|
Габриела од Вирзбург...која е таа |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |||||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Ноември.2009 во 18:04 |
||||||||
me interesira licno ,bidejki gledam se povikuvate na nea ........nesto poveke za nea......
koja?sto e? kako zivee? ima li nejzina slika?kako pocnuva da se pojavuva vo javnost? ima li semejstvo? sto rabotela? so eden zbor nezina biografija ......i bi sakal da podeskutirame...za toa?moze? |
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Габриеле (со Е на крај) е родена 1933 година во близина на Аугсбург, живеела и работела во Минхен, а од почетокот на 70те живее и дејствува во градот Вирцбург, Германија(Würzburg - околу 80км јужно од Франкфурт). Му служи на Бога, Вечниот воедно и на други духовни битија(херувими, серафими и тн.) од Царството Небесно како пророчица веќе над 30 години. Задачата на пророкот е да го пренесува Божјиот и Христовиот глас до луѓето кои нив не можат да ги чујат бидејќи нивната духовна свест сеуште не станала доволно пропустлива за светлосните импулси. Кога луѓето масовно самите ќе станат Реч, нема да има повеќе потреба од пророци бидејќи тие директно ќе комуницираат со Христос. Преку пророците Бог го опоменуваше и го опоменува човештвото и го подучуваше патот за враќање дома - во Царството Небесно. Но денес, во ова наше време кое е воедно времето на крајот Бог за прв пат го подучува патот кон Бога во сите детали и ја излева сета вистина која може да се пренесе во писмо и збор. Значи Бог нејзе ја користи како инструмент т.е. еден вид духовен медиум(да не се меша изразот со спиритистички медиум - има битна разлика). Бог - Отецот нејзе ја нарекува во една објава: најголемиот пророк после Исус од Назарет. Таа меѓутоа не е никаков месија ниту женски гуру или водач на некаков њу-ејџ култ.
Скромно и релативно повлечено. Задоволна е со 1 соба од куќата каде живее со неколкумина мажи и жени. Не дозволува луѓето да и искажуваат почести бидејќи честа и славата му припаѓа само на Бога. Претежно самата си пере, чисти, ја средува градината и како вели со особено задоволство готви за своите браќа и сестри. Нема свој шофер, и не е платена за пророчката служба како што ни Исус не земаше плата за својата.
Веројатно има, ама во нејзината лична карта или пасош. Фотографија тешко дека ќе најдеш од нејзе. Таа е мошне скромна особа и не сака да се истакнува како личност. Луѓето понекогаш се склони фотографиите на разни личности да ги обожаваат како идоли а тоа би водело кон кршење на првата Божја заповед „Немај други Богови освен Мене!„ Во една прилика кога ја замолиа за фотографија таа тоа го одби прашувајќи по смисла Кој е побитен да се истакне - инструментот или музичарот кој го користи инструментот за да создава музика? Така е и со неа. Таа како личност е небитна, Бог и неговата порака која стигнува низ гласните жици на инструментот т.е. пророкот е оноа кое е битно, тоа е оноа кое би требало да не` интересира и уште поважно да се трудиме да го живееме.
Тнр. продор на Внатрешната Реч и се случил на 6 јануари 1975 година. Потоа откровенијата стигнуваа секојдневно. Најпрвин Христос и еден од чуварите на законот, Херувимот на божествената Мудрост(подоцна за луѓето наречен Брат Емануел) ја подготвуваа за пророчката служба. Всушност таа беше подготвувана низ повеќе инкарнации, бидејќи пророкот мора да ги искуси висините и длабочините на човечкото јас за да може потоа своите ближни да ги разбере и соодветно духовните закони да им служи . Тоа е еден долг и мошне мачен трнлив пат. Но сега беа потребни да се поминат последните подготовки а воедно и самата да го изоди патот кон Бога(тнр. Ватрешен Пат - Поблизу мој Боже до Тебе) кој потоа преку нејзе ќе се подучува. Имено пророкот мора најпрвин самиот да го оствари во пракса т.е во сопствениот живот оноа кое ќе го дава понатака во јавноста, било низ писмо или збор, оти едно е јас да раскажувам како се готви, друго е самиот да готвам - сликовно кажано. Првите објави се случиа пред само неколку луѓе, нејзиниот сопруг и некои познаници. Потоа Христос ја одведе до една молитвена група, во еден стан во Нирнберг каде 10-20 луѓе се собираа на заедничка молитва. Таму Духот почна да дава објави на различни теми. Габриеле беше мошне повлечена личност кога стануваше збор за говорење пред повеќе луѓе, па така и ова беше еден вид подготовка. Во 1977 година за прв пат се случи преку нејзе откровение пред поширока публика една сала на железничката станица во Вирцбург - сето тоа претходно најавено низ плакати и огласи во весник. Неколку месеци подоцна се оформи здружение со назив „Исус Христова мисија за водење во Татковината„ - Луѓето почнаа се повеќе да доаѓаат, некои си заминуваа. 1984 година тоа здружение прерасна во верска заедница со назив „Универзален живот„. Следбениците на таа заедница се нарекуваат прахристијани и Христови пријатели. Но онака како што низ историјата сите божји пророци беа исмевани и клеветени(некои мачени и убивани) така и се случи и на нејзе. Низ медиумите по некое време се огласиа и црковните тнр. „ополномоштеници за секти„ од римо-католичката и евангелистичката црква на кои не им пречеше да изнесат без аргументи куп клевети на сметка на пророчицата и прахристијаните, воопшто не водејќи сметка за моралната и материјалната штетата која ја предизвикаа со тоа. Христос за сето тоа уште на самиот почеток ја предупреди имено дека ќе мора да го носи „крстот„. Габриеле во почетокот долго време и се противеше на пророчката служба, го молеше со сите сили Бога да не ја нарекува своја пророчица, да си најде друг инструмент - бидејќи таа е само обичен човек, мора да постојат далеку покомпетентни, го молеше и во јавните објави да не зборува ништо неубаво за црквата и теолозите но Духот Божји во тие работи остана неумолив. Огромната трема чудесно исчезнуваше кога Бог ќе проговореше низ нејзините гласни жици и низ целата сала моќно одекнуваше откровението. Првата половина на 1980те години почнува да се шири низ целиот свет преку радио, телефонски преноси, книги, подоцна интернет, сателитска тв и тн... 1988 година Бог преку нејзе склопува нов сојуз за Царството на мирот на Исус Христос, со заветната заедница „Нов Ерусалим„ која се наоѓа во Вирцбург. За сево ова може уште многу да се збори но ќе оставам ако има прашања...
Сопруг и ќерка.
Книговодител во една фабрика, мислам текстилна.
Нејзината кратка автобиографија може да се прочита во книжето „Пат кон космичката свест„ а биографија(со поголем осврт на нејзината духовна активност) во книгата на Р. Вагнер: „Бог говореше и говори низ неа: Животот и мислата на божјата пророчица во времето на големи промени„. А понешто за својата младост дознаваме и низ дијалогот со група млади во брошурата Пророк бр.10 „Младиот и пророкот„. Изменето од Majkl - 25.Ноември.2009 во 01:07 |
|||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Зошто си убеден дека Габриеле ја зборува вистината, што те наведува да бидеш сигурен дека токму Духот зборува преку неа и дека е таа навистина Божји инструмент?
|
|||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Dokolku vekje javno izjavila deka ne saka nejzina slika da bide javno objavuvana togash doblesno e da se pochituva taa nejzina zhelba.
Ne e vazhno kako izgleda, tuku shto govori. Изменето од Messenger - 25.Ноември.2009 во 16:40 |
|||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Маран Ата сакав да ти пишам во л.п. но сандачето е преполно.
Значи не е проблем самото по себе фотографирањето како процес, не се работи за суеверие - и не е спорно дека постои фотка, само велам дека потешко може да се најде и дека таа замоли да не се ставаат. На почетокот на книгата „Пат кон космичката свест„ која почнува со нејзина автобиографија постои мал нацртан портрет под кој пишува: „Вечниот потврдува цртеж со јагленче, меѓуотоа не фотографија„. Изменето од Majkl - 25.Ноември.2009 во 17:35 |
|||||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
dali e se uste vo brak?---prorocicata?
|
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Изменето од Majkl - 25.Ноември.2009 во 18:58 |
|||||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
ne ja znaes ,semejnata(dali e vo brak ) sostojba ....za osoba sto ti go prenesuva ......najbitnoto-objavite od boga?
mnogu e bitno......bidejki se potencira deka e ,,glas,,.....zatoa molim te kazi mi......dali e vo brak,ili bila ...bidejki ima kerka...... i dali imal prilika nekoj od vas vo mk....sledbenicite da ja vidi vo zivo? Изменето од aladin - 25.Ноември.2009 во 19:25 |
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Изменето од Majkl - 25.Ноември.2009 во 21:28 |
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
„Габриеле е многу воздржана кога се работи за нејзе самата ... Кога авторот на оваа книга заедно со уште неколку пријатели ја замоли за фотографија која би била објавена во оваа книга, Габриеле тоа го одби со овие зборови: - Не треба да се осврнуваме на човекот, туку мораме да го оствариме она кое ни го кажува душата и човекот кој се свртел кон Бога. Освен тоа фотографиите честопати можат да бидат во спротивност со внатрешното зрачење. Поради тоа Габриеле вели дека не треба да ја фотографираат. Кога потоа ја замоливме за некаков надворешен знак, прифати тоа да биде цртеж низ која можеше само да се насети ликот на Габриеле, без да ја прикажува детално.„ Изменето од Majkl - 25.Ноември.2009 во 22:33 |
|||||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
pa bitno e bidejki ...po plodovite ke gi poznaete.....ako nekoj edno propoveda a drugo pravi vo licniot ili privatniot zivot......me svakjas li????
zatoa me interesira pred se za sekoj,,prorok,,........licniot privatniot zivot. ne stanuva tuka zbor za ..javna licnost od svetot na politikata ili glumcite,,pa da ima pravo na -----,,privatnost,,,........ glas bozji e strasna rabota........zatoa mi e bitno.......se bi rekol vo deta;lj.....za privatniot zivot na nekoj koj mi se predstavuva za prorok..... dali bila vo nekoja verska zaednica-predhodno,odnosno kako se vikala grupata na koja ,,duhot,, ja priklucil?sto raboti soprugot? zosto imeto na ...(verskata zaednica)sledbenicite se menuva???? zosto i kako e izbran prviot naziv? dali celo vreme e vo bracna zaednica(pred posle i za vreme na otkrovenijata)...... od kade konkretno finansii za site proekti koi gi sproveduva?radija,vesnici,knigi? itn..... ti obekjavam deka nema da i se klanjam na slikata nejzina,no sakam da vidam kako izgleda licno......a i vo tekot na dobivanjeto na ,,otkrovenijata,,.....bez losa namera.......... Изменето од aladin - 25.Ноември.2009 во 21:34 |
|||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Зборовите „по плодовите ќе ги познаете„ меѓу другото значи и какви резултати дава тоа учење некому доколку сериозно го следи. Тоа веќе секој сам мора да си провери за себе.
Појма немам. Всушност мислам дека прочитав некаде оти бил инженер но не ме држи за збор. Нејзиниот сопруг не е пророк.
Тоа здружение меѓутоа со своите активности се прошири и прерасна во меѓународна верска заедница. Зборовите „Универзален Живот„ укажуваат на Универзалниот Дух кој е вистинскиот живот а тоа е Бог. Тоа е воедно на кое се укажува во учењетои на заедницата(значи не на пророкот). Овој назив мене ми е и пократок и попрактичен. Суштината меѓутоа останува непроменета. Универзален живот е динамичка верска задница во постојана еволуција, како што и во Бога - Вечниот Дух се` е во постојана динамика и еволуција значи нема застој, статика. Тоа се одразува и на надворешните форми како на пр. името.
Многумина прахристијани во Германија имаат отворено свои претпријатија(издавачки куќи, пекари, ресторани, фризерници, трговски центар, клиника, и тн.). Добар дел од нив редовно даваат донации(некои повеќе некои помалце, некои воопшто не даваат). За радио емисииите најпрвин никаде не можеше да се најде за скромна сума(бидејќи во почетокот беа десетици прахристијани без многу средства). Но Христос кажа дека набргу ќе почнат самите да приоѓаат нудејќи бесплатни услуги. Така и се оствари. Стотици радио канали бесплатно ги емитуваа и емитуваат емисиите составени од прахристијаните како и снимките или директните преноси од откровенијата.
Околу неа, претежно спроти неа седат многу луѓе со столчињата поставени најчесто во полукруг или круг. Очите и се затворени, но е во потполно будна состојба(при вистинска објава пророкот не смее да паѓа во транс) двете стапала го допираат подот, со исправен грб и кога почнува објавата гласно (а повремено тивко) зборува Христос низ нејзе, на пр. „Со поздравот на Небесата стапувам меѓу вас! Бидете утешени, Животот владее од векови до векови...„ или „Јас сум Речта и Речта е во Бога, а Бог е Реч. Кој има уши за слушање тој нека чуе...„ или „Мирот небесен ви го донесувам!„... Траат од неколку минути до 1-2 часа. Изменето од Majkl - 25.Ноември.2009 во 22:36 |
|||||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
dobro..........ke vidam za franfurt.......
a sega ti vidi ....dokolku sakas prasaj ja prorocicata dali i e poznata slednava adresa i zosto.......(dokolku ne moze nejze ,prasaj nekoja od zenite do nea): Gardeschützenweg 71-101 12203 Berlin pozz....... |
|||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Моето мислење за оваа жена е исто со Библиското:
Матеј 7:14-24 Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат. Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. 18 Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган. И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.” Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’ И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен. Од кого да се пазиме? Чии зборови да ги слушаме? 2 Тимотеј 4:3-4 Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки. Јован 14:6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.(Jesus said to him, “I am the way, and the truth, and the life. No one comes to the Father except through me.) Исус е Патот. НЕ е НАЈДОБРИОТ пат, туку ЕДИНСТВЕНИОТ. Дела Ап.: 4:12 Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.” Изменето од Rita.MD - 25.Ноември.2009 во 23:10 |
|||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||||||
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |