IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНИЗАМ - за минатото
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНИЗАМ - за минатото

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 19>
Автор
Порака
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 16:29
И чиво е сега тоа кралство?
Homo homini lupus est...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 17:41
Па эар не читаш дека пишува Македонско,да ти повторам уште еднаш сакаш ли
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 17:26
Потребата од Македонизам е потреба од заштита на Македонското наследство од странаската пропаганда од нивната фалсификаторска,ограбувачка и негирачка политика.Сведоци сме дека денес оваа пропаганда е застапена на секој чекор со цел уништување на Македонскиот народ а со тоа и постоење на Македонската држава.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:14
Затоа ,македонзмот,сватен како национална идеологија,мора да содржи не само одбрана и развој на сите национални ресурси во сегашноста и иднината,туку целосна афирмација на чистата македонска национална свест во минатото.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 22:55
--------------------------------------------------------------------------------

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЗБИРКИТЕ НА ИВАН ГРОЗНИ

Во три од дванаесетте тома на луксузното издание на илустрираната енциклопедија на Иван Грозни се говори за македонските династии


МОСКВА - Македонските историчари, но и сите оние кои ги интересира што се случувало на Балканот пред многу векови, ќе можат и сами да најдат одговор на многу прашања читајќи го и прелистувајќи го новото факсимилно издание на рускиот „Илустриран летопис на 16 век“. Читајќи го текстот и гледајќи ги преубавите цртежи, човек барем во мислите може да се врати неколку векови наназад и да види што мислеле и знаеле рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници за Александар Македонски. Од тие древни книги што се чуваат во најпознатите музеи во Санкт Петербург и во Москва се дознава што и колку знаеле Русите за војните на Александар Македонски „против сите Хелени и варвари“. Бројните истражувачи можеби ќе можат во тие книги да најдат доказ за врската на сегашните Македонци со Александар Македонски и уште многу интересни работи. Сега постои шанса без брзање да се прелистуваат и анализираат летописите во кои можат да се најдат докази за сериозни и теоретски (теориски) расправи. Јасно е дека тој летопис не е свето писмо и во него не може да се верува како во нешто што е вечна вистина, но сигурно може да даде интересен материјал, „материјал за размислување“.


ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Благодарение на руските бизнисмени - добротвори на древните летописи во кои многу се зборува за историјата на балканските народи, сега ќе можат да видат не само историчарите и привилегираните туку и оние кои сакаат да знаат за своето минато. Штотуку објавеното факсимилно издание на „Илустрираниот летопис на 16 век“, тие уникатни десет тома што се чуваат во познатите руски музеи, можат да бидат претставени и во Скопје доколку се најдат заинтересирани спонзори. Оригиналниот назив е „Луцевој летописни свод 16 века“. „Луцевој“ на нашиот јазик би можел да се преведе како илустриран. Зборот „луцевој“ буквално значи „од лице“, значи со нацртани ликови на луѓе. На 10.000 двострани листови со повеќе од 17.000 нацртани минијатури, сликовито кажано, прозорци во историјата, претставено е најраното минато. Затоа со полно право овие книги се нарекуваат илустрирана енциклопедија.

Во првите три тома од хронолошкиот дел на средновековна Русија се дадени настаните од библиската и светската историја. Во неа, меѓу другото, се опишани Трoјанската војна, Александрија, Јудејската војна, Јосиф Флавиј и друго. Во другите томови голем простор им е даден на балканските народи Срби, Македонци и Бугари. Посебно интересен дел за Македонците е оној во кој се опишува и прикажува со слики на Александар Македонски. За територијата со која владеел се говори во вториот том од илустрираниот летопис. На сликата (587а) се претставени животот и подвизите на царот Александар Македонски. Вo истиот том на сликата (589а) се гледа Пела, главниот град на Македонија во времето на царувањето на Александар. Веќе на следната слика (615б) е покажано како Александар ги освоил Илија, Пеона и Тривада. Посебно е интересна сликата (651б) во чиј опис стои дека е прикажано како Александар ги покорил сите Хелени и варвари. Од тоа некои историчари извлекуваат доказ дека тој не бил Грк, бидејќи не би војувал против својот народ. Сепак, анализа на текстот би требало да дадат доброупатени историчари кои со години се занимаваат со таа проблематика, бидејќи новинар сепак не е компетентен. Во рамките на долгата историја на Византија, во летописот темелно се опишува и македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографиите на нејзиниот основач Василиј.

Во рамките на милениумската историја на Византија, детално и живописно е отсликана македонската династија на византиските императори, почнувајќи од опишувањето на животот на нејзиниот основоположник Василиј Македоњанин, кој, по се' изгледа, послужил како прототип за легендарниот војсководец Александар Македонски, кој не знаел за пораз и создал голема империја. Неверојатно прецизно, до детали, се преплетуваат нарациите за овие два лика во Лицевиот свод. Македонската династија ја продолжуваат Лав VI Мудриот, неговиот помлад брат Александар и неговиот син Константин VII Порфирогенит (што значи Црвенороден). Тој бил еден од најобразованите луѓе на своето време, автор на „сводот на византиската практична наука“, кој бил составен од следните дела: „За управување на империјата“, „За церемониите на византискиот двор“ и „Биографијата на Василиј Македоњанин“. На Константин му припаѓаат прецизните формули-дефиниции за идеите на државноста: империјата е „светски брод“, Константинопол е „цар на градовите на целиот свет“, Господ „ги устоличува царевите на престолот и им дава власт да управуваат со сиот свет“, императорот помеѓу своите поданици е како „Исус Христос помеѓу апостолите“, кој управува „вистински, врз база на законот и праведноста“. Идеите на државноста се обработуваат и во натамошните написи на страниците од Лицевиот свод.

Доказ за тоа колку се важни овие книги е и тоа дека идејата за препечатување на летописот ја поддржаа сега веќе бившиот претседател на Русија, Владимир Путин, и патријархот Алексеј Втори.

„Прелистувајќи ги страниците на летописот, чувствуваме гордост што сме имале вакви предци кои биле храбри и мудри и имале голема духовна сила“, напиша меѓу другото Владимир Путин во писмото за идните читатели на рускиот летопис.

ЈУЖНИ БРАЌА Двајца некогашни одлични студенти по физика, а сега бизнисмени, Вадим Јакуњин и Харис Мустафин, дошле на идеја повторно да го печатат рускиот летопис и им даваат можност на сите кои сакаат да видат и да читаат за својата историја, но и да ги запознаат народите блиски до себе. Листајќи и читајќи го летописот овие денови, и авторот на овој текст уште еднаш се убеди дека Русите од дамнешни времиња се интересирале за судбината на своите „јужни браќа“.

Уникантниот летопис од 16 век бил зачуван, но малкумина се оние што можат да се пофалат дека го имале в раце. Неговите седум книги се чуваат во Санкт Петербург, а три во Москва.

Благодарение на сопственикот на најголемата московска фармацевтска компанија „Протек“, Ведим Јекуњин, кој го финансираше целиот проект, книгите се преснимени со најсовремениот скенер кој ни најмалку не му штетел на оригиналот. Сега секој што сака може да има свој комплет од десет летописи.

Целта на Ведим Јакуњин не била да заработи пари на книгите, туку да придонесе младите поколенија на Русија подобро да ја научат својата историја.

„Секогаш ги ценев луѓето кои го знаеја минатото на своите предци. Длабоко сум убеден дека еден народ не може да има добра иднина ако ја прекине врската со културното и историското наследство. И Русите се народ со голема историја, но начинот на живеење и времето во кое живееме го прават своето и младите поколенија, објективно, се' помалку знаат за својата историја. Јас ја имав таа среќа да се родам во Јарослав, кој секогаш бил еден од културните и просветителски центри на Русија. Затоа мене секогаш ме интересирала историјата“, рече Вадим Јакуњин.

За проектот да се реализира врвно, била основана посебна компанија „Актеон“, со која раководи Харис Мустафин. Јакуњин навистина не жалел пари, па бил купен најмодерниот скенер во Франција.

Преговорите со музеите не биле лесни, но сепак се' е договорено. Идејата настанала во април 2004, а во март 2005 година веќе бил потпишан договор. За три месеци ударнички се снимени сите 10 тома со бесконтактниот скенер.

Подоцна се ангажирани дизајнери кои стручно ја обработиле секоја страница, така што изгледот на копиите бил навистина верен на оригиналот. На тоа била потрошена една и пол година. Посебна вредност на новиот факсимил е тоа што издавачите одлучиле заедно со книгите да ги печатат објаснувањата на стариот архаичен јазик. Без тие преводи поголемиот дел од луѓето не би можеле да го разберат стариот текст.

Сопственикот на компанијата „Протек“, Вадим Јакуњин, инвестирал и во купување машина за печатење на летописот. Секоја страница е уметничко ремек-дело. На крајот се ангажирани луѓе кои на многу квалитетен начин ги сошиле книгите.

Летописот настанал во 16 век. Во вистинска смисла станува збор за голема илустрирана енциклопедија на светот и на Русија до периодот на Иван Грозни. Оној што ќе има можност да ја прелиста, може да посведочи дека таа ќе биде интересна не само за стручњаците туку и за обичните луѓе кои ја сакаат историјата.


КОСОВСКА БИТКА Кој ја напишал таа книга - историски се' уште не е потврдено. Што се однесува до сликите, се верува дека нив ги работеле мајсторите што ја сликале внатрешноста на Кремљ. Таков заклучок е донесен врз основа на истиот стил, колоритот и содржината. Никаде не е напишано кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставува дека автор би можел да биде митрополитот Макариј, за кого се тврди дека бил исклучително образован човек.

Во редакцијата на книгите, наводно, можел да учествува и царот Иван Грозни. На десеттиот том на маргината е напишано со рака што треба да се поправи. Се верува дека тоа можел да го напише цар. Восхитува и квалитетот на сликите, иако се знае дека во тоа време печатарската техника не била на високо ниво, а текстовите под сликите се многу интересни. Од сликите се гледа како и во кој период биле облечени и вооружени луѓето и војниците, какви им биле градбите и со кои занаети се занимавале луѓето.

Што се однесува до Балканот, интересно е како рускиот митрополит Пимен дознал за Косовската битка. Тој тргнал кон Цариград во 1389 година. Одел цел месец по реки и на крајот по Црно Море стигнал до Цариград и тогаш дознал за веста за поразот на Косово. Оваа вест ги разжалостила руските монаси. Поради блискоста со Србите, тие помислиле дека Турците може да ги убијат и брзо по разни патишта се вратиле во Русија.

Во рускиот летопис е запишано дека царот Мурат бил од христијанско потекло. Интересно е и кога се опишува како Милош Обилиќ ги прешол Турците и го убил нивниот цар. Според таа приказна, Милош им рекол на Турците дека се замерил со царот Лазар и затоа бил пуштен кај Мурат. Во текстот под сликата пишува дека Турците веднаш го убиле „христијанскиот слуга“. На сликите во седмиот том се гледа како Турците го заробуваат царот Лазар и му ја отсекуваат главата.

Секако, интересно во летописот е тоа што е запишано дека првиот часовник во Кремљ го поставил српскиот калуѓер кој се викал Лазар. Тој дошол од Србија и го поставил големиот ѕиден часовник на Кремљ во 1504 година.

Начинот на кој се направени сликите се вика „серпска или јужнословенска“ колористика. Сите слики биле прво цртани со молив, а потоа боени.

Би било многу добро кога примерот на руските бизнисмени-добротвори би разбудил слична желба кај нашите бизнисмени, бидејќи вложувањата во културните добра е корисна и трајна инвестиција.

„Кога го почнувавме овој проект, желбата ни беше да го реализираме врвно. Значи, бевме свесни дека тој не може да биде комерцијален и да се заработи на него. Желба ни е еден ден да направиме поевтино издание кое би било достапно до народот“, велат Јакуњин и Мустафин и ветуваат нови проекти со кои ќе се израдуваат сите што ги интересира словенската историја и култура.
Кон врв
bairmalo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bairmalo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 20:31


Династија Аргеади

Каран 808-778 п.н.е
Коин
Тирима
Пердика I 700-678 п.н.е
Аргеј I 678-640 п.н.е
Филип I 640-602 п.н.е
Аероп I 602-576 п.н.е
Алкет I 576-547 п.н.е
Аминта I 547-498 п.н.е
Александар I 498-454 п.н.е
Алкет ΙI 454-448 п.н.е
Пердика II 448-413 п.н.е
Архелај 413-399 п.н.е
Кратер 399 п.н.е
Орест 399-396 п.н.е
Архелај II 396-393 п.н.е
Аминта II 393 п.н.е
Павзаниј 393 п.н.е
Аминта III 393 п.н.е
Аргеј II 393-392 п.н.е
Аминта III (повторно назначен) 392-370 п.н.е
Александар II 370-368 п.н.е
Птоломеј I 368-365 п.н.е
Пердика III 365-359 п.н.е
Аминта IV 359-356 п.н.е
Филип II Македонски 359-336 п.н.е
Александар III Македонски 336-323 п.н.е
Антипатар, Регент на Македонија 334-319 п.н.е
Филип III Аридеј 323-317 п.н.е
Александар IV 323-310 п.н.е
Пердика, Регент на Македонија 323-321 п.н.е
Антипатар, Регент на Македонија 321-319 п.н.е
Полиперхон, Регент на Македонија 319-317 п.н.е
Касандар, Регент на Македонија 317-306 п.н.е

Династија Антипатриди

Касандар 306-297 п.н.е
Филип IV 297-296 п.н.е
Александар V 296-294 п.н.е
Антипатар II 296-294 п.н.е

Династија Антигониди

Деметриј I Полиоркет 294-288 п.н.е
Лизимах (делел со Пир Епирски) 288-281 п.н.е
Пир Епирски (делел со Лизимах) 288-285 п.н.е
Птоломеј II Керавн 281-279 п.н.е
Мелегар 279 п.н.е
Антипатар II 279 п.н.е
Состен (Командант на војската) 279-277 п.н.е
Антигон II Гонат 277-274 п.н.е
Пир Епирски (повторно назначен) 274-272 п.н.е
Антигон II Гонат (повторно назначен) 272-239 п.н.е
Деметриј II 239-229 п.н.е
Антигон III Досон 229-221 п.н.е
Филип V 221-179 п.н.е
Персеј 179-168 п.н.е


По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е, Македонија била поделена на четири републики од страна на римјаните. Во 150 п.н.е човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал тронот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е).


Изменето од Македон - 14.Ноември.2009 во 22:51
Кон врв
bairmalo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bairmalo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 20:39
Кон врв
bairmalo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bairmalo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 20:42
Бoрис ВИШИНСКИ: За книгата "Кралството на Словените" од Мауро Орбини

БЛАГОДАРНОСТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КОН СЛОВЕНИТЕ



Повелбата повторно е објавена во 1601 година Македонците не се Грци, велел Александар Македонски

Од поодамна ме интересираше целата книга "Кралството на Словените" од Мауро Орбини. Тоа е веќе подзаборавена книга, објавувана во делови, а сепак во неа има некои вистини што би требало одново да се објават, без оглед на тоа каква носивост содржат во себе.

Мауро Орбини е една интересна средновековна личност, живее на меѓата меѓу XVI и XVII век. Тој е познат патописец, историчар, а некои го сметаат и за татко на панславизмот.Роден е во Дубровник, живее и работи во Италија. Во своите историски истражувања бил смел, се потпирал врз факти и заклучоците што ги донесувал биле во служба на словенството. Тој длабоко навлегол во историјата на Словените, се разбира, колку што му овозможувало неговото време. Некаде тој има нејасни обележја, а многу работи и не можел да ги согледа. Меѓутоа, сето ова не го кажувам за да пресудувам како некој историчар, туку да изнесам само неколку страници од тоа прекрасно дело наречено "Кралството на Словените". Таа книга е многу ретка и ми дојде до рака да ја видам и да ја фотокопирам во Ватиканската библиотека, есента 1990 година. Книгата на Орбини има преку петстотини страници во голем формат. Објавена е 1601 година во Пезаро. Во неа тој дава широк поглед врз развитокот на словенските народи, со посебен дел за Јужните Словени.

Во книгата "Кралството на Словените" посебно ме привлече еден дел кој сакам да го цитирам, а на читателот му го оставам впечатокот. Тој дел буди размисла на нешто, што духовите ги вознемирувало пред четиристотини години, а тој немир постои и денес, кога некои кругови во странство се обидуваат да пласираат невистини дека, на пример, старите Македонци биле Грци и слично.



АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И СЛОВЕНИТЕ

Делот од книгата се однесува на Александар Македонски и Словените. Да, и Словените. Навистина, Орбини како автор, не е осамен во таа смисла, но ќе се види дека е оригинален. Кога сме кај оваа тема, нашите историчари стриктно се оградуваат од една таква споредба, повеќе отколку нивните колеги во светот и затоа, секој оној што ќе ги начне овие прашања или е наивен, или е романтичар или е мистификатор. Но, да го оставиме тоа. Тука не сакам ништо да докажувам, за што немам таква амбиција, туку интегрално да ја приопштам за нашата јавност Привилегијата, што Александар Македонски им ја дава на Словените, како благодарност што учествувале во неговите борби и освојувања.

За таа Повелба, Мауро Орбини вели дека била пронајдена во Цариград. За да го потврди тоа што пишува во Повелбата, тој зема и други извори и, меѓу другото, вели дека Македонците не биле Грци, дека тоа биле два соседни народа, дека Македонците ги покориле Грците и дека, иако учествувале заедно во сите освојувања, зборувале различни јазици. Повелбата, колку и да се чини неверојатна, таа е срочена на еден висок стил и убаво е да биде објавена на македонски јазик.

Книгата "Кралството на Словените" е пишувана на постар италијански јазик. За да може подобро да се долови автентичноста на текстот, го замолив Аугусто Фонсека, италијански поет и лектор по италијански јазик на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", инаку одличен познавач и на македонскиот јазик, да го преведе тој дел, од 168 до 171 страница од книгата.

Орбини, во книгата вели:

"Оваа Привилегија, како што рековме, беше пронајдена по толку векови во Цариград од некојси Џулио Балдасар, царски секретар. Значи, името што овде се спомнува - Словени, Апијан Александриски во "Илирикум", овие Агријани ги нарекува прочуени и прославени, а токму тоа го означува зборот "Слави", односно "Словени".

Градот Агрија, кој се наоѓа во Дакија, бил основан ( според Бонфинијо во 1 кн. на 1 Дек.) од овие Агријани, кои живеле ( според Стефан Византиски ) во пределите меѓу планините Емос и Родопите, во близина на Македонија. А таа, пак, непрекинато била населена од словенскиот род и од дојденци од Тир , иако некои сметале дека Македонците и припаѓаат на средината на Грците. Против нив го донесувам мислењето на Стефан Византиски за Александар Македонски , којшто мошне јасно го разликува јазикот на Македонците од говорот на Грците. Од тоа, пак, јасно може да се види дека македонскиот говор не можеше да биде сфатен од сите учесници во александровата војска, зашто голем дел од неа биле Грци. И навистина, кога на Филота, син на Парменион, кој пред толпа луѓе имал некоја своја работа да образложи, Александар му рекол: "Македонците, о Филота, ќе те осудат; затоа те прашувам дали ним ќе им се обратиш на својот мајчин јазик", а Филота одбил тоа да го направи, бидејќи не би го разбрале сите. Тогаш Александар изјавил дека Филота го мрази својот мајчин јазик.



МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ

Да биле, значи, Македонците Грци, зошто Филота би се откажал да зборува на грчки пред Грците? А уште повеќе со оглед на тоа дека тој немал посоодветен јазик од грчкиот, ако се претпоставува дека Македонците биле Грци. Затоа што ( како тоа го вели Плиниј, кн. VII, глава 57 ) пасивната согласност на луѓето била првата причина за употреба на јонската писменост. Значи, мајчиниот јазик на Македонците, кој се разликува од оној што ние мислиме дека бил општ во целата александрова војска, јасно покажува дека Македонците не им припаѓаат на Грците; како што е познато, од старото единство на јазикот, лесно се потврдува и единството на народноста. Според тоа, при разграничувањето на јазиците на Немброт, ни еден автор не утврди ништо спротивно; Грците не се доближуваат со својот јазик до Македонците; а ние достаточно покажавме, врз основа на самата разлика на јазиците, дека Македонците не се Грци; тогаш, врз основа на зборовите на Филип од Бергамо, мораме да признаеме дека Македонците од секогаш, па се до денес, имаат словенски јазик. Па што ќе помислите за Тукидид, кој сврзувајќи ги Византија и Пула, голем дел од Тракија и од Мезија, а и целиот Илирикум, сите овие земји ги нарекува Македонија? Тоа е исто како да рекол: јас сметам дека Тракија, Мезија и Илирикум не смеат да се разделат од Македонците. Затоа, не се сомневам дека Траките, Мезите и Илирите ги врзува една иста врска за Македонците. За тоа сведочи и титулата на Александар Македонски, со која се покажува како Крал на Македонците и на Грците, а уште повеќе сведочат основните разлики на обичаите и на живеењето присутни кај Македонците и Грците, кои не ми овозможуваат лесно да се убедам дека кај луѓе од еден ист род се наоѓаат толку различни обичаи. Затоа, кога Диосип од Атина морал да се бори гради в гради против Македонецот Хората, сред војниците на Александар, според кажувањето на К. к*ртиус, имало некои Грци кои навивале за Диосип; меѓутоа, зошто на ист начин не настапиле во однос на Македонецот Хората, ако Македонците биле Грци, како што Грците навивале за Диосип, само затоа што бил Грк? Поради тоа, ако понекогаш, пред се кај Варварите, се вели дека Александар Македонски бил Грк, тоа треба да се сфати како последица на тоа дека Грците, поради нивните дамнешни војни против народите од Исток, им биле најпознатиот народ од Европа; заради тоа, тие сметале дека сите народи на Запад се Грци; нешто слично на тоа, што се случува во наше време, е кога Грците заедно со Турците и сите други народи од Исток, сметаат дека сите народи со католичка вероисповед се Франки. Јеремија Русо во "Летописите на Московија" јасно кажува дека Русите, односно Московјаните, имале еден ист јазик како старите Македонци; а меѓу нив се родил Кралот Филип, таткото на Александар Македонски, кој ( како што ни пренесуваат Плутарх во "Животот на Александар", Јустин во VIII книга и Сабелик во III книга на "Енеида", па и уште многу други ) најсилните градови на Грција ги потчинил на неговите закони и на ропство ја дотерал Грција ( која до тогаш имала слобода ), па со своите славни дела достигнал до висината на најславните кралеви. Неговиот син Александар Македонски се протегал се до границите на земјината топка ( како што тоа стои во Првата книга на Макавеите, глава прва ), им ги зел богатствата на многубројни луѓе, па и самата земја пред него онемела. И по смртта на Александар, Македонците ја имале владата, како и над сите народи на светот, исто така 276 години и над Египтјаните" -вели Мауро Орбини.

Од книгата "Кралството на Словените" од Мауро Орбини, објавена 1601 година, во Пезаро, стр. 168-171.







МАКЕДОНЦИТЕ ОТСЕКОГАШ БИЛЕ ТУКА

Во разговорот со господинот Борис Вишински, ни беше објаснето како тој успеал да ја пронајде и да ја фотокопира книгата "Кралството на Словените" од италијанскиот историчар Мауро Орбини.

Во 80-тите години, кога трагав по податоци за Богомилите низ некои библиотеки, ни рече господинот Вишински, еден италијански пријател -историчар ми посочи неколку книги за тие еретички движења во средниот век.

И бидејќи знаеше дека сум Македонец ме праша дали сум ја прочитал книгата на Мауро Орбини - "Кралството на Словените". Му реков дека сум чул дека во Белград е издаден само еден дел од таа книга, што се однесува само на Србија. А, бидејќи во книгата е зборува за речиси сите словенски народи, ми сугерираше да ја побарам книгата во оригинална верзија.

Преку некои пријатели, католички великодостојници, успеав да дојдам до оваа книга во Ватиканската библиотека и да ја фотокопирам. И првото што го видов во оваа книга беше азбучниот регистер. Таму, под буквата "М", првата одредница гласи: "Македонците се Словени". Затоа што кај Мауро Орбини и кај сите што ги цитира, на територијата на Македонија Македонците се Словени и Словените се Македонци, што значи дека Орбини става знак на еднаквост меѓу Македонците и Словените.

Во таа книга, вели г- н Вишински, за Македонија се зборува само на неколку страници каде, меѓу другото, се наведува и Повелбата на Александар Македонски. А, бидејќи Орбини става знак на еднаквост меѓу Словените и Македонците, тоа значи дека оваа Повелба е аманет на Александар Македонски кон својот народ кој учествувал во борбите. Но, Орбини цитира и некои други автори кои ја покажуваат посебноста на македонскиот јазик во однос на грчкиот. И токму тука, тој го искажува своето мислење дека Македонците и Грците никогаш не биле блиски, ниту биле еден народ, туку биле два различни народа обединети за освојување на светот со големиот војсководител.

Карактеристичен е и податокот, додава г-н Вишински, дека авторот Јеремија Русо во Летописите на Московјаните, јасно кажува дека Русите, односно Московјаните, имале ист јазик како старите Македонци. Тоа значи дека и други автори зборувале за сличности меѓу старомакедонскиот и словенскиот јазик. Ова ја потврдува и теоријата дека на овие македонски простори и пошироко, Словените не дошле од никаде, туку биле отсекогаш тука, само со едни или други имиња и дека во тоа "словенско море" од VI и VII век, според некои извори, од кај Карпатите дошле и последните бранови на Словените во Македонија кои се соединувале со староседелците.

Во Ватиканската библиотека, ни објасни Вишински, има книги кои воопшто не се регистрирани, односно не се достапни за проучување. Меѓу нив е и книгата "Словенски називи на географски имиња во Италија" од чешки историчар од XIX век.



ПОВЕЛБАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

НИЕ, АЛЕКСАНДАР, син на Филип, Крал на Македонија, Кнез на Монархијата, предназначен како создавач на Грчката империја, од Натабан најавен како дете на големиот Зевс, владетел на Августите, и на Браманите и на Арбоните, од изгрев до зајдисонце, од југ се до север, на благородниот род на Словените му посакуваме благост, мир и здравје. Ние, и нашите следбеници кои ќе дојдат по нас во владеењето со светот, бидејќи ни бевте доследни во вербата, храбри во борбата и наши водачи и јуначки борци, ви доделуваме и слободно ви го даруваме навеки веков целиот овој дел од земјата, на Север се до јужните граници со Италија; и со такво право, што никој, освен вие, не смее таму да се задржува; или да се пресели или да живее. Ако пак, некој се задржи, тогаш нека биде ваш роб, а неговите деца, робови на вашите деца.

Привилегијава е дадена во новиот град Александрија, кој ние го создадовме на големата река Нил, во дванаесеттата година на нашето владеење, под заштита на големиот бог Зевс и Марс, Плутон и божицата Атина. Сведоци за ова дело се благородниот Атлета, нашиот благајник, заедно со другите единаесет кнезови, кои ги назначивме, по нашата смрт, како наши сеопшти наследници, со оглед на тоа што ние немаме деца"

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 00:49
Б. Ристовска-Јосифовска, Кралството на Словените од Мавро Орбини како извор за македонската средновековна историја, Прилеп-Скопје,
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 17:03
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2009 во 14:28
...Дека во Грција во 19 век се користат македонски топоними и имиња, за тоа сведочи и една грчка црковна книга.

Насловот на книгата е "Κοκκινογοργούσα" Ανθολογία 1846 / "Kokkinogorgousa" Anthologia 1846.

Се работи за книга “зборник - Антологија“ кој содржи црковни химни, песнопенија до последованието на “Празничната Утрена“, и Великата  Вечерна богослужба и Божествената Литургија...
Според тогашната книгоиздавачка традиција, на крајот од книгата секогаш се запишуваат имињата на оние што купиле таква книга...

Самоков е напишан со грчки букви и под него на кирилица се на пишани имињата на луѓето од тоа место кој си купиле книга, интересно е што имињата се напишани со кирилична азбука, за разлика од местото. Значи, од Самоков петмина ја порачале таа книга...
Од Рилскиот манастир дваесеттина, меѓу кои на кирилица стојат и имињата на: -
- Георгиј Часовникар од Ново село Штипско,
- Димитар Стојанивич од Ќустендил, и
- Георгиј Јовевич од Малешево





На крај од книгата на последната страна има и една композиција Достојно ест глас 7 на кирилица




Изменето од Tetratka - 29.Ноември.2009 во 14:32
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 01:22
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


...Дека во Грција во 19 век се користат македонски топоними и имиња, за тоа сведочи и една грчка црковна книга.Насловот на книгата е "Κοκκινογοργούσα" Ανθολογία 1846 / "Kokkinogorgousa" Anthologia 1846.Се работи за книга “зборник - Антологија“ кој содржи црковни химни, песнопенија до последованието на “Празничната Утрена“, и Великата  Вечерна богослужба и Божествената Литургија...Според тогашната книгоиздавачка традиција, на крајот од книгата секогаш се запишуваат имињата на оние што купиле таква книга...Самоков е напишан со грчки букви и под него на кирилица се на пишани имињата на луѓето од тоа место кој си купиле книга, интересно е што имињата се напишани со кирилична азбука, за разлика од местото. Значи, од Самоков петмина ја порачале таа книга...Од Рилскиот манастир дваесеттина, меѓу кои на кирилица стојат и имињата на: - - Георгиј Часовникар од Ново село Штипско,- Димитар Стојанивич од Ќустендил, и - Георгиј Јовевич од Малешево<span style="text-decoration: underline;"><span style="font-weight: bold;">На крај од книгата на последната страна има и една композиција Достојно ест глас 7 на кирилица </span></span>

Секоја чест за книгата
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 01:22
Коста Шахов „Покана“ - 1888
При се’ што сме 2.000.000 луѓе, пак немаме, барем овде, во слободна земја, еден каков и да е весник, кој ќе не држи во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас; и кој ќе ни служи за да ги изразиме нашите народни искажувања и мисли... Денеска печатот е посилен од топот и со него се служат скоро сите народи на светот, освен нас. Со тоа ние самите се претставуваме пред очите на образованиот свет нешто како народ... На крајот, ние Македонците, како сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по разни страни, сепак не смееме да си ја заборавиме татковината и сме должни да работиме за подобрување на нејзината положба; Зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот мине времето безработно, без борба за слободен живот, бидејќи нашите господари не сакаат да се грижат за олеснување на нашиот живот.
Побудени од сето тоа, иако со слаби сили, го започнуваме издавањето на весникот „Македонија” со цел и барање да се подобри положбата на Македонија. Весников „Македонија” ќе биде далеку од секакви партиски интриги и ќе води независна политика по македонското прашање. Страниците ќе бидат слободни за секој родољубец само ако се пишувани во духот на времето и целта... Задачата на в. „Македонија” е да се бори за духовното и културното издигање на Македонците.
„Македонии” Русе Ред. отг. К. Шахов, Год. 1, бр. 1, (21.10.1888 година)
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 01:23
Барон КОНСТАНТИН БЕЛИ “МАКЕДОНЕЦОТ”

Баронот Константин Бели – “Македонецот“ како што со гордост се потпишувал низ европските метрополи, е роден кон средината на XVIII век (околу 1760 – 1770 год.) во Постол (Пела) - Егејска Македонија, од каде рано емигрира неговото семејство во Австро-Унгарија. Заврши високи наобразби и со својата способност и интелектуална моќ, си изборува место меѓу највисоките државници на дворот во Виена, иако Македонец по род, но особено е важна личност за Баварија во чие државно организирање и управување учествува подоцна (германските обединувања и разединувања приматот помеѓу Австрија и Прусија)


Виена европската престолнина во која доаѓа Константин Бели
Натрупува богатства и имоти кои му ја унапредуваат целата кариера. Правилата по европски империи, не дозволувале на странец кој не може да докаже неколку колена благородничка крв да стане член на некој од Редовите и тајни друштва а уште потешко пак да се здобие со баронски титули. Но Константин Бели достигнал се.

Далечината пак од родната Македонија, му ги јакне македонските чувства, копнее Македонија да е слободна. Сфаќајќи дека без организирана интелигенција, македонизмот не ќе можи да се оддржува а камо ли шири, тој се насочува во образувањето македонски кадри и во помош на напатениот македонски народ.

Тајните друштва се влијателни но не и пресудно влијателни. Основната дејност им е на хуманитарни активности од тајна или полутајна природа. Баронот Бели во овие граниици ја става неговата оставнина на Македонија и Македонците во 1835 год во “Тестамент“ со кој подарува 2000 книги од богатата библиотека која ја поседува за училиштето и црквите на родниот Постол (Пела).


Пела (Постол) македонската античка престолнина од која тргна барон Константин Бели - Македонецот
Во личната порака за ова баронот Бели пишува:

“Кога Македонија ќе достигне таков степен на развиток за да создаде свои училишта, тогаш општинскиот совет на Пела е должен книгите да и ги отстапи на јавноста во Македонија“;

• остава дел од имот во пари со Завештание од нив: “Да се издржуваат извесен број клиники во кои се лекуваат Македонци болни од секаква болест“ a овој Фонд да се вика:

“ЛЕГЛА НА БОЛНИТЕ – ЗАШТИТНИЦИ НА БАРОНОТ КОНСТАНТИН БЕЛИ - МАКЕДОНЕЦОТ“.

• основа и Фонд за образување Македонци – студенти и го именува со:

“КОМИСИЈА ЗА СМЕСТУВАЊЕ МАКЕДОНЦИ ОД ОСТАВНИНАТА НА КОНСТАНТИН БЕЛИ“.

Баронот Константин Бели изнесува и подробности дека потпишал и “Завештание” при Баварската влада од чија камата:

“Да се дава стипендија на двајца Македонци за време од 6 години што би студирале на Академијата во Минхен” кои баронот однапред ги признава – како “усвоени синови на г-дин Бели”. Единствен услов кој се барал од нив во тестаментот е:

“ДА ЈА САКААТ И ДА ЈА ПОЧИТУВААТ НАШАТА ДРАГА НЕКОГАШ СЛАВНА ТАТКОВИНА - МАКЕДОНИЈА”

За олеснат пристап на Македонците, баронот овој Фонд од Минхен подоцна го преселува во Атина како најблиска слободна христијанска столнина во тоа време. ПОРАКАТА сега е и со грчко писмо кое и во Македонија е единственото присутно и легално покрај турското, заради црковно-училишната грчка управа.

Григор Прличев како Македонец е корисник на фондот од баронот Бели за стипендирање на студенти Македонци
Бидејќи упатствата биле јасни во однос македонската народност на студентите, Грците подоцна сакајќи да го ескивираат овој Фонд одат на студенти Македонци но кои би ги превзеле под својата пропаганда. Така еден од нив е и студентот по медицина Григор Прличев од Охрид кој се издржува од оваа стипендија на баронот, кога го создава “Сердарот”.

Грците го наградуваат Прличев со македонски пари т.е. пари дадени за македонска кауза, што ги користат всушност за грчка, а во времињата кога баронот и не може да влијае зашто е веќе починат а извршителите на оставнината природно се поврзуваат со властите и тајните грчки ложи во Атина (зашто и самите се изгледа дел од тајни ложи).

Интересно е што подоцна и синот на Прличев ќе е член на тајни масонски ложи иако веќе преселен во Бугарија. Со ова е изгледа направен спојот помеѓу баронот Константин Бели и неговите извршители кои ги образуваат но и внесуваат и штитениците од Македонија во ложите. Очигледна е и стратегијата на тајните ложи да се игра двојно - покрај мисијата и со секоја власт каде ќе се најде членот на ложата (Бели со австриската, извршителите со грчката, синот на Прличев со бугарската подоцна и.т.н).

Григор Прличев иако навидум игра за Грците користејќи ги поволностите од тоа, тој игра и со руските, бугарските, српските но на терен ги создава пред се – македонските национални чувства и кадри. Токму Охрид е најсилното и не случајно жариште на македонизмот во овој период. Миладиновци, Шапкарев, Узунови, училиштата и писмата на Македонците против грчката и бугарската црква и учители се не случајни.

Токму заради ова игра овие дејци кога одат во Бугарија им пишуваат делумно и таму она што на Бугарите им одговара но не и во Цариград ( Цариградскиот весник), Охрид или било каде друго место. Очајни се Бугарите денес кога вадат нешто од Бугарија а молчат за се друго. Всушност Македонциве ги играле Бугарите (како што подоцна Мисирков најдобро ќе го изрази тоа).

Но вистинската љубов на баронот Константин Бели кон својот македонски народ и воопшто македонизмот уште во почеток на XIX век најдобро ги изразил во својот “АПЕЛ“ упатен “ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “, објавен од Виена во 1838 год:

“АПЕЛ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “

Виена 1838 год.

“СВЕТОТ Е навистина чувството да се сака татковината, неизбежно е за секој благороден човек и е неопходно за оние кај кои останала трага од честољубивост и сакаат да живеат вечно од устата на поколението, а не да умрат наеднаш, откако го подишат за неколку минути како и животните оној атмосферски воздух и избришани од списокот на живите, да останат засекогаш непотребно бреме на земјата. Но колку е оваа вистина светла и од сите воопшто се исповедува, толку помалку влијае врз ЧУВСТВАТА на сите нас.

НИЕ, БОГАТИТЕ, благодарение на она што тркаламе во изобилството на печалбите, мислејќи повеќе на своето лично и материјално богатство, само се стремиме да ги умножиме своите желби, тркалајќи се во вечна заблуда и суета, каде што бескрајната фантазија, откако еднаш не одвлекла од умереноста, сака да не заблуди во бескорисни и фантастични среќи, кои всушност никогаш во животот не ги најдовме, и си остануваме без да ги вкусиме од она морално и постојано задоволство – ДЕКА СМЕ ГО ПОМОГНАЛЕ БЛИЖНИОТ И СВОЈАТА ТАТКОВИНА.

А во своите последни минути, уплашени од совеста, умираме мошне нажалени, и нашата татковина, СЛАТКАТА МАЈКА ТАТКОВИНА, не облекува траур за нашата смрт, ниту пак не придружуваат молитви на останатите наши браќа; нашата татковина не отстранува како НЕДОСТОЈНИ ЧЕДА ЗА НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ, како туѓинци и изроди со зборовите : “ ВИТОСАЈ СЕ ОД МЕНЕ, ИЗРОДЕ !!! “.

И нашето потомство го осудува нашето бесчувство и рамнодушност со обичните зборови :

“И жив беше бескорисен, а умрен е достоен за осуда “. Тажен глас ! Жален глас ! Татковината да се откажува од своите чеда, од браќата, од молитвите, а роднините и целиот говорен свет од пофалбата ...“

Виена 1838 год.
барон Константин Вељо Бели - Македонецот

(Оригиналот на писмото објавен и во весникот “Лоза “ I /I (1892), II )
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.