IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Дали само Македонците провоцираат?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали само Македонците провоцираат?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали само Македонците провоцираат?
    Испратена: 10.Ноември.2009 во 20:50
Оваа е денешна статија од ГЛОБУС

КОГА ОМРАЗАТА СЕ ПЕЕ

Македонски музички сочиненија на агресивна меѓунационална омраза како свински грип се шират низ интернет-мрежата

Пишува: Ѕвездан Георгиевски

z.georgievski@globusmagazin.com.mk

Владата на Република Македонија сесрдно го поддржува влезот на информатичкото општество во Македонија. Се обезбедуваат компјутери за секој ученик, апсолвентите на факултетите добиваат таканаречени „ваучери“ за купување компјутери (додуша годинава некако не успеаја да ја реализираат оваа идеа), се отвораат информатички универзитети, се обезбедува бесплатен интернет за што е можно поголем дел од населението... Единствено што не се знае е дали членовите на Владата воопшто ги користат и како ги користат услугите на оваа веќе четири децении нова технологија.

Добро, интернет-мрежата не е Македонска енциклопедија (иако авторите на Енциклопедијата јавно објавија дека ги користеле изворите на Wikipedia, на пример), таа е и замислена да ги задоволи демократските потреби на обичните луѓе, да го исполни она старо правило дека ако има некој кој сака да врисне, тогаш треба да му се овозможи простор тој да врисне. Се разбира, интернетот не е наменет само за врискање. Таму навистина можат да се најдат релевантни податоци за сите области од општествениот живот, барем од западната хемисфера на земјината топка. Македонското сфаќање на демократскиот пристап кон информациите, јасно, е нешто поинакво. Ако, на пример, имате едвам два сајта за Ристо Крле, под терминот „шиптари“ ќе налетате на навистина сериозен број адреси, кои наведуваат на неверојатни, би рекле и фантастични, изблици на меѓунационалната омраза. Со други зборови, добрите идеи кај нас секако го достигнуваат своето целосно искривување. Демократијата, значи, не се сфаќа како слобода без загрозување на другиот, туку обратно: како слобода да се загрози другиот! Демократија е јавните медиуми да ги демонизираат малцинските групи, а јавниот говор да биде загаден до мерка која, едноставно, не може да се опише.

Иако бевме во голема дилема (пред се' морална, бидејќи законската и онака не функционира) дали воопшто треба да се објавуваат текстуалните делови на „вдахновените“ музички парчиња на омразата што како свински грип се шират по македонскиот дел од интернет-мрежата, се решивме, токму поради нивната распространетост (некои од овие песни се прифатени како навивачки химни - „Ни на небо, ни на земја за Шиптари место нема“ наголемо ја пеат навивачите на ФК „Тетекс“ од Тетово), а некои се дури и подредени под одредницата „најубави македонски песни“) да наведеме два карактеристични примера (види ги рамките). Темата на опевањето на омразата сигурно заслужува една сериозна социолошка анализа, но она што нам ни падна в очи на првото „читање“ (и слушање) на овие интернетски страници беше распределбата на непријателите врз национална и политичка основа – на прво место по застапеноста се Албанците (Шиптари, што би рекле во МАНУ), а веднаш зад нив се Грците („Цркнете Грци, Македонија е вечна). Тука некаде се и Бугарите, иако не се толку зачестени. Единствените соседи, кои според умот на народниот гениј на омразата, не' не загрозуваат се – Србите (дури на еден од спотовите се појавува текст „Смрт за Шиптари, Грци и Бугари“, а Србите никаде не се споменуваат). Напротив, на форумите објавени под видео-презентациите на песните често можат да се најдат пораки на воодушевување и поддршка, напишани на српски јазик. Теориите на заговор ќе ви ја препорачаат и верзијата дека сето тоа е масло на некогашниот КОС (тајната полициско-политичка служба на некогашната ЈНА) и воопшто на тајните полициии чии центри на моќ останале токму во Белград. Некој ќе ви објасни дека ние, Македонците, заедно со Србите, имаме заеднички непријател, а тоа се Албанците (иако не се знае каде тука се вклопувваат Грците). А во суштина станува збор за дефинитивна искомплексираност, лудило и целосна небулоза. А тоа не се анализира. Освен соседните народи, на тапет на денешниот „народен“ творец се и Американците (преку нивната политика), но и Европската унија („Европа - к*рва вавилонска“). За волја на вистината, на скалилото на зачестеност, па дури и на „омразиметрот“, тие се наоѓаат на прилично пониско ниво од Бугарите, на пример.

Она што остава впечаток не е само омразата кон доминантните народи на соседните држави, туку клетвите („корен да не остане од вас“), повикувањата на физичка ликвидација („смрт на Шиптарите“) и уште низа флоскули од кои, најблаго речено, се крева коста на главата. Во суштина, излегува дека интернетот е најдобриот медиум за македонското херојство. Во принцип станува збор за творби преполни со национален патос, бес, омраза и гнев, кои, по правило се – анонимни. Речиси никаде не се наведува ниту исполнувачот, ниту пак авторите на овие бесмислици. Уште помалку се знаат авторите на коментарите на форумите по повод овие песни, кои (коментарите) просто експлодираат од неверојатното количество злоба, омраза и гадости. Толку за македонското херојство од типот: „животот го даваме, името не го даваме“ или „да не беше НАТО, досега ќе ве истребевме“. Интересно е дека освен новокомпонираните моронштини, на интернет можат да се најдат и „урбани“ варијанти на истата омраза. Главно станува збор за рап варијанти на специјалната интернетска војна: „Смрт за Шиптари“ и „Само мртов Шиптар е добар Шиптар“ се само два наслова од прилично богатата збирка на овдешните „урбани сељачишта“.

Втората категорија песни, која доминира на „јутјуб“ (www.youtube.com) е онаа со сериозен романтичарски занес. Сведоци сме на антиквизацијата на музичкото наследство, каде што изведувачите не се во таа мерка анонимни. Доминира Сузана Спасовска („Александар цар македонски“ и слично), а тука е и неизбежниот „неготински цар“ Орце Стевковски, кој освен што пее за „Грци катили“, пее и за „Бук*рештанскиот договор“, односно онака убаво во деветосмински ритам објаснува дека Македонија во 2013 година ќе биде обединета и цела, односно го опева наводниот мит дека Договорот од Бук*решт (не за НАТО, туку мировниот договор по Балканските војни, кога македонската територија е поделена на трите земји победнички во овие судири) трае сто години и дека ќе заврши во 2013 година, кога Македонија повторно ќе се обедини. Во оваа категорија песни влегуваат и цели епови за вредностите на ВМРО, особено за сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски („Јас сум чист Македонец, патриот сум храбар... Имам многу другари, сите ВМРО-овци и еден храбар премиер, господинот Никола Груевски“ - извесни Васко и Елизабета, а песната се вика „За Македонија“).

Третата група песни се оние што се однесуваат на македонските предавници („Проклети да се предавниците“), при што мошне симптоматично делуваат фотографиите одбрани за илустрација на овие песни. На прво место, секако, е Киро Глигоров, а потоа следуваат Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Тито Петковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска итн., а она што прилично изненадува е дека меѓу нив е и Никола Груевски („И човекот во кого најмногу верувавме, не' предаде“). Кога човек ќе ги види овие спотови (вака ги нарекуваме со многу добра волја, бидејќи главно станува збор за редење слајдови) ќе помисли дека во оваа држава и не живее никој друг освен предавници (според некои извори, цитираниот спот е испорачан од Австралија). Со оглед на ширината на ликовите, кои се застапени во „македонскиот крвопис“ на предавницитеиме дека од сите позначајни ликови на македонската традиција тука недостасува само – Стојан Андов. Еден од највпечатливите ликови на македонската политичка сцена, политичар и дипломат од кариера во некогашната заедничка држава Југославија, прв претседател на Парламентот на суверена Македонија, и воопшто парламентарен спикер со најмногу стаж на оваа функција, ете, на новокомпонираните откривачи на предавниците и платениците не им остави некој сериозен впечаток. Добро упатени извори во дијаспората и во Светскиот македонски конгрес велат дека причина за ова е неговото актуелно ангажирање околу лустрацијата и воопшто околу анатемизирање на таканаречените кодоши. Како ќе набедиш некој дека е кодош, кога тој сака да расчисти со кодошкото минато на својот народ. Што би се рекло, луѓето што го направија спотот за „Проклети се предавниците“, можеби мислеа дека се наоѓаат на истата бранова должина со Законот за лустрација. Или, она што е поедноставно и поверојатно – станува збор за глупост која некој или некои имаат пари да ја финансираат.

Самата естетика на спотовите е соодветна на нивната содржина. Песните се релативно добро продуцирани и ужасно лошо илустрирани. Главно станува збор за слајдови испишани со дневно-политички категоризации и со по некоја фотографија, која би требало јасно да стави до знаење за што станува збор. Па така, освен што ќе го видите Али Ахмети како му припалува цигара на Бранко Црвенковски или ќе ги видите политичарите во некаква, ајде да кажеме, смешна поза, можете да го видите знамето на Република Грција со свастика, наместо со крст, или како гори, или како има истакнат среден прст, наместо крстот или среде знаме и слични противзаконски пројави.

Не би требало да се навлегува во детални описи на филмски стории што доведуваат до понижување не на луѓето што се таму прикажани, туку на цели нации и цели држави. Интернетот е, сепак, јавен медиум. Македонското судство осудило повеќе новинари за, најблаго речено, спорни клевети, но во овој случај ништо не се презема. Приказната дека не може да се влезе во трагата на македонската геноцидна брука, едноставно, не држи вода. Конечно, токму преку интернетот илјадници луѓе во светот се поапсени поради педофилија. Во контекст на анонимните антихерои на овој текст, можеби е време Владата, освен децата, да му овозможи и на јавниот обвинител Шврговски бесплатен интернет. Можеби тогаш и тој, а и некои други ќе ја сфатат пораката што Македонија ја емитува ширум светот. Или, да ја парафразираме песната која го испровоцира овој текст: ни на небо, ни на земја за нас спас нема.

Адреси за згрозување

    http://www.youtube.com/watch?v=TPOd1ELi36M

    http://www.youtube.com/watch?v=eHsJEc1EwqI&feature=related

    http://www.youtube.com/watch?v=W3xukRTzdxI&feature=related

    http://www.youtube.com/watch?v=Qo_LteNI1mQ

    http://www.youtube.com/watch?v=sEvEIO_6oCE

    http://www.youtube.com/golemotodrustvo

    http://www.youtube.com/watch?v=owLkS2WmGGg

    http://www.youtube.com/watch?v=Y_nabrc4Hm8

    http://www.youtube.com/watch?v=hFz4jAQrgjU

Христијански клетви

    Песната „Ни на небо, ни на земја за шиптари место нема“ е ставена на форумот на порталот „Идивиди“ како една од најубавите македонски патриотски песни (заглавието на страницата е „Уметност, култура и традиција“)

    Мајко мила Богородице,

    Чувај ни Хрисјаните,

    Ќе ги изградат сите храмови,

    Што ги изгореја пусти КАЧАЦИ,

    Ќе ни бијат силни камбани,

    Ќе ни пејат сите Ангели.

    (Реф.)

    Качаци партали, црни чуми двоглави,

    Ни ја гнасат МАКЕДОНИЈА,

    НИ НА НЕБО, НИ НА ЗЕМЈА ЗА ШИПТАРИ МЕСТО НЕМА,


    КАЗНИ ГИ БОЖЕЕ,

    ГРОМ ДА ГИ УБИЕ,

    ОД НИВ КОРЕН ДА НЕ ОСТАНЕ.


    Мајко мила Богородице,

    Чувај ни ја Шар Планина,

    Бели стада и бачила,

    Македонска убавина,

    Пак ќе свират зурли тапани,

    Ти ќе венчаш Младоженци.

    И повторно следи рефренот
    (преземено од
    http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13418иPID=1553881)

Раперска мултиомраза
    Дека омразата не се шири само преку квази-фолклорниот клуч, докажува и извесен локален рапер, кој себеси се нарекува аЦе маФиа (од „Шутка тенеси“, како што самиот вели). Неговиот рап „Смрт за Шиптари“ е една од најпопуларните песни од овој тип на интернет-мрежата.

    Смрт за (3х) за шиптари

    о - од ‘аЦе и од Спасе

    страв и трепет да имате,

    да имате

    Смрт за (3х) за шиптари

    о - од ‘аЦе и од Шишка страв и трепет,

    да имате, да имате.


    Ќе те натерам да скокаш на оваа трака

    шиптар глуп од тебе да знаеш мене ми е мака,

    од твојот ебан глас мене ми се повраќа,

    за твојот ебан газ мене Шишка

    нова информација ми праќа,

    Село С, кралското село под чело на Аљаска,

    до бес, тепање шиптари со свест,

    во 58 каде шиптар е мирен

    исто како е-бана бубалица,

    па макар да е и кралица јас ја викам

    магарица,

    за секој шиптар смрт да има,

    за секој шиптар спасе по еден к*ршум има,

    секој шиптар од страф ќе почне и да бега

    сите, сите од село С знаат кој е главен,

    јас ‘аЦе маФиа со другарот Шишка

    Аљаска го напраифме меродавен,

    Спасе-Спасе е православен, ‘аЦе е неверник,

    Шишка збесна, и сам почна секој шиптар

    да го треска,

    за шиптари гасна комора,

    исто како што викав порано:

    Спасе уби го мрази го, у-ништи го

    Спасе уби го мрази го, ах.


    Смрт за (3х) за шиптари

    о - од ‘аЦе и од Спасе

    страв и трепет да имате,

    да имате

    Смрт за (3х) за шиптари

    о - од ‘аЦе и од Шишка страв и трепет,

    да имате, да имате.

    Да знаете сите јас сум од Шутка тенеси

    апел до сите македонци

    спијте со пушките под глава

    зашто мене стално ова мисла во глава ме мава

    умри шиптар вишок си,

    умри шиптар гаден си

    не ме терај да те убијам,

    ваков живот со тебе неќам да живеам,

    и тебе ќе те истребам,

    Аљаска грбот ми го штити,

    знаеш не сум сам, што к*р не сум сам,

    кај и да те најдам со Спасе и со Шишка

    ќе ти праам бам бам,

    умри шиптар вишок си,

    умри шиптар гаден си,

    никогаш нема да те сакам,

    никогаш нема да те жалам,

    се додека не те исчистам,

    под два метра земја да те закопам,

    тогаш свеќа на Македонија

    ќе и запалам,

    никогаш нема да те сакам,

    никогаш нема да те жалам,

    умри шиптар гаден си,

    умри шиптар вишок си


    умри шиптар гаден си,

    умри шиптар вишок си је,

    умри шиптар гаден си,

    умри шиптар вишок си ах,

    Смрт за (3х) за шиптари

    о - од ‘аЦе и од Спасе

    страв и трепет да имате,

    да имате

    Смрт за (3х) за шиптари

    о - од ‘аЦе и од Шишка страв и трепет,

    да имате, да имате.



Изменето од Анастеа - 10.Ноември.2009 во 23:58
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 20:51
Оваа е грчката провокација која остана без осуда.
http://www.youtube.com/watch?v=zfrlUVg8lW8


Оваа е говор на љубов така?
http://www.youtube.com/watch?v=-Wthd3eN5I0&feature=related


оваа не е пропаганда ?
http://www.youtube.com/watch?v=VmNYNM5j1q4

А еве и за љубовта на албанците - сакат федерација?
http://www.youtube.com/watch?v=z3rMMSrTp_k

ovaa e tradicionalna muzika?
http://www.youtube.com/watch?v=szQ8pArJf-M


ovaa e samo rap muzika?
http://www.youtube.com/watch?v=lXR84J1ZuRA&feature=related

ovaa e za mali deca?
http://www.youtube.com/watch?v=GxIyuCuGlpU&feature=related


Изменето од Анастеа - 10.Ноември.2009 во 23:56
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 23:07
Пих тоа не е ништо - еве еден цел сајт

http://www.kumanova.com.mk/web-x/

Што е најжално регистриран е со префикс МК



Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 23:12
да ама авторот на колумната тврди дека само ние сме провоцирале
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 23:48
Се врши невидена хајка против Македонскиот глас,не ми е јасно кој сака да го заќути Македонскиот народ правејки го крив и неук во сите овие моменти.Навистина не ми е јаснозбунетост
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 00:19
ако некој некого мрази, слободно нека си ја искажува омразата, никој не му брани, а омразата не е за џабе, таа постои со причина секогаш
што се однесува до песниве, глупости се невидени, привлекување внимание, ништо друго, и тоа на интернет, мнооогу храбро газење%20од%20смеење

но проблемот е зошто секогаш Македонците се критикувани? тензијата постои и од двете страни!
плус тоа, зошто Македонците се критикуваат себеси, па и да се во право, не гледам Албанците да се самокритични
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 02:20
Колкав ќе биде животниот век на темава - ќе зависи од членовите и нивните коментари.
Нема да биде дозволено со постојано спамирање со слични песни и текстови темава да се претвори во полигон или боиште за ширење омраза, КОН БИЛО КОЈ.
Цитирање линкови со слична содржина на веќе постираните ќе биде дозволено за нешто што веќе е јавно некаде објавено, но единствено во прилог на темата или за нејзино побивање, но не и за изразување преку нив личен став со кој се поттикнува и разгорува меѓуетничка нетрпеливост или омраза.

Сметам дека би требало да се продискутира за статијава, која е објавена во јавен медиум - неделен магазин, достапен за читање на јавноста а во која статија еднострано се осудуваат Македонците за ширење меѓуетничка омраза.
Останува нејасно зошто авторот замижува на едно око, па во целиот текст нема ниту еден збор за погрдните пароли и песни кои се пеат и од страна на Албанците или Грците или Бугарите?збунетост
(Ќе ја споменам само песната “Македонско девојче“, притоа секако не мислам на оригиналната верзија туку онаа навредливата што имале прилика да ја слушнат посетителите на некои фудбалски натпревари од навивачките групи!)

Проблемот за жал не е така едностран како што го претставува авторот на цитираната статија.
Проблемот е многу покомплексен и заслужува подлабока социолошка анализа, како што наведува и самиот автор во текстот, но анализа во која ќе бидат опфатени и двете страни на кои авторот најмногу се задржува, како и причините кои довеле до овој степен на омраза меѓу двата етникуми (албанскиот и македонскиот).
Но, авторот не се задржува само на албанскиот етникум, туку “омразата која Македонците ја сееле по интернет-просторот како свински грип“ ја проширува на сите соседи (со исклучок на Србите), па дури и на Европа за да стигне и до Американците...?

Се прашувам дали авторот прошетал малку пошироко низ интернет пространството или пасија му е само македонскиот дел од пеколот?
Дали на пример прочитал какви коментари се оставаат под погоре постираните линкови со песни од страна на читатели-Албанци на каналот Ју Тјуб или по објавените вести на веб-страните на весниците и телевизиите, дали прошетал низ грчките и бугарските форуми и за да види што се’ таму се пишува и какви пароли и песни се пеат за Македонците, дали можеби прочитал низ јавните медиуми или форуми и портали што цел свет мисли за Американците или како самите европјани си го нарекуваат континентот...?

За да има говор на омраза потребни се барем две страни - оној кој говори и друг против кој овој првиот говори.
Ајде да видиме, за волја на вистината,  дали овој говор е обичен монолог само на едната “страна“ или функционира по принципот акција-реакција?...збунетост
Дали постојат некои потиснати или неразјаснети историско-политички и социолошки причини и подлога за така натрупаната нетрпеливост и омраза, за која сепак редно е да се каже дека е појава-феномен кој се јавува кај поединци или групи... без да се демонизира и сатанизира целиот Македонски народ со лепење на етикетата “македонска геноцидна брука“!

Лично ги осудувам и се згрозувам од ваквите “песни“ ако воопшто можат да се наречат така овие дела и треба да се инсистира, секаде каде се може да се сечат ваквите појави во корен.
За мене тоа се оди на човечката глупост, кои изразуваат личен недостаток на елементарни цивилизациски вредности на авторите на текстови со вакви примитивни содржини.

И само да кажам дека форумот Идивиди не носи одговорност за содржината на коментарите на членовите и затоа го задржува правото на нивно бришење (како што јасно пишува и во правилата).
Ако некаде нешто се протнало или било ненамерно пропуштено, тоа не значи дека изразува став на форумот или дека поддржува ширење пораки на нетрпеливост и омраза, кон било кој народ или етнос!



Изменето од Анастеа - 11.Ноември.2009 во 02:22
Кон врв
tanas_1902 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 346
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tanas_1902 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 08:32
Шефке во Бугариа има каде 1-2 милиона македонци и ако ги мрази некоj ова значи дека мразиме сопствениот си народ! Ако вие ги делите македонците на наши и ваши тоа е друг проблем!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 09:47
. Приказната дека не може да се влезе во трагата на македонската геноцидна брука, едноставно, не држи вода. Конечно, токму преку интернетот илјадници луѓе во светот се поапсени поради педофилија. Во контекст на анонимните антихерои на овој текст, можеби е време Владата, освен децата, да му овозможи и на јавниот обвинител Шврговски бесплатен интернет. Можеби тогаш и тој, а и некои други ќе ја сфатат пораката што Македонија ја емитува ширум светот


овој новинар повикува да се произнесе и Шврговски,подобро е сите членови доброволно да се пријават во полиција отколку да иди новинарот со тв-екипи и да апсат по дома.
затоа внимавајте што ќе пишите петата колона неуморно работи.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 10:43
Танас, такви мразачи да ги наречам ги има секаде за жал, па и кај вас, не сте ни вие исклучок.
Ги има таквите поединци и цели групи кои својата омраза и нетрпеливост кон некој народ ја искажуваат на ваков примитивен начин, впрочем како што било и досега, само што сега со интернетот се е достапно и до пошироката јавност. 
По нетот навистина се пишува се и сешто, јас имам читано одвратни работи за Македонците и на бугарските и на грчките сајтови.
И тоа не е само наш проблем, туку по принципот на сврзани садови се шири насекаде наоколу.


Кон врв
tanas_1902 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 346
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tanas_1902 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 11:38
Па не е важно толкоз што пишува во нетот, по важно е дали като минеш границата да идеш на Црно море или во Охрид да не те гледат като душманин а да те почерпат со една жолта!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 16:32
Каде се сега дебатите?
Во туристичкиот водич што минатата година го издаде општината Тетово името на скицентарот Попова Шапка на албански е запишано како КОДРА Е ДЈЕЛИТ, што во превод би значело СОНЧЕВА ДОЛИНА, кованица што беше намерно смислена во радиото Тетово во време кога таму беше директор извесен Абдилнасер Синани      
И самите Албанци дотогаш без проблем тоа место си го викаа онака како што му е името. Сега сите го викаат по новото име. Значи, тоа е стратегија за постепено менување на топонимијата во западните делови на Македонија. Ова е, да потсетам, сосема спротивно на законот во Р. Македонија. Топонимите не смеат да се менуваат!

Тоа што е уште пострашно и за кое некој одговорен треба да биде сериозно казнет е тоа дека во англиската верзија на истиот туристички водич преводот на Попова Шапка е доследно СУННЅ ЊАЛЛЕЅ (од Сончева Долина, а не од Попова Шапка). Она што изостана е било каква реакција од Македонците (и органите на државата) било на локално или државно ниво. Медиумите молчеа исто така. Во меѓувреме се појави и „граѓанска организација“ ИЛИРИКУМ ЛИБЕРТАС која јавно, јасно и гласно, постојано на своите прес конференции без ама баш никаков историски доказ или показател, повторува дека (само неколку примери) Александар Македонски бил Илир по потекло, дека манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил албански манастир, дека свети Наум бил Албанец и така натака... Ние Македонците (кои сме дојдени од зад Карпатите) сме биле узурпатори на туѓа територија, туѓи културни наследства и објекти. Претпоставувам мислат дека узурпираме културно наследство на тие што после 18 век дошле тука и се пребоиле во Илири... На несериозниот лидер на таа „граѓанска организација“ дури и му беше отстапен простор во емисијата „Студио 2“ на А2 телевизија, кога во истата се фрлаа дрвја и камења против Македонската енциклопедија, од причина што таа ги навредувала Албанците. Во емисијата истиот искажа навреда до навреда, лага до лага за Македонците и Македонија, без притоа да биде на било каков начин демантиран ниту од водителот Борјан Јовановски или пак гостинот во истата емисија, Бранко Героски. Заклучок е значи дека, кога Македонците се навредувани тие треба да молчат, а кога Албанците се чувствувале навредени, не само што тие не премолчуваат, туку и самите ние се натпреваруваме кој повеќе да застане на нивна страна, без разлика каде е вистината.

Пред неколку дена пред Шарената џамија се постави повеќејазична табла на која наместо Шарена џамија пишува ПАШИНА ЏАМИЈА. Директорот на републичкиот конзерваторски центар Бехиџудин Шехапи кажа дека, замислете, во народот таа била попозната како Пашина, а не како Шарена!? Па кого тој мисли дека излажал? Сите, ама баш сите таа џамија ја викале и ја викаат Шарена. Освен тоа дека таа била наследство на албанската и отоманска култура (што и тоа да му значи на него), тој ама баш редовно заборава да каже дека таа е насликана од МИЈАЦИ од дебарска тајфа на зографи-копаничари. Претпоставувам, за да не испадне дека таа е всушност наследство но османлиско-македонска култура. Истите негови фрази до збор се напишани и во новата брошура „Тетово - порта на цивилизацијата“ издадена од општина Тетово оваа година, каде меѓу другото пишува и дека тетовската позната МЕНАДА била од „времето на Илирите“!!! И самите свесни дека не можат да го претстават Тетово како илирски град во антиката освен ако и очигледните античкомакедонски артефакти на овие простори не се „поилирчат“ некако. Да се разбереме, и на сосема наивните историчари им е јасно дека менадите се ритуални танчарки на култот кон богот Дионис и се исто така поврзани и со музите на Пиер (во денешна источна и Пиринска Македонија)... Какви Илири има тука?

Поентата е следна: Зашто сега кога гледаме очигледно крадење на нашата македонска историја, по националните медиуми (и македонски и албански) не гледаме исто таква осуда како за енциклопедијата на овој феномен? Зашто не гледаме Македонци кои го напаѓаат сето ова и Албанци кои исто така ги напаѓаат своите сонародници за крадење и навредување на своите сограѓани Македонци??? Па не е ли јасно зашто?..
     
Автор: Дарко Ристоски, Тетово
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 16:47
Индикативно е што весникот Сега,Време и телевизијата А1 се за негација на македонскиот народ
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 16:59
Tochno taka, treba VEDNASH da se reagira na vakvi namerni "propusti" za istite isto taka vednash da se smenat. намигнување  Dokolku se ostavi samo na zboruvanje, takvite "propusti" ke se povtoruvaat a so toa i toponimite menuvaat.
 
Eve eden primer sega jas nakratko ke vi raskazham vo vrska so ovie namerni "greshki".  
 
Za vreme na 2001 i zategnatata situacija so Albancite vo MK, imashe dosta obidi i tuka vo Avstralija, da se podmetnat i smenat iminjata na MK gradovite vo Albanski...ili na primer istaknuvanje na ""Albanskata maka" a zanemaruvanje na Makedonskata - zboruvam za izjavi po medijata.  Pri eden takov javen "propust" na eden TV kanal ovde, vo vestite za koi zboruvaat za situacijata vo MK namesto da rechat Skopje, rekoja Shkupi. изненадување  VEDNASH im se javiv direkno na taa TV kuka i LOM gi napraviv. намигнување задоволство  Vo istite vesti ama veke vecherni (gi chekav da dojdat slednite), VEDNASH istoto beshe smeneto i beshe pravilno napishano SKOPJE! голема%20насмевка задоволство
 
Imam ushte nekolku vakvi slichni sluchki...ama tie drug pat ke vi gi raskazham....голема%20насмевка...koga ke asocira nekoja tema na tie ili slichni sluchki. голема%20насмевка среќа  Poentata mi e, znachi SEKOJ mozhe neshto da napravi za da neshata se promenat i ako site barem po malku doprinesuvame, ke bide super za nashata idnina. намигнување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.