|
Закон за забрана на пушење на јавни места |
Внеси реплика | страница <1 34567 36> |
Автор | |||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Здравјето на луѓето најмалку им бил на памет кога го пишувале законот. Ако сакале правичен закон требало само да одредат простории за пушачи/простории за непушачи. А и не е вистина дека смрдливоста не делува нма здравјето на луѓето. Каква главоболка се развива знае само тој што престојувал во такви услови. Законодавецот треба да земе предвид дека има куп други нерегулирани нешта за грижата за здравјето. Кога би ставиле на пр. на кантар за загадувач, кој е во моментот поголем загадувач во Тетово, димот од цигарите или депонијата??? Зошто не е донесен закон по кратка постапка да се заштитат луѓето, кога државава волку ни се грижи за здравјето на луѓето. |
|||
igi 3
Сениор KVO VADIS Регистриран: 30.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 18736 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne e samo taa deponia so ne donese zakon naj niskata plata da e 1000 eur a cenite na se da padnat za 50% i nevrabotenos da ima samo 3% Pa da vidi kako zdrav i vesel narod ke ima vo Makedonija Изменето од igi 3 - 06.Јануари.2010 во 21:58 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мамамд, законот , барем онаа измена што јас ја постирав, предвидува можност при сметување на гости, угостителот да обезбеди најмногу 30% од просториите за пушење. Законодавецот не е надлежен за депониите и слично, тие се во рацете на извршната власт ( а сега се во рацете на локалната самоуправа ), а не на законодавната власт и овие две работи не треба да се мешаат. |
|||
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ke kazam pak i pak i uste mnogu pati ako treba. Prethodniot zakon dozvoluvase licata koi sto se zanimavaat so ugostitelski biznis, fizicki da ovozmozat prostorii za pusaci i nepusaci. Nikoj ama bas nikoj vo Makedonija ne ni pomisli da se pridrzuva kon toj zakon. Epa nikoj ne im e kriv za segasnava situacija. Ne moze da se pravat sporedbi od tipot na toa deka kafeto bez cigara ne odelo a zdravjeto na lugeto da se stava vo vtor plan.
|
|||
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако зборуваме за некоја замислена земја во која се си е на свое место,каде секој ке си ја работи својата работа, нема да се мешаат ингеренциите тогаш ОК. По нешто памтам од испитот иако го полагав одамна и знам дека законодавецот ги носи законите а нивната примена е во нечии други раце. Дискусиите се колку законодавецот размислува за применливоста на законите и користа/штетите од него. Што правиме ако законодавецот едноставно одлучи (во име на подоброто здравје на граѓаните) - мора сите дневно да пијат по 2 литра вода ( а во Куманово немаше вода) -мора сите да јадат дневно по одредена грамажа зеленчук, овошје, месо ( а прво не прашува дали луѓето имаат пари за сето тоа, а и дали се вегетаријанци) Ке се карикираат законите се до оној момент до кога се небулозни, тоталитарни и тешко применливи. Впрочем, веќе луѓето најдоа чајре, има места кај инспекторите нога не ставаат, каде за законот не чуле, па набргу свртилишта ке станат токму тие места, само треба да се премине преку мост А овие од другава страна на мостот, ке почитуваат закони и ке си останат без гости (туку за ова во политика) Законов насекаде паѓа, па ке падне и тука. До тогаш ке се снајдат цигарџиите. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mamamd, секако дека спроведувањето на законите е во рацете на извршната власт, а и таа секако дека има влијание врз законодавецот, сепак да не навлегуваме какко влијае и зошто, тоа е друга тема. Во однос на тоа што го кажа, за донесување закон за пиење вода, јадење и слично, не може да донесе таков закон, затоа што ти ако не јадеш, ти ќе страдаш, ако не пиеш вода само ти дехидрираш, тоа не влијае на оние околу тебе. А со пушењето влијаеш. Останува да видиме што ќе одлучи Уставниот Суд и на што ќе се повика. Во голем дел од Европа овој закон падна, но таму пак има многу други решенија, како поделени кафеани, многу големи давачки за угостителите кои овозможуваат пушење во делови од кафеаните и слично. |
|||
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
always look on the bright side of the life!
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Закон за забрана на пушење на јавни места.
Taka treba! Sledniot zakon treba da bide - Zabrana za pushenje vo privatni prostorii kade shto ima i drugi lica pokraj pushachot. Pushachite nemaat pravo da gi trujat svoite sopruzhnici i deca. Znam koga vo Kanada trebashe da se donese ovoj zakon, se pobunija ugostitelite tvrdejki deka kje mora da gi zatvorat svoite objekti zatoa shto najgolemiot broj gosti im bile tokmu pushachite. I shto se sluchi? Brojot na gostite im se ZGOLEMI posle donesuvanjeto na zakonot bidejki pochnaa da doagjaat site onie lugje so semejstvata koi porano ne go pravea toa poradi chadot od cigaite. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е сега дојдовме до суштината за која можеме да дискутираме ако го отфрлиме субјективното (цигароши наспроти антицигароши- терминот пушач нема да го користам за да не предизвикувам алудирања на други дејанија), Во Уставот јасно стојат правата (и обврските). Кога ја спомнав водата мислев на она кое според здравствените организации треба да биде исполнето некој норматив за добро здравје, арно ама од разноразни причини на граганинот му е ускратено тоа право- пр. со Куманово и немањто вода) - правото на исхрана со харана без пестициди, само еден господ и земјоделците знаат каква храна јадеме - загадувачи - депонии, стари автомобили, нееколошки горива, зарем сите набројани не го нарушуваат здравјето на сите???? Кога сите овие нешта ке бидат средени, тогаш на ред ке дојде и законот за цигари. Ке се осмисли, ке се формира комисија од мешовит состав, вака ова изгледа само покажување моќ и ѓоамити грижа за здравјето. И нормално дава место за манипулација дека ама ич не им е гајле за здравјето на луѓето туку најден начин за полнење на буџетот преку драконски казни (значи политика). |
|||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sto pravime so Veleskata topilnica koja i pokraj zgolemenite kancerogeni zaboluvanja na Velesani e pustena vo rabota?
Sto so Okta koja i pokraj se ne gi stava potrebnite filtri? |
|||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не дискутираме субјективно, туку врз основа на нормите. Ете, јас се повикав на член 39, каде и ти и сите останати се должни да го чуваат моето здравје, значи ако седиме сите заедно во некој угостителски објект, сите сме должни да го чуваме, како своето, така и здравјето на другите. Во однос на скратеното право, може и да станува збор за објективни причини поради кое е скратено тоа право, при што државата е должна во најкус можен рок да го санира проблемот и да му го овозми на граѓанинот тоа право.Во однос на храната и водата, постојат светски ( сега и европски ) пропишани стандарди во однос на чиста храна и вода. Меѓутоа треба да разграничиме некои работи. За сите овие проблеми кои ги наведе, кои и тоа како се важни, законодавецот само го носи законот кој ја регулира дадената област, додека неговата имплементација останува на извршната власт. За сето ова кое ти го наведе има закони, ама останува да се покаже колку е функционална извршната власт да ги спроведе. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За сето ова има закон, но, пак ќе кажам, прашање е колку е функционално спроведен од извршната власт, не од законодавната. Законодавната нема такви ингеренции. |
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Најголем апсурд во врска со овој закон е што во моменти на криза на економијата, и таа индустрија што малку од малку функционира дополнително ќе страда... Јас не реков дека не треба да се донесе закон за пушење во простории од јавен карактер, но треба убаво да се согледаат сите аспеките од секоја можна страна. Зошто... Економијата и така е кревка, па дополнителни оптоварувања не се потребни... Едноставно први на удар ќе бидат тутунарите, зашто пак ќе кажам дека субвенции на намалено производство е рамно на несубвенционирање... Е сега кога ќе размислиш од друга страна, владата ќе има добар профит од ова... Зошто... Како прво, буцетот ќе го полни од намалувањето на дадените средства за субвенционирање на тутуно производителите... Ќе може тие средства да си ги оправда како намалено производство на тутун, и ќе си ги пренамени за само нив познати цели. Но затоа од друга страна ќе има намалување на буџетот...заради намаленото ддв собрано од продажбата на цигарите, намалениот персонален данок од страна на сопствениците на локали, ресторани, намаленото ддв од истите локали... Ако владата мислела дека ќе се вади на казните кои ќе ги изрече за сите тие што не го почитуваат законот, гадно се зезнала, зашто овој народ почна да почитува закони, а најповеќе заради тоа што покрај тоа што домашниот буџет и те како е намален, така да нема одвеќе пари да фрла на казни.
Во секој случај во овој закон само се мислело на здравјето на пушачите и непушачите... Затоа реков дека овој закон како да е правен од страна на фрустрирани непушачи, кои не размислиле ни трошка правилно.. Кои економски последици ќе ги повлече овој закон допрва ќе осетиме сите ние на своја кожа.... Можност за носење на правилен закон постои.... А тоа е да се наложи во секоја јавна просторија во која постои можност да се направи физичка поделба и да се обезбеди простор за тие што сакаат да седнат некаде на кафе и да си уживаат во задоволството наречено цигара. Доколку некој тоа не го изведе да се изрече парична казна во износ од вредноста на потребните средства за физичка поделба ба просториите.. ако повторно не го почитува и покрај изречената првична казнена мерка, да се спроведе двојна казнена мерка, а третата е да се одземе лиценцата и право на работа... Е тогаш и пушачите задоволни и непушачите задоволни ќе бидат.... Само така може да се спроведе правилен закон... НО ПАК ЌЕ КАЖАМ... ПОСТОЈАТ МНОГУ ПОПРИОРИТЕТНИ ЗАКОНИ, КОИ СЕ СТАВААТ НА ВТОРО МЕСТО, А НЕПРИОРИТЕТНИТЕ СЕ СТАВААТ НА ПРВО МЕСТО, ЗАШТО ВТОРОСТЕПЕНИТЕ ЗАКОНИ СЕКОГАШ УДИРААТ ПО ГРБОТ НА НАРОДОТ... НЕ МИСЛИТЕ ДЕКА ТОА Е ТИРАНИЈА?!?!?!?!? |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A kakva vrska ima toa so pushenjeto? |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 34567 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |