|
Астрономија |
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Автор | ||
rose13
Нов член Регистриран: 14.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
vi preporacuvam eden dokumentarec se vika journey to the edge of the universe.go imat davano na national geographic..obv da go gledate.a za razgovori za astronamijata sekogas sum tuka.
|
||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јупитер е петтата планета од Сонцето, и убедливо најголема во Сончевиот систем. Покрај Јупитер има уште три гасни џинови во сончевиот систем - Сатурн, Уран и Нептун. Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол. Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина (1.068 соладни радии од центарот на сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитационо влијание доминирало во еволуцијата на сончевиот систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторијална рамнина, мнозинството кратко-временски комети припаѓаат на Јупитеровата фамилија (резултат од Јупитеровата маса и релативната брзина), Кирквудовите дупки во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитер, дури и се смета дека е можно да е одговорен за касното тешко бомбардирање на внатрешноста на сончевиот систем. Некои го опишуваат сончевиот систем како Сонцето, Јупитер и останатите парчиња. Некои го опишуваат Јупитер како правосмукалка на сончевиот систем поради огромната гравитациона сила.Колку и да е импресивна јупитеровата маса, забележани се дури и помасивни планети вон сончевиот систем. Не постои јасно разграничување помеѓу огромните масивни планети како Јупитер, и кафените џуџе - ѕвезди, и покрај тоа што вторите имаат доста специфични спектрални линии. Во поново време, ако супермасивен објект е над 12 јупитерови маси, односно доволно масивен за да може да согорува деутериум, тогаш тој се смета за кафена џуџе ѕвезда; под таа маса - планета. Јупитер има максимален можен дијаметар за планета со таков состав; додатна маса би резултирала со понатамошна гравитациона компресија, што теоретски води кон отпочнување нуклеарна фисија и создавање нова ѕвезда. Ваквото размислување било повод некои астрономи да го наречат Јупитер "пропадната ѕвезда", иако Јупитер треба да биде дури седумдесет пати помасивен да би можел да стане ѕвезда.Јупитер, истотака ротира најбрзо од сите планети во сончевиот систем. Комплетна ротација околу сопствената оска прави за нешто помалку од 10 часови. Како резултат има екваториална дефомација што лесно може да се види дури и низ аматерски телескоп од Земјата. Јупитер е перцептивно покриен со слој облаци, составени од кристали на амониак и можеби амониум-хидросулфиди, и возможно е воопшто да нема никаква цврста површина. Неговото најпознато обележје е Големата Црвена Дамка, олуја поголема од Земјата што за прв пат била набљудувана од Галилео пред четири века. Изненадувачки, математичките модели укажуваат на тоа дека оваа олуја е стабилна и можеби трајна карактеристика на планетата. Во 2000-та, три помали дамки се споија и формираа една поголема , наречена "Oval BA", која подоцна доби црвена боја многу слична на Големата Црвена Дамка. Јупитер околу својата оска се завртува за 10 часа а околу Сонцето за 11,86 години.Најпознати сателити на Јупитер се:IO,EUROPA,GANYMEDE,CALLISTO. |
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
So tuku gi duplirate temive, ako Vazna bar malce raszgledala na forumov ke videse deka ima takva tema (neli istrazuvala)...
Kako so gledam ne ni komentirala neso mnogu tuki i pokraj nekolku mesecnoto istrazuvanje... Bar nekoja tema za muabet da nacnese, da ne se svedit se na copy-[aste muabet ama ako e samo za da se zgolemi brojot na temite od Vazna togas eve i od mene edno linkce- Astronomija pa tuka moze da si najdete, ne samo za Jupiter tuku i za site pogolemi i pobliski nebesni objekti da ne pravam prosto copy-paste |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе престанеш ли веќе со твоите ,,умни мисли,,? Колку што знам не си модератор и не се мешај во нивната работа! Престани! И во темата на Дарко и во мојата(што беше)...твоја ли работа е да кажуваш која тема е дупла и твоја ли работа е да кажуваш да не пишуваме километарски постови копи паст?!
Астрономијата е наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: планети, сателити, комети, астероиди ѕвезди и галаксии. Некои позначајни настани од историјата на астрономијата се следниве: 335-323 година п.н.е. Аристотел, грчки природонаучник и филозоф ја поставил Земјата во центарот на вселената. Се до 16 век постоело верување дека тоа е навистина така; 137-145 година п.н.е. Птоломеј, грчки астроном во својата книга Алмагест ги забележал позициите на 1080 ѕвезди и ги поделил на 48 соѕвездија. Неговиот систем се задржал 1400 години; 1543 година Никола Коперник, полски астроном во својата книга „За движењето на небеските тела“ го поставува Сонцето во центарот на вселената; 1596 година Тихо Брахе, дански благородник го објавува својот голем каталог на ѕвезди составен помеѓу 1575 и 1595 година со точни позиции на 700 ѕвезди; 1608 година, првиот телескоп (веројатно за воени потреби), го пронаоѓа данскиот научник Ханс Зипершеј; 1609 година, движењето на планетите по елиптична патека го востановил германскиот астроном Јохан Кеплер и со тоа го урнал верувањето дека планетите се движат околу Сонцето по кружна патека; 1610 година, Галилео Галилеј, италијански научник ги открил сателитите на Јупитер, Млечниот Пат, Сончевите пеги и кратерите на Месечината; 1667 година, Исак Њутн, англиски научник го открива законот за гравитација кој управува со небесните тела, со што ги поставува темелите на современата астрономија; 1705 година, Едмунд Халеј, англиски астроном успешно го предвидува во 1758 година враќањето на кометата која по него го добила името; 1781 година Вилијам Хершел, англиски астроном го открил Уран и неговите четири сателити, како и двојните ѕвезди. Тврдел дека Сончевиот систем се движи низ системот на Млечниот Пат; 1846 година Јохан Гале го открил Нептун; 1849 година се снимени првите фотографии за ѕвезди на Хардвардската опсерваторија во САД; 1907 година Алберт Ајнштајн, германски физичар открива дека масата може да се претвори во енергија. Тоа довело теоријата дека Сонцето сјае поради спојувањето на атомите на водородот во хелиумот; 1919 година, хипотезата за ширење на вселената ја изнесел американскиот астроном Весто Слифер; 1929 година, американскиот астроном Едвин Хабл пронаоѓа цврсти докази за ширењето на вселената; 1930 година, откриен е Плутон од страна на американскиот астроном Клајд Томбоу; 1965 година, вселенско заднинско зрачење на ЗК го откриле Американците Арно Пензиас и Роберт Вилсон; 1967 година, првиот пулсар кој го открила Џослин Бел; 1986 година, вселенска сонда Џото ги испратила првите слики на јадро на комета; 1990 година Хабловиот вселенски телескоп е лансиран во орбитата; 2001 година најголемиот телескоп на светот, VLA; |
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...ako ne e nejzina ,moja e!
ajt u politika,ostavi gi zvezdite neka si lutaat...
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koj mi kazuva za moderatoski raboti... pa za nivno mesanje... I ne stanuva za umni misli ili neumni, rabotata e vo toa sto ova e forum, i nekako normalno e da se vodi diskusija okolu nekoja tema, a ne da se nafrlaat podatoci od wiki i ne samo sto se nafrlani tuku, gledas li kakvi kilometarski postovi si pastirala na istorija, i daj zar stvarno veruvas deka nekoj gi procita do kraj I za kraj ne se plasi za moite umni misli, imam pravo da si kazam sto mislam i zasto taka, a ako nekoj od moderatorite misli deka mojot post ne e na mesto slobodno neka go trgne i taka dosega nikagas se nemam pozaleno zasto nekoj post ne mi go istavile i kaj mi gi snemuva, a so ogled na toa sto do sega nitu eden moderator ne se pozalil na mene ni javno ni preku lp mislam deka seuste nemam zabegano od kolosekot, so ne sum sigurna za drugite ... Pozdrav i imaj ubav den p.s. i te molam nemoj da mislis deka poradi mene ti ja izbrisale temata, mamamd koga togas ke zabelezese deka taa tema e dupla i bez moe ukazuvanje, bidi sigurna vo toa |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Важна, зошто си таква? Зошто не прифаќаш критика? Па навистина имаше иста таква тема. Што е важно дали ти си ја отворила темата или некој друг? (Дали сакаш со тоа да се правиш важна?)
Исто и за пастирањето на текстовите. Во ред е да се пастира некој текст, но да е по краток и по можност да се остави простор за дискусија по истиот. Зарем мора на тој начин да се возвраќа? Штодека Сани не е модератор. Секоја добронамерна критика е добредојдена, без оглед дали е од модератор или член. А ова од Сани беше токму тоа! Затоа, наместо да се препирате(ме) ајде да зборуваме за астрономијата. Еве, како прво, дали на пример ти имаш телескоп, дали набљудуваш некои небесни објекти, дали си нашла некои од нив (на пример Орионовата маглина, галаксијата Андромеда ...), потоа може да се дискутира за движењата на Земјата на пример (еве, дали знаеш колку движења прави Земјата) ... и такви некои работи! Р.Ѕ. Мислам дека ќе ја прифатиш оваа моја доборонамерна забелешка! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Moze jas da kazam? |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ili aj da si zborime za astronomijata i religijata
|
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќути ма ти, немој да поткажуваш! Дали сте знаеле дека Земјата прави неколку движења. Овде ќе наведам неколку (кои јас ги знам) : ротација – вртење на Земјата околу сопствената оска 24 h револуција – годишно движење на Земјата околу Сонцето 1 година нутација – брановидно движење на земјината оска 18,6 години луни-соларна прецесија – конусовидно движење на оската на Земјата 26.000 години под влијание на месечевото и сончевото гравитациско привлекување планетарна прецесија - привлекување од планетите ккое влијае на „клацкање“ на земјината орбита „горе-долу“ Еве, за почеток од мене толку, а |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шо убо си праша и сам си кажа
И кажи дека последните две со едно име се викаат ПРЕЦЕСИЈА Ај јас да прашам нешто... Дали знаете од што зависат годишните времиња т.е. поради што настануваат? Ај да ве видам |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еј има од Охрид на форумов? Ај си напрајме едно астрономско друштвенце кај нас?
|
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќути ма! Белким некого ќе го навлечам на темава!
Да кажам или да те оставам ти да си кажеш, па јас да ти се смејам! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...vo golema prednost ke bidete,za razlika od drugite vo RM...mozete na dnoto na ezeroto da postavite teleskop i taka...da gi posmatrate zvezdite od SITE galaksii..!duri moze i vselenski BROD od istata luka da ispratite vo .....
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |