|
Индивидуи на изминатите 2 милениуми |
Внеси реплика | страница <1 194195196197198 217> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
to se vika lepi dogagjaj
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум заборавил дека "ти борчам" една... таква индивидуа.... Изменето од james dean - 14.Февруари.2010 во 13:15 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи темава е Индивидуи,почна чисто за познати ликови кои се докажале во некоја област од животот но подоцна се прошири тоа на се што би можело да има некое влијание во и околу животот на луѓето и стана доста интересна и читана тема,со многу квалитетни постови.
Нема да дозволам постирање оф топик тука без разлика од кого е.
Критики од типот не е темава за тука,постот е за тамо или вамо нема да има.
Доколку сакате да пишете нешто и да кажете ја својата индивидуа слободно повелете,доколку не сакате не пишувајте ништо и почитувајте ги постовите на било кој член.
Се што ќе биде оф топик ќе бришам одма и без пардон.
Ви благодарам на разбирањето
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КRISTOFOR COLUMBUS Zhabar koj neznalel da si sedi madro doma tamu vo Portugalija nego setal po Spanija i mu tekna deka treba da patuva i da stigne do Indija, ne kako site normalni lugje nego sasim na pogresna strana. Toa taka mi objasnija vo uciliste
pa toj mister porugal so tri brodovi santa i santa i nekojasi santa trgnal vo sasim pogresen pravec i ja otkril tova Amerika i ako pojma nemal za toa od druga strana bil nekoj trgovec so jajca i taka ostanala izreka KOLUMBOVO JAJCE izgleda bile mnogu dobri so 3 omega more i 4 omega inaku so bi se zboruvalo za negovite jajca ili pak sega mi teknuva mozna pricina za negovite jajca e deka bil dosta potenten- no vekje nepostojat metresi od negovoto vreme koi bi mozele da ja potvrdat ova teorija za negovite jajca ako imate nekoj poavtenticen podatok za negovite "jajca" bi bilo dobro tuka vo temata da razjasnime taa misterija i taa se vika- kolku stari se Jajcata na Krishtof? |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tim Berners-LeeСер Тим Бернерс-Ли ( Tim Berners Lee) во 1989 година од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на податоците помеѓу луѓето, т.е. сѐ уште само на научниците бидејќи 1989година суште немало голем број на домашни компјутери и имало многу мал број на корисници на интернет. Овој англиски научник на Божиќ во 1990 година ја воспостави првата врска помеѓу http клиент и сервер преку интернет, со што влезе во историјата како креатор на World Wide Web. Сер Бернерс е и еден од основачите на W3C, телото кое го надгледува развојот на WWW. Вработен е на MIT, најценетиот технички универзитет во САД, а иднината на интернетот ја гледа во семантичкиот веб - паметен систем на организација на податоците на интернет, кој на машините ќе им овозможи подобро сфаќање на човековите потреби, а со самото тоа и ќе даде подобар одговор на нив....... |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
В И К И Н Г Викинг.... тоа е оној страшен чичко со голема брада, рогови на главата и секирче во раката, облечен во крзнен кожув и кожни чизми.... Ха, ха.... не е Хогар Страшниот... ликот од забавниците.... Вистинските Викинзи или Нормани (северните луѓе) живееле на просторите на денешна Скандинавија и Данска... во текот на VIII и IX век. (Старо-норвешки víking - оној кој оди на експедиција. Тие се првите морепловци кои пловеле на север и запад и ги откриле Гренланд и Америка (цели 5 векови пред Колумбо) Најпознат бил Ерик Црвениот и неговиот син Лаиф, кој пловејќи кон Гренланд го утнал патот и стигнал до денешна Бафинова Земја (ја нарекол Хелуланд - каменеста земја), а потоа стигнал и до денешен Њу Јорк (го нарекол Винланд).... Изменето од james dean - 14.Февруари.2010 во 13:15 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МASKI ZVUCI klik ( 3 sekundi) shuuuuuuu klik ( 3 sekundi) shuuuuu klik ( 2 sekundi) shuuu 2.PLOP 3. HUAAAAAAA 4. UP |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од zabegan - 03.Јануари.2010 во 15:14 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
С Е Н К А Сенка.... па баш и не е некоја индивидуа... а? ... иако постојано ги следи сите индивидуи, па може да се каже дека е нивни “составен дел”... (ама само кога има светлина)... Само.... во овој случај не мислам на индивидуа СЕНКА, туку на ИНДИВИДУИ ВО СЕНКА.... Тоа се оние луѓе кои делуваат одзади... задскриено, притаено... додека во исто време некој друг се експонира и оддава впечаток како тој самиот да си ја врши работа... со што ужива и поголем углед и слава во општеството, за разлика од индивидуата во сенка, која е малку позната.... Па... имаме - претседатели во сенка, премиери, разноразни министри, функционери и раковдители.... но и музичари... (ама за тоа, во друга прилика)... Се надевам дека на овие што се во сенка не им е ладно.... Изменето од james dean - 14.Февруари.2010 во 13:14 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десет пронаоѓачи кои биле убиени од своите изуми кои придонеле за човештвото
1 Henry Winstanley Henry Winstanley бил познат англиски архитект за светилиници и бил првиот кој го конструирал Eddystone светилникот. Winstanley сакал да ја тестита издржливоста на светилникот и барал да биде внатре во него за време на бура. Светилникот колабирал, убивајќи го Winstanley и 5 други луѓе. 2 Alexander Bogdanov Alexander Bogdanov руски физичар, филозофер, економист, сф писател, и револуционер. Еден од неговите многу научни екперименти ја вклучувал идеата за можно забавување на процесот на стареење, односно reverse стареење, преку трансфузија на крвта. Давајќи трансфузија на многу познати луѓе(меѓу кои и сестра му на Ленин), тој се решил и на самиот себеси да го направи истото. Тој го направил тоа со крвта на еден од неговите пациенти кои имал маларија и туберколоза. Умрел од инфекција набрзо. 3 Cowper Phipps Coles Cowper Phipps Coles бил познат капетан во Кралската Морнарица кој што ја измислил ротирачката кула(издигнат дел) на бродовите. Тој го патентирал овој изум и решил да самиот да изгради брод користејќи го овој револуционерен дизајн. Неговиот брод „HMS Captain“ барал неколку необични и опасни измени, вклучувајќи т.н.„палуба за урагани“, која го поместила центарот за гравитација на бродот. На 6 септември 1870 бродот потонал, убивајќи го Coles и повеќето од неговата 500 члена екипа. |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
4 Karel Soucek
Karel Soucek бил познат каскадер кој ја измислил „капсулата“(само едно модифицирано буре) и се спуштил со неа по Нијагарините водопади. Преживеал, со неколку повреди. Во 1985 тој убедил една компанија да го финансира неговото спуштање со „капсулата“ од врвот на астродомот во Тексас. Специјален водопад беше креиран од врвот на 180 стапки долгата структура, со базен долу. Но, точката тргнала наопаку и наместо во базенот, Soucek удрил во рамката на базенот, предизвикувајќи „капсулата“ да се распука и имал неколку повреди на него. Умрел следниот ден. Evel Knievel изјавил дека тоа е најопасната точка што некогаш ја видел. „Капсулата“ се наоѓа во музејот во Њујорк. 5 Franz Reichelt Franz Reichelt бил австралијански кројач кој станал познат по тоа што креирал чуден палто/падобранес со кој тврдел дека дури и може да лета. Тој се обидел да го направи тоа на Ајфеловата кула, пред набљудувачи и пред камера. Тој паднал право надолу. Умрел веднаш од ударот. 6 Otto Lilienthal Otto Lilienthal бил пионер во човечката авијација. Тој бил првиот човек кој направил повеќекратни(успешни)летови со параглајдер. Од сликите како тој лета, кои биле објавени по списанијата по цел свет, научниците ја добиле идеата дека има можност за нешто како летачки машини. На 9 август 1896, Lilienthal при еден лет паднал 17 метри, кршејќи го р'бетот. Умрел следниот ден. Неговите последни зборови биле: „Мали жртви мораат да бидат направени!„ |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
7 William Bullock
William Bullock бил американски пронаоѓач кој во 1863 ја измислил ротирачката преса за печатење, која донела револуција во печатарската индустрија поради нејзината голема брзина и ефикасност. Bullock умрел додека се обидувал да поправи една од неговите печатарски преси, кога му паднала и му ја смачкала ногата. Ногата фатила гангренаи тој починал при операцијата за нејзино ампутирање. 8 J. G. Parry-Thomas J. G. Parry-Thomas бил велски моторциклист и инженер. Тој отсекогаш сонувал да го собори рекордот во брзина на копно кој бил поставен од Малколм Кемпбел и направил автомобил со кој ќе го напрви тоа. Неговиот автомобил, Babs, имал многу измени, меѓу кои и ланци со кои биле поврзани тркалата со моторот. На 27 април 1926 тој го соборил тогашниот рекорд, а следниот ден дури и го зголемил нас 170м/ч. Тој рекорд стоел една година, додека Малколм Кемпбел повторно го соборил во 1927. Обидувајќи се да си го врати рекордот, еден од ланците на Thomas пукнал и летнал право кон неговиот врат, речиси распарчувајќи го. Тој умрел веднаш. 9 Thomas Midgley Jr Thomas Midgley бил американски хемичар кој го измислил хлорофлурокарбонот и течниот петрол(гориво). Во негово време го нарекувале „дека има повеќе влијание врз атмосферата отколку било кој друг жив организам во историјата на Земјата“ и „единствениот човек кој е одговорен за повеќе смрт во историјата од било кој друг“, поради неговите изуми. Тој со текот на времето фатил полио и паднал тешко болен во кревет. За да се крева себеси, измислил систем со јажиња. Умрел на возраст од 55 години кога се случајно се задавил со едно од тие јажиња. Двата негови изуми се одговорни за неговата смрт- измислувањето на горивото, при што фатил полио и системот со јажиња. 10 Marie Curie Marie Curie била француско-полска хемичарка која станала позната по откривањето на неколку нови елементи, вклучувајќи ги радиумот и полониумот, како и по нејзината теорија за радиоактивност и изолацијата на радиоактивните изотопи. Беше добитник на Нобелова награда во 1903(заедно со нејзиниот сопруг Пјер). Умрела на 4 јули 1934 од апластичка анемиа, речиси сигурно предизвикана од најзиниот контакт со радијацијата. Ефектите од радијацијата тогаш биле непознати и таа нејзините екперименти ги вршела без некои посебни заштитни мерки. Таа дури своите туби со кои ги вршела експериментите си ги носела во џеб и ги чувала во своето биро, изјавувајќи дека плаво-зеленото светло од субстанцата дава убава нијанса во темницата. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуа Форум Идивиди
Иначе во не толку далечната 2005 година на Македонскиот Web простор се има појавено оваа индивидуа со крстено име http://www.forum.idividi.com.mk/ и одма стана еден од најмногу посетуваните интернет индивидуи од овај тип за праење муабет,забава или терање инает и учење од тоа што некој друг го напишал. Татко му или ако сакате мајка му на Форум Идивиди е сајтот http://www.idividi.com.mk/ што може да се види од презимето,што значи се во многу блиско сродство,кој го знае може се и братучеди или пак брат и сестра. Иначе татко му или мајка му или братучедму а може и сестра му на Форумов Идивиди најпрво се викаа со името www.mt.net.mk тоа име го носеа од самата крштевка во 1999 година па се до фамозната 2004 кога добија нова облека и ново лого,т.е. популарното човече кое брза некаде,кај брза никој не знае доколку дознаам ќе ви кажам ова е чоечето над смајливо де. Нејсе,ко се напрај сајтот во тоа ново руво во 2004,почнаат газдите т.е. тогашен Телеком,денешен Т-Mobile да маваат реклами во вид на лепенки,капчиња и триста други тракатанци и сајтот се прочу,додуша и немаше многу тогашни Македонски сајтови,но овај новиов беше тип топ напраен. И за прв пат тогаш можеше да си искоментираш на некоја статија за било што пишале од Идивидито и тоа директно во моментот,па некој ќе те контрираше од друго место и така настануваа караници во кои се пцуеа сите меѓу себе(ја не пцуев никого да немат забуни). И така скоро секој ден киснев на идивидито и почнавме катаден сите исти имиња да коментираме што се вели се запознавме и беше доста интересно. Се дур еден ден еден ник по име kafka кој прво беше Кафка копи не спомна следново-Еј мене тука ми е досадно ќе одам на ФОРУМ??????????????WOW што е сега пак тоа форум богати. -Кај е што е оп го најдов се запишав во тоа регистарот,се крстив fiks ми дадоа таблици и си ги носам веќе 5 години. Иначе Форумов постои од 6-ти Април 2005 година со прв регистриран Администратор Бокич,па сегашниот главен ни шеф Перун и првиот член обичен на форумов WORHOL. Иначе јас сум на солидното 20 место по брзина на регистрација и од тој ден 18.05.2005 во 20:10 часот сум тука на идивидито. Па после кинисавме со пишување,па ова она,па бевме малку но станавме тро појќе и теравме напред за да дојдеме каде што сме сега. Постов за оваа индивидуа ФОРУМ ИДИВИДИ ми е наменет за сите први членови кои беа тука,повеќето од нив скоро 99% не се активни,но јас ќе искористам момент да им одадам почит длабока,поздрав голем и во знак на сеќавање ќе ги спомнам следниве први истакнати членови кои ги паметам и се сеќавам,може и тие ме паметат ако дојдат тука но тоа не е важно. kafka WORHOL ivana gorgon beatrice igor_smf RebeL Enna batt's hektor maja LouWeed Bully babyy vatrena mikus Поздрав до другар му на Микуш natalija v i v i Овие погоре се првите форумски џедаи на идивиди првите заразени со него,сега на жалост ги нема. Поздрав до првоборците на форумов ве паметам се уште и ме подсетувате кога ќе налетам на некој пост од вас. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 194195196197198 217> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |