IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија низ Христијанството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија низ Христијанството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонија низ Христијанството
    Испратена: 26.Октомври.2006 во 22:00
Македонците први на Балканот го примија христијанството, сакал тоа некој да го признае или не. Тоа е непобитен историски факт кој со ништо не може да се побие и оспори. Македонската Православна Црква стана античка древност (Ибид), од чија почва продолжија да се шират божествените идеи на четворицата апостоли, на Павле, Сила, Тимотеј и Лука кон Европа и светот. Факт со кој се посведочува староста и приматот на Охридската над другите православни цркви. Подоцна, врз основите на црковните општини на таа иста македонска почва беа создадени првите православни епархии - Солунската, Охридската и Скопската (Ибид). Тие станаа синоним на христијанството и инспирација за создавање на новите цркви - на Римската и Цариградската.

Охридската епископија, како прва од основаните православни цркви, византискиот император, скопјанецот од македонско потекло Јустинијан I Велики (527-565), во 535 година, “по желба на Македонците Охридската епископија ја произвел во Архиепископија” (Подвлечено кај: Ангел Динев, Македонскитх Славзни…, 49), како што запишал во својата новела: “за својот народ”, “од кој и самиот произлегувал, од илирскиот - словенскиот” (Ибид. Спореди и кај: Н. Михаиловски, Исторически иследваниз…, 5-6). Таа своја желба ја овековечил “не со обична, туку со вистинска и точно дефинирана новела” (Ибид). Архиепископијата, на која и' го дал името Јустинијана Прва, му ја доверил на првиот нејзин архиепископ Кателијан (535-548), дотогашен охридски епископ, да ја реорганизира и преуреди. (Спореди во: Corpus juris civilis…, том II, Н 11, кај: Н. Михаиловски, Исторически ислхдваниз…, 5; Марин Дринов, Б’лгарската ц’рква…, 7 и кај: Hach Iangeren, Verhandlungen..., p.7). Таа црква, Охридската архиепископија, трета по Римската и Цариградската црква, “во тоа време била и мајка и татко за целиот словенски православен христијански свет и род” (Ибид). Со овој подвиг целта му била негрчкото население во Империјата, во кое доминирал македонскиот словенски елемент, да добие своја народносна црква. Во првиот дел од својата новела императорот Јустинијан I дословно вели:

“… Желбата ми е на секаков начин да се увеличи нашата татковина што ни ја даде Господ, прво да дојдам на овој свет, што тој го создаде, сакам да се возвеличува и во духовна власт со мноштво увеличувања. Желба ми е времениот свештенички епископ да биде, не само митрополит, туку и архиепископ, а другите епархии да бидат под негова власт, т. е., како што е: Средиземна Дакија и Епиријанија и Превалитана и Втора Македонија, дури и дел од Втора Панонија, што е во Бачкото окружие…”. (Ибид).



- Римскиот папа Никола I (858-867), пренесувајќи го официјалниот став на Римокатоличката црква во поглед на приматот на христијански цркви во Источната и Западната екумена, уште во далечната 859 година изјавил: “Римската к*рија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли, како што се - македонската, римската, антиохиската и александриската црква”.

- Откако постои Српската Православна Црква (Пеќската патријаршија), била под трајно ведомство на древната Охридска архиепископија-патријаршија, дури и во времето на српските кралеви. Во 1557 година Пеќската црква била неканонски отцепена од “мајката црква”, од Охридската, благодарејќи на роднинската врска меѓу везирот Мехмед-паша Соколовиќ и српскиот владика Макарија. Тоа бил неканонски насилствен акт, бидејќи бил извршен со државен указ, по државна линија, надвор од црковните институции, без одлука и благослов на Светиот Вселенски синод. Тоа отцепување никогаш не било признато, како од страна на водечките цркви во Источната екумена (Ерусалимската, Александриската, Цариградската, Антиохиската и Охридската), така и од Вселенскиот Синод;

- И Бугарската црква (Трновската патријаршија), во целата нејзина историја, била под трајно ведомство на својата Мајка црква - Охридската архиепископија-патријаршија. И таа била неканонски отцепена во времето на бугарските цареви, на браќата Петар I Асен и Асен - Константин Тих, што, исто така, бил неканонски насилствен акт, кој никогаш не бил признат од страна на Светиот Вселенски Синод;

- Руските архиереи и владици треба да знаат дека Руската црква автокефален статус добила дури во 1590 година, откако охридскиот патријарх Гаврил I (1571-1596) извршил притисок врз рускиот цар Теодор Иванович (1584-1595) да побара канонско отцепување од Цариградската црква и прогласување на Московската митрополија во патријаршија, за што во Светиот Вселенски Синод лобирал лично охридскиот патријарх. Тоа било негова заслуга. За тој легален канонски подвиг, патријархот Гаврил I, како награда за успешното завршување на тоа прашање, од рускиот суверен Иванович, во 1590 година добил 40 златници. За Русите “Охрид и Македонија од секогаш биле факел кој подеднакво ги огревал сите словенски народи и центар од каде зрачела старата словенска писменост, култура и цивилизација”.
Тоа се релевантни историски факти и сведоштва кои со ништо не можат да се демантираат, побијат или оспорат.

МПЦ била независна црква во време кога не постоела чисто ромејска (грчка), ниту бугарска, ниту српска, ниту руска православна црква. Според тоа, ниедна од тие цркви денес нема ниту историско, ниту канонско, ниту политичко, ниту какво и да е друго право себе си да се сметаат за некаква мајка на православното христијанство. Бугарите своја црква основаа во 1185, Србите во 1219, а Русите дури во 1590 година. Последната на иницијатива и сугестија од Македонската црковна дипломатија. Ова само како потсетување за да не се прават шпекулации и да не се гајат илузии и заблуди. Силна поткрепа на тој факт претставува официјалниот став на Римокатоличката црква изнесен уште во средината на далечниот IX век. Имено папата Никола I (858-867), во 859 година изјавил: “Римската к*рија за вистински цркви ги смета оние што се основани од апостоли, како што се - македонската, римската, антиохиската и александриската”. (Спореди во: Латински извори за б’лгарската историз…, (II), 109, 110, 111 и 172 и кај: Стјепан Антољак, Охридската архиепископија…, 39). Според овој знаменит римски папа, “и покрај тоа што цариградските и ерусалимските највисоки црковни големодостојници себеси се нарекувале патријарси, тие, сепак, немале такво значење како првите, бидејќи не биле уредени од апостоли” (Ибид).

И македонскиот цар Самоил (976-1014) многу полагал на духовниот живот. Охридската архиепископија тој ја подигнал на степен на Патријаршија, што било потврдено од страна на Светиот Вселенски Синод и од папата Гргур I (991-1002). Од тој период, па сe' до нејзиното неправедно укинување (1767 г.), таа била нарекувана Охридска архиепископија-патријаршија, односно Јустинијана Прва Охридска. Името Архиепископија се користело повеќе од почит и благодарност кон основачот на Архиепископијата, кон визанискиот император Јустинијан I. Тоа ни го посведочуваат синодните документи (Спореди кај: А. Шопов, Кодекс на Охридската патриаршиз…, I продолж. стр.192-225 и: II продолж. стр. 536-570), во кои охридските поглавари редовно се титулирале како архиепископи-патријарси на Јустинијана Прва Охридска. (Ибид). Како што се ширело Самоиловото Царство, така се ширела и јурисдикцијата на освоените територии. Во негово време меѓу поголемите митрополии и епархии, кои влегувале во составот на охридската диецеза биле: Мегленската, Велбуждската, Главничката, Белградската, Нишката, Сремската, Сервиската, Призренската, Липљанската, Скопската, Мороздвиската, Битолската, Србишката, Воденската, Струмичката, Средечката (Софиската) и Костурската, што значи сите српски и бугарски митрополии и епархии. Јурисдикцијата над овие духовни институции била потврдена и од страна на византискиот император Василиј II Македоноубиец (Спореди кај: Љордан Иванов, Б’лгарски старини…, 550-562) во 1019 година, со три хрисовули, во кои “ја изразил својата благонаклоност кон Охрид, ја потврдил нејзината независност и и' ги загарантирал нејзините автокефални права и привилегии”. (Спореди кај: Nil Doksopatrii, Notitia patriarch…, 111, кај: Franz Nicolaus Finck, Des Nilas Dozopatres…, 16-18 и кај: Марин Дринов, БЌлгарската цЌрква…, 56). Во негово време и потоа, Охридската црква имала најголема диецеза во Источната екумена. Под нејзино ведомство се наоѓале 31 митрополија, вклучувајќи ги сите српски и бугарски епархии (Ибид). Од содржината на тие документи се гледа дека императорот Василј II сакал Охридската архиепископија-патријаршија “да ја заштити од посегнувањата на Цариградската патријаршија”, која покажувала постојани аспирации кон Охрид, но “и од мешањето на цивилната административна власт во работата на патријаршијата”. Под закана на строги казни, ги предупредил властите “доследно да го почитуваат поглаварот на Охридската црква и да не се мешаат во црковните работи” (Ибид). Неговата наклоност кон Охрид се гледа и по тоа што за поглавар на Охридската црква го поставил дебарчанецот Јован (1018-1037), за кој се знае дека во 1020 година го подигнал манастирот Св. Јован Бигорски. (Спореди кај: Gustave Schlumberger, Li Epopee byzantine…, 424-425 и кај: Hainrich Gezler, Abriss der byzantinischen…, 988). Меѓутоа, тој поинаку гледал на големото Македонско Словенско Царство, што го обновил Самоил. Љубоморен на тој факт, по распаѓањето на тоа царство востановил посебна тема на која тенденциозно и' го дал името “Бугарија”. Тоа го сторил поради омразата и суетата што сеуште живеела во ромејско-хеленските државно-политички средини, во континуитет, уште од времето на Филип и Александар Македонски, бидејќи, како што е познато, во нивно време Елада (Атина и Спарта) и' била потчинета на Македонија. Ставајќи и' го бугарското име на новосоздадената тема, што ја сочинувале етнички македонски земји, целта била засекогаш да се избрише името Македонија и Македонци. (Спореди кај: Иван Дуљчев, Македониз…, 14-15). Овој мрачен, непримерен и тенденциозен акт на насилство, на најеклатантен и најуверлив начин го појаснува рускиот научник Дурново, кога вели:

“… Мора да се признае оти Охрид бил престолнина на Словено-Македонско царство, кое се именувало како бугарско, но кое немало ништо општо и заедничко со бившото Прибалканско и Заддунавско Царство. Македонското Царство се појавило по истерувањето на Бугарите од Македонија и тоа имало посебна династија, своја Патријаршија и свои патријарси”. (Н. Дурново, Имет’ ли Болгари исторически права нат’ Македонскољ Тракии…, 74).

Ова само како потстетување и сведоштво дека Самоиловата држава и Охридската патријаршија немале ниту српски, ниту бугарски карактер, како што се обидуваат да докажат современите српски и бугарски духовни аспиранти кон Македонија. Изворно и аргументирано во овој поглед звучи сведоштвото што ни го дава специјалниот пратеник на венецијанскиот крал Роджер (1138-1147), архимандрит Нил Доксопатрии, од 1143 година, кое се однесува на Охридската архиепископија-патријаршија. Архимандрит Нил, имено, современик на тие времиња и настани, на оригинален и пластичен начин го посведочува и обелоденува податокот, тврдејќи дека “Охридската црква никогаш не била потчинета под никого и никогаш не се нарекувала бугарска, дури и кога била под бугарска власт”, додавајќи дека “таа самостојно управувала и од свои епископи била осветувана, непотчинета на никој од врховните престоли...!”. (Види пошироко кај: Franz Nikolaus Funck, Des Nikos Dezopatres…, 21, кај: Марин Дринов, Исторически преглед…, 56-57 и кај: Акад. Љордан Иванов, Б’лгарски старини…, 562-464). Со ова, несомнено крунско сведоштво, се демантираат сите фалсификати, кованици и шпекулации на бугарската и на српската наука, кои упорно и тврдокорно се обидуваат да докажат некаков бугарски, односно српски карактер на Македонската православна црква, на древната Охридска архиепископија-патријаршија - Јустинијана Прва.

Јурисдикцијата на Охридската архиепископија-патријаршија над српските митрополии и епархии се одржала во континуитет до 1219 година, што значи нешто повеќе од седум столетија. Тогаш Смедеревската епархија неканонски се отцепила од Охридската патријаршија, на која за архиепископ бил поставен најмалиот син на Стеван Немања - Растко Немањиќ (1219-1234), со седиште во Пеќ. Овој прв српски архиепископ бил посветен во Свети Сава од Никејскиот патријарх Емануил. Тогашниот охридски арх.-патр. Димитрија Хоматијан (1215-1234) фрлил шизма врз новоформираната архиепископија, која никогаш не била отповикана, (Спореди кај: Стојан Новаковиќ, Народна енциклопедија…, т. I, 503 и: т. IV, 802), што значи дека таа епархија и натаму се сметала за ведомна на Охридската црква. Освен тоа, Хоматијан ги прекинал сите врски и односи со Цариградската црква во знак на протест поради тоа што “таа го подржувала и се солидаризирала со сепаратизмот”. Во писмото, пак, што му го испратил на Свети Сава, Хоматијан го предупредил “со отстранување од црквата, ако не се покае”. Во него индиректно стои дека “Охридската архиепископија-патријаршија би била готова да и’ даде на Србија народна архиепископска управа ако и’ се обратела на старата Охридска црква”, зошто, како што стои во писмото, “Охридската архиепископија ја претставува мајката - црква”. (Подвлечено кај: Kardin - Pitra, Analecta sarca…, т. VI, col. 133 и кај: Георги Д. Баласчев, Финансовото положение…, 8).

Српското освојување на Македонија во средината на XIV век, не донело никакви промени во поглед на статусот и на територијалниот интегритет на Охридската црква и диецеза. Имено, српскиот крал Стефан Душан (1331-1355) не посегнал по нејзината автокефалност и по нејзините привилегии, бидејќи ја сметал за “продолжение на древната Јустинијана Прима”. (Подвлечено во: Маљкова историз…, 240, кај: Г. Острогорски, Душан и његова властела…, IV, 190-196 и кај: Славко Димевски, Историја…, 153-154). Со познатиот Душанов Законик, тој дури и' ги потврдил нејзините привилегии (Ибид). Со оглед на нејзиното минато, кон Охридската црква се однесувал со должна почит. Раководејќи се од тие мотиви, сите важни промени во внатрешниот живот на црквата, биле извршени во негово време, “сите со благослов на охридскиот патријарх” (Ибид). При донесувањето на какви и да е промени, Стефан Душан “барал согласност и благослов од охридскиот поглавар”. Така, кога игуменството на Лесновскиот манастир го подигнал на степен на епископија, “најнапред побарал согласност од охридскиот архиепископ” (Ибид). Охридскиот поглавар Николај му бил десна рака на Стефан Душан. Тој учествувал во донесувањето на многу значајни одлуки, меѓу кои: за востановување на нов митрополитски систем и за формирање на нови епископии. (Подвлечено кај: Ст. Новаковиќ, Законски споменици…, 676, кај: Н. Радојчиќ, Српски државни сабори…, 127-128 и кај: Рад. М. Грујиќ, Скопска митрополија…, 100-102). Срдечните односи меѓу српските окупаторски власти и Охридската црква се огледувале во тоа што Стефан Душан охридскиот поглавар, “со оглед на авторитетот на Мајката црква”, го поставил за “почесен член на Синодот на Српската црква”. (Подвлечено кај: Г. Острогорски, Душан и његова властела…, 190-196, кај: М. Диниќ, За хронологију душанових освајања…, IV, 1-12 и во: Споменици на Македонија…, (1), 210-211). За водечката улога на Охридската архиепископија во духовниот живот во државата на Стефан Душан сведочи и податокот дека, “ниеден акт на Српската црква не смеел да биде потпишан од страна на српскиот архиепископ, додека пред тоа не бил ставен печат на Охридската архиепископија”. (Подвлечено кај: Г. Острогорски, Душан и његова властела…, IV, 189-196 и кај: Д-р. Славко Димевски, Охридската архиепископија…, 21). Охридските архиереи биле принудени да се покоруваат на тие барања, бидејќи само така можеле да ја изразуваат својата лојалност кон окупаторските власти. При прогласувањето на Јоаникиј II за патријарх на сите Срби и при крунисувањето на Стефан Душан за цар, на неговата сопруга за царица и на син му Урош IV за крал, во Скопје, во 1346 година, “охридскиот архиепископ ја имал улогата на вселенски патријарх поради своето царско потекло”. (Ибид). По овој настан, поради богатата историја на македонскиот народ, но и поради приматот и авторитетот на Охридската катедра, Стефан Душан почнал да се титулира како “благочестив и христољубив македонски цар Стефан, на српските, бугарските, унгарските…и на другите предели” (Ибид), што значи дека тој се прогласил за цар на Македонија, во чиј состав, освен македонските земји, влегувале и сите други “предели”.

Ваков благонаклон однос и почит кон Охридската архиепископија-патријаршија од страна на српските окупаторски власти постоел и подоцна, по распаѓањето на Душановото Царство, во времето на Волкашин (1366-1371) и на син му Марко (1371-1395). И во нивно време строго се почитувала автокефалноста на Охридската црква и нејзините права и привилегии. Таа била ослободена од соперништвото на Српската архиепископија и претставувала “единствен црковен авторитет пред државата на Волкашина”. (Спореди кај: Стојан Новаковиќ, Законски споменици…, 311 и кај: Славко Димевски, Историја…, 161-164). И деспотството на Јован Углеша, брат на Волкашина, “ја признавало јурисдикцијата на Охридската архиепископија”. (Ибид). Охридскиот арх.-патр. Григориј II (1356-1377) дури бил поставен за советник на деспот Углеша по црковните работи, чија втора резиденција се наоѓала во градот Серез. (Спореди кај: Глиша Елезовиќ, Турски извори за историју Југословена…, XXVI, 56. Од истиот автор и: Огледало света…, 24, кај: А. Тверетинова, Беда-и ул векаи…, 726 и кај: Проф. д-р. Л Милетич, За Македонцитх…, 80). Во негово време “челното место меѓу црковните големодостојници на Деспотскиот Синод го заземал охридскиот поглавар” (Подвлечено кај: А. Соловјев и В. Мошин, Грчке повеље српских владара XXXVI, 5 и 75, кај: Иван Снхгаров, Историз…, I, 334-336 и кај: Рад. М. Грујиќ, Охридска архиепископија…, III, 251), и како најсуштествено, “видно се проширила диецезата на Охридската црква”. (Подвлечено кај: Hainrich Gelzer, Der wiederaufgefung…, 8 и 92-102, кај: Љуба Стојановиќ, Стари српски записи…, III, 42-44 и кај: Георги Д. Баласчев, Финансовото…, 8). Во 1369 година, Григориј II, поради високиот углед и авторитет што го уживал меѓу патријарсите во Источната екумена, “посредувал во еден спор што настанал меѓу деспот Јован Углеша и цариградскиот патријарх”. (Види пошироко кај: О. Halecki, Un Empereur de Byzance…, 153 и 180). На деспот Углеша, според Халецки, “охридскиот патријарх Гаврил II му бил драгоцен истомисленик и соработник”. (Ибид). Во времето, пак, на српскиот крал Стеван Радослав, зет на Теодор Комнен, “Српската црква ги возобновила односите со Охридската архиепископија”, бидејќи “ја сметала за своја мајка раководителка” (Ибид).

Како што гледаме, презентираните податоци недвосмислено укажуваат на фактот дека српските кралеви и цареви во раниот среден век Охридската архиепископија-патријаршија ја почитувале и величеле како “вселенска црква” на словенскиот род и кон неа се однесувале како кон најстара духовна институција во Источната екумена. По распаѓањето на српската држава (1437-1441), “Србија со сите свои епархии повторно го признала ведомството на Охридската архиепископија-патријаршија, под која била од самиот почеток”. (Подвлечено кај: Петар Костиќ, Документи…, 34, док. 50 и кај: Ив. Снхгаров, Положението…, 17). Тоа се случило непосредно пред паѓањето на Цариград (1453 г.). Тогаш турските окупаторски власти ја укинале Пеќската патријаршија и таа “повторно и' се приклучила на својата црква матица, на древната Охридска архиепископија-патријаршија”. (Подвлечено кај: Ив. Снхгаров, Положението…, 17). Во еден грчки документ, во кој се опишуваат настаните од тој период, стои напишано: “Пеќската црква била соединета со многу постарата автокефална Охридска црква”. (Цитирано кај: А. С. Павлов, Чтениз Императорского обоества…, кн. 4, 121-123, кај: Il. Ruvarac, Der grisseveizer Mohamed Sokolovich…, 293-294 и кај: др. Трифонов, С’единенито…, 14). По флорентинскиот собор (1439 г.), освен српските, на Охридската црква повторно и’ пристапиле и епархиите од Влашко, Молдавија и Малорусија, а нешто подоцна биле присоединети и некои православни општини од Италија, населени со Македонци, кои по паѓањето на Кнежеството на Георгија Кастриот-Искендер под Турците, избегале во областите: Апулиа, Цалабриа, Сицилиа и Венеција, потоа на Малта и во Далмација. Историчарот Приселков (1881-1941) соопштува дека во тој период “под ведомство на Охридската црква се наоѓала и Киевска Русија, а силно влијание имала и врз Русија”. (М. Д. Приселков, Очерки по церковнополитичско истории…, том 116, стр. 160-165). Тоа исто го посведочуваат и многу други руски писатели, меѓу кои: Попруженко, Спаренски, Занкин, Томашевски, Коваленски, Ханс Кох и Каргошев. Според Григорович, од најстаро време и тогаш “Охрид претставувал најсветол пункт за сите Словени”. (В. И. Григорович, Очерк’ путешествиз…, 114). Во тој период Охридската црква имала најголема диецеза во христијанскиот свет. Таа се простирала - од Малта, на запад, до Русија, на исток и од Солун, на југ, до Панонија, на север. Нејзиното влијание во тие краишта видно пораснало, особено по склучувањето на Флорентинската унија (1439 г.), кога охридските иерарси категорично го отфрлиле сојузот со Ватикан, што имал тенденција источните православни цркви да ги стави под свое ведомство. Со тоа “Охридската архиепископија-патријаршија во лицето на христијанскиот свет се потврдила како вистинска православна црква” (Подвлечено кај: М. Д. Приелсков, Очерки…, 160-165), која раководена од словенски иерарси - Македонци, и која обединувала многубројно словенско и несловенско население, “единствена од православните цркви се спротивставила на скриените и подмолни намери и планови на Ватикан”. (Ибид. Подвлечено и кај: Иван Снхгаров, Историз…, (I), 3-7, 18, 150-157, 183 и 187).

Српската црква под јурисдикција на Охридската архиепископија-патријаршија била нешто повеќе од сто години, од 1441 до 1557 година. А тогаш повторно оживеале сепаратистичките стремежи кај некои српски владици. Прво се побунил смедеревскиот митр. Павле, во 1530 година, кој се обидел својата митрополија да ја отцепи од Охридската црква, но не успеал. На страната на Охридската црква, со која во тоа време управувал енергичниот арх.-патр. Прохор (1527-1550), тогаш застанала, не само целата Источна екумена, туку и официјалната турска власт, по што тој бил отстранет од црквата и анатемисан. (Види пошироко кај: Ив. Снхгаров, Положението…, 17-25 и кај: Петар Костиќ, Документи…, 36-39). Дваесет и седум години подоцна со исти мотиви, стремежи и амбиции настапил и ѓаконот Макарие, поранешен калуѓер во манастирот Хиландар и близок роднина на везирот Мехмед-паша Соколовиќ. Дејствувајќи од сепаратистички позции, со интриги, со притисоци и со поткуп, неколкупати се обидел да го компромитира арх.-патр. Прохор, за да може полесно да ги постигне своите цели, но не успеал. Таа своја идеја и замисла ја остварил дури по смртта на арх.-патр. Прохор, иако силата била во неговите раце, што зборува дека охридскиот поглавар во владата на Турција уживал голем углед и авторитет, во чии кругови бил ценет како голем политичар, црковен дипломат и стратег. Благодарејќи на везирот Соколовиќ, во 1557 година издејствувал ферман кај Високата Порта за обнова на Пеќската патријаршија. (Види пошироко кај: Бранислав Ѓурѓев, Однос измеѓу…, 203, кај: Љуба Стојановиќ, Стари српски записи…, (I), 186 и кај: Славко Димевски, Историја…, 145-146). Со оглед на тоа што зад целиот тој случај, како голем заштитник, стоел везирот Соколовиќ, со чија помош бил издејствуван султански ферман, Охридската архиепископија-патријаршија била немоќна да стори што и да е против оваа акција. (Спореди кај: Hainrich Gelzer, Der Patriarchat…, (XXV), 470 и кај: Hil Ruvarac, Der Gorssevezier Mohamed Sokolovich…, (IX), 293-294). Таа и овојпат, со силата на аргументите, сакала да докаже дека, иако ферманот бил донесен со државен указ, по државна линија, сепак, не бил канонски, бидејќи бил донесен надвор од врховната црковна власт, од Светиот Вселенски Синод, што била вообичаена практика во Источната екумена. Врз основа на евангелиските правила, охридската катедра по вторпат фрлила шизма врз отцепената Пеќска патријаршија, која никогаш не била отповикана. Тоа значи, дека Српската црква (Пеќската патријаршија) и денес формално-правно и канонски и натаму е под ведомство на Македонската православна црква, на Охридската архиепископија-патријаршија, сакал тоа некој да го прифати или не. Историјата памети и таа не може да се негира и прекројува. Фактите се факти и тие со ништо не можат да се оспорат. А бидејќи српските иерарси, задоени со големосрпски национализам, хегемонизам и сепаратизам, ги негираат тие историски факти и се владеат според дневната национал-шовинистичка политика, а не според евангелиските норми и правила, Македонската православна црква има суверено канонско право да не ја признава автокефалноста на Српската црква!

И бугарските цареви, како и српските, почнувајќи од браќата Петар I Асен (1190-1195) и Асен - Константин Тих (1186-1196), до Калојан (1197-1207), не посегнале по автокефалноста на Охридската црква. Со цел да го намалат влијанието на Охрид и на Цариград во бугарските земји, и да создадат противтежа на балканските духовни простори, браќата Петар и Асен Трновската епархија ја прогласиле за Архиепископија. Тоа бил неканонски акт кој бил анатемисан од страна на Светиот Вселенски Синод. Во новата неканонска Бугарска црква биле приклучени сите бугарски епархии, кои дел биле под јурисдикција на Охридската, дел под Цариградската црква. Пркосејќи им на тие цркви, Трновската архиепископија во периодот меѓу 1185 и 1204 година ги зела под свое ведомство епархиите до каде што се простирало владеење на бугарските цареви: Видинската, Средечката (Софиската), Велбуждската, Нишката, Врањанската, Призренската и Скопската епархија (Види кај: Е. Е. Голубинскиљ, Краткиљ очерк’…, 115 и 125 и кај: Ив. Снхгаров, Положението…, 51). Бидејќи ниту Архиепископијата, ниту првиот бугарски архиепископ Василиј, не биле признати, како од небугарските епархии, кои насилно биле припоени кон Трново, така и од Вселенскиот Синод, бугарскиот цар Калојан повел преговори со папата Инокентиј III (1198-1216), барајќи трновското архиепископство да го прогласи за Патријаршија, а Василиј за патријарх. Ова барање било само делумно задоволено, со тоа што Трновската архиепископија останала тоа што била, а само нејзиниот поглавар бил унапреден во чин примат. (Ибид). По распаѓањето на државата на Калојан (1207 г.), Охридската црква ги повратила насилно одземените епархии од страна на Трновската архиепископија. Подоцна, кога било обновено бугарското царство од страна на Иван Асен II (1218-1241), политиката кон Македонската црква битно не се променила. И овој бугарски суверен не посегнал по нејзината автокефалност, но затоа пак водел енергична борба економски да ја ослабне и да го намали нејзиното влијание, бидејќи таа уживала голем углед и авторитет, не само кај македонската, туку и кај немакедонската паства, со крајна цел - Трновската архиепископија да ја наметне како водечка црква на Балканот. (Види пошироко кај: Е. Е. Голубинскиљ, Кратки’ очерк’…, 115 и 135, кај: Ив. Снхгаров, Положението…, 51, кај: Иван Дуљчев, Македониз…, 17-21 и кај: Борислав Примов, Македониз…, 38-39). Во тоа, сепак, не успеал, бидејќи се работело за црква со стара култура и традиција. Со навлегувањето на Турците на балканските простори (1371 г.), тие прво ја укинале Трновската, а потоа и Пеќската архиепископија, а ја задржале само Охридската, поради нејзината древност и углед во христијанската паства. Епархиите на укинатите цркви, на Бугарската и на Српската, целосно потпаднале под јурисдикција на Македонската-Охридска црква. Под нејзино ведомство останале до нејзиното “укинување”.

Што се однесува за Руската црква, со гордост можеме да кажеме дека уште од времето на светите браќа Кирил и Методиј, била под силно влијание и во директна жива врска со Македонската црква и паства. Монахот на Киевско-Печерскиот манастир, Нестор (1056-114), во својот летопис “Повест времених лет”, соопштува дека светите браќа додека престојувале кај Хазарите, превеле неколку богослужбени книги за словенското население на тие простори, за руското. (Види кај: F. Liclosich, Chronica Nestoris…, (I), 24-151 и кај: Архангелски’, Свв. Кирил и Методи’…, 16 и 21). Според него, “уште во X-от век името на Охридската архиепископија-патријаршија длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство” во таа земја. Истакнатиот руски историчар Приселков соопштува дека “Киевска Русија христијанската вера ја примила - не од Византија, туку од рацете на охридскиот архиепископ”, и дека, “Руската црква била една од епархиите на Охридската архиепископија”. (Цитирано кај: М. Д. Приселков, Очерки…, 14-54). Поткрепа на тој факт претставува титулирањето на охридските поглавари. Имено, арх.-патр. Атанасиј I (1593-1619), во кореспонденцијата со некои кралеви, вицекралеви и кнезови на европските земји, со кои одржувал дипломатски врски, се титулирал како: “По Божја милост Патријарх на Прва Јустинијана Охридска, на цела Бугарија, Србија, Македонија, Арванија, Унгровлахија, Русија и проче…”. (Види кај: M. Lacko, Alcuni documenti…, 631). Во старите руски летописи монахот Нестор открил дека “руската кнегиња Олга и нејзиниот внук, кнезот Владимир, биле покрстени во Охрид”, првата во 955, а вториот, во 987 година. Притоа соопштува дека “тие не отишле во Цариград, туку во Охрид, во првиот словенски светилник на христијанството”. (Ибид. Цитирано и кај: В. Мошин, Христианство в России…, 1-18 и кај: М-р. Наталија Стрељчук, Руската кнегиња Олга…, 21).

Посебно значајно за Русија и Руската црква претставува посетата на охридскиот арх.-патр. Гаврил (1581-1596) на Москва, во јули 1586 година. Целта на посетата била да го наговори рускиот цар Теодор Иванович (1584-1595), Московската митрополија, по канонски ред, да се отцепи од Цариградската патријаршија, да се прогласи за Патријаршија со автокефален статус и да ги избрка грчките свештеници од Русија. (Спореди кај: Ив. Снхгаров, Учредзването на Московската патриаршиз…, 3-12 и кај: МуравЌев, Сношениз России с’ Востоком’…, (I), 167-169). Предлогот и сугестиите на арх.-патр. Гаврил, кој во Москва бил дочекан со сите почести, како највисок духовен иерарх, бил со воодушевување прифатен од страна на рускиот суверен (Ибид). Само неколку дена по неговиот престој во Москва, започнала процедурата за остварување на таа идеја, која со успех завршила по четири години, во 1590 година. Тогаш, со решение на Цариградскиот собор, кој бил свикан специјално за таа цел, за што лобирал лично арх.-патр. Гаврил, Московската митрополија била прогласена за Патријаршија со автокефален статус, а митрополитот Иов (1583-1602) за патријарх на цела Русија (Ибид). Писателите Снхгаров и Мурав’ев соопштуваат дека “во цела Русија во тоа време многу се знаело за Охридската патријаршија” и дека “во Москва охридскиот архиепископ-патријарх се сметал за важен православен хиерарх и најзаслужен за Русија и за Руската црква”, бидејќи “со својот авторитет придонел Московската митрополија да биде произведена во Патријаршија со автокефален статус”. (Ибид). По овој настан Москва веќе почнала да се нарекува Трет Рим, како трет духовен центар во христијанството, по Цариград, кој, пак, неколку столетија пред тоа бил наречен Втор Рим. (Спореди кај: Трифонов, Политическо…, 31-32 и кај: Ив. Снхгаров. Културни и политически вр’зки…, 11). Во знак на благодарност и признание за придонесот што го дал во разрешувањето на руското црковно прашање, царот Иванович на арх.-патр. Гаврил му подарил 40 златници (Ибид).

Кога говориме за Русија и за Руската црква, нужно е да се истакне податокот дека руската паства и особено, руските суверени, “од најстаро време имале многу високо мислење за достоинството на Охридската црква” (Ибид). Охридските поглавари редовно биле поканувани да ја посетат Москва, со цел да се зацврстуваат старите традиционални црковно-просветни и културни врски помеѓу двете цркви и двата народа, што не било случај со другите словенски цркви. Според пишаните извори, во период од две и пол столетија, руската престолнина ја посетиле 32 охридски поглавари и нешто повеќе од 420 други архиереи и владици. Тие биле пречекувани со високи почести уште при преминот на границата и редовно биле примани во аудиенција кај руските цареви, што зборува за угледот што Охридската црква го уживала во оваа најголема словенска земја. Кога во Златната сала на царската палата влегувале охридските поглавари, “руските цареви станувале од престолот и најсрдечно се ракувале, на кој начин ја изразувале почитта и приврзаноста кон Мајката-црква, кон Охридската архиепископија” (Ибид). Тоа го правеле кога доаѓале дури и епископи или мотрополити, за кои се знаело дека се лични пратеници на охридските поглавари. Тоа било привилегија само за охридските архиереи. Никој од другите цркви не бил приман во аудиенција кај рускиот цар, дури кога се работело и за поглавари. Тие биле сметани за второстепени, вклучувајќи ги дури и цариградските патријарси. За српските и бугарските архиереи и владици и да не зборуваме (Ибид). Во пишаните извори нема податок со кој може да се посведочи дека некогаш некој руски цар примил некој пеќски или трновски поглавар. Во прилог на горните факти сведочи и податокот дека двајца Македонци, архимандритите Анатолиј (Жунгулоски) Зографски и Партение Зографски многу години минале во царскиот двор на Романови, како духовни татковци (афимериј) на царското семејство. Првиот дури бил крстител на рускиот император Александар II, за што како признание добил златен часовник со посвета, кој денес се чува во ризницата во манастирот Хиландар, на Света Гора. (Види пошироко кај: Анастас Шопов, Светли личности…, 550-563, кај: Симон Дракул, Архимандрит Анатолиј…, 130 и кај: Петар Поповски, Архимандрит Теофил…, 31).

Ова само како мало хронолошко потсетување за современите духовни агресори, негатори и фалсификатори на историјата, на историската наука и акрибија, кои се обидуваат својата Мајка-црква да ја преименуваат во ќерка, како би ја ставиле под свое ведомство. Велиме мало, бидејќи тоа што го презентиравме како историски факти и сведоштва, претставува само дел од големата историска граѓа и ризница во која се посведочува античката древност, приматот, угледот, автокефалноста и достоинството на Охридската црква во своето двемилениумско постоење, како автохтона, како национална црква на македонскиот народ. Бедната историја на Српската и на Бугарската национална црква, очигледно, ги тера современите духовни агресори, архиереите на тие цркви, без тронка срам, чесност и достоинство, да посегнуваат по автохтоноста на најстарата црква на Балканот, по нејзиниот суверенитет и интегритет, настојувајќи да ја подјармат, негирајќи ја свесно и тенденциозно нејзината автокефалност, нејзината историја, култура и традиција. Фактот дека Охридската архиепископија-патријаршија била членка на Светиот Вселенскиот Синод, што го сочинувале петте најстари и најголеми христијански православни цркви во Источната екумена, од кои три апостолски - Охридската, Антиохиската и Александриската, доволно уверливо кажува за нејзината автохтоност и за нејзиниот духовен суверенитет и интегритет. Охридските поглавари во многу случаи раководеле со Цариградските собори, со Светиот Вселенски Синод и биле арбитри при отстранувањето од престолот на цариградските патријарси кои се огрешиле пред Бога и паствата. За илустрација ќе наведеме само два примера за да се види колку била голема улогата и значењето на Охридската црква во православното христијанство. Во јануари 1565 година охридскиот арх.-патр. Пајсиј, претседавајќи со Цариградскиот собор, го симнал од престолот цариградскиот патријарх Јоасаф II, поради симонија, а дваесет години подоцна, во март 1585 година охридскиот арх.-патр. Гаврил го симнал од престолот царигр.-патр. Пахомиј II, поради поттикнување на раздор во Црквата. (Види пошироко кај: Иван Снхгаров, Историз…, (II), 7, 20 и 24 и кај: Славко Димевски, Историја…, 259-260). Соборските документи редовно биле потпишувани и од охридските поглавари. (Ибид). На тие документи ”потписот на охридскиот архиепископ-патријарх доаѓал на трето место, веднаш по потписот на цариградскиот и на александрискиот патријарх” (Ибид). Во тие акти никаде не фигурира име или потпис на некој српски или бугарски патријарх, што било сосема разбирливо, бидејќи тие цркви, со извесни прекини, биле под постојана јурисдикција на Охридската црква, која не била ниту српска, ниту бугарска, туку “чисто македонска античка древност”. (Подвлечено кај: Ангел Динев, Македонскитх Славзни…, 49).

При една ваква брилијантна историја и светло минато на Македонската охридска црква, зачудуваат непримерните постапки, “наивноста” и понижувачкото однесување на нашите архиереи, на членовите на Светиот Синод на МПЦ, со оглед на гревот што и го направи на Македонската православна црква и на нејзината паства - воопшто. Се чини дека тие господа не ја познаваат историјата на црквата на која и' служат или, можеби, како што вели народот “се навеани” или, пак, се под влијание на некој домашен или надворешен центар на моќ, подредени на неговите цели и интереси...!? Како инаку може да се објасни недоличното однесување и коленичењето пред српските архиереи, пред “усташите во мантии”, како што тие мудреци веќе се нарекувани од страна на некои јавни гласила, барајќи милост, некакво, признавање од црква која вечно била под ведомство на црквата која денес моли и коленичи. Каква иронија…? Мајка да бара признавање од ќерка. Ни видено, ни чуено…! Ова е единствен случај во историјата на христијанството, каде една апостолска црква, Мајка-црква, паѓа на колена пред својата ќерка, барајќи милост, понижувајќи се и деградирајќи се самата себе си. Каков срам, каква недоличност, какво понижување...!? Се прашуваме: има ли личност во тој наш Свет Синод што зрело размислува, што помислува на последиците по духовниот суверенитет и интегритет на Македонската црква. Очигледно - нема. Судејќи по однесувањето на членовите на тој Синод, (со исклучок на многу почитуваниот дедо владика Кирил), се чини дека и натаму можеме да очекуваме нови, уште поголеми изненадувања и потреси, како оној во Ниш. Таму беа, потпишаа и сега тврдат дека не го прочитале тоа што го потпишале. Какво оправдување...!? И сега, тие господа кои го потпишаа тој срамен акт, се најгрлати во “одбраната” на автокефалонста на Македонската црква. Невидено...!? Ваквите срамни, понижувачки потфати не треба да се потценуваат. И, наместо Српската, Бугарската и Руската црква да бараат признавање од својата Мајка-црква, од МПЦ, се допушта некои неграмотни архиереи да бараат признание од ќерките на таа црква. Овој случај не подучува дека, ако сакаме да го зачуваме традиционалното достоинство на МПЦ, на Охридската архиепископија-патријаршија, треба што е можно побрзо да се спроведат реформи, внатре, во Црквата, во Синодот, кој ќе знае како да раководи со актуелните црковни работи. Тоа не треба да биде работа само на Црквата, туку и на државата, без оглед на уставните ограничувања, бидејќи Црквата е органски дел на државата. Само со еден таков чекор ќе можеме да го зачуваме духот и словото на древната Македонска Охридска црква.

Во овој контекст чувствуваме за потребно да го истакнеме и податокот дека некогашните охридски поглавари, оние кои во многу мрачните, судбоносни и тешки времиња успешно им се спротивставувале и им пркоселе на обидите на разните агресори за приграбување на делови од нејзината пространа диецеза или за ослабување на нејзиното влијание и значење, на нејзината духовна, просветна и културна моќ, најнапред од страна на некои византиски императори, а подоцна и од Цариградската црква и Османската империја, тие не паднале на колена пред ниту еден император, пред ниту еден султан, пред ниту една црква, зашто Охридската црква претставувала “драгоцен украс на православниот словенски род и лулка на словенската култура, традиција и цивилизација, од која зрачела животворна светлина”. (Подвлечено кај: Ив. Снхгаров, Културнизт дух…, 1-2, кај: Д. Уста Генчев, Климент…, 75-104 и кај: Д-р. Блаже Ристовски, Македонскиот народ…, 34). Не случајно, турските окупаторски власти од трите словенски цркви што ги затекнале на Балканот, Охридската, Трновската и Пеќската, последните две нелегални, ја задржале само првата - Охридската, бидејќи во однос на другите неканоски цркви уживала углед и достоинство во народот. И што е посебно важно, на охридскиот престол во најголем број случаи седеле поглавари по потекло Грци и Власи, меѓутоа никој од нив, дури и оние што се одликувале со големогрчки национализам, не помислувале да извршат предавство на таа црква, да ја припојат кон Цариградската патријаршија, чии канџи над Охрид виселе како Дамаклов меч, секогаш готови да го зграпчат. Од пишаните извори дознаваме дека сите тие љубоморно ја чувале самостојноста, независоноста и автокефалноста на Охридската црква и остро се спротивставувале на какво и да е посегнување по нејзиниот суверенитет и интегритет. Во овој контекст ќе го земеме за пример Гркот Димитрија Хомитијан. Зборувајќи за себе, тој вели: “и самиот го попримив македонско-словенскиот бит и се чувствувам како Словен”. (Подвлечено кај: Харалампие Поленаковиќ, Климентовата традиција.., 77, кај: Славко Димевски, Црковна историја…, 42 и кај: Блаже Ристовски, Македонската нација…, (I), 17-18). Таков бил случајот и со сите други поглавари по потекло Грци. Тие биле свесни дека и’ служат на македонска, а не на грчка паства, со што се посведочува податокот дека го почитувале народот на кој му служеле, на македонскиот, и се однесувале крајно коректно и одговорно кон неговата историја, култура и традиција.

Со ваквото навраќање во историјата немаме намера некому да му докажуваме која била и што претставувала МПЦ (олицетворена во Охридската архиепископија-патријаршија), во раниот и во подоцнежниот среден век во христијанскиот свет, бидејќи и без тоа, тоа многу добро е познато, туку едноставно да презентираме некои факти и сведоштва, кои намерно и тенденциозно се премолчуваат од страна на современите духовни агресори, особено за оние што се однесуваат на автокефалноста на оваа или онаа црква, бидејќи со нив од основа се демантираат нивните национал-шовинисточки тези и идеологии. На сите тие негатори на историските факти им препорачуваме да си ја проучат историјата на својата црква, без заблуди и предрасуди, и дури потоа да се закануваат на туѓите национални цркви, во конретниов случај кон МПЦ. Освен српската и бугарската, тоа треба да го стори и Руската црква, која многу и’ должи на МПЦ. Таа треба да престане сизифовски да се однесува кон случајот СПЦ - МПЦ и да почне реално да гледа на состојбите. Според тоа, ова што досега го кажавме упатува на заклучокот дека, клучот за разрешувањето на ова прашање лежи во Цариград (Истанбул), во Вселенската црква. Патријархот Вартоломеј, да престане да се грее на македонско-српските “недоразбирања” и да тактизира, штитејќи ги големогрчките интереси кон Македонија, туку да ги отвори синодните документи и јасно и гласно да им каже на современите духовни агресори кој што бил во минатото во Источната екумена. На тоа го обврзуваат не само евангелиските правила и канони, туку и функцијата што ја обавува - патријарх на Вселенска црква.
Кон врв
plamenko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Август.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plamenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2006 во 12:43
ubavo receno :) neka proverat fakti:)
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 19:09
Откако се зачисти од сите разговори надвор од тематa, сметам дека темава е одлична и треба да биде "воскресната" , бидејќи би довело до убава и конструктивна дебата. Да појаснам, оваа тема не е за историските аспекти на црковните прашања, туку е за МАКЕДОНИЈА низ ХРИСТИЈАНСТВОТО, не за Црквите, туку за поврзаноста на Македонија и македонскиот народ со Христијанството, значи не е ограничена темата само на Македонската Црква.

Изменето од Македон - 20.Октомври.2009 во 19:10
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2009 во 18:30

Една маченичка од Македонија


Света Злата Мегленска

Според житието света Злата Мегленска е родена и пострадала во Слатино, Мегленско, во егејскиот дел на Македонија. Таа е ќерка на сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата Мегленска зрачела како со духовни, така и со телесни вискои квалитети. Духовните квалитети ѝ биле силната вера во Господ Исус Христос, нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. Така нејзината убавина дава повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка.

Нејзината ретка убавина го привлекла вниманието на Турчин од нејзиното место кој страсно ја посакал и еден ден, кога таа излегла со своите другарки во шумата, Турчинот потплатил некои арамии да ја грабнат и да ја одведат во неговиот дом. Таму отпрвин се обидувал да ја натера да се потурчи, ветувајќи ѝ дека ќе ја земе за жена. Но, света Злата останала непоколеблива и на ваквите ветувања му рекла:

Јас верувам во Христа и нему му се поклонувам и само Него Го знам како мој младоженец. Од Него никогаш нема да се откажам дури и ако ме ставите на илјада маки или ако ме исечете на ситни парчиња.

Тогаш Турчинот ја ставил да живее заедно со останатите негови жени, надевајќи се дека тие ќе ја наговорат да се потурчи. Уште какви ли не ветувања ѝ кажувале овие жени, но света Злата не попуштила. По шест месеци Турчинот сфатил дека ни тоа не му помага, па затоа ги повикал нејзините роднини и им се заканил дека ќе ја убие ако не ја натераат да се потурчи. Тогаш нејзините родители и сестри почнале да ја проколнуваат да се потурчи. Притоа ѝ зборувале дека Бог ќе ѝ го прости тој грев штом е направен под принуда. На сето ова света Злата им рекла: “Штом вие ме советувате да се откажам од Христос, вистинскиот Бог, не сте веќе мои родители и не сте веќе мои сестри. Јас имам татко, а тоа е Господ Исус Христос. Имам и мајка, а тоа е света Богородица, а браќа и сестри ми се светителите и светителките.

Кога Турчинот видел дека ни тоа не помага наредил да ја затворат. Три месеци света Злата била затворена при што секојдневно била сурово тепана и мачена. Но сите маки оваа светителка херојски ги издржала охрабрена од својот чувар Исус Христос. На крајот била обесена, а телото ѝ било исечено на парчиња. Така таа ја предала својата бесмртна душа на својот младоженец Исус Христос. Подоцна деловите од нејзиното тело христијаните кришум ги погребале. Света Злата маченички настрадала во 1795 година.

Житието на света Злата Мегленска, според други, било запишано според кажувањата на духовникот Тимотеј, кој бил духовен отец на нивното семејство и кој бил сведок на нејзините страдања. Во годината кога света Злата Мегленска била грабната, во Македонија крстосувале арамиски банди кои нанесувале големи штети на населението, па се претпоставува дека и со неа било исто. Во еден ферман од султанот на Селим Трети стои: “Поредокот во земјата е нарушен, а царските закони никој не ги почитува.”





Изменето од Македон - 26.Ноември.2009 во 18:31
Кон врв
Античкиот Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Поглавица Тешки Очи

Регистриран: 14.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Античкиот Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 13:17
Се е во ред, и можеби било вака... ама не е на одмет, да некаде стои дека - славјаните тука го примиле православието од Власите и Грците, па потоа почнале да го шират нагоре по останатите словени...
Значи Македонија како областе и една од првите ( по Палестина, Грција, Ерменија и грчите колонии ) која го прифатила православието и е проширено натаму- но , треба да се нагласи дека паганските словени , биле директно покрстени од страна на Власите и Грците...
Е овој е тој дел, каде што ке копи-пејстираш еден куп наоди, а суштината ке ја испуштиш... Часто тоа ти се дешава , но тоа ја отсликува твојата концептуална способност... Затоа во темата „македонија низ христијанството“ треба да е наведено , од кого и како ја примиле денешните Македонци верата....

Поздрав

Изменето од Македон - 27.Ноември.2009 во 16:18
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 14:33
Малку си грешка - но се гледа дека сакаш да направиш динстикција за да имаш поента што е добро за тебе но не и за Македонците.Значи јасно пишува како Грците го вратиле св.Апостол обраќајки му се дека нивните богови се ненадминати а за Власите некако не се спомнува што не значи дека ги нема.

Значи Македонија и Македонците се јасно запишани и потпишани како народ кои први ја примиле верата Христијанска,ако погледнеш поубаво ке видиш дека дури ја примиле верата и пред доаѓање на Апостол Павле во Македонија,тој пишува дека кога стигнал во Македонија веќе имало возљубени од господа на Македонската земја кои го дочекале како братнамигнување
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 16:18
Originally posted by Античкиот Античкиот напиша:

Се е во ред, и можеби било вака... ама не е на одмет, да некаде стои дека - славјаните тука го примиле православието од Власите и Грците, па потоа почнале да го шират нагоре по останатите словени...
Значи Македонија како областе и една од првите ( по Палестина, Грција, Ерменија и грчите колонии ) која го прифатила православието и е проширено натаму- но , треба да се нагласи дека паганските словени , биле директно покрстени од страна на Власите и Грците...
Е овој е тој дел, каде што ке копи-пејстираш еден куп наоди, а суштината ке ја испуштиш... Часто тоа ти се дешава , но тоа ја отсликува твојата концептуална способност... Затоа во темата „македонија низ христијанството“ треба да е наведено , од кого и како ја примиле денешните Македонци верата....

Поздрав


Античкиот ( Јордан Шумарот, Мигаре тактика итн ) Славјаните го примиле Православното Христијанство преку мисиите на византиските мисионери, Свети Кирил и Методиј, потоа секако, тука ќе ги споменеме и нивните ученици, што никако нема врска со Власите, ниту еден од тие не бил Влав. Ако имаш доказ за спротивното, слободно приложи го.
Македонија како област меѓу првите го примила Христијанството, во Светото Писмо јасно е опишана мисијата на Свети Апостол Павле во Македонија ( во Делата на Светите Апостоли од Светиот Апостол Лука ),  јасно е кажано со кого зборувал и слично.
Ако веќе се обидуваш да ја пласираш грчката теорија на толкување на нештата, прави го тоа доследно, па кажи дека Грците ( нели, според Грците Македонија била грчка ) се оние кои го примиле и ширеле Христијанството, затоа што според Грците, дури и Власите се романизирани Елини, значи според таа теорија, тие се дел од елинскиот народ. Истотака понуди некој доказ дека во некоја Црква, независно дали тоа била Охридската, Јустинијана Прима или друга, службен јазик бил влашкиот, или пак дека се служеле литургии на влашки јазик? Јазиците на кои во Светата Црква се служело литургија тогаш биле грчкиот, латинскиот, еврејскиот и славјанскиот, влашки натписи се наоѓаат во Црквите, ама никаде како јазик на кој се говори во Црквата, во Македонија нема дури чинам ниту еден натпис, сите се или на грчки или на славјански.

Повели, понуди докази дека некоја мисија ја воделе Власи или слично.


П.С. Уште еднаш ако напишеш Славомакедонци, ќе те суспендирам. Ова е опомена.


Изменето од Македон - 27.Ноември.2009 во 17:01
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 09:29
нов мументум

Св Лука - Македонец

глупчо
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 13:46
знаеш ли колку е св. Лука Македонец...

Св. Лука е лекар од Антиохија ... кој го зборувал и мајчин јазик му бил тогашниот кини (коине) елински дијалект...

Можеби кај нас некој се буни... бидејќи Александар е “виновен“ за тој дијалект и во негово време од Александрија тоа масовно се распространува како општ трговски или прост рибарски јазик... кој го зборувале сите јудејски опшности... вклучувајќи го и самиот Христос како дел од нив... исто важи и за Понтиј Пилат...
се знае во тоа време кој биле службени јазици....

та ете од каде некои романо-македонци... пишуваат секакви глупости...
исто како Б. Димитров...

кај него има поголеми глупости од оваа...газење%20од%20смеење

затоа да бе...


Изменето од Македон - 15.Декември.2009 во 17:19
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
PARMEON Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PARMEON Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 20:02


Во Македонија и Грција

1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува; се прости со нив и тргна да отиде во Македонија.

  2 Откако ги помина оние краишта и ги ободри со многу зборови, дојде во Грција.

  3 Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија.

  4 И го придружуваа до Азија: Сосипатер Пиров од Берија, солунците Аристарх и Секунд, Гај од Дервија и Тимотеј, Тихик и Трофим од Азија.

  5 Тие отидоа напред и нè чекаа во Троада.

  6 А ние отпловивме од Филипи, после деновите на бесквасните лебови, и за пет дни дојдовме при нив во Троада, каде поминавме седум дена.


Павле прво дојде во Македонија, па во Грција..
 

Изменето од Македон - 17.Јануари.2010 во 15:14
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 23:11
Римската провинција Македонија била прогласена во 146 п.н.е, по победата на римскиот генерал Quintus Caecilius Metellus Macedonicus над македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики. Провинцијата се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.

Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север).

Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикумската префектура создадена во 318. Кога Илирикумската префектура била поделена на Источен и Западен Илирикум во 379, Македонските провинции станале дел од Источен Илирикум. По расцепувањето на Римското царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.

Табула Појтингериана

Табула Појтингериана е мапа со вцртани римски патишта, именувана според Конрад Појтингер, германски хуманист и антиквитетист кој живеел меѓу XV и XVI век. Мапата е насликана во IV век, а прецртана во XIII век.

Свети апостол Павле е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовитер од Новиот Завет.

Тој е познат и како човек на виденија. Во Новиот Завет се запишани седум Павлови виденија:

    * видението на Христос (Дела 9:3-6; 26:13-15)
    * видението на Македонецот (Дела 16:9)
    * видението за сведочење (Дела 18:9)
    * видението на предупредување (Дела 22:18)
    * видението за евангелизација на главниот град, Рим (Дела 23:11)
    * видението на охрабрување пред бродолом (Дела 27:23)
    * видението за рајот (2 Кор. 12:1-4)

Јустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus) (11 мај, 483–13/14 ноември, 565) бил византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог.

Јустинијан ја пре-изградил црквата Света Софија во Константинопол која чинела 20 000 фунти злато, бидејќи претходната црква била разурната во Бунтот Ника во 532. Новата Света Софија, осветена на 27.12.537., со своите бројни капели и крипти, позлатената осмоаголна купола и прекрасните мозаици станала центар и најпретставителен симбол на источното христијанство.

За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од местото Тауресиум (денешен Таор), близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален архиепископ. Кателијан бил првиот архиепископ на архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.








Изменето од eptendosadno - 16.Јануари.2010 во 23:25
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
PARMEON Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PARMEON Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 23:25
Погледнете го ова

http://docs.google.com/viewer?a=v&q=cache:zw1Y3P-K7DYJ:ung.adventist.se/econtent/files/2503/261_makedonien_kallar.pdf+261.+Makedonien+kallar&hl=sv&gl=se&pid=bl&srcid=ADGEESgFUcjwi6JEJtMSRlg-cj2CDxap00daJrvEJVrTS77Et8OK8efXEo0bt8PU2TDUaxI42Eibm6i7GcY5UDfH3w1aKTxYSHqnAI6fqHptPsC55Y6o9OWvyOuV3MTZZAJdgnMj63yD&sig=AHIEtbTJA6rtni397sXzUiw8Gnx-GNjSYw

Изменето од Македон - 17.Јануари.2010 во 15:21
Кон врв
PARMEON Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PARMEON Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 23:33
Македонцот стоеше и го праша:
"Дојди во Македонија и помогни ни."
****************
Makedocite go prasaa sveti Pavle,ova go pisva vo Biblijata
svedska.
Makedoncite, a ne Grcite.

Изменето од Македон - 17.Јануари.2010 во 15:23
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 23:35
Originally posted by PARMEON PARMEON напиша:

Македонцот стоеше и го праша:
"Дојди во Македонија и помогни ни."
****************
Makedocite go prasaa sveti Pavle,ova go pisva vo Biblijata
svedska.
Makedoncite, a ne Grcite.


Незнам како пишува во билбијата напишана од Грците , но знам како пишува во другата , онаа вистинската .

Таму се Македонци а не Хелени

Изменето од Македон - 17.Јануари.2010 во 15:24
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.