IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 16:34

                 KADE POCNUVA NEBOTO?

Ednas ziveele dvajca ljubopitni monasi vo eden osamen manastir. Tie mnogu sakale da doznaat kade pocnuva neboto,
sakale da znaat kade neboto i zemjata se dopiraat.Mislele
deka mora da postoi vlezna porta .

Eden den citale vo nekoja mudra kniga deka bi ja nasle ovaa porta koga bi trgnale na pat da ja baraat. No, samo onoj sto imal cisto srce, bi mozel da vleze vo Carstvoto Bozjo.

Dvajcata monasi mislele deka tie uslovi gi ispoluvaat bez da se smetaat za gordi. Go molele igumenot za odmor i go napustile manastirot. Patuvale niz mnogu neramni patista, preku dolini i planini, podnesuvale sekakvi nepriliki i cesto bile gladni. Se cuvstvuvale mnogu umorni, zatoa sto nivnoto baranje traelo mnogu dolgo.

Ostarele. No, nivniot kopnez za naoganjeto na nebesnata vrata stanuval se posilen.

Eden den,konecno stignale na celta i cuknale na vratata.
Vratata se otvorila. Potoa se pocuvstvuvale isplaseni i gi zatvorile ocite zatoa sto ocekuvale mnogu golem sjaj.
Se fatile za raka i nesigurni vlegle preku pragot.

Otkako gi otvorile ocite, na nivno golemo iznenaduvanje, povtorno se nasle vo domot, vo nivnata kalugerska kelija.

Na masata bila ovorenata Biblija, kako sto ja ostavile togas pred da trgnat na golemoto patuvanje. Ja slusale
kambanata kako zvoni za molitva. Se bilo kako porano.

Togas ja otkrile Bozjata lekcija:

" Tie bi mozele da bidat do Boga nasekade: tamu, kade sto rabotele i ziveele, bez razlika kade e toa. BOG e blizu nasekade , samo ako se ima zelba za Negovoto pristustvo ."
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 01:20


             Богатство во кујната

              (хасидска приказна)



Една ноќ Исак рабинот, синот на Језеки, во сон добил наредба да отиде во далечната Прага и да копа под мостот кој води до Кралската палата, каде, на одредено место, се крие закопано богатство. Рабинот не го сфатил сериозно овој сон, но, кога сонот се повторил, решил да тргне во потрага по богатството.

Кога конечно стигнал во Прага и дошол до мостот, разочарано открил дека деноноќно го чуваат вооружени гардисти. Можел само да гледа од пристојна оддалеченост. Со оглед на тоа дека доаѓал секој ден, му пришол капетанот на гардата и го прашал за причината. Збунет, Исак рабинот му го раскажал својот сон. Капетанот се насмеал:

“Господе Боже” рекол, “Зарем е можно еден рабин како вас толку сериозно да ги сфаќа соништата? Кога јас би посветувал толкаво внимание на своите соништа, сега би бил далеку во Полска. Еве, ќе ви раскажам еден сон кој повеќе пати ми се повтори. Во тој сон слушам глас кој ми вели да одам во Краков и да ископам богатство кое се наоѓа во аголот од кујната на некојси Исак, синот на Језеки! Замислете ја таа будалаштина - јас како талкам низ Краков во потрага по некој Исак, или Језеки, кога веројатно пола од машката популација се вика како првиот, а втората половина како другиот!”.

Рабинот занемел. Се заблагодарил на капетанот за советот, веднаш се вратил дома во Краков, копал во аголот на својата кујна и открил големо богатство...


Dobra prikazna, neli
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 22:46
Прекрасни се сите, Давиде!

Живиот БОГ да те награди!   


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 19:32
Originally posted by spiros spiros напиша:

Прекрасни се сите, Давиде!

Живиот БОГ да те награди!   





Fala na blagoslovot brate Spirose. BOG neka te blagoslovi i neka te cuva
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 16:51
prekrasnoаплауз
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 13:36

     KOLKU DRAGOCENO E EDNO MESTO VO RAJOT?


Francuskiot filozof Volter ednas na gozba kaj carot Fridrih Veliki, rekol: " Go prodavam moeto mesto vo Rajot za eden pruski talir!" Eden od gostite mu se sprotivstavil
i rekol: " Se naogate vo Prusija, a ovde sekoj sto saka nesto da prodade, mora da dokaze deka e sopstvenik na toa. Dali mozete da mi dokazete deka poseduvate mesto vo Rajot?
Ako mi dokazete, jas so radost bi platil bilo kakva suma za nego!"

Na toa golemiot filozof Volter priznal deka ostanal bez zborovi.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 18:19
 
среќа
 
ПРИЈАТЕЛ
 
Две деца уште како мали се заветиле на доживотно пријателство. Пораснале. Започнала војна. Двајцата пријатели биле регрутирани во иста единица. Во разгорот на една битка се случило да се разделат. Едниот успеал да се засолни во еден бункер, додека другиот останал изложен на отворен оган. Набргу бил погоден. Пријателот во бункерот побарал дозвола од офицерот да отиде по пријателот и да го извлече, но неговото барање било одбиено. Тоа би значело вистинско самоубиство. Во погоден миг, кога офицерот бил свртен со грб, војникот истрчал кон пријателот. Успеал да стигне до него и да го довлечка до бункерот. Пријателот веќе бил мртов, а и самиот тој бил неколкупати смртно погоден. Офицерот гневно викнал кон војникот што лежел до мртвото тело, очекувајќи ја смртта: „Какво лудило! Тој е мртов и ти ќе бидеш наскоро. Твојата постапка немаше никаква смисла.“ Со последните сили војникот одговорил: „О, не. Имаше смисла. Кога дојдов до него, неговите последни зборови беа: ,Знаев дека ќе дојдеш, пријателе мој’“.
 

Ако сакаш да имаш пријател, самиот треба да бидеш пријател. Во Посланието до Филипјаните ап. Павле презентира модел за вистинското пријателство:

Во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси! Не гледајте само на своите лични интереси, туку и на интересите на другите. Имајте такви мисли во себе, какви што ги имаше и Исус Христос: Кој, иако беше во ликот Божји, не го сметаше како нешто приграбено - тоа што е еднаков со Бог, туку се лиши Самиот Себеси, земајќи лик на слуга, станувајќи сличен со луѓето. И откако стана сличен на човек, Тој се понизи Самиот Себеси и стана послушен до смрт, дури до смрт на крст.“ (Фил. 2:3-8).

Најтоплиот збор во човечкиот речник е зборот „пријателство“. Најстудениот е „самотијата“.
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 18:23
Двајца монаси минале долго време заедно во манастирот. еден ден едниот монах му рекол на другиот:
-Толку години сме заедно а ниту еднаш не сме се скарале. Ајде да го направиме тоа.
-Ајде.
Потоа првиот монах ставил леб на масата и рекол:-Лебов е мој.
-Ако, земи го, му одговорил другиот.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 23:16

СЛУЧКАТА ВО ВОЗОТ

   Беше прекрасен октомвриски ден на 1890 г. Во едно купе на брзиот воз Лион - Париз седеа двајца души: еден белобрад старец на околу 65 години и еден 25 годишен млад човек. pasterМеѓу двајцата започна разговор. Младиот човек Гастон Леру раскажа дека pasterзавршил природни науки и сега патува за Париз на специјализација во инстиутот на познатиот професор Луи Пастер. Кога го слушна тоа, очите на старецот светнаа и тој рече на младиот човек: „Се радувам за вас учељубив господине. Науката која сте ја избрале за ваша струка, е повеќе од интересна. Таа ќе ви достави многу случаи да се уверите во чудната премудрост на Создателот. Вие сигурно сте религиозен човек, нели?” Непријатно изненаден, младиот човек си помислил дека соговорникот му е некој неписмен човек од старата генерација и со присмив одговорил: „Религиозен? Не! Мислам дека науката си ја врши работата и без Бога. Јас кој завршив високо образование, никогаш досега сум немал потреба од религија”.

   Старецот не очекуваше таков одговор, но додаде спокојно: „О, за себе си вие сте прав. И не се малку интелектуалците како вас, кои го мислат истото. Но науката, драги господине, науката, чистата, вистинската наука ...” „Жалам - го прекина нељубезно младиот човек - но не се согласувам со вас. Како што изгледа , зборите за наука која веќе не постои, којашто веќе одамна си ја испеала песната. Денешната наука е друга. Денеска ние буквално летаме напред, без да имаме никаква потреба од Бог или слични предрасуди”.

   И како што запали цигара, самозадоволен се потпре на седиштето. Старецот разбра дека е безполезно да разговара со овој млад учен, воздивна, си изади од чантата мала библија, ја отвори, се помоли и се задлабочи во читање... Времето леташе. Младиот човек испуши доста цигари, а старецот прочита доста страници од Светата Книга. Скоро возот запре на станицата во Париз. Додека младиот човек се занимаваше околу своите куферите, старецот му ја подаде визитната картичка и љубезно му рече: „ Кога ќе се сте веќе во Институтот, драги господине, јавете ми се. И покрај разликата во нашите гледишта, можеби ќе ви бидам со нешто полезен”. И исчезна среде гужвата. Младиот човек еден фрли несериозен поглед на визитната картичка и со многу големо изненадување прочита: Професор Луи Пастер. Дури тогаш тој се потсети, дека тоа лице навистина му беше познато. Изнервиран од непочитувачкото држење кон својот иден професор, тој беше и силно потресен од фактот дека овој светски познат учен, вистински лидер во науката, беше длабок верник во Бога...”

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 23:31
 
 
БОЖЈАТА ПОДАДЕНА РАКА

Едно студено божиќно утро некој човек стоел до својот прозорец и гледал надвор кон снегот, кон студенилото и се прашувал за смислата на Божиќ. Не можел никако да поверува во „приказните“ за воплотувањето на Божјиот Син, Кој се родил во штала. Па тоа нема никаква смисла”, си мислел човекот, “Бог да стане човек и да се роди во штала; та зошто би го направил тоа?”.

И додека се ределе прашањата во неговата глава, наеднаш слушнал чукање по прозорското стакло. Погледнал надолу и здогледал една птица која се мачела да помине низ стаклото и да побегне од студенилото влегувајќи во топлата соба. Човекот се сожалил и излегол надвор со намера да и помогне на птицата.

Кога се доближил кон неа, таа во паника започнала уште посилно да удира по прозорското стакло обидувајќи се да побегне. Во еден миг паднала во грмушката под прозорецот - преморена, премрзната и преплашена од огромното суштество кое поддавало раце кон неа. Колку што човекот повеќе се обидувал да ја достигне птицата, таа навлегувала сè подлабоко и подлабоко во трнливата грмушка и ледот.

По неколку минутна борба со трњата и мразот, човекот сиот премрзнат и со изгребани раце, неможејќи да гледа како птицата продолжува да се повредува себеси, извикал: Ах ти глупава птицо, зар не разбираш дека се обидувам да ти помогнам?”. Прекинал за миг и почнал да си мисли: “Ех, кога би можел да станам птица за да ти објаснам дека сакам да ти помогнам, тогаш не би бегала од мене”.

Во тој момент заѕвониле црковните ѕвона кои го означиле крајот на Божиќната служба. Човекот како покосен паднал на колена и извикал: О, Господи, прости ми!” “Јас не разбирав! Јас не разбирав”.

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 01:52

       PRIKAZNA ZA EDEN BOZIK NA ULICATA SINSINATI

          (napisana od Norman Vinsent Pil)

Moite najburni detski denovi gi pominuvav vo Sinsinati, Ohajo. Se uste se sekjavam na golemata Bozikna elka na plostadot pokraj fontanata, celata osvetlena od malite svetilki i na zamrznatite ulici na koi odeknuvaa Bozikni pesni. Nekade pogore, kade ziveese naseto semejstvo na istocnata ulica Sloboda , majka mi i tatko mi sekogas postavuvaa prirodna elka so vistinski svekicki koi deluvaa kako volsebni i zaedno so elkata sirea eden nezaboraven miris sto potsetuvase na priroden sumski ambient.

Edna Bozikna vecer, koga imav 12 godini zaedno so tatko mi, koj bese svestenik, trgnavme vo malku zadocneto Bozikno pazaruvanje. Racete ni bea polni so paketi,a jas vekje bev izmoren i po malku nervozen.

So mislite vekje bev doma, koga mi prijde eden pitac, neizbricen i necist starec so temni oci.Me dopre po ramoto so raka sto nalikuvase na kandza i pobara pari.
Mi bese tolku odbiven sto instinktivno se trgnav od nego. No, tatko mi, so svojot topol glas, mi rece:

Norman, ova e Bozikna nokj. Nemoj da bides tolku grub so lugjeto. Ne go razbrav i odgovoriv: Tato, pa toj e samo eden obicen skitnik.Togas tatko mi odgovori so cvrst glas:

Mozebi ne uspeal da postigne nesto povekje vo zivotot, no sepak i toj e Bozje cedo.

Potoa mi dade eden dolar(golema suma vo toa vreme, a osobeno za prihodite na eden svestenik)i mi rece:

Sakam da gi zemes parite i da mu gi dades na covekot. Odnesuvaj se so pocit kon nego. Kazi mu deka mu gi davas vo ime na Boga.

Jas se sprotivstaviv i rekov deka ne mozam da go napravam toa, no glasot na tatko mi bese cvrst: Odi i postapi kako sto ti rekov.

Go zemav dolarot i sprotivno na mojata volja, potrcav kon starecot i mu rekov: Izvinete gospodine, vi gi davam ovie pari vo imeto na Boga.

Toj se zacudi i pogledna vo dolarot a potoa i vo mene.
Niz liceto mu se rasiri mila nasmevka, polna so zivost i vedrina, sto zaboraviv kolku e necist i neizbricen.Zaboraviv deka e star i deka do pred malku mi bese odbiven. So eden kralski poteg ja simna sapkata i ljubezno mi se obrati: Jas vi blagodaram mlad gospodine, vo imeto na Boga.

Seta moja nervoza i mrzelivost gi snema vo toj moment.
Ulicite, kukjite, svetlata, seto toa kako da iscezna okolu mene. Stanav del od cudoto koe prodolziv da go sretnuvam niz zivotot, a toa se promenite sto se slucuvaat koga ke gi poglednete lugjeto kako Bozji deca, koga ke im podarite ljubov vo imeto na Bebeto, koe bese rodeno pred dve iljadi godini vo stalata vo Vitleem, vo imeto na Licnosta koja zivee i den denes vo nas i okolu nas, postojano obelodenuvajki go Svoeto prisustvo.

               ( VISTINSKA PRIKAZNA)
Кон врв
Superior Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Superior Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 15:01
ЈАС НЕ СУМ ИСПРАТЕН ДА ПРОКОЛНУВАМ!


Се пренесува дека Мухаммед а.с. во битката на Ухуд бил полесно ранет, крв му течел од лице, и заб му бил скршен. Таа глетка им отежнала на ахабите, затоа му рекле: О Аллахов Пратенику, Проколни ги неверниците..
На тоа Пејгамберот а.с. им рекол: Јас не сум испратен да проколнувам, туку јас сум испратен да повикувам на правиот пат и да бидам милост за луѓето; О Аллах, упати го мојот народ зошто тие не знаат!!
Познато е дека Мухаммед а.с. и муслиманите биле протерани од Мекка и им биле одземани нивните богат- ства од страна на мекканските идолопоклоници. Потоа Аллах џ.ш. им помогнал на муслиманите да ја освојат Мекка. Тогаш Мухаммед а.с. застанал пред Кабе и повикал: Што мислите ќе направам со вас? Сакал да ги потсети за она што им го направиле на муслиманите.
Мекканците рекле: Добро, чесен брате и син на чесен брат. Аллаховиот Пејгамбер а.с. им рече: “Одете си слободни сте! Не ви велам друго освен она што им го рекол Јусуф а.с. на своите браќа! Слободни сте!!”
Сепак Мухаммед а.с. им простил и не им се одмаздил за големите насилства што истите луѓе му ги направиле нему и на муслиманите воопшто.
   
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 12:23
 
....................

Некој човек случајно нашол на улица банкнота со мала вредност. Охрабрен од придобивката решил секогаш кога оди, да гледа само надолу. Што добил? Низ годините, помеѓу останатите работи собрал 29 516 копчиња, 54 172 игли, многу ситни монети, подискривен грб и мизерен карактер. А што пропуштил? Сјајот на сончевата светлина, раскошната перспектива на небесното синило, величествениот поглед кон ѕвезденото небо, насмевките на луѓето.

А што ли добиваме и што губиме, фокусирајќи се само кон земните приоритети? Можат ли земната амбиција, кариера, власт, слава или просперитет да бидат бенефит за пропуштената можност да се има општење со Царот на царевите? Што може да ја замени насладата доживеана од средбата со Божјото величие? Која земна слава е доволна да ја компензира Небесната?

Зашто, каква полза има човекот, ако го добие целиот свет, а  и напакости на својата душа! И што може човекот да даде во замена за својата душа?

Посветени на земните амбиции може и да собереме некој светликав метал повеќе. Но која е цената што треба да ја платиме? Што ќе дадеме во замена? Вреди ли?

 

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2009 во 13:14

               NESAKANATA ELKA


Covekot go gleda nadvoresniot izgled, a Gospod go gleda srceto ![ 1. Samoil [1. Car] 16;7]



        Kako bi se custvuval-a koga bi bil-a poslednata elka na pazarot, sto nikoj ne sakal da ja kupi, zatoa sto e kriva, so neednakvi granki i neugledna? Koga takvata elka bi imala custva, sigurno bi se custvuvala tazna i otfrlena.

        Ima luge sto se custvuvaat neprivlecni, otfrleni , nesakani. Mozebi na momenti i ti se custvuvas taka . Ako e taka. Biblijata ti objavuva radosna vest. Gospod ne te gleda kako sto te gledaat lugeto! Tij gleda na kvalitetot na tvoeto srce. Denesniot izvadok od Biblijata govori za vremeto koga Bozjiot prorok Samoil baral licnost za car na Izrael. Pred nego isparadirale sedum korpulentni mazi, sinovi na Jesej. No Gospod ne izbral nitu eden od niv , predupreduvajki go prorokot: Covekot go gleda nadvoresniot izgled, a Gospod go gleda srceto!

          A David , najmaliot megu svoite braka , ne bil ni zemen predvid. Sepak, Gospod tokmu nego go odbral, velejki: David e covek po volja na Moeto srce! [ Dela na apostolite 13,22].

          Bidejki Gospod ne se menuva, Toj i denes gi ceni lugeto spored vrednostite na vnatresnata licnost, a ne spored nadvoresniot izgled, kako st toa go pravat lugeto. Prasanjeto e samo , sto gleda Gospod vo moeto i tvoeto srce? Ako gleda hristijansko, pokaeno i preporodeno srce, Toj gleda covek po Negova volja.


    AKO IMAS SRCE ZA BOGA, KE IMAS BLAGORODNA DUSA.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.