IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 16>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2006 во 17:52

30 МАРТ/12 АПРИЛ

 

1. Преп. Јован Лествичник. Писател на познатата книга 'Лествица". Дошол од некаде на Синајската Гора како шеснаесетогодишно момче и тука останал, најпрво како послушник, потоа како отшелник и најпосле како Синајски игумен до својата 80. година, кога и завршил, околу 563 година. Неговиот животописател, монахот Данил, за него вели: 'Се вознесе со телото на Гората Синајска, а со духот на Гората Небесна". Кај својот духовен отец, Мартириј, поминал во послушание 19 години. Св. Анастасиј Синајски, видувајќи го еднаш младиот Јован, прорекол за него дека ќе биде игумен Синајски. По смртта на својот духовник, Јован се повлекол во една пештера каде во тешки подвизи поживеал 20 години. Неговиот ученик Мојсеј заспал еден ден во ладовината на еден голем камен. Јован на молитва во својата келија видел дека неговиот ученик е во опасност и почнал за него да Му се моли на Бога. Кога подоцна дошол Мојсеј, паднал на колена и му заблагодарил на својот духовен отец што го спасил од сигурната смрт. И раскажал како во сонот слушнал Јован кај што го викал, па скокнал и во тој миг оној камен паднал. Да не скокнел, каменот би го убил. На навалувањето на браќата, Јован се нафатил за игумен и управувал со спасението на човечките души со ревност и љубов. Еднаш слушнал прекор од некои дека е многуглаголив. Не лутејќи се ни малку, Јован замолкнал и цела година не проговорил ни збор, додека браќата не го измолиле да проговори и да продолжи да ги учи со својата благодатна мудрост. Еднаш дошле 600 поклоници во Синајскиот манастир. При трпезата сите виделе едно подвижно момче во еврејска облека коешто служело и на другите слуги им заповедало и распоредувало. Наеднаш тоа момче го снемало. И кога сите се обѕирале и се распрашувале, Јован рекол: 'Не барајте го, тоа пророкот Мојсеј послужи на своето место". За време на своето молчание во пештерата, Јован напишал многу корисни книги, од кои  најславна, и ден денешен многу читана е 'Лествицата", во која се опишува методот на вознесување на душата кон Бога како по некоја скала. Пред смртта, Јован го одредил за игумен својот брат по тело, Георгиј. Но овој тагувал многу поради разделбата со Јована. Тогаш Јован му рекол дека, ако тој се удостои на близината Божја во оној свет, ќе моли и тој, Георгиј, да биде земен на небото. Така и се случило. По 10 месеци и Георгиј се успал и се вселил меѓу граѓаните небесни како и великиот му брат Јован.

2. Спомен на монахот, кој радосно умрел бидејќи никого во животот не осудил. Овој монах бил мрзлив, негрижлив, немолитвен, но низ целиот свој живот ни еден човек не осудил. И кога умирал, бил весел. Кога браќата го прашале како при толкуте гревови умира весел, тој им одговорил: 'Сега ги видов ангелите, кои ми ја покажаа хартијата со многубројните мои гревови. Јас им реков: 'Господ рече: не судете за да не бидете судени. Јас никогаш никого не осудив и се надевам во милоста Божја дека нема да ме осуди". И ангелите ја искинале онаа хартија. Слушнувајќи го ова монасите, се восхитиле и се поучиле.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2006 во 17:54

РАСУДУВАЊЕ

Ако е потребно понижување пред луѓето заради возвишување пред Бога, и привремен труд заради бесмртен живот, зошто да се грижиш ако некој замавне со главата и се насмее на твоето понижување? Јован безмолвникот бил 10 години епископ во Аскалон, па потоа согледувајќи дека му пречат човечките почести, се преоблекол во прост монах и дошол во манастирот на св. Сава Освештен каде што му се дало да собира и да носи дрва и да вари сок за работниците. Кога и тука бил познаен, тој се затворил во келија каде што проживеал 47 години, хранејќи се само со зелје.

Така старите ги избегнувале почестите човечки, за кои многумина во наши дни беспрекорно се борат, расипувајќи ја својата душа во прав и пепел.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа во смртта, и тоа:

1. како Јосиф од Ариматеја го симна Неговото тело од крстот;

2. Како Јосиф и Никодим Го завиле Господовото тело во чисто платно, Го помажале со мириси и Го положиле во нов гроб;

3. како биле верни и неплашливи овие двајца угледни луѓе, меѓу мнозина непријатели Христови и меѓу општиот страв и одрекувањето.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2006 во 17:55

БЕСЕДА

за познавање на Синот Божји среде општата темнина

Навистина Овој бил Син Божји (Мт. 27:54).

 

Овие зборови ги изговорил капетанот кој си ја вршел својата должност совесно како војник.  По наредба на своите претпоставени, тој требало да го чува телото Христово на Голгота. Надвор како една машина, а одвнатре како човек со будна душа. Тој, римски војник, незнабожец, идолопоклоник, видел се што се случило при смртта на Христа Господа и извикал: 'Навистина Овој бил Син Божји!" Не знаејќи за единиот Бог, ниту знаејќи го законот и пророците, тој одеднаш го сфатил она што свештениците на Единиот Бог и познавачите на законот и пророците не можеле никако да го сфатат. И така се обистинил и во оваа прилика зборот Господов: 'За суд дојдов во овој свет за да прогледаат слепите, а оние што гледаат да станат слепи" (Јн. 9:39). Навистина прогледал оној што бил со духот слеп, а сосема ослепеле оние кои мислеле дека гледаат!

Не е можно еврејските старешини да не го виделе помрачувањето на Сонцето, да не го осетиле земјотресот, да не виделе како карпите се распаѓаат, да не согледале како црковната завеса во храмот се расцепува, да не познале многумина од светите луѓе кои од отворените гробови излегле и се јавиле во Ерусалим.

Сето тоа тие го виделе и за се точно посведочиле, но сепак нивниот дух останал слеп и срцето од камен. Сите тие настани, страшни и необични, тие веројатно ги толкувале, како што и денес неверните би правеле, како случајност и привидение. Безбожниците на сите времиња се толкуваат како случајност и самозалажување кога и да се јави прстот Божји на луѓето за да ги покара, да ги упати или да ги извести.

А римскиот капетан Лонгин, така се викал, погледнал без предрасуди во се што се случило и ја исповедал под крстот својата вера во Синот Божји. Неговиот извик не се оттргнал случајно од неговото преплашено срце, туку тоа било неговото вероисповедување за кое подоцна тој и својот живот го положил за да добие подобар во Христовото царство.

О браќа, колку е голем овој римски капетан, кој, кога Го видел мртов Господа, меѓу разбојниците, распнат на ѓубриштето на Голгота, Го познал како Бог и Го исповедал како Бог. А колку се мали, браќа, сите оние христијани кои Го познале Господа како воскреснат, како прославен и како победник и победоносец преку илјадници Свои светители, па сепак се сомневале во своето срце како отровна змија што ги труе во сите денови и нивниот живот го сохранува во вечна темнина.

Господи,  Распнат и Воскреснат, помилувај не и спаси не! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2006 во 16:07

31 МАРТ/13 АПРИЛ

1. Свештмч. Ипатиј еп. Гангрски. Роден е во Киликија; бил епископ во градот Гангра. Бил на И Вселенски собор. Прочуен на сите страни поради својот благочестив живот и чудотворство. Царот Констанциј наредил да се изгради Ипатиевиот лик уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држел во својот двор како оружје против секоја супостатна -  противничка сила. Враќајќи се еднаш од Цариград, Ипатиј бил нападнат во еден теснец од еретиците, Новатијаните и отфрлен од патот во некоја кал. Тогаш една жена од таа дружина го удрила со камен во главата и така светителот го завршил својот земен живот. Но жената наеднаш полудела и го зела тој ист камен и се удирала со него самата себе. Кога ја довеле на гробот на св. Ипатиј и Му се помолиле на Бога за неа, се исцелила по големото милосрдие на духот Ипатиев и остатокот од животот го поживеала во покајание и во молитва. Св. Ипатиј пострадал и се преселил во вечното Царство на Христа Бога во 326 година.

2. Св. Јона митр. Московски. Родум од Костромската губернија. Во 12. година станал инок и долго поживеал во Симоновиот манастир во Москва. Во времето на митрополитот Фотиј станал епископ Рјазански, а кога Фотиј умрел, Јона го избрале за митрополит и го испратиле во Цариград при патријархот на посветување и утврдување. Во тоа некој Исидор, Бугарин по потекло, го предитрил Јона, стигнал пред него во Цариград и бил посветен за Руски митрополит. Јона се вратил на својата столица во Рјазан. Но зломислениот Исидор во зло го завршил своето митрополитување. Отишол на  соборот Флорентиски и дури после три години се вратил во Москва. Скокнале на него сите како на отстапник од православието и го прогониле. Не се знае каде го завршил својот живот. На  митрополитскиот престол дошол Јона, добриот и мудриот пастир. Голем чудотворец, проѕорливец, духовник. Кога Агарјаните ја опколиле Москва, Јона со својата молитва ги изгонил. Во староста посакал да го снајде некаква болест да се помачи и со маките потполно да се исчисти пред заминувањето на оној свет. Според неговата молитва, Бог му допуштил рана на ногата, како што претходно му се јавил во видение и на некој ереј Јаков. Од таа рана светителот умрел и отишол меѓу небесните граѓани на 31 март 1461 година. Над неговите мошти се случиле многу чуда. Некој нем човек Јован ја целивал раката на Јона, но, како што тој потоа кажувал, таа рака го фатила за јазикот и тој почувствувал јака болка. Кога го ослободил јазикот и се свртел кон своите, проговорил како никогаш и да не бил нем.

3. Свештмч. Авда епископ на градот Солзи. Исечен за Христа во 418 година во Персија од царот Издегард. Неговиот ѓакон св. Венијамин бил пуштен од мачителите под услов никогаш повеќе да не го проповеда Евангелието. Тој на тој услов прво се согласил, но не можел на срцето да му одолее, та продолжил да ја распростира по народот  Христовата вистина. Поради тоа бил фатен и убиен, три години по св. Авда, во 421 година.

4. Преп. Аполониј. Бележит египетски пустиник. Во 15. година се одрекол од светот и се повлекол на некоја гора каде што 40 години проживеал, хранејќи се само со полски растенија. Потоа основал манастир, во кој имало 500 монаси. Се упокоил мирно во 395 година.



Изменето од sard
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2006 во 16:10

РАСУДУВАЊЕ

Св. Јован Лествичник вели: 'Кој се гордее со своите солзи во себе и ги осудува со својот ум оние кои не плачат, тој е сличен на некој кој од царот испросил оружје против непријателот, па со него самиот себе си се убива". Ако твоето срце омекнало, било од покајание пред Бога, било од познавање на бескрајната љубов Божја кон тебе, да не се гордееш пред оние чие срце е уште тврдокорно. Потсети се како и ти беше долго време со тврдокорно срце. Во една болница боледувале седум браќа. Еден од нив се повратил од болеста и потстанал, и побрзал со братска љубов и грижа, да им послужи на своите браќа за да оздрават и тие. Биди и ти како тој брат. Сметај дека сите луѓе ти се браќа и тоа болни браќа. Кога ќе осетиш дека тоа ти е дадено според милоста, здрав да им послужиш на другите болни, стори го тоа. Со што би се гордеел овде? Како што едно мочуриште не се избиструва само од себе туку од некој извор, подлабок и почист!

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа:

1. како телото Му лежи спокојно во гробот;

2. како Он со Духот слегува во Адот за да ги избави душите на праотците.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2006 во 16:11

БЕСЕДА

за радоста по тагата

Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам и ќе се зарадува срцето ваше... (Јн. 16:22).

 

Отецот чекори кон губилиштето, а неговите синови плачат околу него. И наместо синовите него да го тешат, тој ги теши синовите. Слично на тоа се случило со Господа и Неговите ученици. ^екорејќи кон горчливата Своја смрт, Господ повеќе се нажалил заради жалоста на Неговите ученици отколку заради она што Он треба да го претрпи. И Он ги милува со утеха и ги охрабрува со пророштво за новото и скоро видување. 'Но Јас пак ќе ве видам". Тоа е пророштво на воскреснувањето. Многупати Господ ја прорекол Својата смрт, но кога и да ја прорекувал смртта, Он го  прорекувал и воскресението. Нему ништо не Му се случило непредвидено. Но тој не прорекувал за себе, туку за нив. Тие ќе бидат во голема жалост како жена кога раѓа и поднесува маки. Но како што жената кога ќе се породи ја заборава својата мака и се радува бидејќи се родил човек на светот, така ќе биде и со нив. Во нивната свест Христос Господ уште не е потполно вообличен како Богочовек. Се додека тие Го знаат само како страдалник и смртен човек, се дотогаш тие Го знаат делумно, дотогаш трае породилната мака во нивните души. А кога повторно ќе Го видат воскреснат и жив, чудотворен и семоќен, владетел на се што е на небото и на Земјата, ќе им престане маката и жалоста и ќе настане радост во срцата нивни. Бидејќи Христос тогаш ќе биде во нивната свест потполно вообличен како Богочовек и тие тогаш ќе Го знаат потполно и во целина. Дури тогаш Он за нив ќе биде потполно роден.

Така и ние, браќа, само делумно Го познаваме Господа Исуса додека не Го познаваме од Неговото раѓање до смртта на Голгота. Потполно Го познаваме дури тогаш кога ќе Го познаеме како победител на смртта, како воскреснат.

Господи, Кој се победуваш, помилувај не и зарадувај не со Твоето воскресение како што си ги помилувал и си ги зарадувал Твоите ученици. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2006 во 16:14

1 АПРИЛ/14 АПРИЛ

 

1. Преп. Марија Египетска. Животописот на оваа прекрасна светителка го напиша св. Софрониј патријархот Ерусалимски. Некој јеромонах, старецот Зосим, се оддалечил еднаш во чесниот Пост во задјорданската пустина на дваесет дена одење. Одеднаш здогледал едно човечко битие, со суво, голо тело и со коса бела како снег, кое се пушти да бега од очите на Зосима. Старецот долго трчал, додека тоа битие не прилегнало во еден поток и не викнало: 'Авва Зосиме, опрости ми заради Господа, не можам да ти се обратам, оти сум жена гола!" Тогаш Зосим и ја дофрлил својата горна мантија (расото); таа се загрнала и му се јавила. Старецот бил уплашен слушнувајќи го своето име од устата на непознатата жена. По неговото долго настојување, жената му го раскажала своето житие. Таа била родена во Египет и од својата дванаесетта година почнала да живее развратно во Александрија, и во разврат помина полни 17 години. Гонета со телесниот блуден оган, таа седналаа еден ден на лаѓа што пловела кон Ерусалим. Пристигнувајќи во светиот град, сакала и таа да влезе во црквата да му се поклони на чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не и давала да влезе. Во голем страв таа погледнала во иконата на Пресветата Богородица во припратата и и се молела да и допушти да влезе и да го целива чесниот Крст, исповедувајќи ја грешноста и нечистотата своја, и ветувајќи дека потоа ќе отиде таму каде што Светата Пречиста ќе ја упати. Тогаш и било допуштено да влезе во црквата. Откако го целивала Крстот, излегла повторно во припратата пред иконата и и благодарила на Богородица, но во тој миг чула глас: 'Ако го преминеш Јордан, ќе најдеш добар мир!" Таа веднаш купила три леба и тргнала за Јордан каде што пристигнала истата вечер. Утредента се причестила во манастирот на св. Јован и ја преминала реката. Во пустината проживеала  цели 48 години, во преголеми маки, во страв, во борба со страсните помисли, како и со диви ѕверови. Се хранела со зелје.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2006 во 16:15

Потоа, кога стоела на молитва, Зосим ја видел како стои воздигната во воздухот. Таа го замолила идната година да и донесе од светите Дарови на брегот на Јордан, а таа ќе дојде да се причести. Идната година Зосим дошол со светите Дарови навечер, на брегот на Јордан, но се чудел како светителката ќе го премине Јордан. Во тој момент видел на месечината дека таа дошла крај реката, ја прекрстила реката и тргнала по водата како по суво. Кога ја причестил, таа го замолила идната година да дојде во истиот поток каде што првпат се виделе. Зосим отишол и го нашол нејзиното тело мртво на тоа место, а над главата на песокот било напишано: 'Погреби го, авва Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај го правот на прав, се претставив на 1 април во самата ноќ на спасоносното Христово страдање по причестувањето со божествените тајни". Од овој напис Зосим го дознал нејзиното име, и друго и страшно чудо, дека таа минатата година онаа истата ноќ кога се причестила стигнала во тој поток, до кој тој морал да патува 20 дена. И така Зосим го погребал телото на чудната светителка Марија Египетска. А кога се вратил во манастирот, ја раскажал целата историја на нејзиниот живот и чудата, што тој лично ги видел од неа. Така, Господ знае да ги прослави покајаните грешнички. Света Марија се споменува уште и во петтата недела на чесниот Пост. Црквата им ја истакнува на верните како пример на покајание. Се упокоила околу 530 година.

2. Св. Мелитон еп. Сардиски, во Мала Азија. Познат пастир на Црквата од ИИ век. Владеејќи со голема ученост, тој се трудел да ги собере сите книги на Светото писмо во еден кодекс. А по својата кроткост и благочестие се трудел, пак, да внесе мир во Црквата Лаодикиска, разбранувана со спорот околу празнувањето на Пасхата. Освен тоа, го бранел христијанството пред незнабожците. Така, околу 170 година патувал во Рим и му поднесол на царот Марко Аврелиј една писмена апологија (одбрана) на верата и Црквата христијанска. Овој учен, благочестив и ревносен маж, св. Мелитон, се упокоил мирно во Господа во 177 година.

3. Преп. Прокопиј чех. Роден е во Хотиш во чехија од познати родители. Постанал свештеник и се оддалечил во планина да живее по примерот на источните пустиници. Херцег Улрих случајно го нашол и му помогнал да го основа манастирот на св. Јован Претеча при реката Сазава. Овој свет маж се упокоил во 1053 година.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2006 во 17:08

РАСУДУВАЊЕ

Зошто секогаш толку многу се зборува и пишува за маките на светите луѓе и светите жени? Затоа што за свети се сметаат само победниците и зарем е можно некој да биде победник без борба, маки и страдања? И во обичното земно војување никој не се смета за победник ниту јунак, ако никогаш не бил во борба и којшто не се намачил доволно и доволно не пострадал. Уште повеќе во духовното војување, каде се знае вистината и каде што самоистакнувањето не само што не помогнува ништо, туку одмогнува. Кој нема никакви борби заради Христа, ни со светот, ни со ѓаволот, ни со самиот себе, како може да се смета во Христовите војници? А камо ли во Христовите сопобедници? За својата голема борба му зборувала св. Марија на старецот Зосим: 'Првите седумнаесет години ги поминав во оваа пустина, борејќи се со моите безумни страсти како со лути ѕверови. Сакав да јадам месо и риба, кои ги има во изобилство во Египет. Сакав и вино да пијам, но овде ни вода немав. Сакав да слушам расипнички песни... И плачев, и се биев во градите. Се молев на Пречистата Богородица да ги оттргне од мене таквите мисли. Кога плачев доволно и во градите се биев, тогаш видов светлина што ме обвиткува од секаде и некаква чудна тишина ме исполни".

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса во смртта, и тоа:

1. како лежи во гробот мртвото тело на Оној Кој кога живеел мртовци оживувал;

2. како и против Него мртов вриел гневот на Неговите непријатели;

3. како Неговите ученици се заклучиле во една куќа заради страв од Јудеите.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2006 во 17:08

БЕСЕДА

за исполнувањето на големото пророштво

Како овца Он беше одведен на колење (Ис. 53:7).

 

Низ многу векови, ја прозрел видовитиот пророк Исаија страшната жртва на Голгота. Тој Го видел од далечина Господа Исуса воден на колење како што се води јагнето. А јагнето се води на колење исто како што се води на пасење: без одбрана, без вознемиреност, без злоба. Така и Господ Исус одел на колење: без одбрана, без вознемиреност и без злоба. Ниту рекол: 'Не правете го тоа, луѓе!" Ниту прашал: 'Зошто го правите тоа со Мене?" Ниту некој осудил. Ниту протестирал. Ниту се налутил. Ниту им помислил зло на Своите судии. Кога Го облила крвта од трновиот венец, Он молчел. Кога лицето Му било извалкано од плукањето, Он молчел. Кога крстот Му бил тежок по патот, Он истрпувал. Кога болките Му досадиле на крстот, Он не се пожалил на луѓето, туку на Отецот. Кога издивнувал, Он го упатил Својот поглед и воздишките кон небото а не кон земјата, бидејќи извор на Неговата сила е небото а не земјата. Извор на Неговата утеха е Бог, а не се луѓето. Вистинска Негова  татковина е Царството небесно а не е земното.

Гледај, јагнето Божјо што ги зема на Себе гревовите на светот! Тоа бил првиот извик на Јована Крстител кога го забележал Господа. И еве сега на Голгота исполнување на тоа пророштво: еве, под тежината на гревовите на целиот свет лежи Јагнето Божјо, заклано и мртво!

О браќа, тоа е скапа жртва и за нашите гревови. Крвта на тоа незлобно и кротко Јагне е намената за сите векови и на сите поколенија од првиот до последниот човек на Земјата. Христос ги почувствувал болките на крстот и заради нашите гревови во сегашно време. Он ја исплакал во Гетсиманската Градина и нашата злоба, немоќ и порочност. Својата Крв тој ја наменал и за нас. Да не ја презираме, браќа, таа неискажана скапа цена со која сме платени. Заради таа жртва Христова ние всушност и имаме некаква цена како луѓе. Без таа жртва, или ако ја отфрлиме таа жртва, нашата вредност е еднаква на нула; се срамнува со чадот без оган и на огнот без светлината.

О Господи, на Кого никој не му е рамен по милоста, помилувај не! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2006 во 18:01

2 АПРИЛ/15 АПРИЛ

 

1. Преп. Тит чудотворец. Од млади години Го возљубил Христа Господа и го намразил светот суетен. Заради тоа го оставил светот, отишол в манастир и примил ангелски образ. Не жалејќи се себеси, тој му се предал на мачниот и тесен монашки пат. Низ голема трпеливост ги стекнал двете основни добродетели: смирението и послушноста, и во овие добродетели ги надминл 'не само браќата, туку и сите луѓе". чистотата на душата и телото ја сочувал уште од својата младост. Во времето на иконоборската ерес се покажал како непоколеблив столб на Црквата Божја. Поради неговото големо смирение и чистота, му се подарило од Бога дарот на чудотворството и за животот и по смртта. А кога се преселил кон Господа, оставил многубројни свои ученици. Мирно се упокоил во ИЏ век.

2. Св. мчци Амфијан и Едесиј. Две момчиња, двајца родени браќа. Од градот Патара, од познати, но од родители кои не знаеле за Бога. Кога ги учеле светските науки во градот Вирита, се просветиле некако со Духот Божји, та познавајќи ја лагата на незнабоштвото ја наѕреле вистината на христијанството. Па кога се вратиле дома, не можеле да живеат повеќе со ненабожните родители и роднини туку тајно избегале во Кесарија Палестинска кај презвитерот Памфил, познат по светоста и духовната ученост. Кај Памфила се поучувале на законот Божји деноноќно и ги практикувале христијанските подвизи. За Амфијана се кажува дека со телото бил 20 години стар, а со разумот и големодушноста столетен.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2006 во 18:09

Кога настанало гонењето во времето на Максимин, мнозина христијани избегале од градот и се скриле, додека други доброволно и радосно се предале во рацете на мачителите за да пострадааат за името на Оној Кој прво за нив пострада. Амфијан бил меѓу овие последниве. Тој дошол небојажливо во храмот незнабожечки каде што кнезот Урбан им принесувал жртви на идолите, па го фатил кнезот за раката, со која ја држел жртвата, и му викнал да се откаже од служењето и жртвопринесувањето на мртвите идоли и да Го познае вистинскиот Бог. Некои што ги слушнале овие зборови и ја виделе толкавата храброст на Амфијан, се покајале и ја  примиле верата Христова. Но кнезот разлутен го фрлил Амфијана на маки. Помеѓу останатите маки, му ги завиткале нозете со памук, па ги запалиле. Но, кога останал жив, го фрлиле в море со камен на вратот, но морето се разбранило и го исфрлило телото на маченикот во градот. Едесиј најпрво бил испратен во бакарните рудници во Палестина, потоа бил одведен во Египет. Во Александрија се исполнил со света ревност против некој кнез Ероклеј, кој на плоштадот ги собрал христијанските монахињи, девојки и чесни жени, и ги раздавал на најбесрамните развратници на ругање. Едесиј се исполнил со света ревност и му удрил шлаканица на бесчесниот кнез. Поради тоа бил мачен и во морето потопен, како и брат му Амфијан. Како две невини јагниња се жртвувале за Христа околу 306 година и се преселиле во прекрасните дворови Господови.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2006 во 18:13

РАСУДУВАЊЕ

'Подобро е да не знаеш ништо а со љубовта да се приближуваш кон Бога, отколку се да знаеш и воедно да бидеш непријател на Бога". Тоа се зборови на св. Иринеј Лионски, свештеномаченик. Вистинитоста на сите тие зборови се потврдувала во сите времиња, па се потврдува и во наше време. Само на ова мора едно да се додаде. Имено, љубителите на Бога не се луѓе што ништо не знаат, бидејќи тие за Бога знаат толку што можат да Го љубат. Од сите човечки знаења, тоа знаење е најважно и најголемо. И уште мора да се додаде дека непријателите Божји не можат се да знаат, иако тие се сметаат за такви, бидејќи нивното знаење неминовно е хаотично затоа што нема глава, а нема ни ред. Главата и редот на секое знаење е Бог. Некои од светителите, како Павле Простиот, не знаеле ни да читаат ни да пишуваат, но со силата на својот дух и со божествената љубов го надминувале целиот свет. Кој се приближува со љубов кон Бога, тој не е способен за злосторство. А ученоста без љубов кон Бога е зачната со духот на злосторот и борбата. Св. Ефтимиј Велики поучува: 'Имајте љубов, бидејќи што е солта за јадењето, тоа е љубовта за секоја добродетел". Невкусна и студена е секоја добродетел, ако не е посолена и затоплена со божествена љубов.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса во адот, и тоа:

1. како Неговиот план за спасение е обемен, ги опфаќа сите колена и сите времиња од почетокот до крајот;

2. како Он дошол на Земјата во тело не само заради оние кои тогаш живееле на Земјата, туку и заради оние кои ќе живеат, како и за оние кои живееле;

3. како Он, додека Неговото мртво тело лежело во гробот, со душата слегол во адот за да го објави спасението и ослободувањето на окованите.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2006 во 18:15

БЕСЕДА

за живиот Бог и за Неговите живи деца

...Според тоа  живееме ли, умираме ли  Господови сме (Рим. 14:8).

 

чии сме кога живееме? Господови. чии сме кога умираме? Господови.  чии се праведниците? Господови. чии се грешниците? Господови. Господ ги опфаќа сите, и живите и умрените, и сегашните, и минатите и идните. Никој не е така сеопфатен како Господ Исус. Кој од таканаречните добротвори на човештвото, од учителите, водачите, просветителите, некогаш пробал да им направи некое добро на починатите? Овде може решително да се одговори: 'Никогаш, никој". И самата помисла би му била смешна на сецелиот свет - да им се направи некое добро на умрените! Тоа е смешно на сите оние кои мислат дека смртта е посилна од Бога и дека она што таа ќе го проголта го уништува засекогаш. Но да се грижи за мртвите, и да се прави добро на мртвите, престанало да биде смешно од Откровението на Господа Исуса кој откри дека Бог е Бог на живите, кој тоа и на дело го покажа слегувајќи во адот да ги ослободи и да ги спаси душите на починатите праведници се од Адам, па до Неговата смрт на крстот.

Сеопфатен е нашиот преславен Господ, како со Својата видовита мисла, бидејќи мисли за сите и гледа се од жена родени, и над гробовите и во гробовите; така и со Својата љубов, бидејќи ги прегрнува душите на праведниците, без обѕир кое време или место ги крие; исто така и со Својот труд, бидејќи се труди за сите нив, сите да ги ослободи, да ги спаси, да ги воведе во царството и да ги прослави пред лицето на Својот Отец Небесен, Светиот и Животворен Дух и безбројните свети ангели. Господи, на Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.