IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонците од Егејска Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонците од Егејска Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 40>
Автор
Порака
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 16:20
А зошто много села на Егеjска Македониjа народот ги назива како "Мала Софиjа"?
Зошто е овоj феномен, кога отсекогаш македонци и бугари се различни и немаат ништо општо?

Мала Софија )е име на локалитетите примени надвор од границите на модерната Бугарија, кое се користи за да го истакне на населението бугарскиот силен национален идентитет. Поимот најчесто се однесува на села во она што се денес на Република Македонија (Вардарска Македонија) и во Грчка Македонија (Егејска Македонија). Во контекст на Македонија, овие села често лежеа спротивно на гркомански и србомански области.

Името Мала Софија беше искористено пеjоративно од гркоманското и србоманско население, како и од Српската и Грчката вооружена пропаганда, а подоцна и овие народи и органи во некои делови на регионот. За локалното. бугарско идентификување на населението, името дојде да биде симбол на етничка гордост.

# Горно Броди (Горно Броди, Горно Brodi), Префектура Серес, Грција
# Idroussa (Долно Котори, Долно Kotori), Префектура Лерин, Грција [3
# Vasiliada (Загоричани, Zagorichani), Костур, Грција [4] [5] [6]
# Баница (Баница, Баница), Префектура Лерин, Грција [8]
# Xino Нерон (Екши Су, Ekshi Su), Префектура Лерин, Грција [9]

Мала Софиja

Изменето од Македон - 18.Ноември.2009 во 18:35
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 16:31
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

А зошто много села на Егеjска Македониjа народот ги назива како "Мала Софиjа"?
Зошто е овоj феномен, кога отсекогаш македонци и бугари се различни и немаат ништо општо?

Мала Софија е име на локалитетите примени надвор од границите на модерната Бугарија, кое се користи за да го истакне на населението бугарскиот силен национален идентитет. Поимот најчесто се однесува на села во она што се денес на Република Македонија (Вардарска Македонија) и во Грчка Македонија (Егејска Македонија). Во контекст на Македонија, овие села често лежеа спротивно на гркомански и србомански области.

Името Мала Софија беше искористено пеjоративно од гркоманското и србоманско население, како и од Српската и Грчката вооружена пропаганда, а подоцна и овие народи и органи во некои делови на регионот. За локалното. бугарско идентификување на населението, името дојде да биде симбол на етничка гордост.

# Горно Броди (Горно Броди, Горно Brodi), Префектура Серес, Грција
# Idroussa (Долно Котори, Долно Kotori), Префектура Лерин, Грција [3
# Vasiliada (Загоричани, Zagorichani), Костур, Грција [4] [5] [6]
# Баница (Баница, Баница), Префектура Лерин, Грција [8]
# Xino Нерон (Екши Су, Ekshi Su), Префектура Лерин, Грција [9]
Мала Софиja


Како што и пишува, давани се не од народот, постојат македонски имиња за сите овие места, туку од Грците и Србите, за егзархистите места.
За народот тоа ништо не значи, затоа што народот имал сопствени имиња за тие места.


Изменето од Македон - 18.Ноември.2009 во 18:36
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 16:44
Грците ке нарекуваат село со името "Мала Софиjа"?
Што много им се допаѓало сигурно(како и денес), та во миг на омилениjе крштавале селото со име на наjголемите си врагови?!?
И дали Георги Баждаров не знае, дека е од Горно Броди, па има и книга напишана за него?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 17:00
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Грците ке нарекуваат село со името "Мала Софиjа"?
Што много им се допаѓало сигурно(како и денес), та во миг на омилениjе крштавале селото со име на наjголемите си врагови?!?
И дали Георги Баждаров не знае, дека е од Горно Броди, па има и книга напишана за него?


Грците имаат и место Неа Месемврија ( Нов Несебар ), крстено според Несебар, нека не те чуди тоа.
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 17:11
Имаат, зошто тие се прогонетите од Анхиало и Месемвриjа(Поморие и Несебар) во отговор на грчките колежи во Егеjска Македониjа.
Мислам два пати постирав слики од тие настани,според грчките статиситики 30000 грци се протерани од Бугариjа.
Примерот нема врска, различно е.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 17:50
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Имаат, зошто тие се прогонетите од Анхиало и Месемвриjа(Поморие и Несебар) во отговор на грчките колежи во Егеjска Македониjа.
Мислам два пати постирав слики од тие настани,според грчките статиситики 30000 грци се протерани од Бугариjа.
Примерот нема врска, различно е.


Лавче самиот збор "пејоративнo", значи дека потценувачки се викани тие места така од Србите и Грците.

А да не забегавме од темата?збунетост Сепак темата е за Македонците од Егејска Македонија.збунетост
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 18:07
Мислиш не знам што е пеjоративно?
Сега ке се навредуваме на општа култура?
Сепак надвор од границите на модерната Бугарија, кое се користи за да го истакне на населението бугарскиот силен национален идентитет



Изменето од Македон - 18.Ноември.2009 во 18:39
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 18:11
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Мислиш не знам што е пеjоративно?
Сега ке се навредуваме на општа култура?
Сепак надвор од границите на модерната Бугарија, кое се користи за да го истакне на населението бугарскиот силен национален идентитет


Kaде виде навреда? Повели, цитирај навреда од моја страна.
Во однос на тоа што го тврдиш, те молам, дај ми доказ дека македонскиот народ така ги нарекувал тие места.

P.S. За Крушево и слично, ќе си говориме на соодветната тема, оваа е за Македонците од Егејска Македонија.


Изменето од Македон - 18.Ноември.2009 во 23:14
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 00:18


OОН замолени да формираат обединета Македонија и да го запрат теророт на Грците ( бурундарите ) врз Македонците. Статијата е објавена на 15.11.1946 година.



Известување од Битола за грчкиот терор врз Македонците и за состојбата со бегалците во еден од македонските центри за помош на Македонците во НР Македонија, 09.07.1945 година



Статија за грижата на Југославија и НР Македонија за 30 000 бегалци од Грција, 30.07.1949 година



Реакциита на раководството на НР Македонија за трагедијата на Македонците во Грција


Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 22:21
Уште една масовна гробница на македонските борци од Егејска Македонија, овојпат на македонска територија...


Катланово- македонска драма од граѓанската војна во 1948-1949 година.

За црните траги на таа стравична и крвава епопеја, живо сведоштво беа и стотината Македонци, преживеаните Македонци борци во ДАГ кои викендов се собраа во Катлановска бања, со запалена свеќа и црковен помен да им оддадат должна почит на учесниците и жртвите на тој братоубиствен колеж.

- На овие Катлановски ридишта, пред 60 години се одвиваше последаната драма за спас на луѓето кои со голи гради јуришеа на монархо-фашистичките бункери во Грција, бранејќи ја слободата и демократијата на својот народ, - изјави во своето обраќање пред присутните Ѓорѓи Ајановски од Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Преку 6.500 ранети и осакатени борци на Демократската армија на Грција, Македонци и Грци, во периодот од 1946 до 1949 година во време на најжестоките битки, преку илегали гранични премини, мински полиња, снежни вијулици, влечени во дрвени носилки и коњски запреги, беа донесени во Катлановска бања каде што беше организирана прифатна болница, во обидот да бидат спасени нивните голи животи.

Многумина од нив никогаш не стигнаа до крајната цел, околу 250 ранети борци умреа во текот на самото лекување, а на над 2.500 партизани беа извршени оперативни зафати, од кои повеќето останаа тешки инвалиди.

Партизанските болници за лекувањето на борците на ДАГ во Македонија биле формирани по договорот Јосип Тито - Никос Захаријадис и на барање на грчката Комунистичка партија, Југославија да ја помогне борбата со оружје, храна и медицинска помош.

Еден од организаторите на изградбата на партизанската болница, во почетокот лоцирана на Пониква, Осогово, а потоа префрлена во Катланово и Јасеново, познатиот првоборец Раде Гогов-Црноречки, кој ги пренесува сеќавањата на хирургот Вељко Мајсторовиќ и неговите соработници ангажирани во лекувањето, морничави описи за работата на лекарите. Во недостиг на основни болнички услови, хируршки инструменти, лекови, опивки, завои, се извршувале тешки и сложени опоерации, кои често завршувале со трагичен крај. Бидејќи болниците работеле тајно, далеку од очите на јавноста, а поради обвинувањата на монархо-фашистичката влада дека Југославија и Македонија директно ги помагаат „бандите на ДАГ“, голем број од починатите борци биле скришно погребувани ноќе на околните ридови на Катлановска бања, без никакви обележја на нивните гробови. Притоа често се случувало по силни поројни дождови, телата на закопаните да се појават на површината и да станат плен за изгладнетите пци и врани.

И покрај ваквите сурови околности, благодарејќи на високиот хуманизам и пожртвуваност на лекарскиот и на болничкиот персонал, илјадници животи сепак биле спасени. Некои од преживеаните беа присутни и на поменот во Катлановска бања, дојдени да посведочат со своите длабоки рани за стравотиите и ужасот на воените пустошења. Во тие нивни рани, сите Македонци ја препознаваат и споделуваат болката на целиот македонски народ од Егејска Македонија во неговата херојска борба за слобода и национали права.

- За жал, болката станува уште поголема и посилна од сознанието дека за нас Македонците, последиците од таа војна се уште траат, а вистината за нејзиниот хероизам и слободарски идеали, грубо се искривува и негира, - продолжи Ајановски - Затоа, наш човечки и национален долг е никогаш да не го заборавиме величието на таа крвава епопеја и што поскоро, во чест на сите учесници и жртви во граѓанската војна, да се реализира иницијативата за изградба на споменик во Катланово, инцијатива што сите македонски здруженија од Егејска Македонија подолго време ја водат. Нека им е вечна слава на имените и безимените херои за македонска правда и слобода!

Извор: Матица на иселениците
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2009 во 13:48

Не сум Бугарка, ниту Гркинка, јас сум Македонка

Во 1946 година бев уапсена како и другите членови на организацијата НОФ и АФЖ, бидејќи бевме предадени од шпиони, гркомани. Во полициската станица во селото не мачеа. Не префрлија во полиција во Соровичево. Таму уште повеќе не мачеа. Не можејќи да ги издржат тешките измачувања некои им подлегнуваа на маките и умираа. Не однесоа во Лерин и не изведоа пред Воен суд. Бев осудена на една година затвор. Другите на повеќе, а многу Македонци беа осудени на долгогодишен или на доживотен затвор, но и на смрт. Во затворот видов ужасни работи, кои ми останаа во трајно сеќавање


Корнелија Мракова Пејовска е родена во 1928 година во село Пателе, Леринско.
"Дома - вели Пејовска - зборувавме на македонски јазик, зашто бевме Македонци. Грчкиот јазик го научив кога почнав да одам во грчко учи лиште. Баба ми и мајка ми не знаеја грчки. Само татко ми знаеше, бидејќи имаше завршено основно грчко училиште, а знаеше и бугарски јазик, зашто одел и во бугарско училиште. Надвор беше забрането да се зборува на македонски јазик. Но, и покрај забраната, луѓето зборуваа на својот јазик", вели Корнелија.


3.000 ЛИЦА ТРАНСПОРТИРАНИ НА ПУСТИТЕ ОСТРОВИ НА ЕГЕЈСКО МОРЕ
Во октомври 1940 година почнала Грчко-италијанската војна, наречена Албански фронт. Во неа учествувале многу Македонци. Многумина од нив загинале бидејќи Македонците биле на првата линија на фронот.
"На почетокот на 1941 година татко ми беше интерниран, заедно со многу други Македонци. Околу 3.000 лица беа собрани од леринските села и транспортирани на пустите острови на Егејското Море. Татко ми беше на островот Хиос. Во многу тешките услови многумина од нив се разболувале и умирале. Во април истата година Германците ја окупирале земјата. Кралот и Владата побегнале. Бевме под окупација на Германците. Како и во другите земји, така и тука почна да се развива народноослободително движење против фашизмот. И во нашето село се формираа антифашистички организации, ЕАМ и ЕПОН. Бев зачленета во младинската организација ЕПОН. Слободно зборувавме на македонски, формиравме наша власт, народни одбори, народни судови и имавме намера да отвориме училишта на македонски јазик. Но, во 1945 година се врати монархофашистичката влада и кралот и почнаа да вршат терор врз македонското население".


ВО ЗАТВОРОТ ВИДОВ УЖАСНИ РАБОТИ
Еден летен ден во 1945 година, како што раскажува нашата соговорничка, во нивното село дошла многу војска од Соровичево и наредила сите селани, и младо и старо, да излезат сретсело.
-Излеговме сите, на една страна беа мажите, а на друга жените. Прво почнаа да ги малтретираат мажите, читаа имиња од еден список, ги тепаа и ги затвораа во училиштето. Еден офицер со пендрек в раце поминуваше покрај собраните жени. Слушнав една гркоманка кога му рече на офицерот: Фатете ја таа со белата јака на фустанот, таа е бугарска даскалка. Се приближи до нас и погледот го впери во мене, ми нареди: "Ти, излези малку понапред". Направив како што ми нареди. Налутено ме праша: "Што си ти? Бугарка ли си?" Не се исплашив, се држев храбро и му одговорив: "Не сум Бугарка, ниту Гркинка, јас сум Македонка". Разлутен офицерот ми удри силна шлаканица, но не паднав, се задржав на нозе и продолжив да му одговарам: "Не сум Бугарка, ниту Гркинка, јас сум Македонка. Затоа што моите родители се Македонци, и дедо ми и баба ми се Македонци и од дедо прадедо сме Македонци. Тука Грци нема, Грци сте вие кои дојдовте сега да не апсите и да не тепате". Тој уште повеќе се разлути и ми се развика: "Па, уште продолжуваш да зборуваш". Се втурна да ме зграпчи за да ме тепа. Жените кои беа зад мене ме повлекоа назад и се исправија пред офицерот. Постарите жени не го знаеја грчкиот јазик. Една од нив ги крена рацете нагоре и му се развика на офицерот: "Зошто го мачиш чупето?". Тој беше вчудоневиден од отпорот на жените. Другите жени ме истуркаа назад и ми велеа да бегам. Со трчање се сокрив во една стара куќа и така се спасив. Но, во 1946 година бев уапсена како и другите членови на организацијата НОФ и АФЖ, бидејќи бевме предадени од шпиони, гркомани. Во полициската станица во селото не мачеа. Не префрлија во полиција во Соровичево. Таму уште повеќе не мачеа. Не можејќи да ги издржат тешките измачувања некои им подлегнуваа на маките и умираа. Не однесоа во Лерин и не изведоа пред Воен суд. Бев осудена на една година затвор. Другите на повеќе, а многу Македонци беа осудени на долгогодишен или на доживотен затвор, но и на смрт. Во затворот видов ужасни работи, кои ми останаа во трајно сеќавање", вели Пејовска.


ЈА УНИШТИВМЕ КАРАУЛАТА НА ВЛАДИНАТА ВОЈСКА
Дошол денот кога таа, заедно со група младинци од нејзиното село, заминала в планина. Ги воделе двајца партизани. Оделе цела ноќ. Преку планина Висима дошле до селото Сетина. Ги сместиле во една куќа за да се одморат и им дале да јадат. Група партизани им посакала добредојде.

"Нашата група, заедно со воденскиот одред во кој беше и Султана Танка Гинова, ја нападна караулата на владината војска, која се наоѓаше близу до Крушоради. Војниците беа изненадени од нашиот напад и почнаа да бегаат, без да дадат отпор. Им ја уништивме караулата. Акцијата беше успешна. Со овие одреди учествував во многу битки. Учествував и во акциите на одредот на Парпула, кој дејствуваше и на овој терен, напаѓавме полициски објекти и вршевме мобилизација на младинци", посочува Пејовска.

Според кажувањата на Пејовска, крстосницата кај Воштарани било најопасно место за поминување, таму секогаш им биле поставувани заседи, но вешто ги избегнувале. Партизаните морале да контактираат со селата во окупираната територија. Не смееле да ја прекинат врската со народот, која им бил од голема корист. Народот во нив го гледал спасот. Селата Сетина, Попадија и Крушоради постојано биле напаѓани од владините војски и од бурандарите кои биле стационирани во Воштарани. Ги малтретирале селаните, ги ограбувале, ги апселе. Не можејќи да го издржат теророт жителите од овие села биле принудени да ги напуштат своите домови. Во 1948 година, преку северната граница преминале во Југославија, односно во Демократска Република Македонија, со надеж дека еден ден ќе се вратат во родните огништа.

Извор: Вечер


Изменето од Македон - 12.Декември.2009 во 13:48
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 00:07

Грчки весник ги брани Македонците

Виктор Цветаноски

Кој не го видел пченкарниот леб и црвените пиперки што ги јаде Македонецот, тој не знае колку страда тој поробен народ

„Колку автомобилот се симнува кон полето, толку потисната, помолчалива се претставува пред нашите очи Западна Македонија. Потисната и окована... Овде птица да прелета помеѓу смреките се смета дека е во прашање национално-ослободително движење. Веднаш одредите, војводите, шпионите и нивните избрани полјаци се во акција. Плачот на македонските села не' следи по целото наше патување. Приземните куќи потсетуваат на мизерниот живот на нивните жители.

Кој не го видел пченкарниот леб, црвените пиперки што ги јаде Македонецот, кој не ги видел нивните деца што ги коси маларијата, кој не го слушнал платеникот учител, закрвавениот националист со каков презир зборува за племето што му е дадено да го воспитува... И кој не видел врзани за дрва Македонци да повраќаат крв... да признаат каде се комитите, кој не го забележал Гркот џанадар како тепа жена и деца со дивјаштво на канибал, тој не знае колку страда тој поробен народ“.

Овие извадоци од оваа потресна репортажа не се напишани од македонски, туку од грчкиот новинар Кондос од весникот „Ризоспастис“. Неговите записи кажуваат повеќе од што било во каков пекол живееле Македонците во времето кога грчките власти правеле се' да ги протераат од нивните огништа или да ги грцизираат.



Овој весник на грчките комунисти целосно ќе се стави на страната на македонското малцинство. Неговите новинари немаат никакви дилеми околу македонскиот национален идентитет. За нив Македонците не се ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби. Репортерот на „Ризоспастис“, кој ќе ги посети Лерин и Костур во една своја репортажа пишува дека се во заблуда сите оние кои тврдат дека во Егејска Македонија живее бугарско или, пак, во Пиринска грчко малцинство. „Не е вистина. Во Македонија под Бугарија, Грција и Србија не постојат ниту Грци, ниту Бугари ниту Срби. Постојат само Македонци. Доволна е една обична посета во местата и планините на Македонија (Костур, Лерин) за да го сфатиш тоа. Тој одговор го добиваш уште од нивните обичаи и природа, кои воопшто не се грчки, ниту бугарски, ниту српски...“, пишува весникот. „Немаме работа со Грци, или Бугари или Срби во Македонија, туку со македонски народ, со македонско малцинство кое, и покрај сите удари, и покрај сето угнетување, си го чува своето економско и национално постоење и својата посебна култура“, заклучува на крајот.

„Ризоспастис“ посочува пример на тројца Македонци кои убиле предавник во нивното село поради тоа што работел за грчките националисти и постојано ги тормозел жените. Сите тројца биле осудени на смрт. Кога на еден од нив му ја прочитале пресудата и кога кажале дека е роден во Лерин и дека е Грк, извикал: „Не, не, јас сум роден во Софија, но не сум Бугарин, ниту, пак, Грк, јас сум Македонец“.

Репортерите на „Ризоспастис“ пишуваат и за невидената експлоатација што се врши врз Македонците. Во 1931 година во Костур биле осудени 13 Македончиња поради тоа што продале еден товар дрва. Обвинителот ги обвинил дека „продаваат скапо, обувки не носат, пченкарен леб и пиперки имаат, па според тоа немаат потреба од пари“.

Весникот пишува и за тоа како некои националистички организации продавале Македонки, исто како да продаваат овци. За пример ја наведува продажбата на една девојка од Рупиште во Лерин за 3.000 драхми. Купувачот дал 1.000 драхми во готово, а другите во полиси, во кои било наведено дека купил овци.

Според пишувањето на грчкиот весник, во сите села во Леринско крстосувале одреди кои, наводно, бркале комити, а всушност го тероризирале македонското население. Одред од 40 војници го сардисале селото Горничево каде што бил фатен припадник на ванчомихајловистичката ВМРО. Цената ја платило недолжното население, кое било тепано и измачувано. Тогаш биле опљачкани селата Сетина, Забрдени и Крушоради. Ако некој од селаните протестирал, власта дозволувала да биде ликвидиран. Весникот соопштува дека тогаш четворица Македонци од селото Врбен биле однесени во Лерин и без никаква причина тепани до полудување. Повод била пронајдената бомба на железничката станица, која подоцна се утврдило дека останала од Првата светска војна.

Најстрашни биле деновите кога се одржувале избори. Националистичките партии ги заплашувале селаните дека ќе им ги изгорат селата ако не гласаат за нив. Во времето на владата на Венизелос бил подготвен список од 800 македонски семејства за протерување. Откако се спротивставиле велејќи дека не сакаат да ја напуштат земјата на нивните прадедовци, протерувањето било одложено. Меѓутоа, по завршувањето на изборите, не само што биле изгонети сите 800 семејства, туку уште 200 Македонци биле протерани затоа што се запишале во Обединетата македонска организација.



Поради тешките економски услови, многумина млади Македонци заминувале на печалба. „Од Леринска околија емигрирале илјадници... Сите тие се наоѓаат во Австралија, Јужна и Северна Америка, дури и во Нов Зеланд има Македонци. Нивните писма оттаму се камшик и оган. Тагуваат за Македонија, копнеат за родните села и се колнат за своето ослободување“, пишува „Ризоспастис“. Притоа, наведува неколку примери како македонското население било присилувано да емигрира. Некој со чифлик-сајбија ја држел за себе единствената чешма во селото и не им давал вода на сиромасите. Една чорбаџиска фамилија од Пателе со провокации пратила стотици жители на сувите острови и во затвори. Некој Парцинас со пушка в рака постојано го тероризирал сиромашното население на Горничево итн.

„Ризоспастис“ во септември 1934 година од селото Лешница, Серско, пишува за случај како грчките власти интернирале двајца Македонци на Крит затоа што побарале на свадба да се испее македонска песна. На силен терор биле изложени и регрутите-Македонци во грчката армија. Поради тоа што зборувале на својот мајчин македонски јазик, биле ужасно измачувани на вежби и со принудни работи и за најмал прекршок затворани.

Грчкиот весник објавува повеќе писма на Македонци во кои ги искажуваат своите маки. Син на Македонец заминат на печалба им пишува дека во Леринска околија постоела „црна книга“ со над илјада имиња на македонски печалбари на кои грчките власти не им дозволувале да се вратат дома. „Сите тие Македонци кога побараа да се вратат во својата татковина и отидоа да вадат документи во еден грчки конзулат, слушнаа од конзулот дека за нив „не постои татковина, ниту фамилија, ниту ништо, бидејќи се комунисти“, пишува тој во писмото.



Заштита од „Ризоспастис“ бара и Македонецот Ламброс Имануил од Косинец, Костурско, кој бил испратен на заточение на островот Анафи. Во селото имал бакалница и уште во 1903 година на неа поставил табла на која пишувало „Продавница Костенеци“, како што се викало селото пред да го прекрстат грчките власти. Отишол кај него полицискиот началник од Д’мбени и му рекол да го промени името на таблата и да напише друго кое што сака. Го ставил името на нивната планина Малимади. Арно ама, и тоа не им се бендисало, па еден ден дошле во бакалницата четворица полицајци. „Ме фатија за раце и нозе, на мои 65 години, и ме однесоа во Костур, без да ми дозволат да се поздравам со жена ми, која е пред смрт, и внучињата да ги видам, ниту облека да менам или да земам“, се жали Ламброс, подвлекувајќи дека ги депортираат на сувите острови како најлоши злосторници, иако 24 години грчки зборувале, грчки пишувале на грчки ги школувале нивните деца, во црква поповите на грчки им проповедале и законите најпослушно ги почитувале. „И, на крај, што ли друго да направиме, нека ни речат властите ќе го направиме и тоа и да си останеме мирни“, пишува од заточение Ламброс.

Извор: Утрински весник
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 18:27
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 00:39
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,113 секунди.