|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 6061626364 157> |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Би сакала да прашам брз основа на што се одредува кој под кој Зодијачки знак си роден т.е. што ќе си во хороскоп. Зошто баш родените 21.Март-20.Април се Овни, зошто да не се Бик на пример
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!

speed
Сениор Регистриран: 09.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 803 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
VRSKA NEAM ALI DOBRO PRASANJE
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
speed
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Па заради тоа што Сонцето тогаш пребива во соѕвездието Овен (ај сега знам дека ќе ме негираш) |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
sexy bitch
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1188 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
nema so da te negira... vo pravo si, a pred faktite i bogovite molchat, a kamo li Sunny |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sex is like tennis... If you play with worse, you play worse :)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
после ова би требало да ќутам ... арно ама, никогаш не знаев да заќутам кога треба Вистина на патеката (т.е. околу неа) по која минува Сонцето (т.е. Земјата околу Сонцето - Еклиптика) се распределени 13 соѕвездија наречени Зодијак (Круг на животни) од кои 12 се земени како зодијачки, што е сосема неправедно за 13-тото (тоа е посветено на сите лекари, а и денес за здравство се користи неговиот знак ). Кога се именувале соѕвездијата пролетниот еквинокс се израмнувал со почетокот на соѕвездието Овен, затоа бил наречен „прва точка на Овенот“ (Gama-точка) и бил означен како почеток (нулта точка) на зодијакот. Соѕвездието Овен се наoѓало во првите 30° на зодијакот, од 30° до 60° степени – соѕвездието Бик, од 60° до 90° - Близнаци и т.н. до последниот зодијачки знак. Денес зодијачките соѕвездија не се совпаѓаат со сегментите на зодијакот претставен со нивните знаци. Тоа е поради прецесијата. Поради неа доаѓа до поместување на таа прва точка, која што денес се наоѓа во соѕвездието Риби. Значи прв зодијачки знак е Риби (21 март - 20 април) т.е. ако сте родени во периодот од 21 март - 20 април, Сонцето се наоѓало во Риби... а не во Овен. Зошто тогаш не е „апдејтован“ хороскопот Иградбата на зодијакот е опишанa во Птоломеевата книга Almagest (II век п.н.е.). Иако тоа првично е опишано во Rigveda, која е најстарата книга во светот, особено важен во развојот на хороскопската астрологија бил грчкиот астроном и астролог Птоломеј, кој што со својот труд Tetrabiblos, ги положи основите на Западната астролошка традиција. Според Грците и Птоломеј особено, планетите, куќите и зодијачките знаци се рационализирани и нивните функции биле утврдени на таков начин кој до денешен ден претрпел мали измени, значи денешните карактеристики на знаците се поставени уште тогаш. Птоломеј жиеел во II век. п.н.е., три века по откривањето на прецесијата на еквиноксите од страна на Хипарх, но тој го игнорира тој факт, очигледно под влијание на концептот за фиксна небесна сфера и ја основа т.н. Хороскопска астрологија. Ај доста е засега од мене ... имајте убав празничен ден Изменето од Sunny - 08.Декември.2009 во 14:23 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Marijaana
Група Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 52 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
А, кое е 13-тото соѕвездие? Ова чисто онака, од љубопитност |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
13-то соѕвездие е Змијоносец (Ophiuchus), сместено е помеѓу Стрелец и Шкорпија. Оваа година Сонцето повеќе ќе се задржи во Змијоносец (околу 2 недели), отколку во Шкорпија (околу една недела).
Според грчката митологија Змијоносец е Асклепиј (Ескулап), син на Аполон и Коронида, ќерка на тесалискиот крал Флегиј. Бидејќи, поради неверство, Аполон ја убил Корнида, Асклепиј) го дал на чување на мудриот кентаур Хејрон (Хирон), во планината Титон, која била позната, во тоа време, по лековитите билки. Хејрон го подучувал Асклепиј да лекува, а кога го надминал својот учител, станал бог на лекувањето. Бидејќи успешно лекувал разни болест, значително ја намалил смртноста, со што се пореметила рамнотежата кој боговите ја поставиле на Земјата. Најпосле Хад (Плутон) се пожалил кај Зевс (Јупитер), дека Асклепиј драстично го намалил бројот на жители на подземјето. За повторно се поврати рамнотежата, Зевс (Јупитер) фрлил молња на Асклепиј и го усмртил. Кога сфатил за неправдата што им ја направил на луѓето, а и на самиот Асклепиј, кој направил многу добри дела, го оживеал и го одвел на Олимп. Неговиот лик, со змија исцелителка, Зевс го поставил на небото како соѕвездие Змијоносец. Дел од соѕвездието, подоцна, се одвоило како посебно соѕвездие – Змија. Соѕвездието Змијоносец има околу 100 ѕвезди видливи со голо око. Сместено е под соѕвездието Херкулес, со десната нога ја гази Шкорпијата, а левата му е помеѓу Шкорпија и Стрелец. Во раката држи змија која се свива помегу нозете и околу рацете. Главна ѕвезда е Rasalhague и ја претставува неговата глава. Во прилог ставам скица од ова соѕвездие и негов нацрт |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
бре... ова за кај темата со громовите е... ако сакаш постирај го таму... се надевам - ќе предизвика ОГРОМНА ДИСКУСИЈА И ПОЛЕМИКА...
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
шо си ти во хороскоп?
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ај ако ме прифатат деновиве ќе ви ги раскажам митовите за хороскопските соѕвездија (чисто колку да знаете во какви бајки верувате) ... нивните „карактеристики“ од Птоломеј и полсе тоа повторно ќе прашам кога верувате во хороскоп, зошто не верувате и во боговите од тој хороскоп?
Или зошто не верувате во кинескиот хороскоп и тој е од соѕвездија и тој е интересен или индискиот или пак египетскиот... Зар Птоломејевиот е најточен? Изменето од Sunny - 09.Декември.2009 во 11:55 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ќе почнам cо Близнаци
Близнаците Полидеук (Полукс) и Кастор биле синови на спартанскиот крал Тиндареј и убавате Леде. Во една прилика кога кралот бил отсутен поради војувањето, Зевс, на кого Леде многу му се допаѓала, се преобразил во ликот на кралот и водел љубов со неа. Истата ноќ дошол и Тиндареј. Бил многу изненаден што жената не го посакувала, но сепак водел љубов со неа. Од таа љубов се родиле двајца браќа близнаци: Кастор, бил син на Тиндареј, а Полукс, син на Зевс, кој имал божјо потекло и бил бесмртен. Познати како диоск*ри, никогаш не се одвојувале еден од друг, ни во мирни времиња, ни во немилосрдни војни. Кастор бил убаво, силно, развиено момче, угледен витез, одважен војник, ненадминлив во скротување коњи. За Полукс лесно се забележувало дека е син на Зевс, затоа што бил изразито висок и силен, ненадминлив во пеење. И двајцата биле гордост на Спарта. Во една борба Кастор бил смртно ранет. Очаен Полукс, гледајќи дека неговиот брат ќе умре, го замолил својот татко Зевс да направи или и тој да умре или смртниот брат да стане бесмртен. Зачуден од благородноста на својот син, Зевс одлучил да им подели бесмртност, доделувајќи им еден ден на земјата и два на Олимп меѓу боговите. А за да ја овековечи оваа братска љубов, нивните ликови ги поставил на небото. За една група ѕвезди да ја нарекуваат Близнаци, старите народи ги навело тоа што двете ѕвезди Кастор и Полукс на небото никогаш не се одвојуваат, и заедно излегуваат, заедно поминувааат низ дадено место и заедно заоѓаат. Исто така се и со приближно еднаков сјај. На ѕвездените сликовити карти тие се претставени со детски лик, заедно, прегрнати. Изменето од Sunny - 09.Декември.2009 во 11:53 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
SlavicaT
Нов член Регистриран: 26.Октомври.2009 Локација: Greece Статус: Офлајн Поени: 31 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Dali znaete nekoja web strana za godisen horoskop 2010?
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vo denesen Vest |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Теоретски почетокот на Овен започнува во моментот на пролетниот еквинокс, датата е променлива поради присутноста на престапни години, меѓутоа од 1796 година, тој се погодува да е или на 20 или на 21 март, тоа ќе остане така се до 2043 година. Потоа ќе паѓа 18-19 март и т.н. Пролетниот еквинокс за време од еден прецесионен циклус (25-26 000 години) ќе ја заврти целата еклиптика ... Доколку сакаме да ја запазиме положбата на Сонцто во знакот на денот на нашето раѓање денешниот Зодијачки хороскоп би требало да претрпи „поместување“ за едно место поназад ... Значи денес доколку не се изврши едно такво „апдејтување“ не можеме да зборуваме за било какво влијание на било која планета во некое поле од зодијакот... Што е многу нормално ... пр. јас сум родена на 10 јануари ... хороскопски јас сум Јарец, и нормално за натална карта гледаме каква е положбата на планетите, Сонцето, Месечината во Јарец во тој период ... арно ама реалноста е тоа дека мене Сонцето воопшто не ми се наоѓало во Јарец... Јас би требало да бидам Стрелец ... и некако е глупаво да гледам каде се наоѓаат небесни тела за период (знак) кој настапува месец дена подоцна... тоа не е мојот знак Е да може да има коментари дека мора баш така да е распределбата на Зодијакот... ... е не мора ... пролетниот еквинокс си бил запазен во Овен кога Птоломеј си ја стокмил приказната ... а зошто не напоменал што да правиме кога ќе дојде до поместување ... не знам ... можеби боговите не му навестиле за тоа П.С. На табелата е дадена астролошката местоположба на Сонцето низ Зодијакот (лево) и фактичката т.е. астрономската (десно). Изменето од Sunny - 10.Декември.2009 во 16:38 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 6061626364 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |