IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Скопскиот универзитет ќе тоне
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Скопскиот универзитет ќе тоне

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Скопскиот универзитет ќе тоне
    Испратена: 18.Мај.2009 во 16:57
Скопскиот универзитет старееАвтор: Антонија Поповска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е веќе стар. На катедрата по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет, на повеќе од 1.000 студенти од сите четири години има само еден единствен вработен асистент, и тоа по предметот фонологија на англискиот јазик. Ова покажува дека не само што универзитетот е стар туку тој е претворен во своевиден геронтолошки центар.

Ова е ставот на професорот Зоран Анчевски, професор на оваа катедра, кој остро реагира на недостигот од асистенти на неговиот факултет. Но, освен овде, асистенти и помлади соработници недостигаат и на Природно-математичкиот факултет, на Филозофскиот, на Архитектонскиот факултет...

Асистентите и помладите соработници „бегаат“ од скопскиот УКИМ оти на приватните факултети платата им е повисока, а предност е и што таму веднаш се вработуваат.

Нема нови вработувања

Не е проблем платата што ја земаат асистентите за нивниот ангажман, проблем е вработувањето, вели Дивна Пенчиќ, асистентка на Архитектонскиот факултет.

- На нашиот факултет има недостиг од асистенти, кои секако дека се потребни.

Мислам дека мои колеги бараат спас на приватен универзитет не толку заради повисоката плата што таму ја добиваат туку затоа што таму веднаш добиваат вработување – вели Пенчиќ.

Месечната плата на асистенти на овој факултет се движи од 15.000 до 18.000 денари, а демонстраторите земаат хонорар околу 10.000 денари. Толкави приближно се и примањата на асистентите и другите соработници на Природно-математичкиот факултет, во зависност од ангажманот што го имаат на факултетот.

- Недостиг од соработници има на Институтот по информатика. Кај нас студенти од трета и четврта година кус период работат како демонстратори, но немаат којзнае какви амбиции да останат да работат во Институтот. Квалитетните студенти одат на доусовршување или на работа во странство. Затоа постојано имаме потреба од соработници. Платата што ја зема асистент на нашиот институт достигнува до 25.000 денари – вели асистент на овој институт.

Лектори нема ни за лек

Без лектор нема филологија, тоа се експерти, практичари на современиот јазик. Дел од нив се случи пред извесно време да заминат на работа на приватен универзитет заради подобрите услови за работа што таму се нудат, вели професорот на катедрата за англиски јазик Зоран Анчевски.

- Кај нас многу недостигаат помлади соработници, асистенти, лектори. Истата хронична болка ја има целиот факултет, не само катедрата на која јас предавам. Со првиот налет на пензионирање заминаа пет професори. Оттогаш поминаа речиси десет години, а тие сè уште немаат соодветна замена. Со новиот закон за високо образование, Ректоратот има должност да се зафати со обнова на кадарот. Друг проблем е и тоа што немаме израмнети плати по звања – објаснува професорот Анчевски.

Според него, суетните професори што мислат дека нив никој не може да ги замени, па дури ни нивни асистенти, го фрлаат, како што вели, во бездна младиот кадровски потенцијал.

Сериозен недостиг од помлад кадар има и на Филозофскиот факултет, а на тоа укажуваат професори од Институтот по социологија.

- Сите знаеме дека кај нас навистина требаат асистенти, демонстратори затоа што ретко на кој приватен универзитет има студии по социологија. На секој професор му треба асистент затоа што е голем обемот на работа, има многу часови, а некогаш има и повеќе студенти – вели професор од Институтот по социологија.

Не е до парите, до ентузијазмот е

Недостиг од помлад кадар нема на Правниот и на Економскиот факултет. Тодор Каламатиев, продеканот за настава на Правниот факултет, вели дека досега не се случило асистент да замине од овој факултет за да работи на приватен.

- Кај нас има повеќе од 40 демонстратори и асистенти што чекаат да се вработат на факултетот, на студиите по новинарство и на политички студии. Тоа се млади ентузијасти, кои многу се заинтересирани да предаваат и на кои не им е важно колкава плата ќе земаат. Единствен проблем е неможноста да се распишат конк*рси за вработување, кои по правило треба да ги распише факултетот. Но треба да се добие согласност од Министерството за финансии. Тие што се вработени не знам колкава плата земаат – вели Каламатиев.

Добар дел доценти, асистенти и демонстратори на овој факултет пред извесно време немаа простории во кои тие треба да работат, затоа што неколкумина пензионирани професори ги држеа зафатени своите кабинети. Професорот Каламатиев рече дека овој проблем е решен.

Задоволни од примањата и од местото на кое се наоѓаат се и асистентите на Економскиот факултет, кои велат дека не би го оставиле работното место во замена за место на приватен универзитет.

- Мојот ангажман е научна, истражувачка работа. Немам намера да си одам од факултетот. Порано, пред неколку години, примањата на асистентите биле многу пониски за разлика од денес, но тоа и не е толку важно. Важно е дека работам со љубов – ни изјави асистент на Економскиот факултет, кој сакаше да остане анонимен.

Поддржуваме нови вработувања

Јас како ректор не можам да знам што им треба на факултетите. Ректоратот досега поддржал сè што барале, вклучувајќи и нови вработувања. Ако деканатите сметаат дека имаат потреба од нов кадар, ние тоа ќе го поддржиме, рече Велимир Стојковски, ректор на Скопскиот универзитет. Сенатот при универзитетот пред неколку месеци донесе одлука со која им забранува на сите вработени асистенти и професори да работат и на приватните високообразовни институции. Како што рече Стојковски, досега не откриле професор што има ангажман надвор од својот матичен факултет.

- Засега немаме сознанија дека некој ја прекршува одлуката на Сенатот. Ако такво нешто утврдат деканатите, треба да поведат дисциплинска постапка против професорот или асистентот што го прави тоа.




Сите асистенти треба да станат доценти

Сите асистенти до 2013 година треба да станат доценти, предвидено е во новите измени на Законот за високо образование. Асистенти, помлади асистенти и демонстратори во Законот не постојат, а тој предвидува дека секој што сака да остане да предава на факултетот, мора да го положи испитот за доцент. Соработниците ќе се избираат на јавен конк*рс, а ќе бидат вработени на определено време.

Овие новини, кои се воведоа од минатата година, беа направени затоа што, како што велат во Министерството за образование и наука (МОН), беше потребно усогласување со болоњските принципи на студирање.

Асистентите велат дека е добро што се воведуваат вакви измени.

- До 2013-та морам да докторирам. Тоа не е лошо затоа што професорот ќе може да држи не повеќе од два предмети, а поради тоа што ќе нема асистенти, ќе мора тој да ги држи предавањата. Нема да биде како што е сега, целата работа што треба професорот да ја врши, ја прават асистентите, а не ретко се случува студентите да не знаат како изгледа нивниот професор, кој никогаш не се појавил на предавања – велат асистенти на Правниот факултет.




Колкав ангажман, толку пари

На универзитетите во западноевропските држави и во САД висината на платата што ја земаат асистентот или професорот зависи од тоа дали е машко или женско, од квалификациите, односно научното достигнување, како и претходното работно искуство. Така на пример на универзитетите во Велика Британија, ако професорот има работно искуство до четири години, тој годишно би земал околу 51.400 фунти. Ако се пријавува за таа позиција, а има повеќе од дваесетгодишно искуство, годишно би земал околу 63.000 фунти. Во Британија има разлика во примањата и врз основа на тоа во кој град се наоѓа универзитетот на кој предаваат професорите. Највисоки плати земаат оние во Манчестер, а најниски професорите и нивните соработници во Единбург.




Асистент на приватен зема до 1.000 евра плата

На универзитетот ФОН платите за асистентите се движат од 600 до 1.000 евра. Пред да се вработат, еден месец мораат да покажат како работат. Доцент на овој универзитет зема плата од околу 1.500 евра месечно, а универзитетски професор зема плата од 1.150 до 3.500 евра.




Колкава е просечната месечна заработка на асистентите во други држави?

Америка 4.400 евра
Белгија 3.100 евра
Германија 2.300 евра
Франција 1.800 евра
Грција 1.500 евра
Турција 770 евра
Хрватска 620 евра

http://www.novamakedonija.com.mk/Des...rticleID=24772
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 17:01
Na filoloskiot fakultet i lektorite od stranstvo vece nekolku meseci si go cekaat delot od platite koj pristiga od skopskiot univerzitet. Imeno pri voveduvanje na sistemot "cela plata" ne bese zemen vo obdzir nivniot status i dogovorite potpisani vo ramkite na medjunarodnata sorabotka na univerzitetite.

Ako nesto ne se prevzeme nabrgu, navistina ce potone... A bi bilo steta!

Изменето од Majkl - 19.Мај.2009 во 17:02
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 15:15
...... ....... Колкава е месечната плата на градежен инжинер во странство - 6000 е., а кај нас 250е.
Па не потонал ниту еден инжинер!    ...... ......Значи асистенти и професори ВКЛОПЕТЕ се во средината!
Кој бара ќе најде.
Кон врв
AleksandarSl Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AleksandarSl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 13:09
Kako shto trgnale da postavuvaat vakvi dekani,   ne samo shto kje potone, tuku nema da ostane ni traga od nekogash prestizhite fakulteti od drzhavniot Univerzitet!!!
Potrebna e temelna reorganizacija i priveduvanje i zatvoranje na ovie nepodobni i shtetni lugje za opshtestvoto!
Samo taka Univerzitetot kje se vrati vo prvobitnata situacija so rank na moderen evropski Uni.
Do togash kje caruvaat mastodonite koi zinale za pari !!!


Изменето од AleksandarSl - 04.Јануари.2010 во 01:35
Кон врв
гоcтин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин


Регистриран: 24.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1797
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гоcтин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2009 во 02:31
ма нека потоне...прво тие што работат таму треба да поминат обука за убаво однесување,па после да им дадат дозвола за работа...со таква политика како што ја имаат тие не е ни чудо што тоне...

а за корупција...неможев да поверувам една другарка кога ми кажа дека на медицински(да не спомнувам предмет-да не си се пронајде некој ) и побарале 2000 евра(две илјадииии) за да ја пуштат на испит...алооооооо нормални ли се луѓево или професорската титула им поматила нешто?!?!?!
Кон врв
AleksandarSl Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AleksandarSl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 03:10
Тодор Каламатиев, продеканот за настава на Правниот факултет, veli:
Тоа се млади ентузијасти, кои многу се заинтересирани да предаваат и на кои не им е важно колкава плата ќе земаат.
Ochigledno chovekot ne izlegol od negovata kancelarija povekje od 20god! IMALO ENTUZIJASTI?..PA I ZA BEZ PARI KJE RABOTELE??...
TIE KOI VI RABOTEA ZA BEZ PARI DRAG PRIJATELE.. ...SEGA ZARABOTUVAAT MNOGU POVEKJE OD VAS PROFESORCHINJA KOI SE PLAsh*tE DA NE VI ZEMAT MESTATA ISTITE TIE ENTUZIJASTI KOI VI RABOTELE NEKOGASH ZA BEZ PARI!!! I TOA SHIRUM CIVILIZIRANA EVROPA!!!

Изменето од AleksandarSl - 04.Јануари.2010 во 01:36
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 03:16
Originally posted by AleksandarSl AleksandarSl напиша:

Kako shto trgnale da postavuvaat korumpirani dekani, koi se prodavaat za 2 kg kompiri, ( pr so Dekankata Jordanka Mitevska pri PMF Skopje koja ja podrzhuvaat i profesori, koi sosema sluchjano se nashle na pozicijata Prof. a nemaat blaga veza od toa sho go rabotat i brkaat vo pepelta) ne samo shto kje potone, tuku nema da ostane ni traga od nekogash prestizhite fakulteti od drzhavniot Univerzitet!!!


Shto bilo so Jordanka?
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 06:42

Ne,tone...

Ima temeli!голема%20насмевка
Кон врв
гоcтин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин


Регистриран: 24.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1797
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гоcтин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 02:42
абе едни темели...

AleksandarSl не ми го спомнувај Каламатиев...невидено ѓубре..сега и син му Добрин (другар мој инаку)си го пикна таму...бев пред некој ден да го видам..типот работи како демонстратор..хаха се изнасмеав кога ми кажаа,ама кога видов - поверував...греота човекот стварно не го бива за тоа...ама татичко е тука...ај сеа да не ширам многу
Кон врв
AleksandarSl Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AleksandarSl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 14:18
Ma4kica,
si videla eklatanten primer za toa kako gi nosat lugjeto da bidat demonstratori-tatini sinovi, cichini i vujchini deca, toa se sluchuvashe i na PMF, dodeka rabotev tamu.

Kjoravi i sakati dechinja, sinovi i kjerki od PMF i red drugi profesori, , ne znaeja da vrzat edna recenica, a kamo li da odrzhat vezhbi... pa koga kje dojdea Profesori od nadvor-prashuvaa sho rabotat ovie po kancelariite koga neznaat ni da se pretstavat!Za smetka na toa intelektualniot kadar si zaminuvashe permanentno od fakultetot gledajki deka nemozhe da izleze na kraj so vakvata mnogubrojna ekipa !!! Za smetka na toa mnogu izgubi obrazovanieto vo MKD!

Se dodeka ne im se postavat osnovni testovi pochnuvajki od opshta kultura, bon-ton, potpishuvanje, i konverzacija- kje se primaat takvi izgubeni dechinja koi si igraat ushte vo
pepelta, a obrazovanieto kje ni tone se povekje i povekje!!!

Изменето од AleksandarSl - 04.Јануари.2010 во 21:09
Кон врв
AleksandarSl Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AleksandarSl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 14:45


Shto bilo so Jordanka? [/QUOTE]

Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Ne,tone...


Ima temeli!голема%20насмевка


Kako Dekan,ja zloupotrebuvashe pozicijata obiduvajkji se da vrshi pritisok na odredeni demonstratori i vraboteni, zakanuvajki se ako ne si zaminat od rab. mesto deka nema da im dade plata voopshto!!!
Toa pokusha da mi go napravi i mene, no gi infromirav povisokite instanci...
Studentite postojano se zhalea...
Poradi nejzinoto odnesuvanje del od studentite si zaminaa od fakultetot!!!



Изменето од AleksandarSl - 04.Јануари.2010 во 01:41
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 15:05
ete jas prv pat slusam od tebe za Jordanka збунетост prosto za neveruvanje... изненадување
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 15:07
Коментари во кои се спомнати имиња  и инсинуираат незаконско работење  на одредени личности личности, согласно правилата на форумот се ваша лична одговорност и форумот не стои зад овие коментари.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 15:19
Originally posted by AleksandarSl AleksandarSl напиша:


Poshto so Jordanka sme od ist kraj- od Istochna Makedonija, mnogu dobro ja poznavam posebno sluzhbeno.
Ete jas i Pandeski bevme od ist kraj no ne go znaev sluzbeno nesto posebno намигнување
Originally posted by AleksandarSl AleksandarSl напиша:


Kako Dekan na PMF, ja zloupotrebuvashe pozicijata obiduvajkji se da vrshi pritisok na odredeni demonstratori i vraboteni, zakanuvajki se ako ne si zaminat od rab. mesto deka nema da im dade plata voopshto!!!
Toa pokusha da mi go napravi i mene, no gi infromirav povisokite instanci...
   Ova znaci deka uste si na PMF? збунетост
Originally posted by AleksandarSl AleksandarSl напиша:

Imashe obichaj da gi soslushuva studentite vo nejzinata kancelarija, da doznae koj sho mislel za nea???,za shto studentite postojano se zhalea...
Poradi nejzinoto odnesuvanje del od studentite si zaminaa od fakultetot!!!
Mi predavase tri predmeti i nikogas ne se slucilo takvo nesto niti pak znam nekoj so vakva sudbina среќа
Originally posted by AleksandarSl AleksandarSl напиша:

p.s Jordanka e nepodobna da gazi niz zgradata na PMF , a kamo li da bide inokosen organ ili profesorka!!!


Se nadevam deka si svesen koi obvinuvanja gi kazuvas среќа


Изменето од Sunny - 02.Јануари.2010 во 15:19
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.