|
Мисирков |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 39> |
Автор | ||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каде јас ја спомнав 2002 година. Читаш ама недочитуваш. Тоа важи и за боливиските , канадскит и американските индијанци, за абориџините, ама и за индусите. Цели реферати се напишани, правени се паралели, ама нема кој да чита, уште помлаку некој да разбере. Ако внимаваше ќе видеше дека пишуваме не само за историјата во изминативе 120-150 години туку за подолг временски период и кои се причините што се појавува словенобугарскиот етнос. Всушност од кога тој се “возраѓа“. Кои се причините што ги извртувате работите, вклучувајќи го и Мисрков. Историјата е збир на настани, кои се документирани, систематизирани и толкувани од некого. Можам само да кажам дека вашето толкување е погрешно. Мислам свесно избегнуваш да дадеш одговор на тоа кои се Бугарите, како стануваат словени и кој е причината за бугарската опседнтост со Македонија? Доколку најдеме одговор на псотавените прашања, верувам дека ќе можеме да си ги објасниме многуте феномени, а истовремнео да го раберете и Мисирков. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Издржано и на место. Луѓе одалечете се од предметот кој го набљудувате, поширокиот агол ќе даде можност да се има подобра перспектива. Спротивно, готово станавме Бугари, според оние од Бугарија. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Знам дека е потребно знаење за да се дебатира , но кога се нема трпение , се нема знаење , тогаш се јавуваат таквите инцидентни ситуации . А инаку , не е грев да се праша , да се побара објаснување , па доколку се констатира дека е спамирање , излегување од темата да се опомени , да се опомени втор пат , па ако треба и трет , четврт ....пат . па потоа да се интервенира . Дури и писмото кое го користи Мисирков , дури и изборот на букви , користење на фонетската азбука се исто така интересни теми , и повод за полемика . Но со кога , каде ? |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Самиот Мисирков е кемплексна материја, а неговата анализа практично е невозможна без соодветан анализа и на бугарската пропаганда. Се чини едно без дрго неможе. Би било возможно доколку се прифати и не се оспорува ставот на Бугарите, кои се и што се. Јас таквиот нивен став не го прифаќам од причина што се измислена нација, политичко име со, предоминантно словенско потекло. Кованица. Секој нивен потег е ставен во функција да се оправда таа кованица. Пропагирање и опседантост со Македонија. Мисирков не е исклучок, како што не се исклучок и другите македонски дејци, а нивните дела се користат во формирањето на јавното мнение дека Македонија е бугарска. Плодовите од таквата пропаганда ги чувстувавем на секој еден чекор, во секоја една тема. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мисирков бил представник на Бугарите , но не на Бугарите од Македонија , туку на некои други , на некои од други предели , кога во Македонија ... Ти процени дека тоа не е тема за Мисирков , не е важно кои се тие Бугари во Молдова , од каде се , дали е тоа можеби некоја македонска избегличка колонија , зашто Мисирков ја прифатил таа функција , што говорел на тие сеанси политички , дали и Гагузите кој се исто избеглици од Бугарија и таму се сметаат себе за Бугари , дали нив им бил представник и.т.н. Ако сакате конкретно за нешто да полемизирате , ставете и конкретен наслов , конкретно прашање , тема . Мисирков и неговото значење , идеи , мисли неможете да го спакувате во неколку цитати и за нив да глумите полемика . Вие сеуште неможете да констатирате дали Мисирков е последица на некои настани во тоа време или причина за некои настани во средината на 20 век . |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде да се вратиме на Мисрков, кој е Мисирков, кого претставувал, што работел, што пишувал, во какво политчко опкружување се формирал како личност? Зошто имал потреба да пишува за НООТО ТЕЧЕНИЕ? Зошто напишал овај деец дека Бугарското име во Македонија е ФАЛШИВА МОНЕТА, ако бил Бугарин?
Јас можам да давам само интерпретација на тоа што мислел, а не како мислел. Сето тоа ќе биде разгледувано во контекст на вековниот спор меѓу Македонците и оние кои станале Бугари. Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 13:59 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
еми интерпретираj
Мисирков Македонски Болгарин велиш Мисирков бил свестен за контекстите и за рисковете да се пишува МК БГ е оти го направил? во приватен дневник? ма Мисирков не е изклучок. Да беше еден - ок - ке го прифатам. Дваjца да беа - ok - се случува Ама немоj за секоj да требе да ми обеснуваш мене ми е смешно - ама се излагаме пред светото Изменето од Македон - 05.Јануари.2010 во 12:51 |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крсте Мисирков: „Како Бугарин јас одамна би рекол: Каква ти Македонија! И тука ми е добро, нема зошто да мислам за она што е веќе загубено. Но како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што јас треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично.
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште. Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија и полн конзерватизам во пројавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, наравите, обичаите - ете ги главните црти на македонскиот национализам, изјаснет преку „простачките умувања на еден човек што уште не си ја знае народноста“ („Мир“ - „Самоопределување на Македонците“, 25.3.1925) |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крсте Мисирков: “Ако два народа истовремено полагаат право врз некој народ, тогаш логично е тој народ да е некој трет“
|
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македон , не си во право , мора , едноставно мора некои работи да се спомнат .
Прво , местото на раѓање , Постол - Пела и етничкото сознание на тој дел од Македонија . Тука влегуваат цитати на Џинот , Миладиновци , на некој турски паша кој владеел со таа територија и.т.н. Следи образованието : По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија[1] Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу добро (како и останатите негови македонски колеги) дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија .... И сега целиот тој вовед да се прерипа и да се фокусираме на тенденциозно извадени цитати од неколку негови дела ? Не , така не неможе да се води добра дебата . Изменето од eptendosadno - 05.Јануари.2010 во 13:13 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
По завршувањето на учителската школа, наместо на работно место во Приштина, тој отишол во Одеса со намера да студира во Русија. Бидејќи не му го признавале средното образование, тој уште две години учел духовна семинарија, па патоа се запишал на медицинскиот факултет, а во 1897 г. на историско-филолошкиот факултет. Во Петроград Мисирков станал многу активен. 1900 г. го основал Тајниот македонско-одрински кружок. 1902 со Димитрија Чуповски, Н. Димов, Г. Константиновиќ и др. го основаат Македонското студентско друштво, кое 1903 прераснува во Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до руската влада , па и до владите на другите европски држави ,да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.
Со студијата „Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко“, како дипломска работа 1902 г. Мисирков брилјантно го завршил факултетот. Кога дошол во Македонија, во Битола работел за отварање македонски училишта и комуницирал со рускиот конзул Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата, па им станал трн во окото на турските власти. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во продолжение, пак нешто од животот на Мисирков.
Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. На крајот турските власти инсценирале убиство, па Мисирков со мртвото тело на конзулот се вратил во Петроград. Тогаш избувнало и Илинденското востание во кое Мисирков не учествувал лично. Во Петроград ја подготвил својата книга „За македонцките работи“ и отишол во Софија да ја отпечати. Тогаш го придружувал Војдан Чернодрински со неговата театарска група во Србија и зборувал за македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување што било остро пречекано од српскиот печат. Кога се вратил во Софија да си ја подигне отпечатената книга, таа била откупена од тамошните власти и изгорена, а од изданието се спасиле и зачувале само мал број примероци. По таквиот настан Мисирков бил присилен да ја напиушти Бугарија. Се вратил во Русија и го подготвил и објавил списанието „Вардар“ од кое излегло само еден број (1905). Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 14:00 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Треба да веруваме на тоа што напишал некој за Мисирков или на тоа што самиот тој напишал?
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Биографијата е битна работа. Каде се родил, образувал, работел, со какви активности се занимавал, што организирал, и каде и во што земал учество. Секако биографските податоци ќе можат да се надополнат и со она што го пишувал. Изменето од Македон - 05.Јануари.2010 во 17:22 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Внеси реплика | страница <1 1819202122 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |