подобро. Веднаш ќе забележите што недостига во нивниот дом, тие се „проѕирни“ домаќини. Секогаш ќе ви бидат благодарни, дури и да им подарите нешто што веќе го имаат, тие ќе ве убедат дека точно тоа е предметот што го посакувале и што планирале да си го купат. Исто така многу се вешти во домашната работа, па книга за готвење ќе ги усреќи. Имаат афинитет кон течности од секаков вид. Можете да им подарите шише вино, машина за кафе, чајник и сл. За нив многу е важен и начинот на кој го подарувате подарокот, тоа е многу важен дел за нив. Па, пригответе си говор кој ќе го кажете пред да им го подарите подарокот. Многу е важно правилното изразување на важите чувства. Бојата на раковите е сребрената (сивата), па ако се двоумите каква боја да изберете, ова е вашето решение. |
|||||||||||||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
|
|||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Овен (Aries)
Една грчка легенда говори за тоа дека беотанскиот крал Атамант и Нефела имале две деца Фрикс и Хела. Кога во дворот ја довел Инона, неговата жена го напуштила. Маќеата не ги сакала своите посиноци и сакала да ги елиминира по секоја цена. Кога во Беотија (антички полуостров) завладеала суша Атамант испратил гласници кај мудреците во Делфи по совет како да се спасат. Злобната Инона ги држела сите конци, во дворецот, во своја рака. Ги поткупила гласниците и ја преправила пораката од Делфи, која сега гласела дека кралот морал да ги жртвува своите деца. Сушата била толку немилосрдна, па така народот се погласно барал од својот крал да ги жртвува децата во интерес на државата. Во неможност да стори било што друго, очајниот крал се согласил своите деца да ги приложи пред олтарот на боговите. Во последен момент, речиси пред олтарот, ги спасил Хермес (Мерк*р), така што им го испратил крилестиот Овен со златно руно. Водени по волјата на боговите, Фрикс и Хела се качиле на Овенот, кој одлетал на Колхид (денешна Грузија). Слабата Хела не можејќи цврсто да се држи за руното паднала во морето. Од тогаш морето се викало Хелинско море- Хелеспонт (денешен Дарданели). Фрикс успеал да стигне во Колхид, каде, кога пoраснал, кралот Ејет му ја дал својата ќерка Халкиопи за жена. Златниот Овен, Фрикс го негувал се до смртта, а после тоа го одвел неговото руно на ‘ртот на Ареј (Марс), каде што го обесил на едно храстово дрво. Богот на војната Ареј поставил змеј како би го заштитил златното руно. Подоцна златното руно било украдено од големиот јунак Јасон со своите Агронаути. За да ја овековечи оваа случка Зевс (Јупитер) го поставил ликот на Овенот на небото. Соѕвездието Овен содржи 50 ѕвезди видливи со голо око, но со послаб сјај. Ѕвездите β (Hamal) и γ (Mesarthim) укажуваат на него. Со внимателно проучување на тој дел од небото може да ги воочиме астеризмите во форма на триаголник. Едниот триаголник го сочинуваат Хамал, Шертан и Месартим и тој е сместен на главата на Овенот јужно од соѕвездието Триаголник. На задниот дел на Овенот се наоѓа другиот триаголник. Тој полесно се пронаоѓа бидејќи се наоѓа југозападно од маркантното расеано јато Плејади од соѕвездието Бик. Третиот триаголник е поранешното соѕвездие Северна Мува, кое во 1624 година Барчијус го локализирал како посебно соѕвездие, но до денес не се одржало. Арделандер го приклучил на соѕвездието Овен. Изменето од Sunny - 17.Јануари.2010 во 21:37 |
|||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||||||||||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
sani mozish i za riba da postirash??
|
|||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Веќе има ако мислеше на ова, а ако мислеше повеќе за соѕвездието и како да го најдеш ноќе, ќе ти пишам во Астрономија
|
|||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||||||||||
mariija
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2459 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
|
|||||||||||||
dacesh
Нов член Регистриран: 19.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Ludje u horoskop moze da veruva samo prost covek istoto vazi i za bajaci i gledaci i isceliteli koj e pismen u nov zavet u Biblija pisuva neka procita!
|
|||||||||||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Годинава ќе ја паметите по струењето на позитивна енергија
околу вас, успешни патувања и подготвеност по секоја цена да се брани
својот став, и тоа во периодот од април до јули, а потоа од октомври до
почетокот на?!!!!!!!!!!!!
|
|||||||||||||
magi85
Нов член Регистриран: 26.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
jas sum bik podznak bliznaci,pa kazi mi ako zneas nesto poveke za horoskopot fala odnapred |
|||||||||||||
MySelfme
Сениор Регистриран: 26.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 135 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Mene bas mi e interesno koga si citkam
horoskop ili neso povrzano za astroligijata... i radi zabava, no veruvam i deka do nekade taa ogromna energija deluva vrz covekot, t.e. vrz site nas...inace vo horoskop sum bliznaci.. pozzz i sekoe dobro... |
|||||||||||||
NOTHING NEVER ENDS...
Kakov paradoks!!!Sovrsenata ljubov e onaa sto ne pravi nesrecni. |
|||||||||||||
databis
Сениор Регистриран: 26.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 177 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 6465666768 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |