|
Патријарх Павле... |
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Автор | |||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На интернет прочитав неколку занимливости:
- вистинското име му е Гојко Стојчевиќ(соодветно православната традиции подоцна е променето) роден 1914 г. во славонското с.Куќанци во Хрватска(во тоа време дел од Австро-Унгарската монархија), - како ученик по веронаука имал оценка 2, повеќе ја сакал математиката и физиката - никогаш не излегол на било какви политички избори освен кога се гласаше за новиот устав на Р. Србија на референдумот во 2006 година |
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа е променето бидејќи тој е монах... на чинот на монашење човекот духовно се преродува и затоа добива ново име... има тема монаштвото... таму поопширно |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Tetratka, ti blagodaram shto odgovori na molbata.
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Погоре напишав дека не знам за Павле... но еве се потрудив
да научам нешто ....иако можеби е малку касно ........
Во српскиот народ патријархот Павле ќе остане запаментен по своите мудри проповеди и совети, како што е на пример, неговата позната мисла: "Кога човекот ќе се роди, целиот свет се радува, а само тој плаче. Но, треба да живее така што кога ќе умре, целиот свет плаче, а само тој се радува!" Бил скромоен човек со големо срце. Знаел да се вози со тролејбус, сам себеси си ја крпел мантијата, си ги поправал чевлите, знаел да работи како столар, кројач, сам укоричувал книги... Поради својот кроток и богопосветен живот, православните верници низ светот го сметаат за жив светец и наследник на Свети Сава - пишува весникот "Ало".
Уште како дете тој останал сираче, бидејќи родителите на рамо му умиреле, па малиот Гојко Стојчевиќ (вистинското име на патријархот) го чувале, баба му, тетката, а потоа и стрикото. Поради својот ситен раст и кревката конструкција, тој не можел да ги поднесе тешките земјоделски работи во родната Славонија, па семејството одлучило да го школува. По нивна сугестија, тој запишува богословија, но паралелно студирал и Медицински факултет. Бидејќи немал доволно пари за школување и издржување, работел во Белград разни работи на градежни објекти. Монашкиот живот го почнал во овчарско-кабларскиот манастир, каде го добил монашкото име Павле, а за кусо време станува јероѓакон. Најголемиот дел од својот световен живот, цели 33 години, ги минал во Косово и Метохија, делејќи ја мачната судбина на својот народ. Епископ рашко-призренски станува во 1957 година, оставајќи длабок печат врз црковното живеење и работа, како и оргоман доверба и почит кај верниците. Србите од Косово не го забораваат неговото трпение и смиреноста при бројни понижувања и шиканирања од иредентата. Бил омилен меѓу поглаварите на бројни православни цркви, а особена почит кон него имал рускиот патријарх Алексеј Втори. Патријархот оставил и свој тестамент, каде меѓу другото пишувал и каде сака да биде погребан. Како патријарх, тој би требал да биде погребан во Пеќката патријаршија, но тој постојано говорел: "Каде смртта ќе ме снајде, таму и гробот да ми биде".... |
|||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да види патријархов каков раздор направи на темава, во гроб ќе се подзаврти.
|
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тетратка, во ред, твој став и твоја работа, и почит кон тоа, но ако не ти е тешко, во име на дискусијата те молам објасни 1.зошто го нарекуваш патријархот Павле свет, ако не е прогласен за светец, 2. и зошто мислиш дека ќе се моли за тебе ако сега е во стадиум на митање? Поздрав |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Имам слушано за него дека во својата ташна носел лампа од 40 вати и кога ќе дошол (патувал исклучиво со јавни средства за колективен превоз) на некој состанок што се одржувал во некоја просторија кадешто имало лампа од 100 вати, тој ја менувал лампата за да штеди електрична енергија!
БОГ да го прости и воведе во најголемото Блаженство. АМИН |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Марија макгалена (моја омилена модераторке п.с. комплимент) Траба да научиш што е схоластика и од кока започнува канонизацијата како акт за прогласување на светост - и треба да ги научиш разликита на Источната и Западнта црква - и тогаш ке разберешзашо така напишва
А тоа со митарење - тоа се глупости во боја ... Патриархот со неговиот Живот во Христа е доволен доказ за неговата светост - ако не знаеш кој е - има доволно емисии за него; тука имаш линкови можеш да погледнеш... Култот кон еден светец самочнува на денот на неговото преминување - а не на актот на канонизација... Ние се сме Рим... ние не сме поклоници на западната схоластика/... Неговиот живот и неговите дела доволно зборуваат за него... Јас го почитувам и нема да чекам некој да го канонизира за јас да побарам од него молитвена помош... п.с. Многу ми е чудно како од толку прекрасни коментари на темава токму се зафати за мојот спор со некој (изворен) што сака да ја уништи темата... И јас спомнав дека тоа е мој став - јас го почитувам патриархот како свет човек - за тоа зборуваат неговите дела - пак ке повторам - имате доволно линкови да се запознаете накратко со неговиот живот во Христа и неговиот живот според Библијата... и да прашам - има ли некој друг од неистомислениците да се пофали со таков човек??? Има ли тука некој друг (од неистомислениците) да посочи човек кој за Христа претрпел толку како него... Гледајте ги емисиите... па човекот цел живот јаде умерено и посно... Човекот служи(ше) секој дневно Божествена литургија... Човекот сам си ја шиеше својата облека... Дури и своите искинати обувки - добро се гледа дека сам ги крпел и поправал... Знаете ли вие која е таа скромност - и сето тоа за Христа!!! Не заборавајте дека беше Патриарх - знаете ли која моќја има патриархот!??? Знаете ли колку пари има патриархот - а тој оди бос и необлечен за Христос... Знаете ли дека не се вози у скапи коли - а со градски транспорт... Кога беше најтешко на браќата срби - патриархот сам без никој го посетуваше косово - знаете ли колку пати сам во воз е малтретиран од терористите на учк??/? Кажите (вие неистомисленичи) некој ваш што толку претрпел за Христа??? Тој е свет и нема што да се чека ... |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
п.с.
Пред да го навредувате патриархот добро е да ги прочитате овие неколку страници за неговиот живот |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Tetratka, незнам зошто мислиш дека го навредувам патријархот, не би се осмелила туку така да навредувам било кој-за кого незнам ама баш ништо. Освен ова што сте го напишале за него на претходниве страници.
И не дека се “фатив“ за спорот, туку просто поставив прашање кое спонтано произлезе од твојот пост. Ако не сакаш, не одговарај. Друго, што сакаш да кажеш со ова “ А тоа со митарење - тоа се глупости во боја ... Патриархот со неговиот Живот во Христа е доволен доказ за неговата светост - ако не знаеш кој е - има доволно емисии за него; тука имаш линкови можеш да погледнеш...“ Не веруваш во митарствата? |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бидејки тој патријарх нема врска со МПЦ, не е наменет за мак православни верници.Затоашто мак православните не беа признати од него. Не ми е јасно и после неговата смрт зошто му се гребете? |
|||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кога читам коментари како тие на изворен не можам да се изначудам...
Ти ли се нарекуваш христијанин? Зарем за Христос постојат граници и тој луѓето ги дели според етничка припадност??? Не верувам дека е така! Марија_магдалена - Митарствата се “митарства“ - за некои постојат за некои не! - тоа е друг проблем и друга тема... |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
значи постојат повеке видови православие. |
|||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |