IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Историја ( како наука )
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историја ( како наука )

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Историја ( како наука )
    Испратена: 16.Ноември.2009 во 14:15
Темата ја отварам овде во наука, бидејќи во подфорумот Историја и не можеме да ја согледаме основата на Историјата освен да водиме кавѓи против бугарите и слично. Значи целта ми е да ја објасниме историјата и важни историски настани, како е поделена во периоди и општо.

За почеток да го согледаме прашањето...

1. Што е историја?

Зборот и поимот историја потекнува од грчкиот збор ( историа ) и во основа значи испитување, иследување, расказ, познавање за она што е испитано. Грчкиот историчар Херодот од Халикарнас ( 484 - 424 г.п.н.е. ), зборот историја го употребил за именување на сопствената книга " Историја ". Во ова дело, за првпат, наместо митското прикажување, доминира рационалистичкото толкување на минатото. Токму затоа, големиот римски говорник Цицерон го нарекол Херодот " татко на историјата ". Поимот историја во себе содржи две општи определби: 1. Ги означува историските настани ( односно појави во животот ) и 2. означува дека историјата е наука, предмет, струка која ги проучува тие настани. Опишувањето на историјата во научна смисла се нарекува историографија, а луѓето кои ја проучуваат историјата, историографи или најопшто историчари. Историјата е општествена наука која има разновидни научни и општествени задачи. Доколку го проучува минатото на еден народ или држава ( на една етнополитичка заедница ) ја нарекуваме национална историја, наспорти општата историја која го проучува минатото на повеќе народи, држави или на општеството во целина.




Изменето од DDarko - 16.Ноември.2009 во 14:27
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 14:22
Поделба на историјата...
Историјата на човештвото се дели на пет периоди, и тоа:
1. Праисторија ( предисторија )
2. Стар век.
3. Среден век.
4. Нов век.
5. Најнов век.

1. Праисторијата е најстариот и најдолг периот во развитокот на човештвото. Праисторијата се дели според материјалот од кој се изработувале орудјата. И тоа: камено време кое се дели на палеолит, мезолит и неолит и метално време.
2. Стар век е времето се до петтиот век. Во овој век живееле народи со високо научно достигнување.
3. Среден век започнува од петтиот век се до осумнаесетиот. Обележан е со гоелмата преселба на народите и племињата во Европа, кога се поставуваат темелите на современа Европа. Времето на хуманизам, ренесанса...
4. Новиот век започнува од 1789 г. со Француската буржаска револуција и завршува со почеток на првата светска војна и тоа во 1914 година.
5. Најновата историја го опфача периодот од првата светска војна до денес.

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 14:31
Нешто за историските извори и сметањето на времето на народите.

Историски извори се:
1. Визуелни извори ( постери, слики, цртежи, фотографии, филм, мапи, материјални археолошки пронајдоци ).
2. Усна или орална историја.
3. Писмени извори ( натписи на камен на дрво на глина, папируси, аналите, хрониките ).
4. Аудиовизуелни извори.

Евреите го сметале времето од настанокот на светот ( 3760 г.п.н.е ), Хелените според владеењето на архонтите, а подоцна според Првата Хеленска олимпијада ( 766г.п.н.е ), Римјаните од настанувањето на градот Рим ( 753г.п.н.е ), Христијаните од раѓањето на Исус Христос, а муслиманите од 622г. ( Хиџра, година кога пророкот Мухамед преминал од Мека во Медина.)
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 14:35
Еволуцијата на човекот...

Од Avstralopitek до Homo Sapiens Sapiens.



За половите законитости кај човекот од историски аспект: во камено време во времето на Палеолитот владеел матрихатот, а подоцна патријахатот.
Луѓето почнале да се делат на сиромашни и богати по настанувањето на родовите и племињата. Ордата е најстар крвен род.


Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 16:49
Добра тема Дарко. Многу ме интересира историјата, посебно периодот кога владееле Филип Втори,Александар Македонски и Самоилсреќа


Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 16:53
Филип II Македонски (382-336 п.н.е.) бил крал на Античка Македонија (владеел 359-336 п.н.е.) и татко на Александар Македонски, со Олимпијада, и на Филип III Аридеј. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

Роден во Пела во 382 год. п.н.е., тој бил најмладиот син на Аминта III и кралицата Евридика. Во младоста (околу 368-365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да седне на македонскиот трон во 359 п.н.е.. Оригинално назначен за регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, тој ќе успее целосно да ја превземе власта.

Наскоро по доаѓањето на власт извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила. Најпрвин, во 358 п.н.е. го скршил отпорот на локалните племиња и ја проширил својата власт до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја завземал aтинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак). Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета и таа веќе се употребувала во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженува со Епирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип II го освојува Кренид, и го преименува градот во Филипи. Тој истотака ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. го освојува атинската колонија Метон, при што ќе го изгуби едното око.

Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од Атињаните во Термопиле, 352 п.н.е.. Во таа година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продрe јужно, туку ќе ги освојува источните региони доаѓајќи до реката Хебрус (словенско име Марица).

Во 349 п.н.е. Филип II ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз кон Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранско Море. Во 342 п.н.е. Филип презел успешен поход против Скитите на север.

Во 340 п.н.е. го освоил Перинт а во 339 п.н.е. Визант со што империјата достигнува до Црно Море. Подоцна пак се вратил кон неговата стара цел - освојување на Грција. Во битката кај Херонеја во 338 п.н.е. Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани, и им подигнал споменик на Тебанците поради нивната храброст. Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта, биле приморани да го потпишат Општиот Мир диригиран од Филип II Македонски. Условите на мирот биле: да не војуваат меѓусебно,склучување на сојузи, менување на политичкото уредување, стапување на служба во туѓи држави, објавување на војна на секој кој ќе го прекрши Мирот. Иако со овај договор им давал автономија на полисите и не ги ставал директно под македонска власт тие биле зависни од Македонската држава со бројните ограничувања и немањето на надворешна политика. Филип бил избран за водач (хегемон)т.е за политички и воен водач. Со Општиот Мир и обезбедената заднина од можни востанија во Хелада тој започнал големи воени подготовки за походот што планирал да го превзеде против најголемата тогашна империја Персија, но во времето на нивниот тек во 336 п.н.е. бил убиен во заговор на дворецот (најверојатно од неговите грчки непријатели платени од персијците).

http://www.kirilica.com.mk/userfiles/image/27.07.2008/Filip-vtori-vo.jpg


Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 16:58
Александар Македонски или Александар III Велики   (Пела, Македонија, 20 јули 356 п.н.е.Вавилон, 10 јуни 323 п.н.е.) бил крал на Античка Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.. Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на старогрчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи немакедонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде „светска држава“.

Александар се родил од првиот брак на Филип со епирската принцеза Олимпија во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот хекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос и тоа во шестиот ден, во кој е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот: “Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар”. Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата. Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со Зевс (Зевс-Амон, Зевс-Најос) и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог-заштитник за нејзи-ното семејство и нејзината идна плодност. Филип пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите, и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал, ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од обата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставила неизбришлива трага врз него.Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”. Меѓутоа Филип на Александар му должел многу повеќе од едно кралство.

Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со себеси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го следел развојот на неговата силна индивидуалност.

Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш бил околу четириесет години и сѐ уште бил еден од најистакнатите ученици на Платон, далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија. Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме, а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа и генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла на Хелените.

Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.

Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема варварите, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години.

Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал варварин, се научил да ја почитува културата на Хелада и сонувал за распространување на таа култура на Исток по патеките на неговата победничка војска. Развитокот на грчката трговија и размножувањето на грчките трговски места во Мала Азија создале економска можност и оваа област да стане член на Македонското Царство и Александар се надевал дека од ова место ќе зрачат само Македонската и Хеленската култура, но тој ја потценувал тромоста и отпорната сила на источниот дух, а и големината и длабочината на источната култура. Најпосле тоа било младешко вообразување, кога тој мислел дека една така незрела и нестабилна култура, како што била хеленската може да се наметне на некоја друга култура која била неспоредливо пораширена и имала корен во традициите достојни за најголемо почитување. Квантитетот на Азија излегол премногу крупен спрема квалитетот на Хелада. Во моментот на најголемата слава, во Александар победил духот на истокот. Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персиската круна и се облекувал како персиските кралеви, го вовел во Европа источниот поим „крал по милост Божја“ и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опивал до бесвест, која подоцна го довела и до смрт.

Александар станал крал на Македонија во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст, откако неговиот татко Филип II бил убиен. Грчките градови како Атина и Теба, кои морале да му се покоруваат на Филип, виделе можност да си ја повратат целосната независност во доаѓањето на младиот крал. Александар на тоа брзо се спротивставил, и Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. По ова, Грчките градови, на собирот кај Коринтскиот теснец, со исклучок на Спартанците, го избрале за командант против Персија, како што претходно бил и татко му Филип.

Следната година (335.п.н.е.) Александар ги нападнал Тракијците и Илирите за да ја обезбеди северната граница на Македонија до Дунав. Додека тој победнички војувал на север, Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово: Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотијски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.

Армијата на Александар ги минала Дарданелите со околу 42000 војници од Македонија, разни грчки градови-држави, како и платеници и пратеници од Тракија, Пaјонија и Илирија. По почетната победа против Персиските сили во битката кај Граник, Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес Бодрум во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес - Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна Анталија-Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа, и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.

Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на Дариј 3. во битката кај Ис (денес во Турција, на границата со Сирија) во ноември 333. год.п.н.е. Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му Сисигамбa и непроценлива количина на богатство. Подоцна, тој му понудил мир на Александар, предавање на сите земји кои овој веќе ги освоил и откуп од 10000 таленти за своето семејство. Александар му одговорил дека бидејќи сега е тој крал на Азија, тој ќе решава за поделбата на земјата. Продолжувајќи по брегот на Средоземното море ги освоил градовите Тир (денешен Либан) и Газа по познатите опсади. 

Во 332.год.п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите сили кон Египет. Во таа 332. и следнатa 331. год., Александар бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на Амон (египетски бог на сонцето, грчки: Зевс) од Египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон-Зевс како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал Александрија во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на Птолoмејската династија.

Напуштајќи го Египет, Александар продолжил кон Асирија и на 01.10.331.год.п.н.е. го победил Дариј уште еднаш во [Битка кај Гавгамела | битката кај Гавгамела](веројатно близу до Мосул, денешен Ирак). Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана (денешен Иран).

Потоа Александар тргнал кон Вавилон. Од Вавилон, Александар се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос), а потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска да го опљачка богатството на градот. За време на нивниот претстој во градот, избил пожар во палатата на Ксеркс и се проширил низ остатокот од градот.

По освојувањето на Персеполис, Александар ја продолжил потерата по Дариус. До тогаш, Персискиот крал веќе бил заробен од Бесус, неговиот Бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар наближувал, Бесус наредил да го убијат Дариј, а потоа се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс 5. и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар. Со смртта на Дариј, Александар ја прогласил осветничката војна за завршена, и ги ослободил своите грчки и други сојузници од својата војска, но им дозволил на доброволците да останат како платеници.

Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бесус, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар низ повеќе делови на денешен Авганистан и Таџикистан. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени: Бесус во 329., а Спитамен во 328г.п.н.е.

После смрта на Спитамена и бракот со Роксана (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како например Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40,000 воини биле заробени.

Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30,000 борбени кочии, 38,000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. Кога поглаварот на Масага загинал во битката, команда над неговата војска ја преземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според к*ртис, Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.

При крајот на битките кои ги водел Александар во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено Аорнос. Александар постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири дневна крвава битка Александар го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.

Пишувајќи за битките на Александар против Асакеносите, Виктор Хансон вели: Иако им ветил на опколените Асакеноси дека ќе им ги поштеди животите ако се предадат, тој ги погубил сите војници кои биле заробени. Нивните упоришта во Ора и Аорнус исто така биле разрушени.

Сисикотос, кој му помогнал на Александар во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус.

Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326 г.п.н.е.

После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел. Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал Букефал, во чест на неговиот коњ кој го донел него до Индија а загинал во Битката кај Хидасп. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката Инд.

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќното царство на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај реката Биас одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.

После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фатоми). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62[1]

Александар, после состанокот со неговиот офицер Коенус, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела.[2] Неговата војска, мислејќие дека нивниот крал е мртов, ја завземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците.[3]. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење [4]. Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).

Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата владетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 г.п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа во Индија.

Патувајќи за Суса, Александар открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците, и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. Но, војската не ги разбрала неговите намери и се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени Персиски обичаи, како и воведувањето на Персиски офицери и војници во војската. Александар ги погубил водачите на бунтот. Во обид да воспостави трајна слога помеѓу македонските и персиските граѓани, организирал и масовна венчавка помеѓу македонските офицери и персиските и други благороднички од Суса, но изгледа мал број од тие бракови траеле повеќе од една година.

Неговите обиди да ги обедини македонската и персиската култура вклучувале и македонска воена обука за персиските момчиња. Повеќето историчари веруваат дека Александар ја усвоил и титулата Шаханшаш (што значи „Крал на Кралевите“).

Се мисли и дека Александар сакал да го освои и присоедини и Арабискиот полуостров, но оваа теорија не е потврдена. Се претпоставувало и дека Александар може да се упати на запад и да ги нападне Картагина и Италија.

По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство, неговиот најдобар пријател, и веројатно љубовник, Хефестион умрел од болест, или можеби од труење. Александар тагувал по умрениот пријател 6 месеци.

На 10 или 11 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. Постојат различни теориии за причините на смртта. Некои сметаат дека Александар бил отруен од синот на Антипатер или од некој друг. Друга теорија е дека починал после пијанствата претходните денови. Други сметаат дека починал од маларија од која се има заразено во 336 г.п.н.е.

Непосредно пред неговата смрт, неговите генерали го запрашале кој треба да го наследи неговото царство. Бидејќи Александар немал очигледен и легитимен наследник (неговиот син Александар IV ќе се роди после неговата смрт, а неговиот претходен син бил роден од страна на негова конкубина, не жена), тоа било прашање од голема важност. Постојат повеќе дебати за тоа што им одговорил Александар на своите генерали. Некои веруваат дека Александар рекол, "Кратисто" (што значи "на најсилниот") или "Крат'ерои" (на силниот). Од сите историски извори, античкиот историчар Диодор Сикулски дава најдетален опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:

“Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање; Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил. Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти. Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови; На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете; Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“. На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето; На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје; На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка; На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант; Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на којшто била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи; Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје; Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“ , се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата. Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења. “
http://www.maticanaiselenici.com/images/news/vesti-okupator.jpg



Изменето од ВАЖНА - 16.Ноември.2009 во 16:59
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 17:06
Цар Самоил (958 - 6 октомври, 1014) бил 23. владетел што управувал со Самоиловото царство[а][1] на територијата на денешните Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија, на преминот од 10 кон 11 век. Иако не успеал да ја сочува независноста на неговата земја под налетите на византискиот император од македонската династија Василиј II (наречен Вулгароубиецот или Бугароубиецот[2][3][4] - Vasíleios II ŏ Voulgaroktónos после битката кај Беласица), Самоил успешно се спротиставувал со децении и претставува единствениот водач што го победил Василиј II во битка.

Цар Самоил бил син на комесот (кнезот) Никола и на Рипсимија која најверојанто била од ерменско потекло.[5] Според Јован Скилица, тoј и неговите браќа се „синови на еден од најмоќните комити во Бугарија“; Стаефан Таронски пак пишува: „Тие биле од ерменскиот народ и по потекло од провинција Дерџан, а императорот Василиј ги префрлил со наемните војски во Македонија да се борат против Бугарите. Но тие се одделиле од императорот на Грците и преминале на страната на царот на Бугарите“. Според историчарот Прокиќ, Никола бил од племето Брсјаци. Антрополошката анализа на неговиот скелет укажува дека се работи за егејско-кавкаски тип на расна припадност. Според оваа анализа, тој бил висок само 1,55 метри (според Н. Ц. Муцопулос).

Од 969 година, на Балканот постоела слободна територија, отцепена од централната бугарска власт. Тоа бил пределот на чие чело стоеле комитопулите.[6] Што се случило со комитопулите по 973 година - не може да се дознае од изворите, сè до 976 година, која претставува пресвртница во односите меѓу синовите на Никола и Византија. Иван Скилица за тоа пишува вака:

Потоа пак, Бугарите, штом умре кралот, кренаа востание и за свои владетели избраа четворица, браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на некој кнез, кој кај Бугарите бил многу моќен и затоа се наречени комитопули.

Ова укажува на тоа дека сите дотогашни подготовки на комитопулите вродиле со плод и дека „Бугарите“ од стариот центар на „Бугарија“ кренале востание против Византија и ги повикале своите владетели Самуил и неговите браќа. Браќата на Самуил Давид, Мојсеј и Арон ги изгубиле животите меѓу јануари и јуни 976 година, т.е. во рок од неполни 6 месеци. Давид и Мојсеј загинале во битки, додека за Арон стои запишано дека е убиен од страна на својот брат. Од таа 976 година, зацртан е почетокот на цврста градба на државна заедница, чии граници наскоро ќе се протегаат од Црното до средишниот дел на Јадранското Море и до Сава, Драва и Дунав.[7]

Самоил не тежнеел кон наследување и продолжување на историските и правните традиции на бугарската средновековна држава, туку напротив, се стремел кон вообличување на сопствен идентитет, создавајќи ново политичко тежиште на спротивниот крај на Балканот, каде што биле создадени новите престолнини Преспа и Охрид. Покрај тоа тој основал и посебна автокефална црква со ранг на патријаршија, не со седиште во старите бугарски црковни центри, туку во Преспа, а потоа и во Охрид. Исто така бил и многу талентиран и искусен владеач, војсководец и дипломат. Постигнал големи успеси во војната против Византијците, Србите и Хрватите, и успеал да ги прошири териториите на својат држава надвор од границите на Македонија.

Познат како успешен генерал, Самоил освојувал нови територии во сите правци. Набргу, неговото царство било распространето по речиси сиот Балкан, со делови од Грција, Тракија, кои биле сè уште под византиска власт. Во 986, Самоил одбегнувајќи го претпазливо секој отворен судир со противникот, ненадејно ја нападнал армијата на Василиј II додека се повлекувала од клисурите, веројатно кај Тројанова врата. Овој напад војниците предводени од Самоил, неговиот син и внук, го проследиле со борбени извици и силни викотници, со што внесле уште поголема забуна во редовите на Византијците. Византиската армија ја зафатила огромна паника, и во тој хаос се заробени царските знамиња, царската благајна, целокупниот воен материјал, заедно со царскиот шатор.[21] Лав Ѓакон овој настан на кој присуствувал и едвај жив се спасил, го опишува многу живо и детално.[22] Јоан Геометар исто пишува дека „Истарот го заграби венецот на Рим“, очигледно се мисли на царската круна. Инаку Геометар самиот го опеал овој пораз во песната под наслов „Пораз на Ромеите во бугарската клисура“.[23]

Првиот пораз Самуил го доживеал во битката за Солун. Во 995 година, по грижливо извршените воени подготовки, Самуил тргнал со војската против градот Солун, во чија близина ги распоредил своите чети во заседа. Притоа се послужил со лукавство: испратил само еден помал одред да се пробие до самиот Солун. Дознавајќи за новата опасност, Василиј II го испратил во Солун врховниот заповедник на Западот, магистерот Никифор Уран. Уран со војските стигнал до реката Сперхеј, каде што се залогорил. Самуил откако завршил со пустошење и ограбување по Тесалија, Беотија и Атика, како и низ Пелопонез, исто така се залогорил од другата страна надојдената река Сперхеј. Поради силните дождови, се чинело дека не е можен никаков судир меѓу двете војски. Но, сепак, Уран ја преминал ноќе реката на погоден премин, и ја нападнал војската на Самуил на спиење.

Поради факторот изненадување, војската на Самуил не успеала да се брани. Дури и самиот Самуил и неговиот син Гаврило Радомир биле тешко ранети и успеале да избегаат затоа што се скриле меѓу труповите. Наредната ноќ, тајно пребегале преку Етолските Планини во Македонија. Уран ги ограбил и ги оставил незакопани војниците на Самуил, а заробените Византијци ги ослободил и со голем плен се вратил во Солун.


Откако Васили II склучил примирје со египетскиот калиф Ал-Хакимон, се посветил на борбите против Самоил. Ги зазел Верија, Сервија и Воден, и во 1002 година ненадејно се појавил со својата војска на брегот на реката Дунав, и тоа пред градот Видин. Самоил не дошол да му помогне на градот, и конечно после осум месеци, Видин паднал во рацете на Византијците. Откако го зазел Видин, Василиј II се вратил назад со војските и пустошел сè на што ќе наидел. Кога со војските стигнал до Скопје, дознал дека од другата страна на надојдениот Вардар е залогорена војската на Самуил. Повторно Самуил ја прави истата грешка, се потпира на надојдената река како штит, и повторно непријателската војска ноќе ја преминала реката и ја нападнала војската на спиење. Самуил безглаво избегал. 

Совпаѓањето и сличноста на поразот на Самоил кај Сперхеј и кај Вардар предизвикуваат сомневање во точноста на овој извор, но не постои друг запис за овој настан освен на Скилица. По овој пораз кај Вардар, Роман (наречен и Симеон), син на Петар, цар на Бугарите, и брат на Борис, кого Самоил го назначил да управива со Скопје, на византискиот владетел му го предаде овој град.

По заземањето на Скопје, Василиј II тргнал кон Перник (блиску до Софија). Но откако видел дека не може да го освои, се откажал од Перник, па заминал кон Пловдив, и оттаму во Цариград. Така завршил овој четиригодишен поход на Василиј против Самуил.


До 1014 година, Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото царство и напаѓал. Самуил сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат од сите страни, решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион, тој ги обградил и ги затворил со кули.

Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самуил храбро нападнале. При тоа Самуил решил да стави сè на коцка, и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица, Самоиловиот војсководец. Вотанијат всушност, гонејќи ги Самуиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината наречена Беласица, и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.

Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот Самуил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината наречена Прилеп.


Царот Василиј наредил на заробените војници да им бидат извадени очите, а на секој стоти да му се остави по едно око. Такви ги испратил кај Самоил. Кога Самуил ги видел во толкав број и во таков неред, не можејќи да ја поднесе храбро и мирно оваа глетка, паднал на земја во несвест, бидејќи му се слошило. Наскоро присутните го повратиле со миризлива вода. Откако малку се смирил, Самоил побарал голтка студена вода, и кога ја испил, добил срцев удар и по два дена умрел, на 6 октомври 1014 година.

Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврило Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато име.

Самоиловото царство останало независно уште 4 години по смртта на својот водач. Во почетокот, престолнината на Македонската држава била во Преспа, на островот Ахил, а по прогласувањето на Самоил за цар, престолнина на царството станал градот Охрид.


Познато е дека во Самуиловата држава први и најбројни биле Македонците, потоа Словените во Грција и на Пелопонез, а по нив Србите, Хрватите, Ромеите, па Арбанасите (Албанци) и Власите, а потоа Романите, Турците Вардариоти и Ерменците.[48] Треба да се нагласи дека нема ниту еден изворен податок дека Македонците самите себеси се нарекувале Бугари. На чело на ваквиот конгломерат на народи, стоел царот и автократ Самуил, „раб божји“, како што се нарекувал самиот себеси. Службен јазик бил словенскиот, за што сведочат спомениците што самиот Самуил ги подигнал.

Јадрото на неговата држава било сосема поинакво. Тој востанови и врховна црковна институција на својата млада империја, во сосема друг центар, со седиште прво во Преспа, а потоа во Охрид. Но папската к*рија не се согласила Самуиловата држава да добие патријарх, туку архиепископ, а бидејќи Охридската архиепископија се косела со интересите на Византија, Василиј II не сакал да ја потврди. Во одделни истакнати манастири постоеле и препишувачки училишта, каде писарите-монаси препишувале на стариот словенски црковен јазик.

За судството од тоа време, не постојат посебни документи, освен дека самиот владетел е врховен судија.

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/1e/Samoil.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/1e/Samoil.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/1e/Samoil.jpg
See%20full%20size%20image
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:00
Мене пак, најубави ми се настаните кој се случувале во времето на Првата и Втората светска војна, во времето кога била големата борба за слобода, организирање на народно ослободителни востанија и борби. Најмногу сакам кога учам и уживам на темата за Стариот век во Египет, Македонија, Големата преселба на народите и слично.

Еве ја Кеопсовата најголема пирамида во Египет.





Кеопсовата пирамида кај Гиза висока е 147 метри, долга 230 метри и зафаќа површина од 5 хектари. Се смета дека настанала околу 2560 год. п.н.е. Своевремено пред оваа пирамида и самиот Александар Македонски застанал да се воодушевува на генијалноста на своите предци. Кеопсовата пирамида е еден од најголемите објекти изграден во египетското царство. На неа работеле 100.000 луѓе, дваесет години по 3 месеци годишно и тоа за време на поплавите на Нил, кога не можела да се обработува земјата. На неа работеле и робовите и селаните. Во Кеопсовата пирамида се вградени преку 3 милиони блокови донесени од каменоломот од десната страна на реката Нил. Секој камен блок тежел од еден до два и пол тони, а најтешкиот меѓу нив тежел 15 тони. Големите камени блокови од кои што е граден таванот за кралскиот салон, тежеле и преку 50 тони. Историчарот Херодот запишал дека припремите за нејзината изградба траеле повеќе од 20 години.

Димензииите после изградбата биле:

  • висина — 147 м
  • должина на страните:
    • западна — 230, 357 м
    • источна — 230, 391 м
    • северна — 230, 251 м
    • јужна — 230, 454 м




Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:09
Historia est magistra vitae - Историјата е учителка на животот. среќа
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:43
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Historia est magistra vitae - Историјата е учителка на животот. среќа


Точно така...треба да се свртиме кон иднината но да неј а заборавиме и да ја почитуваме историјатасреќа
Дарко многу си паметен за своите години...браво!бакнежсреќа
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:47
Mesto da pravite copy - paste, napisete samite kratka istorija ili samo najinteresnoto, a za drugoto ostavete link da si procitame sami,  neli e taka podobro збунетост
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:52
Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:

Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Historia est magistra vitae - Историјата е учителка на животот. среќа


Точно така...треба да се свртиме кон иднината но да неј а заборавиме и да ја почитуваме историјатасреќа
Дарко многу си паметен за своите години...браво!бакнежсреќа


ВАЖНА никој не може да оди напред, ако не земе залет на назад. И никој не може да ја толкува иднината ако доволно не ја познава историјата.среќа
Благодарам на комплиментот.големо%20гушкање
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:54
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Mesto da pravite copy - paste, napisete samite kratka istorija ili samo najinteresnoto, a za drugoto ostavete link da si procitame sami,  neli e taka podobro збунетост


Направив копи и пасте само за пирамидата на Кеопс, а се знае дека е од википедија, таа ни е основен извор на информации од интернет. Инаку предлогот ти е добар...

Ги замолувам форумџиите на темата историја да копираат текстови, но  пред тоа да остават линк од изворот на истоимениот текст.среќа
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,204 секунди.