IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Стилови на уредување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Стилови на уредување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Стилови на уредување
    Испратена: 10.Ноември.2009 во 23:08
Ако немате ништо против, еве да  напишеме по нешто за
познатите стилови на уредување,Доколку добро гледав, не забележав
ваква тема.
 
Би започнала со
                             Викторијански стил ...!!!
 
 
 
Мебелот и архитектурата на стилот кој го добил името по англиската кралица Викторија, бил многу популарен во втората половина на деветнаесетиот век. Кај него најчесто се употребува махагони, орев и ружино дрво, темни бои, нагласени резби со цветни мотиви. Вообичаени елементи на овој стил вклучуваат овални наслони на столиците, горни плочи на масите од мермер и ноќни масички. Ткаенините и ѕидните облоги се со изразени мотиви и интензивни бои. Драперите и пресвлеките се украсени со долги реси....
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 17:19
 
Традиционален стил на уредување 
 
Традиционалната покуќнина може да се сретне во деветнаесеттиот век, во француските провинции, па дури и кај егзотичните острови на Исток. Меѓу најпопуларните традиционални стилови се англискиот стил на осумнаесеттиот век, неокласицизмот на деветнаесеттиот век, францускиот провинцијален стил и повторното раѓање на британскиот колонијален стил.
 
    Скандинавски ...!!!
 
Овој стил опфаќа три различни нордиски стилови – селански, Густавијански и Скандинавски модерен стил. Сите три се доследни на светлата и свежа палета на бои, како и на мноштвото парчиња мебел од дрво, а сето ова како противтежа на темните и студени предели и зими. Карактеристиките на селанскиот стил вклучуваат необработени или обоени дрвени површини, дрвени подови, мебел изработен од бреза или бор, и материјали со минималистички мотиви и бело-измиени нијанси. Густавијанскиот изглед е комбинација на парче со селански стил со палета на интензивни бои и елегантни додатоци, како што се кристалните лустери и покуќнината со прекрасни облини. Скандинавскиот модерен стил се развил со движењето на модерната во триесеттите години од дваесетиот век. И него го карактеризира мебел од светло дрво, но овојпат со нагласени линии, облик и форма. Изгледот е нагласен со детали со интензивни бои, обично кај уметничките дела или кај подните простирки.
 
 
 
   
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 17:52
а јас многу го сакам арабскиот стил


Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 17:56
а немам ништо против и јапонскиот
релаксира, а и има место за вежбање


Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 18:02

среќа Азиски 


 Ова е стил кој е во релација со јапонските и кинеските влијанија. Традиционалните јапонски ентериери се организирани според обликот на човечкото тело, со предмети со димензии 90 x180cm, кои се користат како прекривачи за подот, изработени од природни влакна, и се нарекуваат татами. Необработените материјали како што е бамбусот, и боите земени од природата се употребуваат за да се постигне провидно и мирно опкружување. Во уредувањето карактеристика е шоји врата (лизгачка врата направена од дрвени рамки кое се пресвлечени со полупроѕирна специјална хартија) и светилките од оризова хартија. Кинеските ентериери се препознаваат по високостилизираниот мебел, со рачни нацртани мотиви на лакирани подлоги, додатоци со силни бои и орнаменти или статуи кои представуваат животни или митски ликови. Црвената боја многу често се употребува, како симбол на среќа.
 
 
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 21:18
Art deco (Арт деко)

Стил особено популарен во дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век. Негова карактеристика е елегантната геометрија кај покуќнината и мебелот, заоблените површини, детали кои се пресликуваат симетрично, како и мебел од дрво со кромирани делови и стаклени горни површини.

Art nouveau (Арт нуво)


Стил кој му претходи на Арт деко. Се појавува во Франција помеѓу 1890 и 1910. Го карактеризираат мебел, покуќнина, "тифани" лампи со меки линии и со слободни форми и облици, инспирирани од природата и женското телo.

Arts and crafts (Уметност и претприемништво)

Движењето “уметност и претприемништво” претставувало реакција на индустриската револуција, како и на нагласеното украсување за време на Викторијанската ера. Популарен на самиот почеток на дваесетиот век, овој стил го славел претприемаштвото низ едноставни облици на столаријата, скромно украсени, но со истакнати линии. Материјалите кои се употребувале за естетско усовршување се метали, обоено стакло, плочки и ткаенини насликани со стилизирани цветни мотиви. Најистакнати уметници-претприемачи се: Вилијам Морис, Густав Стикли и Чарлс и Хенри Грин.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 23:46
 
 
Класичен стил
Тој е префинет, урбан стил кој често ги спојува класичната и современа естетика, што не е лесна задача. Кај овој стил важно е да обрнете внимание на секој детаљ бидејќи токму растенијата, сликите, скулптурите, шарите на ткаенините и останатите украсни елементи му даваат на просторот нота на класична префинетост.
При изборот на класичен стил за уредување на ентериерот, се препорачува да се насочите само кон еден од класичните стилови било да се работи за Класицизмот, Бидермаер, Арт Ноувеау или Сецесија, Арт Деко итн.
Сепак, она што е заедничко на сите историски стилови, пред се, е употребата на природни материјали како дрво (мебел од даб, орев, махагони), камен (подови од мермер), кожа, ткаенини од природни влакна (брокат, кадифе, тантела и свила).
Во раните периоди надвладувале темните бои, богати, тешки завеси, ткаенини со шари, масивен мебел од темно дрво украсен со резби, позлати, тапацирани столици, ѕидови со шарени тапети, многу слики и детали. накратко владеело мислењето "Повеќе е подобро"'.
Од втората половина на 19 век ентериерот станува многу поедноставен и посветол. Ѕидовите биле боени во бело, мебелот бил изработуван од светло дрво и веќе не бил масивен ниту богато украсен.
Благодарение на иновациите во производството, елегантниот мебел станува привилегија на племството. Некои примероци од тоа време на пр: Тифани лампата или Тонетовата столица и денес се популарни.
 
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 10:36
Asian (Азиски)

Стил кој е во релација со јапонските и кинеските влијанија. Традиционалните јапонски ентериери се организирани според обликот на човечкото тело, со предмети со димензии 90 x180cm, кои се користат како прекривачи за подот, изработени од природни влакна, и се нарекуваат татами. Необработените материјали како што е бамбусот, и боите земени од природата се употребуваат за да се постигне провидно и мирно опкружување. Во уредувањето карактеристика е шоји врата (лизгачка врата направена од дрвени рамки кое се пресвлечени со полупроѕирна специјална хартија) и светилките од оризова хартија. Кинеските ентериери се препознаваат по високостилизираниот мебел, со рачни нацртани мотиви на лакирани подлоги, додатоци со силни бои и орнаменти или статуи кои представуваат животни или митски ликови. Црвената боја многу често се употребува, како симбол на среќа.


Baroque (Барок)

Изразено декоративен стил кој се појавил во Италија во седумнаесеттиот век. Го карактеризираат торзиони столбови, големи неправилни криви линии, сложени спирални украси, прекумерно обликување, скапоцени материјали и украси во интарзија на дрвените подови. Златната боја преовладува, украсена со силни нијанси на розева, темно зелена, загасито црвена и палено-смеѓа, како би се постигнал богат, "царски" изглед.


Beidermeier (Бидермаер)

Германски стил на мебел од првата половина на деветнаесеттиот век, кој како главни карактеристики ги има цврстината и удобноста. Палетата на бои е светла, со пастелни нијанси, како и секундарни бои. Мебелот е избработен од светло дрво, во линеарни, но и заоблени облици, кои произлегле од формалниот француски империски стил. Преовладуваат подови кои се изработени од паркет кој е сложен во геометриските облици.

Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 10:36
Colonial (Колонијален)

Стил кој доминирал во уредувањето на американските домови од осумнаесеттиот век се до годините на револуцијата. Се заснова на голема употреба на дрва за подови и ѕидови, кои често се оставаат во природен облик, без лакови и бои. Токарените вретенести облици се употребуваат кај ногарките. Карактеристични за овој стил се нежно везени платна и ткаенини, потоа фамилијарни портрети, и предмети од коситра.


Contemporary (Современ)


Опфаќа широк појас на стилови развиени во втората половина на дваесеттиот век. Предметите се со меки, заоблени линии, наспроти острите линии на модерниот дизајн. Ентериерите се со неутрални елементи и чисти бои, истакнувајќи ги на тој начин основните линии, облици и форми.


Cottage

Разнобоен, удобен изглед, кои карактеризираат насликан и/или украсен мебел со грациозни линии, како и предмети со изразени текстури, како кај плетените кошари, рапави ѕидови, подни простирки и завеси за прозорците од природни материјали, патинирани дезени и бои кои потсеќаат раскошна градина.
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 10:37
Country (Селански)

Широк опсег на стилови кои зависат од географската положба, но за сите нив е карактеристичен едноставниот мебел кој е подреден на функционалноста, пригушените тонови, млечни бои и vintage материјали.


Eclectic (Еклектичен)

Еклектичниот стил опфаќа разновидните периоди и стилови, а главна карактеристика при уредувањето во овој стил е употребата на повеќе бои, текстури, облици и завршни обработки.


English (Англиски)


За ентериерите во овој стил е карактеристично што многу се употребува дрвото, материјали со мотиви и традиционални бои. Дрвото се употребува и кај подовите, за обложување како и за обработка со резба. Материјалите се карирани или се со цветни мотиви, или со пруги во темно зелена боја, морнарско сина, црвена и златна. Вообичаени се и колекции на фин порцелан и сребрени предмети.


English country (Англиски селански)

Опуштен, удобен стил кој претставува толкување на традиционалниот изглед. Боите се природни и пригушени, присутни се квалитетни текстури во ентериерите и екстериерите кои се добиени со употреба на дрво, метал и камен. Во ткаенините кои се употребуваат се присутни и везени простирки и теписи, како и материјали со пригушени цветни мотиви. Мебелот варира од комоди во темни бои, до полици за книги од дрво од бор.
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 10:37
French Empire (Француски империјален)

Стил на раниот деветнаесетти век, кој ги изразува империјалните амбиции на Наполеон. Базиран на класичните римски и грчки облици, мотивите се симболични и претставуваат факели, римски орлови, империјални венци, ликови од митологијата, лавови и буквата “N” (Napoleon). Ѕидовите и таваните содржат многубројни украси.


French Country (Француски селански)

Рустикалната верзија на формалниот француски мебел од седумнаесетиот и осумнаесетиот век, како што се стиловите за време на Луј XIX и Луј XV. Парчињата мебел на раниот француски провинцијален стил се сметани за селански мебел. Биле рачно обработувани и биле во природна состојба. Наместо тешките тапацирани делови, стролиците имале прачки на седалата и наслоните. Бои кои се типични за овој стил се загаситите бои како и интензивните нијанси на медитеранско сината, сончево жолтата, теракотно црвената и зелената боја. Природните материјали и теракотата обилно се употребуваат, со додатоци од жица и ковано железо.


Garden (Градинарски)

Стил кој се карактеризира со свежи и убави предмети, помеѓу другото и цветни мотиви, везени перници, врамено суво цвеќе, насликан мебел од дрво, детали со чипка, свежо цвеќе и антиквитети од порцелан.


Mediterranean (Медитерански)

Овој мебел потекнува од земјите во северот на медитеранот како што се Шпанија, Грција и Италија, а често се нарекува и шпански модерен стил. Мебелот со медитерански стил варира од едноставна функционалност до екстремна формалност. Парчињата мебел се ниски, со украсни ногарки и постолија, рамките се тешки, често патинирани или палени. Ѕидовите најчесто се со изразени текстури, а вообичаени се и заоблените горни површини, или заоблени површини над каминот.


Mid-century modernism (Модернизам од средината на векот)

Стил кој настанал во период помеѓу 30-тите и 70-тите години на дваесеттиот век. Се карактеризира со додатоци со природни облици, чисти линии, еднобојни ѕидови и рамки за мебел од панел и варено дрво. Материјалите кои се употребуваат во овој период вклучуваат панели, шперплочи, фурнир, фиберглас, челик, алуминиум и ковано железо. Осветлувањето претставува уметнички детал, со мотиви на кругови, триаголници, конуси и тела направени од челик, месинг, алуминиум. Се користат и завеси со интензивни бои.
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 10:38
Mission (Мисионерски)

Овој стил во раните години од дваесеттиот век се препознава по цврстиот, темен мебел од даб, прави и јасни линии. Најпознато парче мебел е столицата на Морис, која се смета за прва столица за лулање.


Modern (Модерна)

Стил кој потекнува од триесеттите години на дваесеттиот век, со корени во германската Баухаус школа за дизајн, како и во скандинавскиот модерен дизајн. Го карактеризираат мебел со чисти, рамни линии, полирани површини, мазни геометриски облици и асиметрија. Големите и едноставни прозорци го спојуваат ентериерот со надворешните пејсажи.


Moroccan (Марокански)

Стил полн со детали, ткаенини со украсни мотиви, разнобојни мозаици, метални латерни, ѕидови со текстури, лесни материјали, бои на драги камења, ориентални простирки и теписи, перници изработени од скапоцени ткаенини, како и резбарени дрвени детали.


Neoclassical (Неокласичен)

Елегантен и едноставен стил во дизајнот, со мотиви превземени од стариот Рим, Грција и Египет, многу популарен во доцните години од осумнаесетиот век.


Old World (Стар свет)


Печат на овој стил е удобниот изглед, на кој се гледаат трагови од негово користење. Ѕидови со текстура, рачно обработени прозорци и ѕидови, природни материјали како што е мермерот го истакнуваат овој стил. Завршната обработка е особено важна – брусен и мат мебел повеќе се употребува отколку површините со висок сјај и отсјај. Боите се пригушени.


Rococo (Рококо)

Стил на европскиот дизајн, со потекло од Франција во осумнаесеттиот век, со мебел изработен од скапо дрво со украси од резба и заолени облици. Се смета за рафинирана верзија на крупниот и цврст барокен стил.


Romantic (Романтичен)


Удобен стил кој им годи на сетилата преку користење на меки ткаенини со цветни мотиви, чипка, насликан мебел, пастелни бои, пригушено светло и мирисни цветни аранжмани.


Rustic (Рустикален)


Едноставен стил типичен за живот на село, со едноставни ентериери, необработени ѕидови, дрвени облоги, груби греди и камен. Покуќнината е едноставна и цврста, со малку украси и со природна или патинирана завршна обработка.
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 10:40
Scandinavian (Скандинавски)

Опфаќа три различни нордиски стилови – селански, Густавијански и Скандинавски модерен стил. Сите три се доследни на светлата и свежа палета на бои, како и на мноштвото парчиња мебел од дрво, а сето ова како противтежа на темните и студени предели и зими. Карактеристиките на селанскиот стил вклучуваат необработени или обоени дрвени површини, дрвени подови, мебел изработен од бреза или бор, и материјали со минималистички мотиви и бело-измиени нијанси. Густавијанскиот изглед е комбинација на парче со селански стил со палета на интензивни бои и елегантни додатоци, како што се кристалните лустери и покуќнината со прекрасни облини. Скандинавскиот модерен стил се развил со движењето на модерната во триесеттите години од дваесетиот век. И него го карактеризира мебел од светло дрво, но овојпат со нагласени линии, облик и форма. Изгледот е нагласен со детали со интензивни бои, обично кај уметничките дела или кај подните простирки.


Shabby chic

Овој стил е популарен во последниве години поради својата популарност и ниските цени. Мебелот со бела боја, насликани мотиви, пригушени тонови, пресвлеки и материјали со стари мотиви се карактеристики на овој удобен стил.


Southwestern (Југозападен)


Најчесто го означуваат бои со земјени тонови, необработени текстури, рачно изработени предмети, со често користење на теракота и кровови со глинени керамиди.


Traditional (Традиционален)

Традиционалната покуќнина може да се сретне во деветнаесеттиот век, во француските провинции, па дури и кај егзотичните острови на Исток. Меѓу најпопуларните традиционални стилови се англискиот стил на осумнаесеттиот век, неокласицизмот на деветнаесеттиот век, францускиот провинцијален стил и повторното раѓање на британскиот колонијален стил.


Tropical (Тропски)


Орнаменталните резби со островски мотиви, егзотично дрво и врамени пресувани растенија се главни карактеристики на овој стил
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 16:14
 
 
Технолошки стил
Овој стил е идеално решение за сите кои сакаат да престојуваат во простор неоптоварен со украсни детали и шарени бои. Мебелот се одликува со рамни, едноставни линии, а најчесто е изработен од црна кожа и хромиран челик. Токму таквиот дизајн го прави децентен и бесвременски. Со оглед дека една од главните карактеристики на овој стил е постигнување на склад помеѓу ѕидовите, подот и мебелот, важно е ѕидовите да бидат обоени во нијанси на ладни бои, пр: бела или сива, никако со јаки бои.

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.