IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 23>
Автор
Порака
Superior Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Superior Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2009 во 23:09
ПРИЈАТЕЛСКИ СОВЕТ


Касим е напреден земјоделец од околината на Скопје. Енвер , неговиот другар од детството, со кого посетуваше основно училиште, заврши гимназија и факултет. Тој е инженер. Но,таа разлика по школото и професијата никогаш не ги оддалечи. Останаа добри пријатели. Почесто се наоѓаат да поразговараат за својата тага и радост.

Енвер не чувствува никакви потешкотии во разговорот со Касим, зошто природно е интелигентен човек, а освен тоа сака многу да чита. Готово да нема тема за која што не би можеле да поразговараат.

Еден ден доаѓа Касим кај Енвер и му го покажува написот објавен во едно списание, каде се расправа за верските убедувања. Посебно го навредила оваа реченица: “Затоа денес религиозните убедувања воглавном му припаѓаат на примитивизмот од сите видови...” (Тој ја имаше подвлечено таа реченица).

Касим би сакал да се жали, да бара корекција, да бара извинување.

Енвер се насмеа : -Никакви жалби, никакво барање на исправки. Подобро размисли за тоа дали е вистина тоа што го пишува. Добро е нас повремено да не присилат на размислување. Уверувањето се челичи само во борбата на мислењата... Но, да видиме што тоа толку те трогнало?

Касиме, дали ти веруваш во Бога?

Секако дека верувам, какво е тоа прашање, барем ти знаеш дека верувам !

Дали поради тоа се чувствуваш примитивец?

- ?

Дали веруваш дека Мухаммед а.с. е последен пејгамбер?

Секако дека верувам!

Дали поради тоа си примитивец?

- ?

Ти секој ден земаш абдест, т.е. ги переш рацете до лактите, го миеш лицето, ги миеш забите, ја испираш устата и носот,ги переш нозете, сето тоа го правиш по неколку пати во денот. Покрај тоа ти се бањаш најмалку еден пат неделно.Ти секогаш внимаваш да ти биде чисто телото, облеката и местото каде ќе клањаш. Па дали поради тоа си примитивец?

- ?

Ти клањаш намаз. Можеби не секогаш на време, но се трудиш. Јас намазот би го поделил на три групи: на онаа кога човекот, не разбирајќи го текстот кој што го изговара, механички го обавува намазот, а мисли на проблемите од секојдневниот живот. Другата група е онаа кога човекот не го разбира она што го изговара, но сепак настојува да мисли на Бога, пред кого застанал, влегуваќи во намаз. Третата група представува највисок степен, представува вистинска инспирација. Тука човекот потполно е исклучен од секојдневните проблеми и на момент е бескрајно среќен. За него нема тага, омраза, завист, болест. Тој никогаш не е сам. Тој е богат и без богатство, моќен и без моќ, здрав дури и кога е болен.Јас не знам дали ние двајцата некогаш сме го доживеале оној трет степен на намазот,но знам сигурно дека и во оној прв степен сме донеле некоја добра одлука.Сме размислиле дали некоја наша постапка ќе биде во ред, во мислите се растопила нашата омраза кон некого, едноставно сме биле присилени да ја одложиме некоја пренагла и непромислена одлука.

Намазот не прави подобри луѓе, луѓе кои што размислуваат пред да донесат некоја одлука, нарочито ако таа е неповолна. Значи, дали според тоа е примитивец човекот кој што клања намаз?

- ?

Ти го постиш месецот Рамазан. На страна тоа што се откажуваш од јадење и пиење во текот на целиот ден, што ги работиш гладен и жеден дури и најтешките работи, на страна тоа што се откажуваш од пушењето и останатото. На страна тоа , што гладувајќи се учиш да ги сватиш гладните, а тоа е првиот предуслов за да им помогнеш. На страна здравствените користи од постот за кои се напишани многу книги. Фактот дека постот го наредиле скоро сите религии, па и многу филозофии – покажува дека ТУКА ИМА НЕШТО. Дали поради тоа ти си примитивец?

- ?

Во текот на месецот Рамазан си дал и садекатул – фитр ( препорачано материјално давање за сиромашните ). Значи си му помогнал некому. Си го зарадувал некого. Па дали поради тоа си примитивец?


- ?

Ти даваш зекат ( облигативно верско давање за сиромашните ) од своите средства кои што прегодиниле,а мораат да бидат чисти од секој харам ( недозволено ), ти мораш секоја година да поделиш 2,5 %. А и инаку, ти мораш да ги потпомагаш на сиромашните. Ти знаеш за зборовите на Мухаммед с.а.в.с.:” Не е вистински муслиман оној што ќе легне сит, а знае дека неговиот сосед е гладен !”. Дали си примитивец ако се придржуваш до тие зборови?

Касим молчеше и размислуваше.

- Ти, Касиме, можеби еден ден ќе отидеш на Хаџ. Ќе запознаеш многу краишта, а посебно местото каде што живеел нашиот драг пратеник и учител Мухаммед с.а.в.с. Тогаш, таму, на тоа место, ќе се присетиш на неговите зборови кога идолопоклониците му предлагале да го остави проповедањето на Исламот,а за тоа ќе добие да управува со Мека, и да има многу големо богатство: “Се колнам во Аллах,-им рекол тогаш Мухаммед а.с. - кога во едната рака би ми го дале Сонцето, а во другата Месечината со нив да управувам, јас не би се откажал од повикот на Аллаховиот пат и од борбата за доброто на луѓето! “ Ти ќе запознаеш и ќе се зближиш со луѓе од разни краеви на светот. Ти и тука ќе учиш дека треба да се сакаат сите луѓе,а ако нешто треба да се мрази, тогаш тоа е : злобноста, себичноста, омразата помеѓу луѓето, а не самите луѓе. Дали поради тоа си примитивиец?

- ?

Ти како младинец можеби си се напил некоја чашка алкохол, поради твоето ненавремено вистинско информирање за исламот. Но, подоцна си се откажал од алкохолот, бидејќи си разбрал дека Исламот го забранува. Не ти беа потребни оние силни книги кои што се напишани против алкохолот, не ти беше потребна целата онаа пропаганда која што се врши против алкохолот. Само еден ајет од к*р,анот беше пресуден за твојата одлука. А ако не пиеш алкохол поради дисциплината кон исламот: Дали си ти примитивец?

- ?

Фејзо пие алкохол, тој не клања, не пости, тој зборува грди зборови, пцуе,се однесува неодговорно, но Фејзо не е примитивец затоа што не верува, а ти си, затоа што веруваш?

- ?

Ти го осунети син ти Месуд. Тоа го направи затоа што си верник. Ти си “примитивец “ ,иако го изврши чинот кој што го налага најмодерната хигиена....

Касим и понатака размислуваше. Постоеше некоја мала трагичка на сомнеж во неговиот поглед. Тој повеќе не беше лут на зборовите што ги прочита во списанието. Но,како нешто друго да го мачеше:

Па сепак, не би можело да се каже дека нема примитивизам помеѓу нас!

Не малку, туку многу – му одговори Енвер. - Колку наши џема,ати се поделени во две групи, и тоа зошто, токму поради верските работи! Но, верата не не учи за тоа, таа ,напротив, не учи да бидеме сложни и со разбирање да ги решаваме нашите проблеми. Меѓутоа, ние не ја слушаме. Не сме примитивци, не сме заостанати затоа што сме верници, туку затоа што не се држиме до Исламските прописи!

Касим некое време молчеше, па рече:

- Зарем покрај толкаво богатство кое што го поседувам ( верата во Аллах џ.ш. ) - можев да се возбудам на толку без значајни зборови!.

Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 12:55


        " ZA MNOGU GODINI "


Vasiot zivot e kako utrinskata magla, ke se pojavi za kratko i nabrgu isceznuva. [Jovan 4,14].



Eden od nasite pozdravi za Nova Godina i za drugi prigodi glasi :" Za mnogu godini!" Ubavite zelbi se dobra rabota, no dali se dovolni?

Eden poznat proizvoditel na zdrava hrana tvrdel deka ke zivee 100 godini. Bil pokanet na edna televiziska emisija da zboruva za zdravata hrana kako garancija za dolg zivot . Vednas,po emisijata , umrel od srcev udar?

Eden drug strucnak za hrana, d-r Stjuard Berger, tvrdi deka razvil prehranbena formula za 100- godisen zivot. Umrel na spienje, na 40-godisna vozrast!

Pisatelot Dzon Fiks, pak, tvrdel deka za dolg zivot treba redovno da se trca, koe i samiot go praktikuval. Umrel, trcajki, od srcev udar, na 52- godisna vozrast!

Da, potrebno e da vodime smetka za svorto zdravje. No, istovremeno, treba da mu priznavame na Gospoda:

Jas veruvam vo Tebe, Gospode....
Mojata sudbina e vo tvoite race.[Psalam 31;14-15]

So ogled na toa sto nasiot posleden den od ovozemniot zivot moze da ni bide denes, ili koj ida e dru den. sekojdnevno treba da bideme podgotveni za zaminuvanje.
Podgotveni li sme da se soocime so Gospod?


AKO SME PODGOTVENI ZA ZAMINUVANJE,,
pODGOTVENI SME I ZA ZIVEENJE!!!!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2009 во 11:32
 
 
 Една од најпровокативните сцени во Евангелијата е разговорот на Господ Исус со богатиот млад човек (Евангелие според Марко 10:17-23). Еден млад и успешен бизнисмен, дојде кај познатиот во тоа време „селанец“ Исус, се поклони пред Него и Го праша: “Добар учителе, што да правам за да наследам вечен живот”. Господ Исус погледна во срцето на тој млад човек и таму откри празнина. Успешната кариера и богатството не го задоволија гладот во него. Кога ја виде искрената желба, што младиот човек ја имаше да ја пронајде тајната на животот, Господ Исус побара од него да направи нешто невообичаено: “Оди, продај сè што имаш, и раздај им го на сиромасите, па ќе имаш богатство на небото! И дојди следи Ме!”. Онаа што му недостигаше на тој млад и успешен човек, беше Господарот на неговиот живот.
 
Современиот човек се наоѓа во истата неволја. Луѓето ги загубиле апсолутите во својот живот и се носени од брановите на бурниот животен океан. Немаат котва. Сериозните општествени проблеми јасно откриваат мака во луѓето, празнина во нивните души, губење на смисла за живеење. Го немаат вистинскиот Господар....!!!
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2009 во 14:18

       I TOA E DEL OD PODAROKOT!!!


Zborot stana covek i ziveese megu nas. [Jovan 1,14]


      Edno devojce i dalo na svojata ucitelka ubava skolka kako odarok. Na prasanjeto kade ja naslo skolkata, devojceto odgovorilo deka po skolkata otislo na edna dalecna plaza. Ucitelkata bila trognata, poradi zrtvata sto ja napravilo devojceto, odejki pes tolku daleku, za da najde ubav podarok za svojata ucitelka. No na takvata zabeleska devojceto so nasmevka odgovorilo:
      - I toa bese del od mojot podarok!
       Hristos bese nasiot najubav boziken podarok. Del od toj podarok bese Negoviot dalecen pat ; ostavajki go prekrasnoto nebo , Toj dojde na zemjata, obvitkana vo grev i stradanja. Stana covek i go izvrvi teskiot pat do krstot. Tamo Toj gi ponese nasite grevovi i kaznata za niv. Koga nekoe hristijansko srce ke Mu iskaze blagodarnost na Hristos , za Negovata golema zrtva, kako da Go gledam Negovoto nasmeano lice i kako da gi slusam zborovite:
       - Toa bese del od Mojot podarok za vas?
        Hristos im go dava toj prekrasen podarok - vecniot zivot - na site koi vo Nego ja polagaat svojata vera. [ Rimjanite 6,23]. Toa e bogatstvo koe vo sebe gi sodrzi prostuvanjeto na nasite grevovi i Bozjata ljubov koja nikogas ne izneveruva.

            HRISTOS PLATI
ZA SEKOJ DA MOXE DA SE SPASI !
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 14:03

PRED OCI, A SKRIENO!

Iako zborot [t.e. Hristos] bese vo svetot... svetot ne go pzna.             [Jovan 1,10]


     Citav za edna crkva koja maka macela so finansiskite problemi. Na zidot na crkvata, so godini visela edna slika na koja nikoj veke ne i obrnuval vnimanie. Na slikata bil prikazan Bozjiot angel koj na Marija i ja soopstuva vesta deka taa ke go rodi Mesijata Isus. Koj ke mu donese spasenie na svetot.Konecno , vo crkvata vlegol eden nov postitel koj, zagleduvajki se vo slkata , go prepoznal deloto na poznatiot slikar Albreht Direr, naslikana vo 1493god. Nbrgu se pokazalo deka slikata ima ogromna pazarna vrednost, so sto bile reseni finansiskite poterbi na crkvata.

      25 godini pred oci , a sepak skrieno bogatstvo za siromasnata crkva! Duri i po prvicnoto otkritie , poveketo clenovi od taa crkva bile skepticni , velejki:"Ako vredela , ne bi bila ovde , kaj nas!"

      Kolku ja cenime jas i ti vrednosta na Bozjiot podaroksto ni go isprati na prviot Bozik? Gospod ni dojde pred oci, a mnozina se uste ne ja svakaat skapocenosta na toj Bozji poteg. Postoi opasnost da ja previdime vrednosta na orginalniot Bozik, ako seto vnimanie go nasocime kon formata, a ne i kon sodrzinata na Bozik.

     Razmisli za Hristovoto raganje . HristosE Bozjiot Mesija , ispraten za tvoe otkupuvanje i spasenie [Matej 1,21]. Preku vera vo Nego i pocit sprema Negovoto delo , se dobiva vecen zivot[ Jovan 3,14-18]. Bidi i ti kako mudracite i pastirite na prviot Bozik.

     NA BOZIK, NEDOSEZNIOT GOSPOD

      GO DOSEGNA GRESNIOT COVEK.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 18:56
poucna sluska kade muhamed a,s rekol i se prenesuva od ebu abbas

trgnaa trojca, od narodite pred vas na pat i se zateknaa , koga padna nokta kaj edna pestera. vlegoa vo nea i ete, vo toj mig se urna eden kamen od ridot i go zatvori otvorot na pesterata. i si rekoa eden na drug; nacin od ovaa besizlezna sostojba e da mu se pomolime na allah dz.s za nasite dobri dela. edniot od niv rece; o Allah imav dvajca iznemosteni roditeli i pred nevi ne gi poev ni decata , ni ni robovite, ni slugite.eden den barav pasiste pa ne dojdov na vreme da gi napojam i koga izmolziv mleko, se vrativ koga ete, gi nadov zaspani. mi bese nezgodno da gi razbudam, no i pred niv da gi napojam decata, robovite i slugite i taka cekav so sadot v race da se razbudat se dodeka ne se razdeni, a decata placea od glad okolu mene, roditelite se razbudija i si go ispia mlekoto sto im sleduvase, o allahu moj toa go napraviv poskauvajki go zadovolstvoto tvoe. pa ostani go ovoj kamen od izlezot na pesetrava, kamenot se pomesti malku, no ne tolku za da mozat da izlezat od pesterata.

potoa drugiot rece;
o allahu moj kerkamu od midzomi ja sakav poveke od site luge , vo drug rivaet ja sakav so takva silnina so koja se mazite gi sakaat zenite i togas posakav da ja imam no taa ne mi dozvoli se do edna godina koga metese gladta, koga dojde kaj mene i pobara da i dadam250 dinari kako uslov da ja imam. i taa pristana na toa, koga i se pribliziv ona rece; uplasise od allah ! ne obescestuvaj me, osven koga ke se vencame. i se trgnav od nejze i pokraj toa sto ja sakav poveke od site luge, adinarite sto i gi dadov i gi ostaviv,, o allahu moj toa go napraviv posakuvajki go liceto tvoe, pa ostrani go ovoj kamen od izlezot na peserava, kamenot se ostrani no ne tolku da mozat da izlezat od peserata.
tretiot rece;
o allah u moj iznajmiv rabotnici i navreme im gi isplakav nadnicite, osven na eden covek koj ja ostavi rabotata preed da gi zeme parite. negovite nadnici gi vloziv i taka negovite pari se namnozija, po edno izvesno vreme toj dojde i rece, o robe allahov daj mi gi parite moi, rekov se sto gledas e od nadnicite tvoi , kamilite kravite, dobitokot, i robovite, rece o robe allahov ne ismevajme1 rekov ne te ismevam! i seto toa si go odnese i nisto ne mi ostavi, allahu moj toa go napraviv posakuvajki go zadovolstvoto tvoe, pa ostanigo ovoj kamen od izlezov na peseratva, kamenot se pomesti tolku kolku da mozat da izlezat...
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 18:59
sto ce ne procitat coek
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2009 во 18:12
 
....................
Мојот син Александар, тогаш имаше пет години и неколку месеци. Беше префрлен од детското на хирушкото одделение. После две рентгентски снимања му беше дијагностицирано пукнато слепо црево. Никој од докторите не се нафаќаше да ја изврши операцијата оти имаше температура околу 41 степен Целзјусов. Повеќето од времето беше во безсознание. Од време на време ќе си дојдеше при свест и ќе промрмореше: „Јас не можам повеќе да бидам тука... Јас ќе си одам оттука...“
Персоналот (ги имаше од неколку одделенија) си замина. Во болничката соба останавме само јас, мојата сопруга, Александар, мачното исчекување долго како вечност и смртта.
Ја погледнав Тања. Беше свесна за состојбата. Се обидов некако да се приберам. И реков: „Единствен кој што може да ни помогне е Исус. Ајде да се молиме!“ Се сложи. Нашата молитва (со две кофи исплакани солзи) течеше вака некако: „Господи Исусе, доколу Те има, не знам дали Те има, но доколку Те има Те молам да не дозволиш нашиот син да умре!“

И Тој дојде во просторијата. Не беше видливо, но знам дека беше таму. Од каде ли знам? Па по тоа што смртта мораше да си ја подвитка опашката и да си замине. Александар остана жив. Не го направија операција. Утрото и високата температура скоро докрај се повлече.
Секој што го познава Александар на одреден начин ни завидува што имаме такво примерно дете. Но ако онаа вечер не дојдеше Господ Исус во просторијата Александар ќе беше само убав, воедно и болен спомен на неколкумина.

И сега што?
И сега јас и мојата сопруга (секој на соодветен начин) му служиме на Господ Исус. Не е некаков си реваншизам... Од благодарност е. И оти го сакаме. И оти Тој прв нас не‘ засака. И оти тоа го покажа на многу конкретни начини.


секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2009 во 22:50
ЗОШТО ТАТКО МОЈ?

Во една од Заливските држави се случил овој настан,а овде се запишува, поради поука и лекција.

Имаше едно седумнаесет годишно момче по има Маџид. Неговиот татко беше голем трговец во градот во кој живееја. Маџид беше се запознал со еден имам од блиската џамија, почнал од него да учи за верата, за љубовта кон Возвишениот Аллах и Неговиот пратеник а.с. Светлината на иманот почнала да свети во неговото лице , ведра насмевка го красела неговото лице. Маџид искажувал учтиво однесува кон своите родители. По некое време, неговиот татко ја забележил промената кај Маџид, бидејќи Маџид веќе ја напуштил музиката која секогаш излегуваше од неговата соба. Маџид стана мирно момче, постојано го спомнуваше Аллах џ.ш., често читаше к*р’ани-Керим, меѓутоа сето ова не му се допаѓаше на неговиот татко. 

По некој ден, татко му почна да врши притисок врз него и да му вели: „Што се овие глупости кои ги правиш во последно време?“ „Зошто читаш к*р’ан?“ „Дали е ова време за намаз?“ „Дали умрел некој?“ Кога Маџид стануваше за сабах-намаз го будеше и татко му, а тој не беше клањал уште од дента кога се оженил, и сега му беше чудно како син му доаѓа и му тропа на врата преку ноќ и го буди за да клања намаз, и тојќе го плукнел во лице...

Еден ден таткото замина кај имамот на џамијата и му рече: „Зошто го расипа моето дете?“ Имамот на џамијата се насмеал и му одговорил: „Ние не го расипавме твоето дете туку го упативме на правиот патоказ, патот на добро и спасот, твојот син сега знае напамет шест џуза од к*р’анот и е ревносен во извршување на намазот.“

Таткото возврати: „О ти беднику еден, ако уште еднаш го видам мојот син во ваша придружба или пак да присуствува на вашите предавања и кругови, ќе ти ги искршам коскените зглобови.. и го плукнал во лице на имамот. Имамот само возвратил: „Аллах да те награди со добро и да Те упати Господарот на световите!“

Најпосле таткото на Маџид одлучи да го испрати својот син во друштво на неговиот внук (дете од брат му кое беше познато по расипаност и грешење) да заминат заедно до некоја западна држава која е позната по расипаност, голотија со цел да го оддалечи од имамот на џамијата, од правилниот пат и добросостојбата.

Внукот му предложил на Маџид да заминат за Шпанија, впрочем, таму има исламски историски споменици, цивилизациски трагови од време на исламот. Па така Маџид одлучил да замине со него во Шпанија.

Таткото на Маџид се погрижил за добивање на виза, билет и потребните материјални средства за време на престојот. 
Отпатувал Маџид заедно со неговиот братучед во Шпанија и се сместиле во хотел во чија близина се наоѓале ноќни клубови исполнети со музика и проституција. Неговиот братучед секоја вечер излегувал на тие места, додека Маџид не ја напуштал неговата соба. Меѓутоа со тек на времето и упорноста на братучед му почнал Маџид постепено да излегува во ноќните клубови, и лека-полека се впуштил во сите забранети работи кои претходно ги избегнуваше. По неколку дена Маџид почна да го напушта намазот кој на почеток го клањаше и во хотел, ги заборави зикровите и довите кои ги повторуваше секое утро и вечер. 

Еден ден неговиот братучед му понуди на Маџид цигара завиткана со некаков вид на трева, тоа беше дрога, па така Маџид падна во бунарот на темнините и злото на денешницата.
Маџид стана човек кој повеќе не се грижеше ниту за себе ниту за верата, околу неговите очи беше црнило од дрога и долгите непреспиени ноќи, од блуд и алкохол. Повремено Маџид стапуваше во контакт со неговиот татко за да му испрати пари, татко му леташе од радост мислејќи дека го к*ртулил од верата. Маџид почна да употребува хероин. Откако заврши рокот на визата, братучед му го предупреди дека треба да се вратат во својата татковина, а Маџид вресна силно: „Јас немам татковина, ниту родител, ниту семејство, моја татковина, татко и семејство е една четвртина грам од белиот прашак (дрога)!“
Се врати Маџид со неговиот братучед во родната земја, а татко му излезе да го пречека, но кога го виде забележи страшна промена, Маџид се доближи до него и му удри шлаканица. Се врати татко му со него дома разочаран од целата ситуација и почна да го лекува од пустата дрога но без некоја полза. Маџид неколку пати физички го нападнал и повредил на татко му, многу вредни работи од злато и скапоцености ги покрал од својот дом и почна да му се заканува со нож на татко му за да му даде пари.
Еден ден таткото замина кај имамот на џамијата и му рече: „Прости ми за мојата груба постапка кон тебе, за она што те плукнав, јас се каам за тоа, меѓутоа морам да ти раскажам за Маџид дека стана зависник на дрога. Те молам обиди се да го вратиш во првобитнатасостојба, врати го на намаз, врати го на доброто учтиво однесување.. Имамот се насмевнал и му рекол: „О татко Маџидов, моли го искрено Аллаха за него, во Негови раце е упатството...!“

По две недели, приближно, од оваа средба се клањаше џеназе на родителите на Маџид во истата џамија. Маџид ги убил бидејќи тие не поседувале пари за да купи дрога.

Маџид во позадина од сафовите плачеше со дробни солзи и велеше: Зошто татко мој?.............тага

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 00:02
Живиот и Единсвен БОГ - во Името и Срцето Исусово - да те награди пчелке!

Пред некој ден, еден пријател сиот потресен ми раскажуваше за еден негов добар другар (турчин) кој починал - пред нешто повеќе од една недела - поради преголема доза на дрога!

Луѓе, БОГ да ве чува сите од лажната утеха на опојните средства и да ве одведе на БОЖЈИОТ СОВРШЕНО МИРОЉУБИВ ПАТ, Кој ТОЈ лично ни го покажа во Исуса Христа!

АМИН





Изменето од spiros - 09.Декември.2009 во 00:03
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 23:17
  Господовата воља.... 
 
Живеел и владеел со едно царство,владар за кој неможе да се рече дека е неверник.Со него секогаш беше неговиот слуга.Неразделниот слуга кој за секоја случка велеше:„Тоа е Господова воља“Со тоа мирно прифаќал се околу себе.Тоа на владарот понекогаш и му сметаше.Но слугата не зборуваше многу.А тоа е добра особина.Па нели и затоа го одбрал, оние кои зборуваат се досадни.

Еднаш владарот,се забавувал со нож за сечење дрва.Во тоа не беше многу вешт,па исече дел од прстот.На левата рака.Оној што го држеше дрвцето.Почна да галами кога видел дека дел од прстот му виси на ноктот.Страшно зборувал.Сите околу потскокнуваа.Некои,да му помогнат и да го утешат.Дојде неговиот слуга кој што не се разделуваше од него и рече:„Тоа е Господова воља!“Владарот,и така бесен,уште повеќе се налути.И нареди неговиот слуга да го однесат во темнина.Слугата тоа мирно го прифатил како Господова  воља.

Утрината,владарот сам отишол на лов.Добро му е што со него не е неразделниот слуга.Не знаел колку е убаво да биде сам.Толку му било убаво,занесен во убавината,налвегол длабоко во шумата.И тоа му се допадна.Продолжи уште подлабоко.Тогаш пред него се појавиа чудни луѓе.Го фатија,го заврзаа и го однесоа во својот град.

Го врзаа за едно дрво.Владарот свати дека паднал во рацете на невернички народ.Тогаш разбра дека утре им е празник низ кој принесуваат жртва на нивниот Бог.И дека жртвуваат човек.

Владарот таа ноќ помина во најтешки исчекувања.Утрото го одврзаа,му ја соблекоа облеката.Се намачи и тој додека го соблекоа.На крајот,и ракавниците,десната па левата.На левата рака го видоа завојот.И многу биле нестрпливи,и завојот го одмотаа од неговиот прст.Тогаш видоа дека му фали дел од прстот.

Дивјаците се растрчаа во потрага по нова жртва.Владарот остана сам одврзан.Ослободен.Подобро од кога и да е,и увиде дека тоа е навистина Господова  воља.Тоа го потсети на неговиот неразделен слуга.А слугата во затвор.Брзо облече нешто од расфрлените владарски алишта.Па низ шумата трчаше колку што може побрзо.И дојде во својот дворец.Веднаш нареди слугата да се пушти од затворот.

-Извадете го и колку што е тежок дајте му злато!
Верниот слуга тоа го одби.И рече дека е веќе награден.
-Како?-се зачуди владарот.
-Со затвор.
-Како?!
-Затоа што се е Господова  воља.
-Како?!Викаше владарот.
-Да не завршев во темница,тие неверници нема да бараа друга жртва.Тие и мене,кој никогаш не се оделував од тебе,ќе ме фатеа и денес ќе ме жртвуваа.......
__________________
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 15:22



        NEZABELEZANI


Site nie sme mu blagodarni na Boga za Negoviot dar sto so zborovi ne moze da se iskaze![2. Korintjani 9,15].


     Na pocetokot na 19 vek, obremenet od golemi vojni, svetot go svrtelcelokupnoto vnimanie kon napreduvanjeto na Napoleon Bonaparta. Sepak, tokmu vo toa vreme, nezabelezlivo ke se rodat luge koi ke dadat golemi pridonesi za covestvoto.

     Taka, vo 1089 godina, pred poznatata bitka kaj Vaterlo, pogubna za Napoleon, vo Liverpol se raga Viljam Gledstun, vo Hamburg se raga Feliks Mendelson, vo SAD se raga Abraham Linkoln.... Od ovaa recisi 200-godisna distanca , zarem ima dilema za toa , sto bese povazno za dobroto na covestvoto vo toa vreme; borbite na Napoleon ili raganjeto na spomnatite licnosti!?

     Slicno mze da se kaze i za vremeto vo koe se rodi Isus Hristos . Vnimanieto na togasniot svet bese svrteno kon seopstiot popis narden od Rimskata imperija, so mocta na cezarot...Vo edna bitleemska stala, nezabelezano se rodil Bozjiot Sin , Koj bese najskapoceniot podarok od Gospod za neblagodarniot covek.

     Da ne ni se sluci i nam da zapadneme vo vitelot na coveckite slavi i praznuvanja, a Bozjiot skapocen podarok da ostane nezabelezan! Ke Mu ja iskazeme li na Bog i nasata blagodarnost za Negoviot skapocen dar sto ni e daden vo Hristos?



       VO HRISTOS IMA ZIVOT
       ZA SVETOT NA UMIRANJE!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 12:45



          BOG NI SE DOBLIZI


     Ni se rodi [Bozjo] Dete, ni se dade [Bozji] Sin.
                    Isaija 9,6




     Eden zimski den, odejki po ulicata, zabelezav jato vrapcinja koi kolvaa troski sto nekoj im gi frlil vrz snegot. Koga se obiduvav da im se doblizam, toa vidno gi voznemiri. Uste eden cekor kon niv i tie pocnaa da otstapuvaat, a veke pri mojot tret obid da im se doblizam, vrapcinjata isplaseni letnaa.

     Prodolzuvajki si go patot, razmisluvav: zosto begaat od mene ? Nisto loso ne im mislev! Potoa svativ deka za niv mora da sum mnogu golem i strasen. Edinstveniot nacin da im se doblizam bez da gi isplasam ke bide ako samiot se prestoram vo vrapce i im se pridruzam.

     Vo ova ima i duhovna analogija. Vo staro vreme, Gospod mu se javil na Avraam preku angeli, na Mojsej preku rasplamtena grmuska, no tie se plasele od Negovata velicanstvena pojava. Togas, vo vremeto opredeleno od Gospod, Negov angel ja objavi Boziknata poraka: Denes, vo Davidoviot grad, vo Vitleem, vi se rodi Spasitelot - Mesijata, Gospod. [Luka 2,11]. Aostol Jovan dodava: Zborot [t.e. Hristos] stana covek i ziveese megu nas[Jovan 1,14].

     Dragi prijateli; Gospod se prestori vo covek i dijde kaj nas lugeto, za da ne se plasime od Nego. Ke se priblizime li i nie do Nego, pred se so poslusnost i so vera.?


     NEDOSTAPNIOT BOG NI STANA DOSTAPEN VO

          LICNOSTA NA ISUS HRISTOS !!!.


       
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 11:44
 
 

Стара индиска книга….

ДЕсидерата БИДИ ВНИМАТЕЛЕН И ТЕЖНЕЈ ДА БИДЕШ СРЕКЕН....

Чекори смирено низ вревата и заборавеноста , и сети се на мирот што може да се најде во тишината.Колку што е возможно биди во добри односи со сите луѓе . Зборувај ја својата вистина смирено и јасно , и слушај ги другите дури и глупавите и неуките, бидејки и тие имаат своја приказна . Избегнувај ги бучните и агресивни луѓе затоа што тие се товар на духот. 

Ако се споредуваш себеси со други можеш да останеш огорчен или горд , бидејки секогаш ке има поголеми и помали од тебе

Радувај се со своите достигнувања како и на своите планови . Одржувај го ентузијазмот за сопствената професија колку и да е скромна. Тоа е вистинско богатство во променливи времинја . Но тоа нека не те попречува да ги видиш доблестите колку што ги има .Многу луѓе тежнеат кон високи идеали , и животот на секаде е полн со хероизам ...!!!

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.