|
Зодијачки влијанија |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Декември.2009 во 20:32 |
“За биволот нема проблеми. Хипоталамусот е стимулиран од страна на Сонцето и Месечината, па се знае кога е период на парење а кога на мирување. Па и првобитниот човек, како и биволот, ги напојувал тестисите со хормони во мај, кога Сонцето зрачи со најмногу ултравиолетови зраци. Најчесто се раѓало во знак на Водолија, оттука неговата интелектуална супериорност (во денешно време во Водолија се раѓаат најмногу генијалци)...
Целиот живот од самиот негов почеток е под директна стимулација на небесните светила. Животните ги следат Сончевите и Месечеви циклуси дури и кога не се директно изложени на истите, потоа, овие две “светила“ ги разграничија половите (Сонцето-машко а Месецот женско), волјата, емоциите, височините и длабочините... ...Во денови на еклипса се нижат катастрофи...сончевите пеги при минување низ земјиниот меридијан ги влошуваат хроничните, срцевите и други патологии, се случуваат некои бесмислени пожари, самоубиства... Извадоков е од книга на контроверзниот астролог Миле Дупор. Отприлика, тоа е она за што сакам да зборуваме овде, влијание на Зодијакот врз индивидуалните но и општествени случувања. Како гледате вие на тоа, верувате ли дека ѕвездите влијаат врз животот и карактерот на поединците, општествените епохи... Изменето од maria_magdalena - 07.Декември.2009 во 21:05 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што е поентата на темава?
Ако се однесува на влијанието на зодијакот, на транзитот на одредени планети во одредени зодијачки знаци, тогаш има многу да се зборува... на пример, поврзано со пандемијата на свински грип: Нептун е планета поврзана со вирусите и инфекциите, а кога на небото ќе се здружи со Јупитер резултира со појава на пандемија. Јупитер по својата природа шири се, па конјукцијата на Јупитер и Нептун е идеална за секој вид зарази. Веќе неколку месеци постои таа конјукција на ѕвезденото небо, а со секој ден се повеќе и повеќе Јупитер и Нептун се приближуваат. Затоа и пандемијата напредува. Кога се оддалечуваат планетиве, ќе слабее и пандемијата. Овие две планети ќе почнат да се оддалечуваат кон средината на јануари 2010, кога Јупитер ќе влезе во Риби. Што мислите, колку е ова реално? едит: ете што било... ама сепак ќе го оставам мојот пост... може да има врска со ова.... Изменето од Evenstar - 07.Декември.2009 во 21:06 |
|
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму тоа е поентата Евенстар, си ја погодила.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се ѕвездите и планетите гледано од духовен аспект? Тие се огромни моќни магацини, еден вид космички компјутери во кои се регистрира сето она што луѓето го чувствуваат, мислат, зборуваат и прават но и збиднувањата од природата. Покрај оваа имаат и други функции, на пр. на душите кои сакаат да појдат во отелотворување тие им го покажуваат патот кога ќе дојде време за тоа, и тн...
Но пред таму нешто да се регистрира нешто негативно од човечкото, доколку не се расчисти најпрвин тоа од свеста на човекот се складира во подсвеста. По некое време преоѓа во човековата душа, а од таму зрачи кон ѕвездите. Како и компјутерот што може да исфрли само тоа што некој внел во него т.е. програмирал, така и ѕвездите и планетите на материјалниот космос го зрачат само она кое човештвото таму го складирало. Кога ѕвездите и планетите ќе се најдат во одредена констелација, одредени похранувања се поттикнуваат и тие резултираат со некакво збиднување во материјата и животите на луѓето или поединецот. Со други зборови тие влијаат врз човекот, но само затоа бидејќи човекот дозволил да се најде под нивно влијание со своето сопствено погрепно однесување. Во таа смисла секој сам си ја одредува судбината, не ѕвездите. Тие само регистрираат што си предодредил човекот. подетално за ова во книгата НЕГОВОТО ОКО: Божјото книговодство - Микрокосмос во Макрокосмосот во издание на Универзален живот. Книгата е достапна на хрватски, а во електронска форма целата може да се чита на англиски на претходниот линк. Изменето од Majkl - 07.Декември.2009 во 21:34 |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
уште од одма сакам да си резервирам место во првите редови тука
Најпрво да сме на јасно за мојот став... Влијание на поедини небесни објекти - ДА! ... влијанија на соѕвездија - НЕ! Зошто? Затоа што соѕвездие како објект небесен не постои!!!!! Соѕвездие е проекција на ѕвезди! Ова му доаѓа ко кога ќе одите на психо-тестови и ви покажуваат некој безвезна слика и ве прашуваат на што ви личи? Сте ги виделе ли зодијачките соѕвездија на небото? Ви личат ли на нешто? Мене искрено само лавот ми наликува на глушец... а другите не наликуваат баш на ништо... во прилог ставам скица на соѕвездието лав и неговиот нацрт Дури и тоа што јас мислев дека е опашката на лавот порано, испадна дека му била главата .... А тек митот за лавот ... Додуше интересен е... впрочем како и митовите за сите соѕвездија, а не само за зодијачките... ... за повеќето и филмови се снимале (за Јасон и Агронаутите - е дел од митот за соѕвездието Овен). И да како бајки за деца, па и возрасни се повеќе од феноменални, но за судбина, претскажување ... И ајде да прифатам дека соѕвездијата влијаат (и ако добро знаеме дека ѕвездите на небото се изместуваат, јес да на многу подолг период, ама како ѕоѕвездија се неодржливи ... многу соѕвездија од минатото сега се „распаднати“ т.е. разделени на две и повеќе соѕвездија) ... се прашувам зошто баш зодијачките, а не и другите соѕвездија, Орион на пример е многу убаво соѕвездие, од кај нас најдобро се гледа, а богами и секој маж би посакал да ги има неговите атрибути и карактеристики, а богами и секоја жена таков маж .... или пак ајде нека бидат само зодијачките, ама зошто тогаш не се сите зодијачки соѕвездија влезени во Хороскопот? И зошто грчките „верзии“, зошто не се вавилонските? -Тие се и поинтересни (според нив денешните ракови се Магариња ). Изменето од Sunny - 08.Декември.2009 во 14:42 |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро... мене нешо не ми е јасно...
Стварно има луѓе кои веруваат дека ѕвездите им ја определуваат нивната судбина... Некој сака да каже дека Зодијакот има влијание врз индивидуалните и општествени случувања и дирекно влијае врз слободата на човекот... некој сака да каже дека ако ја денес пијам кока кола или фанта - тоа го определува мојот зодијак...... или тоа влијае на моето расположение...... п.с. е ова стварно не можам да го разберам...како може човек себеси да се оправдува и за своите неуспеси или успеси “виновни“ да бидат зодиите... Нели како шо знам... човекот пред се е разумно и словесно а најмногу слободно битие независно од надворешни влијанија во неговата егзистенцијонално-фундаментална средина, по однос на неговото онтолошко битисување... или можеби се лажам... кој знае... можеби не е така... |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да сме на јасно ... не мислам ДА за небесните објекти во смисол на судбински влијанија... туку на нивните директи и индиректни влијанија како врз Земјата, така и врз човекот ... тука мислам на плима - осека ... сезонските разлики... зодијакалната светлина... годишните времиња (кој се јавуваат како последица на непоклопувањето на Зодијачката (еклиптичката) рамнина и Екваторската рамнина)... влијанието на зодијакалната прашина врз климата - со што има директно влијание на метеопатите, а со тоа и на расположението |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи нивното влијание по однос на земјата е повеќе од јасно... јас не сум согласен за горенаведеното ако се однесува на човекот... тоа нема ама баш никакво влијание на расположението на човекот и слично...
Човекот тоа многу пати го има потврдено ... а ако работите ги гледаме преку компијутер или со современиот начин на живеење - да не кажам - современата адова монотонија што го обзела денес човекот... тогаш не ме чуди ништо... но би додал дека тука не се работи за здрава и стабилна нормална личност... а за нешто недефинирано, неопределено... или поскоро би го дефинирал како “нешто изгубено“ или “нешто што трага“; нешто што бара “нешто“... треба да сме на јасно - што е Личност а што Индивид, што е Колективна, а што Индивидуална свест... за да се разбереме корекно... п.с. за секогаш и за се постојат изроди... и тоа е непобиен факт... тоа треба секогаш да го имаме предвид... за секоја работа. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
уххх... за исто ли збориме
во однос на делот од мојот пост за влијанието на расположението ... постои и те како... денес тоа модерно се вика метеопатија, нели... а зодијакалната прашина и те како влијае на климата на Земјата, но не само зодијакалната, туку воопшто целата меѓупланетарна прашина... |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влијание некое може да има само од поблиските вселенски објекти,што би се рекло планетите во сончевиот систем во вид на гравитација.
Тука најголема заслуга има Месечината која на земјата делува како еден вид стабилизатор при ротација околку оската и во одредувањето на плимата и осеката. Метеопатијата се јавува поради нагли промени на климата кои се случуваат во брз временски рок,значи доаѓаат и си одат. Додека некој да ме убедува дека некоја главна ѕвезда во соѕвездието Овен делувала врз мене на далечина од 100 светлосни и повеќе години е чиста глупост. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fiks се согласувам со твојот пост дури и со „Додека некој да ме убедува дека некоја главна ѕвезда во соѕвездието Овен делувала врз мене на далечина од 100 светлосни и повеќе години е чиста глупост.“ во контекстот на кој алудираш...
... арно ама од таа ѕвезда и од другите „3одијачки“ ѕвезди ние имаме Зодијакална светлина ...Впрочем зодијакалната светлина го покрива целото небо и таа е одговорна за 60% од целата ноќна светлина при ноќи без Месечина. ... Значи има некое влијание ... не е дека е за џабе ... зе метеопатијата велиш „Метеопатијата се јавува поради нагли промени на климата кои се случуваат во брз временски рок,значи доаѓаат и си одат.“ ... што е апсолутно точно... Ама за да нема заблуди ... Прашината од зодијачкиот облак е главна причина за процесот на затоплување. За време на Земјината ротација околу Сонцето меѓупланетарната прашина постојано навлегува во Земјината атмосфера. Честичките прашина учествуваат во процесите на формирање на облаци. Тие облаци подоцна рефлектираат дел од сончевите зрачења назад во космосот, со што доаѓа до директно влијание на зодијакалната прашина врз промената на климата на Земјата. Постои определена периодичност во движењето на изворите на меѓупланетарната прашина. Главно поради променливата честота на кометите во Сончевиот систем. Бројот на кратко периодичните комети се менува под гравитациско влијание на сите планети и астероиди. Поради движењето на Сонцето околу галактичкиот центар тоа повремено навлегува во галактичките ракави (спирали) во кои материјата е погуста и има гравитациско влијание врз Ортовиот облак предизвикувајќи исфрлање на долгопериодични комети. И ај да не забегувам офф-топик ... се надевам дека објаснав на што мислев дека зодијакот влијае на метеопатите за крај еве ви една убава слика од зодијакална светлина |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немај гајле Сани јасно ми е она што треба да го знам во врска со ова.
Само мене ме чуди како луѓето во 21 век се уште веруваат во Астрологија и слични глупости. Добри објаснувања изнесе Сани во врска со Зодијакалната или подобро речено Вселенска прашина. Не знам каде читав имаше податоци за количината на прашина која паѓа на земјата и беше страшно голема бројка изразена во милијарди тони на годишно ниво. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа ТЕБЕ Лавот може да ти наликува на глушец, но зарем сакаш да ти биде нацртан вистински Лав на небото за да соѕвездието ти личи на Лав? Па небото не е Роршархов тест па секој да си ги толкува соѕзвездијата како сака, ниту пак е пак филџан кафе Главната ѕвезда во Лав е Регулус. Зависно од тоа на кој степен е сместена во наталната карта (да, и зодијачките степени се посебна приказна), односно дали прави аспект со некоја планета, сo Сонцето пред се допринесува да од редовите на Лавот произлегуваат најмногу кралеви. Зар мислиш дека тоа е случајно? http://www.partnersinrhyme.com/soundfx/animals/animals_sounds/BigCats_sounds/lion_lion6_wav.shtml Изменето од maria_magdalena - 10.Декември.2009 во 08:39 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E богами сакам ... Во врска со Регулус (Крал) или како што уште се нарекува Stella Regina (Кралска ѕвезда), понекогаш се среќава под името Cor Leonis, што значи Лавовско срце, имињата се поврзани со положбата на оваа ѕвезда, која е речиси на самата еклиптика. Како шо реков и порано денешниот хороскоп води потекло од Птоломеј... целата таа „филозофија“ е од него ... до денес скоро и да нема претрпено измени ... натални карти се правеле и тогаш, дури и пред него, со таа разлика што доколку положбата (тогаш наклонетоста) на некоја планета (тогаш бог) не им била наклонета, се принесувале жртви кон тој бог, се изведувале разни ритуали со цел да се придобие наклонетоста... и денес е тоа останато... внимавај имаш предиспозиции за ова, ова и ова ... И да денес не може да речеме (само за пример) Ареј (Марс - син на Хера и Зевс - персонификација на борбата и војните, еден од 12-те Олимписки богови) не ти е наклонет, ама затоа викаме планетата навлегла во тоа и тоа поле... луѓето чија планета им е Марс се борбени, вистинки воини ... Не можам да сфатам како тоа луѓето не веруваат во богот Ареј (МАРС), ама затоа во планетата (т.е. влијанието на планетата) веруваат? А ете истите карактеристики ги имаат и тогас ко бог и денес ко планета ... |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |