IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија-земја на информатичари
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија-земја на информатичари

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 19>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 08:48
... dilema...POLITIKA ili OBRAZOVANIE... kje da e politika..
Компјутерите ги изместија чекорите
Чекор напред, три назад направи Владата со идејата за експресна компјутеризација на училиштата, која не само што не им помогна на учениците туку сега им создава проблеми да ја следат наставата. Најавите на Владата дека со набавка на компјутерите во училиштата како нација ќе скокнеме една цела ера во нашиот информатички прогрес како да паднаа во сенка.

Како што изминува времето, прашање е дали воопшто компјутерите ќе к*ртулат од насилници, кражби и од забот на времето. Не беше малку тоа што се покажаа слабостите на проектот „Компјутер за секое дете“, туку сега Владата реши да набави и 75 илјади лаптоп-компјутери за основците. Намерата е сите да станеме информатичари пар екселанс. Од мали до најстари, од 7 до 77 години. А за тоа колку оваа замисла ќе не' удри по џебот - никој не зборува.

Има ли Владата воопшто кочница во трошењето пари кога станува збор за компјутеризацијата во образованието и дали се прави процена за успешноста на самиот проект? Вистинска мистерија е колку пари од буџетот ќе треба да се издвојат за компјутерите и кој ќе плати ако тие се украдат, оштетат или расипат. Опозицијата пред извесно време ја прозва власта дека набавката на компјутерите е матна зделка, но надлежните не излегоа со конкретни детали за проектот за компјутерите, кои барем засега се само декор во училиштата.

При првичната најава за проектот „Компјутер за секое дете“ беа одвоени дваесетина милиони евра, но оваа сума е многу повисока, знаејќи го фактот дека ќе се набават и над 70-ина илјади лаптоп-компјутери вредни 10 милиони евра. За нив учениците ќе имаат и нови клупи и столчиња кои, исто така, не дознавме колку ќе чинат. Само за подготовка и материјали за проектот се одвоени девет милиони евра и дополнителни 300 илјади евра компјутерите да се донесат до училиштата. Сега Владата има намера да ангажира и администратори за да се грижат за одржување на компјутерите и мрежата, но сумата за нив се' уште не е позната.

Нема месец Владата да не најави нови „проектчиња“ поврзани со компјутерите. Де ќе се набават маси и столчиња, де ќе се набави ова, де она, само да им се сервира компјутеризација на учениците. А притоа како да заборава во какви услови учат тие деца. Дека секој ден им е буквално преживување, бидејќи немаат каде да одат по нужда поради засмрдените тоалети, кои не се одржуваат поради недостигот од средства. Ги прашал ли некој учениците во какви објекти учат, кога прашање на време е кога ќе им се сруши покривот на глава.

Никој во Владата не се најде засегнат да одговори и на други прашања. На пример, како надлежните ќе го објаснат фактот што дел од компјутерите се' уште фаќаат прашина по магацини додека нивната гаранција истекува. Зошто Владата, по претходна опомена од државните институции, платила осигурување на компјутерите, но само за периодот од јануари до март 2008 година. И кој ќе им гарантира на учениците дека ќе добијат исправни компјутери, чија вредност од ден на ден се намалува?

Компјутерите пристигнаа, ама само во средните училишта. Ај што пристигнаа, ама учениците не научија ниту една електронска лекција, бидејќи не се направени дигиталните содржини што треба да се внесат во компјутерите. Може само да замислиме што ли ќе се случува со новите лаптоп-компјутери кои наставниците и професорите од основните и од средните училишта ќе можат да ги носат и дома. В ред е што сакаме да создадеме компјутерски писмена нација уште од мали нозе, но работите треба да се одвиваат по ред и транспарентно.

Јавноста остана покуса и за објаснувањето за ефектите и трошоците за проектите за компјутеризација на училиштата, бидејќи оние кај кои лежат вистинските одговори сметаат дека проблемите не се од таков размер како што се претставуваат. Според нив, ефектите од овој проект ќе се докажеле по неколку години. Ќе видиме дали ќе биде така.

Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 22:48
ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО - ВО МАКЕДОНСКОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ............

Во слободен превод оваа теама би гласела:
,,КОДОШКО ОПШТЕСТВО- ВО МАКЕДОНСКОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ,,           
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2009 во 14:48
„Тема: Македонија-земја на информатичари
    Испратена: 16.Јануари.2007 во 09:14.........“

„Испратена: 21.Септември.2008 во 00:06
„Обуката на професорите, која е втор дел од овој голем проект и ќе ја помогне УСАИД, треба да започне на крајот од овој месец.
Министерот за информатичко општество истакна дека активно се работи и на третиот дел од проектот
 „Компјутер за секое дете" - апликативните решенија што ќе се користат во наставата........„

„Испратена: 13.Декември.2008 во 08:48
Компјутерите пристигнаа, ама само во средните училишта.
Ај што пристигнаа, ама учениците не научија ниту една електронска лекција,
бидејќи не се направени дигиталните содржини што треба да се внесат во компјутерите......“

Вака изгледа МАКЕДОНСКАТА информатичко-технолошка преродба,......за жал цифрата од 24 мил...Еура,
денес стигна до цифра од 65 мил... Еура,.....состојба на терен,!.....сметачите стојат на клупите со намена,....
учениците да се кријат зад нив кога не се доволно спремни за настава,..или се проблем учениците да ја користат
клупата за попамени работи,...на пр. да ги стават книгите кои ќе ги добијат идната учебна година, затоа што немало
„КВАЛИТЕТНИ ИЗДАВАЧИ“,...И покрај цело Министерство за ИТ ,... проблеми во софтверот со едношалтерскиот катастарски
систем,...проблеми со софтверот на МВР за ЛК и Биометриски Паспорти,....ха било „софтверско преоптоварување“....

Дали можеби не е време Димовска со нејзините АНТИКОРУПЦИОНЕРИ, ...да разгледа колку од силниве МИЛ.... Еура од
ИНФОРМАТИЧКО-ТЕХНОЛОШКАТА преродба завршија во кампањите на ДПМНЕ,.....
Веројатно, најлесно е на цца 80% неписмено население, да му се продаде непристапна информатичко технолошка обланда
небаре преку ноќ ќе станеме Ј Кореја, Тајван или Индија во информатичкиот прогрес... продолжува!?....
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2009 во 16:23
Од сомнежот ...ти произлегува односно „извира„ и одговорот на поставеното ...секако во завиена форма прашање..!!!.
Запамети си го текстов-прашање некаде..и спореди го со состојбата ..после ...например една или пак две децении..
пс
И Ј.Кореја била во почетокот ваква..ама за тоа не си знаел..оти и тогаш не си го знаел она ...што овде го заговараш...како прашање..
намигнување
 
 


Изменето од novace - 19.Декември.2009 во 17:39
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 00:15
„The Digital Textbook program was announced by the Education Ministry of South Korea on March 8, 2007.
The digital textbook is currently being tested in various primary schools and will be distributed free to every school nation-wide starting by 2013.“...Википедија

Ј.Кореа, програмата за ИТ во образованието ја спроведува планирано, и ќе ја имплементира паралелно со прилагодена образовна програма за цца 6 години!......

„The Korean Ministry of Education and Human Resources Development stated that it will develop the digital textbook as a study assistance tool,
 which utilizes digital media, to go beyond the limitations of conventional paper textbooks.“....Википедија


...Носител на програмата „дигитален учебник“ е Министерството за образование на ЈК а не .....ново формирано партиско министерство за ИТ(читај перење п...)

„The Korean Ministry of Education intends to deploy the Digital Textbook program for all fifth and sixth grade students in elementary, three unspecified middle school grades,
 and two unspecified high school grades.“....Википедија


....Програмата М. за О. на Ј.Кореа, ќе го спроведува на одреден број пилот парелеки во школството,
а не на секоја школска маса во државните училишата како вп Р Македонија, што ја спроведува Иво!?....
.... и на крај иако Ј.Кореа е многу побогата и економски постабилна држава, не си направи екск*рзија да потроши,
толку милиона евра за увоз на застарен електронски отпад, .....кој за жал Министерството за екологија со ниеден од ново печените закони за
хармонизација со ЕУ, во сверата на Животна средина и Управувње со отпад досега не предвиде начин или процедура како да се справи......
....но што да се прави, дури и самитот за глобалното затоплување проПАДНА,...што значи дека воопшто не е проблем за законодавството на РМ
да потроши уште некоја година за ѓубрето ....тоа не прави стаклена градина ,....него ја уништува физички почвата,....,и подземните води,....
да се потсетиме на Вардар од пред некој месец, кај ТЕЦ Неготино,.....тука беа пластичните флаши од увезените
 застарени технологии за полнење на минерална вода....

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 14:17
Ако погледнеш ....кој се кадар треба да се „припреми„..за да го пренесе знаењето свое на учениците од дури и најзаостанатата технологија...веднаш ќе ти биде јасно (како ден..или ноќ..ако само гледаш црно..како во мрак) дали треба да се користи најскапиот софтверски продукт..или пак поедноставниот..и секако поефтин..
пс
И околу пластичните шишиња кај ТЕЦ Неготино...тоа е ти „испрака„ на сопствениот отпад од ептен културните и проевропски (настроени) граѓани кај нас..во горното течение на Вардар со притоките...
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 20:57
....паралелата е помеѓу начинот на кој се изведува планирана и потребна стратегија на трошење пари,....за жал кај Нас во Македонија е правило ТУЃИТЕ ПАРИ,....во случајов од Буџетот, во кој случајно одат и моите даночни пари,...да се трошат на овој начин за повеќе потребни цели( напр. изборни кампањи),....а дали има кадри за таквите работи, како воведување на ИТ во Образованието,....па кадрите се до-обучуваат,...,ама вистински а не факултативно, колку на хартија!?...

....пластичниот отпад беше изнесен само како пример, наменски во контекст на штетата од увезениот скапо платен електронски отпад,....а од каде дошле пластичните флаши!?, па и таму живеат граѓани на Р Македонија, ...тоа веројатно Јакупи најдобро го знае,.....или можеби не беше идејата Грција да ја напаѓаме на ваков начин!?.....
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 23:31
За тоа што прават со парите на даночните обврзници..има два начина за регулација на проблемот...ако е како таков детектиран...
Изборите се ...најкористениот систем..ама остануваат и други..помалку популарни...начини на проверка.
Со децении школите во Македонија си беа какви што и сега се..со мал исклучок на додатните и гледам овде сега непопопуларни интервенции..каде „кадарот„..наречен и воспитно-образовен..се става во положај да биде на секаков начин и секидневно контролиран..и проверувана нивната ефикасност и капацитет..и ВЕДНАШ ...се дигнаа „некои„ укажувајќи дека само досега и претпотопскиот начин на организирано (масовно) образование..е нашиот излез..иако сите гледаме дека школите продуцираат маса на „недоделкани„ (во грото случаи) и за ништо корисно веднаш неспособни кадри..освен за вработување ..најчесто во администрацијата..секако мислам на државната..а пак приватниците ..најчесто си наоѓаат сами..ама поинакви кадри..ефикасни и полни со реални знаење..а не со некакви си нашкртани дипломи за коекакви школи...а кои се само .. на терет на продуктивно вработените кадри..
Оти мораат да ги одработат нивниот дел од работата...најчесто..
Отиди..во било кое место каде овие се најчесто вработени..и мери го знаењето и ефектот нивен..
пример (ти) се..
Зградата на телевизијата..оделот на документација..на лични карти и пасоши мислам
Или во било кое државно надлештво..каде што даночниот обврзник се „судира„ со преставниците на својата и од него алиментирана држава..
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 17:42
Originally posted by novace novace напиша:

Ако погледнеш ....кој се кадар треба да се „припреми„..за да го пренесе знаењето свое на учениците од дури и најзаостанатата технологија...веднаш ќе ти биде јасно (како ден..или ноќ..ако само гледаш црно..како во мрак) дали треба да се користи најскапиот софтверски продукт..или пак поедноставниот..и секако поефтин..
пс
И околу пластичните шишиња кај ТЕЦ Неготино...тоа е ти „испрака„ на сопствениот отпад од ептен културните и проевропски (настроени) граѓани кај нас..во горното течение на Вардар со притоките...
намигнување

Кога би се деполитизирало образованието и кога би се преминало на системот -колку знаење толку плата, лесно може да се средат нештата.  Во сегашнава ситуација кога сите земаат иста плата работеле или не работеле (според образованието) , па од март според идејата на славниот синдикалец Дојчин со ураниловка, иста плата и за оној што учел  факултет и за оној кој не завршил, и за оној кој душа си вади и работи со деца и за оној кој цел ден седи во канцеларија само заради тоа што партијата го вработила како правникзбунетост а работи како благајник.
 Ако компјутерите се дадеа на оние кои знаат да работат, да си ја организираат работата и да им најдеа примена  немаше да стојат во магацини и да собираат прашина. Е нормално дека ке мораше да им зголемат плата за примена на современи средства во наставата. Вака ододека ги обучат тие што не знаат, компјутерите ’’остареа’’ а негде и се преполовија бидејки децата умешно си позајмија што им требаше а штетите ги плаќаат сите и оној кој земал и оној кој не земал.

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 18:27

Почитувана колешке..секако мислам на форумска..

Твоите (разбирливи за мене) дилеми и трилеми овде..иако гледам си ја разбрала поенатата на моето дискутирање односно размислување...без намера да (по)станам АЛФА и ОМЕГА за образованието наше насушно...се измешани..
Самото тоа ...што така е уредено школството..се должи на се(уште) присутниот синдром..а кој (з)добиен..од некои не така минати..и со лелек споменувани времиња..од учесници овде..и не само на оваа податлива и актуелна тема.
Мислам на „производот„ од некојпат „реформираното„ образование..насочено го нарекуваа...и даваше ШУВАРИ-ЦИ како краен продукт..
Е сега ...дел од тие продукти ШУВАР-ИЦИ се на власт..и тие го „организираат„ сето она за кое овде дискутираме..
пс
Никојпат јавното образование не било (досега) вака сеопфатно натерано кон брз (за некои) прогрес..иако се сложувам дека ...не можат сите да стасаат до целта...
Важно е...што сите еднакво ќе им се пружи шанса да стартуваат..и никаде (и никој здрав) не очекува дека ...сите ќе бидат поБЕДНИЦИ...односно ..сите не можат да бидат први...
Мора да има и втори и трети..и последен секако мора да има..
Предолга тема..а простор и време прекратко..
ппс
Кај богатите ..тоа е поедноставно..се користи ПРИВАТНО УЧИЛИШТЕ...
Без политика..ама ете и тамо има(ло) политика..ама е таа усмерена кон БРЕНДИРАЊЕ на името и програмата на школото...
И децата таму...со и на нивните кревки плеќи..не се товарат со куп непотребни книги..чија „содржина„ ја има на секој умрежен компјутер..и во поново време е актуелен и Г4 телефонот..со своите несогледливи сега можности..секако позитивни во поголем обем гледано
И само поради тоа СУМ ПРОТИВ ...секој... кој што закера за се и сешто..кога можниот напредок на нацијата е стартуван..
А досега НИШТО поинакво и попозитивно од ова ...ниту замислиле ...ниту оствариле.
 намигнување


Изменето од novace - 21.Декември.2009 во 18:49
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 19:54
Originally posted by novace novace напиша:

Почитувана колешке..секако мислам на форумска..

А досега НИШТО поинакво и попозитивно од ова ...ниту замислиле ...ниту оствариле.
 намигнување

Мака се дели само со колега од иста бранша. Другите сами кимкаат со глава и на крај ке си кажат дека нивната мака е поголема.
Никој жив не може да негира дека во образованието работите се во транзиција и остануваат во транзиција,  Секоја чест за обидите, ама се додека останува на обиди, ке имаме образование какво имаме. Интересот на децата за учење опаѓа САМО заради тоа што токму образованите луѓе (доколку зад нив не стои партиска книшка)  се најдевалвирани.
Спомнав на темата за компјутер за секое дете во подфорумот Образование дека се додека компјутерски училници с еотвораат во строго централните градски училишта и на децата кои дома имаат ’’авион компјутери’’ им се дава нешто кое тие не го погледнуваат работите ке одат вака.  А им беше укажано дека ефектот со  компјутерите ке беше многу поголем кога НАЈПРВО ке ги монтираа и дадеа на децата кои немаат компјутери.  Македонија може да биде земја на информатичари и со децата од селските, подрачните училишта.
Намерите се ОК, не е ОК реализацијата. Има деца кои плачат и за овие компјутери кои ’’градските’’ ги отфрлаат. Таму фалат обуки.
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 21:42
Неодминлив факт е дека..СИТЕ пионери ...мислам во својата област ...биле и сеуште се ...најмалку прифатени со одбрување во својата средина и пошироко...
Затоа и постои поговорка...дека никој не станува пророк во својата земја..знаеме зашто..
пс
Зборував(ме) за суштина на проблем(от)..а не и за детали..односно ИСКЛУЧОЦИ..кои се секојпат ..како правило повторуваат..во негативна (најчесто) форма.. 
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2009 во 11:20

Неодминлив факт е дека..СИТЕ пионери ...мислам во својата област ...биле и сеуште се ...најмалку прифатени со одбрување во својата средина и пошироко...

.......ПИОНЕРИТЕ ,....во било која област се пионери на новитетите,....но новитети во Образованиети иако имаше толку многу од осамостојувањето па наваму,...за жал вродија само негативни ефекти во образованието....ХМ па и онака пробавме само да ги копираме Еврпејците!?....незнам зошто мислиме дека се попаметни,....можеби само подисциплинирани,...

......„Зборував(ме) за суштина на проблем(от)..а не и за детали..односно ИСКЛУЧОЦИ..кои се секојпат ..како правило повторуваат..во негативна (најчесто) форма..“.....

Суштина на проблемот во темава е секако ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА како во Образованието така и во сите државни институции,....,и тоа не секако од технолошки аспект,....,туку од аспект на злоупотребено ВЕТУВАЊЕ во предизборна кампања ,....,СТРОГО НАМЕНСКИ,.... за искористување на граѓански добра за партиски придобивки,....но за жал сумата ,....да кажеме во однос на,...., да речеме буџетот за 2009г. цца 2,5 мил ЕУРА е минорна и скоро невидлива за антикорупционерите,....па без некои законски контроли, изнесени пред јавноста,.....граѓаните сета ова глупост на Власта и ДПМНЕ ја препознаваат како позитивен чекор во граѓанска корист,....иако последиците само од аспект на ЕКОЛОГИЈА брзо ќе ги увидиме,....особено ако се земе во обзир дека освен ДРИСЛА,... во Македонија нема никаква депонија ниту за кумунален отпад , а не за електронски, хемиски или било кој друг отпад,.....

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2009 во 11:56
Државата ...ни дава правила и насоки..со помош на Законите.
...секако ако се почитуваат.
Банките даваат финасиска потпора...а граѓанските асоцијации....стопански , научни и секакви други...ја РЕАЛИЗИРААТ замислата...
Кога ја спомена овде Дрисла..ај да разгледаме нешто слично на неа..
Тетово..град со повеќе од 200.000 граѓани..одградот и опкружувањето..
Да извршам преметачина на градот..од секоја куќа ќе „извадам„најмалку од 10.000 Евра во ќеш...и друго нели...метал и то
А тие ..со месеци се дават во смрад и смет..исфрлен во центарот на градот..
И сите тие таму чекаат..некој друг ...а не самите тие...да им ја направи..само ним потребната депонија..ете нека биде и по светски стандарди..
И сега ..кој е крив таму...за нивниот град (претворен во) сметиште??
Тоа само покажуава..дека:
Не можеш да чекаш друг да те гледа како да си недоветен...а од друга страна ..да водиш политика..која е одредена друг да ја води..
Тетово..бепше како приемр земен..оти на Тв го видов таков..во една емисија..иако и другите не се ништо поарни од него..
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.