IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Антони де Мело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Антони де Мело

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Антони де Мело
    Испратена: 26.Ноември.2009 во 23:49
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Деновиве по којзнае кој пат си ја препрочитувам “Новиот ден“ од Антони ДеМело.Книгата е од оние инспиративни книги на кои човек често се навраќа.Па така, и идејата за темава дојде од таму, и истава ќе ја започнам со извадок ...



Originally posted by Majkl Majkl напиша:

...За индиецот Антони Де Мело (поранешен језуитски свештеник, инаку исклучен од римо-католичката црква) имам извесна резерва, но тоа е мое приватно мислење а и темата не е тој.

...






Си земам право - ако смеам - да отворам тема за овој човек. Јас за него ова лето првпат (свестно) слушнав и тоа во јужна македонија (денешна грција).

Морам да ви кажам и како!

Покрај прекрасните води на егејското море - уште додека не се бевме запознале - уочив еден човек (немакедонец) кој на својот колкот имаше една голема лузна.
Првото што го помислев беше Јааков (синот Исааков) па се запрашав во себеси дали и тој во својот живот се борел така снажно против БОЖЈАТА Волја (како Јааков) и затоа ја задобил оваа повреда.

Запознавањето беше кога ја слушнав неговата (мислам постара) прекрасна ќерка како пробува да ги убеди своите родители за да и дозволат пластична операција.
Двете негови ќерки беа нешто постари од мојата но на ниедна од тие лепотици не можев да најдам ниедна надворешна маана, но затоа внатрешна. Храбро се приклучив во нивниот разговор небаре сме од еден татко и сме пораснале заедно. Тие малку се изненадија но веднаш ме прифатија во фамилијарниот разговор.
Беше жешко, но ништо неможеше да нè спречи да дојдеме до коренот на “проблемот“.
Така разговарајќи на девојката и се згади и и помина желбата за телесна промена

Нејзиниот татко - успешен правник, 10-тина години постар од мене - потврдно го поткрепуваше разговорот а при крајот почна да ме опсипа со комплименти, велејќи: “ти зборуваш исто како Антони деМело“ !

- Кој жабар тие па сеа тој, бе пријателе(?) ... го прашуам јас правникот. И тој му ја развржа! Почна да ми кажува како во животот бил голем “непрокопсаник“ како се противел на БОЖЈАТА Волја, како му се случила лична катастрофа, како преку болките на катастрофата Го побарал БОГА и излез од чорсокакот, како БОГ преку еден пријател му ги дарил книгите на Антони деМело, и тн. и тн.

Тоа беше летото. Пред некоја недела налетувам во библиотека на книги од Антони деМело и ги земам, но никако не ми се отвара да ги зачитам како што треба.
Пред некој ден прочитувам еден единсвен цел капител (глава) за љубовта и ми се бендиса бидејќи кореспондира со Оној (позитивниот)во мене грешниот.

После тоа налетувам на една реченица во која Антони вели дека; Буда бил тој што на генијален начин одкрил дека ние всушност патиме од нашата глава, од нашето сознание, со кое судиме и пресудуваме што е добро а што лошо и со тоа правиме да ни биде така како што ни è во овој свет.

Кога прочитав тоа, се замислив и се прашав; дали чоеков не ги прочитал првите страници на Библијата што тоа “одкртие“ му го препишува на Буда или се прави со сила ептем на “Тошо“!?   

Оттогаш па навака имам и јас - слично како Мајкл - една одреден резерва кон овој бездруго симпатичен автор на кого одсрце му поскаувам БОГ да му даде прекрасно место во Неговото Царство!   


Што вие знаете и мислите за овој ислучително симпатичен и надарен индијски “жабар“?


Поздрав до сите читатели







              

Изменето од spiros - 26.Ноември.2009 во 23:52
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 00:09
Антони Де Мело како текст е во секој случај интересен, јас ги прочитав од него „Будење„ и збирката поучни раскази „Дамари„. Порано повеќе читав такви книги, но сега сметам дека си го најдов својот пат низ Христовите откровенија во заедницата Универзален живот...

Некако тој тип на книги, не само Де Мело, туку и други од типот на спиритуална&есотерична литература: Сто и Осум - поетичниот телепатски диктат на Саи Баба низ Весна Крмпотиќ, книгите на Ошо, Шри Чинмој, Ричард Бах(мојот омилен писател некогаш), иако со убав стил напишани и некои од нив философски многу интересни, ми е... како да ви речам... многу општ(а за конкретни работи зборат!). Јасно на хартија, а во пракса не знаеш од кај да почнеш. Можеби некој имал сосема поинакви искуства, јас само го кажав своето - вие читајте што сакате во моментов.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 00:32

I jas ja imam citano knigata Budenje od Antoni De Melo.

Mene mi ostavi vpecatok eden drug pisatel, Og Mandino, koj svoite knigi gi protkajuva so Hristijanski duh.

Negovi najpoznati knigi se Najgolemiot trgovec na svetot,Najgolemoto cudo na svetot, 17 Pravila na uspesno ziveenje, Vrakanjeto na starinarot.

Mene licno povekje mi se dopagja Og Mandino.

Изменето од KINGDAVID - 27.Ноември.2009 во 00:32
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 10:01
Да, Ог Мандино...сите негови книги гиимам прочитано, а “Најголемиот трговец“ е една од најинспиративните книги во светот.

За АнтониДе Мело-незнам многу за човеков, и ова е единствената книга која ја читам од него.

Не можам да го ставам баш во ист кош со Саи Баба, Ошо, ниту пак со метафизичари од типот на Лујза Хеј. Ова повеќе ми е како да кажам, книга од тип на популарна психологија која се бави со “направи сам“. Тука ми се некаде (иако помалку или воопшто  не се “врзуваат“ за концептот Бог) и книгите на Дејл Карнеги кои и по децении и децении не губат на популарност.

Сега, се поставува прашање-што ви значи потеклото на авторот, ако неговото дело не се коси со вашите верувања и ви делува инспиративно?


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
vistinskipravoslavec Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vistinskipravoslavec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 11:53
Се мислев да ли да пишам,но се решив да пишам немам ништо 4итано од писателов и не ни практикувам да 4итам теории на некој си филозофии итн,

Јас минатата година про4итав книга вистината се вика
"Svedostvoto na sedumina mladi4i"
Книгата е вистината се што казуваат има потврда и со стих од библијата книгата,не мозе да се најде во библиотеки прили4но низ протестанските цркви,

де4ките биле во рајот и во пеколот тоа е страшно искуство таа книга многу ми го смени зивотот и да ви казувам ке зву4и глупо зш нема да ви доловам ништо од книгата ако сами не про4итате патем ако некој разбира шпански еве ви линк нивното сведоштво во емисија

http://www.youtube.com/watch?v=bg-tOx1fx0M
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 12:21
Pentakostalec, овде дискутираме стрикно за Антони Де Мело и неговите дела. Ако не си прочитал ништо од него, остави ги другите да разговараат.
Ако сакаш за други книги, оди кај Литература, Уметност, Култура...за да не се чудите после кога бришеме оф топици.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 00:59
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

... Сега, се поставува прашање-што ви значи потеклото на авторот, ако неговото дело не се коси со вашите верувања и ви делува инспиративно?

Воопшто ништо не ми значи потеклото на човекот иако во првиот пост на двапати го нареков индински “жабар“, тоа воопшто не беше омаловажувачко мислено!

Мене лично мие скоро во сè симпатичен - освен што одредени сознанија ги препишува на личности кои многу покасно ги откриваат истите (веќе древно постоечки сознанија) - а го ценам бидејќи преку своите книги сèуште успева на многумина да им биде потпора во животните кризи!

п.с. Ако некого повредив со насловувањето „индијски жабар“ за тоа жалам и го уверувам дека кон индијската, кон италијанската (“жабарската“) и секоја друга култура, немам ништо против!


Изменето од spiros - 28.Ноември.2009 во 01:03
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 13:27
А што праиме со Пауло Коелјо?

На моменти неговите дела изгледаат христијански, потоа малку пантеистички, анимистички, за после да забегаат во некоја недефинирана насока...



Изменето од Rita.MD - 28.Ноември.2009 во 13:27
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 13:48
Да, но тоа не значи дека треба да читаме книги исклучиво од христијански автори...Човек може насекаде да најде убавина, инспирација, мотивација, ако го бара тоа.

Ниту пак смее некој да ми забрани на пример да ја читам белетристиката на Ден Браун. Кога човек е изграден и знае во што верува, си го нашол својот пат не верувам дека некоја книга или филм анатемисан од црковни институции ќе му промени нешто.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 13:58
А што доколку човекот не е изграден и утврден?

Целта ми е дека треба да се познава до каде треба да се оди со довербата во некои автори (пр. ми се допадна "Ангели и демони", но "Кодот на Да Винчи" за мене е бласфемија).

Не треба на никој слепо да му се верува. Треба да се имаат во предвид вистинските библиски учења, за да не западнеме во некои погрешни доктрини.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 17:54
Kako chovek kje znae do kade da odi ako ne e izgraden i utvrden?

Rabotata e shto chovek sekogash odi eden chekor ponapred od onoa shto znae. Zatoa ima naukuvanje i napredok vo znaenjeto.

Toa go pravme site, vkluchuvajke ti i tebe, Ti nemashe da go zanesh ona shto go znaesh sega dokolku ostaneshe na onoa shto go znaeshe vo minatoto, neli?

I ako ostnaesh na ova segashnoto, a ne prodlzhish ponatamu, nema da go znaesh ona shto ne go znaesh sega.

Inaku za doverbata, ushte povekje za slepoto veruvanje, apsolutno si vo pravo. Ne treba nikomu da se veruva samo na zbor.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 19:47
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

А што праиме со Пауло Коелјо?

...


Посебно после такви зборови како во “Верноника се реши да умре“ кога со еден удар ги благословува сите сексуални практики освен педофилијата!

Ја познавате таа книга? Се работи за еден случај со една словенка која после обид на самоубиство завршува во една словенска клиника - бивша касарна - кадешто има најразлични профили на пациенти од бившата југославија ...

Ако морам да бирам помеѓу деМело и Куело, мислам дека не би го избрал бразилијанскиот “зајак“ кој што знае и убаво да пишува.   




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 23:22
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Inaku za doverbata, ushte povekje za slepoto veruvanje, apsolutno si vo pravo. Ne treba nikomu da se veruva samo na zbor.


Затоа верувам во делата и во животот на Христос. Тие, уште повеќе од Неговите зборови сведочат за Бог.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.