IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Секти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
Автор
Порака
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 13:47
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Evangelos, одмори 3 дена.среќа


Не дека нешо тие бљувотини на дотичниот баниран и ме погодија некако,но сепак да се запази редот е добро.
Ако јас можам да се воздржам да не го викам ЕРЕТИК може и он да се научи да се самовоздржува.
А ако е тоа посилно од него(што е и чест случај)затоа има тука бан
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 13:49
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Следбениците на Џон Смит не се и не можат да бидат изворни христијани.


Па токму и тоа го велам. Следбениците на Џон Смит, т.е. баптистите само се нарекуваат себе си „изворни“ и се потпишуваат „Посветен/а на евангелието и на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите“, за да не бидат разобличени дека не се следбеници на вистинското Христово учење.

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Бидејќи факт е (сакале тоа да го признаеме или не) дека толкувањето на Светото Писмо зависи од тоа кого го слушаш! Во таа смисла, потпишувам со двете раце дека не постои ниту една гранка од Христијантвото која нема свое Предание кое го следи ЗАЕДНО со Светото Писмо.


Интересно, брат ми, како го посочи ова . Токму вчера имав можност да разговарам на оваа тема, поточно, на синаксис (веронаука) ми се падна мене да говорам за Светото Предание, и финалниот заклучок беше тоа што ти го велиш.

Се’ во животот е предание. Да земеме за пример една рецепта на добро подготвена пица која се пренесува од генерација во генерација во едно семејство. Исто така е и со Црквата. Кај секташктите и еретичките организации, тоа предание постои, само што не е Боговдахновено и не е Свето, Апостолско. Доколку не би имало предание, тогаш би имало вери колку што има луѓе на земјава, затоа што секој нештото го сфаќа поинаку. За една секта, или еретичка организација да остане во своето учење подолго време, да речеме 70 год., кога се менува генерацијата, мора да има предание т.е. Стојко се консултирал и му кажал на Петко, Петко на Рајна, Рајна на Митре...

Прашањето е: Ако секоја дениминација има свое предание, кое е она вистинското, апостолското, светото, Боговдахновеното? Се разбира, она кое е чувано од Светиот Дух во Црквата - докажано преку апостолското преемство и соборниот Дух на Светите Отци низ сите векови.

А сектите - можат и понатаму со глава да одат низ ѕид, ама тоа не го менува фактот дека и тие имаат предание, но не Божествено, туку ЧОВЕЧКО.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 13:54
Се знае шо се секташите... он ако може да кука и да плачи на вероисповед, тоа не означува дека може и тука...
Овде зборот СЕКТАШ И ЕРЕТИК И СЕКТА не е навредлив...

Уште една се потврдува менталитетот на секташите и нивниот фанатички пристак и провокација...

Со ова најдобро се потврдува дека со секташите човек не може да има дијалог и разумно да дискутира... зашо они не знаат ништо друга а само да клеветат и измислуваат лаги...

Затоа човек не треба да разговара со нив...

Се прашувам какви се тие “христијани“ кој со Библијата го тероризираат населението, другите христијани ги нарекуваат САТАНИСТИ и безброј слични работи...

сепак, дали тие учат за Христос и дали Христос навистина учи како нив...

На таков Христос како нивниот (секташкиот) НЕ, БЛАГОДАРАМ...!!!
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Nya Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 23:58
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Evangelos, одмори 3 дена.среќа

 
Јас воопшто не аплаудирам на оваа крајно субјективна одлука. Иако не се согласувам со ЕвАнгелос и како православна ја сметам неговата верска организација за секта, а него за секташ, сепак далеку од тоа дека би му го забранила правото на глас само затоа што има поинакви гледишта од нас православните.
Ако го суспендиравте затоа што не нарече нас православните секта, тогаш треба да не суспендирате и сите нас затоа што и ние сите го нарековме протестантството секта, а протестантите секташи.
Во знак на солидарност се пријавувам да бидам првата што ќе биде суспендирана затоа што и јас го нареков протестантството секта.
 
Искрено се надевам дека ќе добијам подршка и од другите браќа и сестри православни големо%20гушкање. Бидете солидарни и застапете се за правдата. Ова може да ни се случи на било кој од нас доколку во иднина има протестантски модератор.
Модераторке, мислам дека избрзано делувавте поттикната од емоционални побуди. Се надевам дека во понизно и доблесно ќе се корегирате.
Поздрав
Nya роза
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 01:08
Тоа се дешава кога господата од Вероисповед ќе ги замешаат своите крајно спротивставени гледишта на подфорум каде што не е место.
Знаев уште кога ги дадоа своите први коментари докаде ќе ја дотераат темата со нивнита „ескпертиза„ во оваа област.
Се знае бре што е секта и крај.
Кога одредена религиозна група или Култ спрема некој и нешто ќе заземе голем број следбеници и ќе се стекне со почит и углед во светот и ќе биде признаена како таква во очите на луѓето, тогаш нема да има место за црнење на основање и постоење на истата.
И доста веќе со тоа вас ве бива, вас не ве бива, ние сме супериорни и паметно зашто сме Протестанти, Православни, Римокатолици или баба преде вуна.
Да му се слоши на човек да чита понекојпат.
 


Изменето од GlenKlouz - 12.Декември.2009 во 01:09
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Nya Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 01:59
Се согласувам. Темава воопшто и не е за овој форум мистерии и астрологија. Но кога веќе е допуштена, тогаш треба да се има отвореност кон сите мислења, а не да се дискриминираат протестантите само затоа што не размислуваат како нас. Повеќе од очекувано е на ваква тема православните да ги третираат протестантите како секта и обратно. Но воопшто не се очекува од еден модератор да ги суспендира протестантите затоа што тие не нарекуваат секта, особено не кога и ние истовремено ги нарекуваме  нив секта. Рака на срце прочитајте ги последните постови на оваа тема и ќе видите дека ако треба да се суспендира за такво нешто, тогаш сите треба да бидеме суспендирани, почнувајќи од мене. 
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 12:04
Originally posted by Nya Nya напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Evangelos, одмори 3 дена.среќа


 

Јас воопшто не аплаудирам на оваа крајно субјективна одлука. Иако не се согласувам со ЕвАнгелос и како православна ја сметам неговата верска организација за секта, а него за секташ, сепак далеку од тоа дека би му го забранила правото на глас само затоа што има поинакви гледишта од нас православните.

Ако го суспендиравте затоа што не нарече нас православните секта, тогаш треба да не суспендирате и сите нас затоа што и ние сите го нарековме протестантството секта, а протестантите секташи.

Во знак на солидарност се пријавувам да бидам првата што ќе биде суспендирана затоа што и јас го нареков протестантството секта.

 

Искрено се надевам дека ќе добијам подршка и од другите браќа и сестри православни големо%20гушкање. Бидете солидарни и застапете се за правдата. Ова може да ни се случи на било кој од нас доколку во иднина има протестантски модератор.

Модераторке, мислам дека избрзано делувавте поттикната од емоционални побуди. Се надевам дека во понизно и доблесно ќе се корегирате.

Поздрав

Nya роза


Ниа, доколку ти се чувствуваш како Православна САТАНИСТКА,во ред е тоа, твое право. Но јас себе си не се чувствувам како таква!!! Кога јас можам да бидам објективна и отворено да признавам дека групата на Евангелос ја сметам за секта, а него за секташ, но далеку од сатанист, туку за христијанска секта, тогаш и тој може да се воздржи од неразумни и нелогични коментари, од типот на тоа дека ПРАВОславието има сатанистички ритуали. Затоа, од бранење или оправдување на некој кој што мене индиректно ми се обраќа со САТАНИСТКА, нема потреба, а и нема место!

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Nya Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 12:42

Сестро, ни јас не се чувствувам како сатанистка, ниту пак така те чувствувам тебе или пак ЕвАнгелос или било кој друг од форумов. Да бидеме искрени ЕвАнгелос никого не нарече сатанист, ниту пак нашата вера ја нарече сатанистичка, туку само дека според неговото мислење имало сличности меѓу сатанистичките секти и православието. Тоа си е негово мислење и секако дека тој си има право да си го каже истото, како шти и ние имаме право да си го кажеме нашето. Тој дури и не пишуваше лично за тебе, туку општо за православието, додека ти лично (цитирајќи го неговиот потпис) го навредуваше него нарекувајќи го преварант, манипулант, а неговата историја ја нарекуваше смешна. Гледано објективно и непристрасно, за вакво нешто се заслужува бан, а не за поинакво мислење од другите. Дури и јас кога пишував за црквите-амбасади (на што вие ми ракоплескавте и некој од вас ме изгушкавте по лични пораки) сепак пишував општо, а не конкретно за ЕвАнгелос. Јас и тој сме имале жестоки дискусии на еден друг форум, ама сепак тоа не значи дека ние не се почитуваме и покрај тоа што не сме истомисленици.

Христос посреди нас големо%20гушкање
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 13:01
Не сум должна да ви објаснувам, но еве како и многупати.

Евангелос не е суспендиран затоа што го нарече Правбославието секта (што би било од нашиов форум ако суспендираме за се што е спротивно на нашите верувања), туку затоа што го поистовети со сатанизмот, а тоа, ќе признаете е премногу.

Се трудам да бидам правична колку можам и да одржувам баланс, а кога ќе се претера, банот е мерка. Тоа важи за сите, па и за Евангелос.

Не велам дека не грешам, сите сме луѓе и правиме превид понекогаш, ќе дојде и ваш ред да бидете модератори, но јас сум сигурна во својата одлука.

И тука нема “љутиш“.

Ајде сега, вратете се на дискусијата...роза

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 14:13
Originally posted by GlenKlouz GlenKlouz напиша:

Тоа се дешава кога господата од Вероисповед ќе ги замешаат своите крајно спротивставени гледишта на подфорум каде што не е место.
Знаев уште кога ги дадоа своите први коментари докаде ќе ја дотераат темата со нивнита „ескпертиза„ во оваа област.
Се знае бре што е секта и крај.
Кога одредена религиозна група или Култ спрема некој и нешто ќе заземе голем број следбеници и ќе се стекне со почит и углед во светот и ќе биде признаена како таква во очите на луѓето, тогаш нема да има место за црнење на основање и постоење на истата.
И доста веќе со тоа вас ве бива, вас не ве бива, ние сме супериорни и паметно зашто сме Протестанти, Православни, Римокатолици или баба преде вуна.
Да му се слоши на човек да чита понекојпат.
 


Знаеш шо е интересно...

се согласувам со тебе...
но мене посебно ми прави впечаток како некој член регистриран 2008 до сега напишал само 15 постови... и тоа кога нема друг член...  и такви слични работи...

па самиот член си става етикета... и глуми лажна демократија сакајќи или мислејќи дека со тоа ќе ги заведе (измани) другите членови...

Тоа е карактеристично за секташкиот менталитет - тој има многу лица... многу форми... различни облици... и сл...

За сектите и секташите многу пати до сега коментиравме па секој сам може да види... јасно е како ден...

јас сум противник на фанатизмот - особено на оној “Библиски фанатизам“ манифестиран од секташите “христијани“...

многу пати сум кажал дека човек со нив (секташите) не може да дискутира...
или можеби грешам па погрешно го разбирам тој термин...

навистина... што е дијалог и дискусија... треба секој да размисли...


Изменето од Tetratka - 12.Декември.2009 во 14:14
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 14:44
Дали освен религиски секти постојат и други видови секти?
Култови или како да ги наречам?

Што стана со една секта која пред пар години објави дека го имаат првото клонирано бебе?

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 15:18
Мислам дека темава застрани делумно накај вероисповед. Подфорумот е Мистерии и астрологија, a во повеќето постови негледам што е мистериозно околу сектите.

Како би било, ако веќе сакате да има ваква тема, да се дискутира за оние „завршени„ работи. На пр. за религиознин групи и култови од 20 век кои завршиа неславно со своето постоење поради докажливо директно и најекстремно кршење на човековите права како на пр. АУМ ШИНРИКЈО, Храмот на Сончевата Порта или ХРАМОТ НА НАРОДИТЕ... Следбениците со водачите се претежно мртви. Претпоставувам дека ако за нив се пишува(но сепак низ културно представување на аргументи или оспорување на истите и сл.) нема никој да се чувствува навредено(или сепак?).
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Дали освен религиски секти постојат и други видови секти?Култови или како да ги наречам?
Зборот култ е исто широк... cultus на латински значи: обработување садење но и почитување, уважение и сл. А се користи во пежоративна смисла исто така за групи чии практики за мнозинството(барем на локално или регионално ниво) можат да бидат чудни и непрфатливи.

Потоа имаме култ на личноста во политиката, најдиректно изразен во времето на сталинизмот(1928-1953) во СССР. Или оној на Чаушеску во Романија до 1989.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Што стана со една секта која пред пар години објави дека го имаат првото клонирано бебе?
Се работи за The Second Coming Project кој и не е некој сериозне пројект туку пуштен како информација во јавноста од страна на Kristan Lawson кој сакаше да направи еден вид провокација, демек какви ќе бидат реакциите на тоа. Нивниот веб-сајт повеќе не функционира но зачувана е архивирана форма од која може да се види дека се работи за повик од типот „Замислете што би било кога би било...„

http://web.archive.org/web/20000614170338/http://www.clonejesus.com/

http://www.snopes.com/religion/clone.asp
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 15:19
интересна работа... дури на човек да не му се верува шо може тука да прочта...

Нормално е секој да си помисли секакви работи и помислите како шо гледаме - се исполнуваат...

злобата на некои луѓе заминува до таму... шо дури и на форумот кој  пред се е форум за забава, да пишуваат секакви работи ...

секој шо форумот го гледа поинаку... како место каде што може да ги лечи своите болни амбиции и комплекси ... тој е во голема заблудаа...

за тоа нека бара друго место... да не кажам соодветна институција...

и односот на таквите е идентичен на оние кај народот познати како секташи...

ако некој е во право нема потреба да се замара и да се искажува... а да не забораваме дека истиот таков има искуство на “други форуми“...

ако другите форуми се такви...изненадување ... до кај стигнала “демократијава“...

Човек кога има маска т.е. пишува на форум како анонимна личност... неговиот однос тука може да предизвика најразлични коментари и ставови за неговата личност, бидејќи тој со неговта маска (на форум) е виновен за тоа...

иако не е така во многу случаи во реалноста... тука можеби се агресивни а во реалнос не се,,,,

затоа Нја... не очајувај... се надевам дека во реалноста не си таква....

затоа јас не ги сакам секташите бидејќи нивниот однос и методи многу пати до сега се докажани во историјата...

Ме интересира за ЦРНА РУЖА... дали некој знае нешто повеќе за нив... мислам дека едно време беа популарни кај нас...

каде се денас и од кога и како се појавиле кај нас?


Изменето од Tetratka - 12.Декември.2009 во 15:23
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 15:33
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Ма интересира за ЦРНА РУЖА... дали некој знае нешто повеќе за нив... мислам дека едно време беа популарни кај нас... каде се денас и од кога и како се појавиле кај нас?
Почна се во времето на СФР Југославија во Загреб во ноќниот клуб „Црна Ружа„ каде се собираше младина која негуваше мрачен стил на облекување и музика. Поради нешто, комунистичките политичари во тоа гледаа опасност од ширење на про-западна идеологија и лансираа гласини дека се работи за некаква секта во која на децата им се дели дрога и листи на имиња кој се од членовите треба да изврши самоубиство. Целта на овие клевети беше да се влијае врз свеста на родителите(наместо директно да се забранува музиката и тој тип на култура) тие да не дозволат децата да свртат надвор од комунистичката идеологија. За ова ќе побарам уште информации, мислам дека во меѓувреме од толку лажење некој навистина се почуствува инспириран да создаде таков култ во Србија.

Некои водачи на музички бендови беа клеветени како водачи на Црна Руќа на пр. членот на групата МИЗАР, Горан Таневски. Еве извадок од едно интервју со него.

Тоа беа магливи времиња. Имиџот на ?Мизар" повлече многу публика, а поради масовноста на фитбекот неизбежни беа контроверзии. Што беше тоа што тогаш се сфаќаше како ?дарк"?


-Тогаш имаше една голема ѓурултија во Загреб со Жељко Малнар, каде што се создаваа културни култови, поткрепени од неговата речитост и стил. Тоа ги натера луѓето да мислат дека нешто се случува, нешто наречено "црна ружа". Тогаш почнаа да се шират гласови дека јас сум водачот на "црна ружа" на ниво на Македонија. Јас навистина се сретнав со Жељко Малнар, но некои новинарски очи од ракување направија приказна како заговор против човештвото. Сепак, тогаш почна и новиот начин на известување, појава на жолт печат и поголема слобода на новинарството. Во тој период ниту јас не можам да се сетам какви сў епитети ми беа залепени.

Југославија во голема мера беше културно еднолична со што одвојувањето од масата беше сосема нормален процес. Гладот за дознавање, експериментирање и информирање беше во правопропорционален однос со мас-културата.

Црната боја во Југославија стана масовност, а дел од причината за тоа беше "Мизар". Кон крајот на осумдесеттите почнаа да се групираат луѓето според стилови. Некој беше во црно и беше дарк, некои беа шминка итн., а Македонија не беше имуна на тоа. Целата супкултура почна да се развива и со бендови што личеа на "Мизар", во звукот или имиџот. Сето тоа стивна во 1990 година со утопијата за мед, млеко и хармонија на Марковиќ, за да продолжи во наредните години.


извор: Утрински весник

Изменето од Majkl - 12.Декември.2009 во 17:38
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.