|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 32> |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Енрике Иглезијас во експлицитен спот за песната “Sad Eyes“http://www.exclusive.com.mk/article_item.asp?artid=24759 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОПЕРСКИОТ ПЕЈАЧ АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОСКИ ОСВОИ ПРВА НАГРАДА НА НАТПРЕВАРОТ ARENA DI VERONA
Младиот македонскиот оперски пејач Александар Стефаноски ја освои првата награда насветски реномираниот натпревар за млади оперски пејачи „Arena di Verona“ што се одржа во Верона, овој месец. Стефаноски со освојување на првата награда ја доби и главната басовска улога на Колин во претставата „Боеми“ од Пучини, што ќе се одржи на 22, 24, 26, 28 и 30-ти јануари следната година во театарот Filarmonico (Arena di Verona). На натпреварот, што се одржа од 11 до 13-ти ноември, од пријавени 500 учесници, во финалето учествуваа 47 кандидати од целиот свет кои се натпреваруваа за престижната главна награда за учество во опери кои ги организира Фондацијата Arena di Verona. Натпреварот секоја година се одржува во просториите на „зимскиот“ театар на Arena di Verona-Teatro Filarmonico. СИТЕЛ Ајде една убава вест...Нека им се множат наградите на Македонците каде и да се... |
|
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jennifer Lopez ....На овогодинешното доделување на American Music Awadrs триумфираше младата ѕвезда Тејлор Свифт која со освоените пет награди го надмина и починатиот крал на поп музиката.
|
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
KAROLIN
Сениор Maкедонско девојче Регистриран: 28.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Критика до Радискиот фестивал Уште долго нема да ни биде јасно, кој вчера во Универзалната сала беше паднат од Марс? Едвај собраната публика, неколкуте залутани пејачи кои мислеа дека имаат хит, или сепак организаторите на МАРС, првиот Македонски радиски фестивал чија кратенка значи Македонска радио селекција. Водителите кои беа најдобриот дел од повеќе од скромното шоу цело време и се заблагодаруваа на прекрасната публика. А која публика? Неколкуте девојчиња фанови на "Некст тајм", новинарите и пријателите на организаторите. При крајот на месецот, не секој ќе оддели 200 денари по студеното време да се потера до Универзална и да гледа "шоу" кое директно се емитува на ТВ. М2 продукција, на времето кога бираше таленти не сметаше на заработка од продажба на билети. Делеа влезници по училиштата, а талентите си собираа свои другарчиња. Седиштата од партерот беа извадени, децата играа и фрлаа балони, и атмосферата беше барем весела. Тоа на радио "Марсовците" не им текнало да го направат. Рака на срце, имаше хитови што биле хитови. Но, имаше и пејачи за кои малкуте луѓе се чудеа кои се воопшто, и песни кои беа таму за да ја пополнат "хитовската" програма. За да не ги навредиме изведувачите кои не се виновни што се нашле на сцената вчера, нема да именуваме. Само ќе ги запрашаме организаторите: како се одредува кои песни се хитови, а кои не се? Според одлуката на радио станиците или според тоа кој е пријател, а кој непријател со газдите на телевизијата која го пренесуваше фестивалот? Каролина по долго време се појави со "Крај", Тони Зен го утепаа од вртење со "Спушти се доле", Слаткар со "ФМ", Калиопи по долго време испеја македонска песна "Мене ми е име", а има и уште песни кои заслужија да се наречат хитови. Најсмешен дел во целиот циркуз е што за наслушана песна од Хрватска избраа песна која е најавна шпица на сапунска серија! Хрватските глумици фала богу не дојдоа во празната Универзална! Организаторите веројатно сакале да направат радиски фестивали како во Србија и во Хрватска. Ама чуле и не дочуле. Гледале и не догледале. Гламур нула, шоу нула, забава нула. Скромна сцена, реклами на ТВ маратонски, а за тоа време никаква забава за гледачите во салата. Како на улица собрани деца, посетителите во салата си довикуваа едни со други, си се распрашуваа за спортските резултати, им довикуваа на водителите и свиркаа. |
|
vistinskipravoslavec
Група Регистриран: 24.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Hip Hop Spektakal Veles http://mmm.com.mk/?ItemID=99C6C6E3545D014D9829D61D2B1C5670
|
|
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај мене линкот не отвара...? |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вечерва прв солистчки хуманитарен концерт на Ламбе Алабаковски во Универзална сала - Да го обновиме Бигорски!
Изменето од Tetratka - 28.Ноември.2009 во 19:22 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
schumi
Сениор Регистриран: 13.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Камењата ќе се тркалаат повторно
Петок, 27.11.2009 | Музика Ако се' уште има некој кој верува секој еден пат кога Стоунси ќе кажат: „оваа турнеја ни е последна“, тоа и навистина ќе е така, тогаш тој не знае математика. И верува во глупости :) Ролинг Стоунс се враќаат на музичката сцена па така во 2010. ќе тргнат на 256-та проштална турнеја во нивната кариера. Океј, не е баш 256-та, ама приближно речено - тука некаде е бројката на турнеи кои бендот ги прави „за последен пат“. Рок дедовците последната голема турнеја ја завршија во 2007. и притоа заработија околу 300 милиони фунти, а сега се спремни да искешираат барем уште толку со уште еден патувачки носталгичен рок циркус најавен за догодина. Ова на јавноста наводно и го откри Екатерина Иванова, руската 20-годишна келнерка и девојка на 62-годишниот Рони Вуд, а која со изјавата наводно го налутила менаџментот на бендот говорејќи наоколу за плановите кои засега требало да останат тајни. Ма дај... Доброто е што иако Стоунси се и слушнати и видени, we just can't get enough. Па, ајде дедовци, ве чекаме :) Ај можда овој пат и кај нас ќе ги видиме Изменето од Анастеа - 01.Декември.2009 во 10:36 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
GOLEM HUMANITAREN KONCERT ZA POMOS NA EMIL NOVESKI
Дата:понеделник, 14 декември 2009 Време:20:00 - 23:00 Локација:KAVADARCI, sportska sala JASMIN Опис DA MU DADEME SANSA NA EMIL POVTORNO DA ZAIGRA FUDBAL. Pomognete i vie so vaseto prisustvo da se spasi eden nevin detski zivot. Повеќе за ова има на facebook |
|
Tony Clifton
Сениор Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 292 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СПЕКТАКЛ СО ЧОЛИЌ И СО ФЕТБОЈ СЛИМ НОЌТА НА 18 ДЕКЕМВРИ Без визи по кафеани до сабајле Идејата е, преку 24-часовното работно време и со најавениот спектакл на плоштадот Македонија, во манифестацијата "Бел ден" на граѓаните да им се овозможи комплетна слобода во славењето на историскиот ден за Македонија Кафеаните, дуќаните и културните институции ќе бидат отворени цела ноќ на 18 декември, следниот петок, спроти денот кога се слави паѓањето на Шенген ѕидот и денот кога, по 20 години, македонските граѓани ќе можат без визи да патуваат во Европа. Оваа иницијатива ја поведуваат неколку министерства во Владата, од каде што добивме позитивни мислења за нејзино остварување. Идејата е, преку 24-часовното работно време и со најавениот спектакл на плоштадот Македонија, во манифестацијата "Бел ден" на граѓаните да им се овозможи комплетна слобода во славењето на историскиот ден за Македонија.Организаторите на музичкиот спектакл "Литиум рекордс" најавуваат големи изненадувања - визуелни, технички, содржински зашто, како што велат, со оваа манифестација ја слават онаа народната "Да ти светне бел ден" што, практично, и доаѓа со укинувањето на визите. Како фанатици и перфекционисти, да не звучи како клише, тие најавуваат досега нечуено озвучување кај нас, и недоживеани видеоефекти кои ќе ги следат музичките настапи што ќе започнат во 19 часот, а ќе траат до 3 часот по полноќ. Главни ѕвезди се најголемата ексјугословенска поп-икона Здравко Чолиќ и еден од највлијателните денс-музичари во изминативе 20 години - британскиот продуцент, диџеј и пионер на електронската музика Фетбој Слим. Македонската публика со несмален жар децении наназад ги следи настапите на Чолиќ, кој како ниту една ѕвезда пред тоа го наполни плоштадот Македонија во 2008 година, кога настапи со британската поп-атракција "Шугарбејбс" за ребрендирањето на "Т-Хоме". Фетбој Слим е Норман Кук кој достигна огромна популарност во '90-тите, која не стивнува до денес. Светската кариера за него започна во 2002 во родниот Брајтон каде што, наместо очекуваните 60.000 посетители, на неговиот настап дојдоа 250.000 луѓе. Концертот стана настап на деценијата, а снимката од неговиот сет беше најпродавано микс цеде за таа година. Магазинот "Кју" го стави на листата на "50 настапи кои мора да ги видите пред вашата смрт". Од македонските ѕвезди, кои до вчера беа потврдени, во оваа спектакуларна ноќ ќе настапат "Влатко Стефановски трио", Владо Јаневски, Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски. Настанот е поддржан од сите поголеми македонски фирми. (М. За.) |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oригиналната постава на легендарниот бенд, но без фронтменот Џони Штулиќ на 29 декември ќе одржи концерт во Клубот Хавана во Скопје насловен „Поздрав до Азра“.
Идејниот лидер на проектот е тапанарот Борис Леинер, а покрај него ќе настапи и басистот Мишо Хрњак кој по десетгодишна пауза од свирење повторно ја зеде гитарата в раце за концертот во Скопје. На концертот во Хавана ќе им се придружат и многубројните пријатели и почитувачи на делото на Џони Штулиќ од Македонија. Во Хавана ќе прозвучат многубројните хитови на Азра како „Лијепе жене пролазе кроз град“, „Сунчана страна улице“, „Кад фазани лете“, „Клинчек стоји под облоком“, „Ужас је моја фурка“, „Крвава Мери“, „Обрати пажњу на послједњу ствар“ и уште многу други. Азра под тое име постои од 1977 година. Претходно членовите на групата настапувале под името „Балкан севдах бенд“. Во својата кариера имаат издадено 11 албуми и повеќе синглови. Последниот албум „Задовољштина“ Азра го сними во 1988 година, по што имаше само концертни настапи. Бендот не функционира во оригинален состав од почетокот на 90-те кога Штулиќ дефинитивно замина за Холандија, каде што живее и денес. Интересен факт што ја поврзува Азра со Македонија е тоа што Џони Штулиќ е роден во Скопје и неколкупати досега бара македонски пасош, но нашите власти одбиваат да го удостојат великанот на рок музиката. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бројни мали луѓе, на бројни мали места, кои прават бројни мали чекори можат ликот на целата планетата Земја - да го сменат.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |