IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Макробиотика
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Макробиотика

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 25>
Автор
Порака
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 21:24
Кравјото млеко придонесува за појава на мултипла склероза?      
-----------------------------------------------------

Dr. Johannes Guggenmos во Јануарскиот број наJournal of Immunology од 2004 година ги објави резулататите од испитувањата на поврзаноста на мултиплата склероза со консумирањето на кравјо млеко.

Според тие испитувања, кај мултиплата склероза постои процес на вкрстена реакција на антителата (имунолошка реакција на организмот) меѓу гликопротеините од миелинската обвивка на олигодендроцитите и млечниот протеин бутирофилин. Ова е таканаречениот процес на „молекуларна мимикрија“.

Мултиплата склероза е болест која се вбројува во автоимуните болести каде организмот го насочува сопствениот имунитет кон сопствените ткива. Во овој случај нападнат е нервниот систем.

Молекуларната мимикрија е природен одговор на имунитетниот систем кој делувајќи против страните протеини истовремено ги напаѓа и сличните протеини од сопствениот организам. Во овој случај антителата кои се создале за да делуваат против некои протеини од кравјото млеко истовремено делуваат и против миелинот од нервниот систем.

Според испитувањата на Dr. Roy Swank, до колку се промени навреме начинот на исхрана, опасноста од влошување на состојбата во следните 35 години е помала од 5%.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 21:28
Извори на витамин Б12             
------------------------

Мали дози од 0,3 до 0,65 микрограми днево ја лечат мегалобласната анемија. Но, тешко е да се набават толку мали дози на Б12. Таблетите содржат околу 500 до 5000 микрограми. Овие дози се добри за да се оствари таканаречената пасивна апсорпција на витаминот, која се случува при оштетување на дигестивниот тракт. Но, кога е човекот здрав, тогаш тоа се преголеми дози и можеби 1000 пати поголеми од потребното.

Бидејќи Б12 содржи еден молекул на минералот кобалт, тој често се наоѓа под името Кобаламин. Како додаток на храната и како таблета, овој витамин се наоѓа најчесто под името цијанкобалтамин. Неговата делотворност кај невролошките проблеми е дискутабилна, но другите форми како метилкобаламин и хидроксикобаламин, можеби се подобар избор при лекување на недостаток на вит. Б12.

Важно е да се одбере биоактивната форма на Б12. Има многу супстанции како додатоци на храната кои се слични на Б12, како што е спирулината на пример, но сепак тие не се делотворни.

Hори Alga-добар извор на Б12

Некоја храна која е подложена на бактериско вриење, како што е темпех и мисо, како и некои морски алги, се посочуваат како извори на Б12. Темпех и мисо немаат Б12, но нори – сува зелена и виолетова морска алга која се користи за подготвување на суши, може да е добар извор на Б12.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 21:32
Сензации околу Б12 недостатокот кај вегетеријанците      
---------------------------------------------------

Написите за опасноста од недостаток од витамин Б12 кај веган исхраната придонесуваат за добра продажба на медиумите кои ги купуваат луѓето, а кои сакаат да слушнат нешто со кое ќе го оправдаат својот нездрав начин на исхрана. Така, во мартовското издание на „Њу Ингланд журнал оф медисин“ ( New England Journal of Medicine) беше објавено писмо (немаше научен податок), напишано од 33 годишен маж кој станал вегетаријанец на 20 години, и сега се судрува со проблемот на појава на слепило. Насловот беше: „Слепило кај вегетаријанците“.

Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.

Но, некако во позадина беше објавено дека кај овој човек недостасувале и витамините: А, Ц, Д, Е, Б1, Б12, фолна киселина, како и цинк и селениум. Тоа значи дека овој човек страдал од општа неухранетост, односно поедноставно кажано, овој човек гладувал, нешто што можеме да го споредиме кај оние кои се на „вечна“ диета, дадена (односно советувана) од некомпетентни советодавци и „стручњаци за слабеење“. Кога овој човек бил подложен на медицински третман, надокнадувањето на витаминот Б12 не му го повратило видот, туку само го коригирало анемијата.

Ако добро се анализира овој случај, се гледа заблудата во поврзувањето на болеста со нејзините причини. Значи тој не ослепел заради недостаток на витаминот Б12, туку заради недостаток на други компоненти во исхраната.

Вегетаријанскиот начин на исхрана значи исхрана која изобилува со скробни растенија, многу зеленчук и овошје, а токму тие се главниот извор на витамини А, Ц, фолна киселина, како и на цинк и селениум. Значи, кај пациентот се работи за гладување, било да е тоа резултат на „сиромаштија“ или некоја друга состојба каде организмот не може да ги апсорбира хранливите материи од дигестивниот тракт. Како и да е, ваквите случаи се многу добра можност да се охрабрат љубителите на месо и млеко и на друга животинска храна да продолжат со нивно консумирање.

Витамин Б12 - Последно упориште на оние кои сакаат да јадат месо    
--------------------------------------------------------

Дефицит на витамин Б12 е податокот кој стана последното упориште на луѓето кои премногу сакаат да јадат месо. Луѓето секогаш настојуваат да ги бранат своите навики да јадат одредена храна или да пијат некои пијалаци. Кога станува збор за одредена храна која е посочена како нездрава или неприродна храна за луѓето, тогаш љубителите на истата постојано ја нагласуваат потребата да се консумира такавата храна, која обично е проследена со некакви „квази вистини“, за здравствените потреби на човекот кои се поврзани со нејзиното консумирање.

И повторно: „луѓето секогаш сакаат да слушаат добри работи за нивните лоши навики“.

Сепак, добро информираните луѓе повеќе не веруваат дека млекото е најдобриот извор на калциум за луѓето, или дека месото е потребно за да се задоволат потребите од протеини. Откога се распадна ваквото потенцирање на важноста на млекото и на месото, витаминот Б12 стана топ тема, секогаш кога се зборува за вегетаријанскиот начин на исхрана.

„Омниворите го обезбедуваат витаминот Б12 од месото кое го јадат, па заради тоа оние кои одбрале начин на исхрана без месо, се предодредени да заболат од некоја од болестите кои се последица на недостатокот на овој витамин...?“

Во ова има мала трошка вистина, но сепак постои и една друга вистина, а тоа е дека болестите кои се резултат на недостаток на витамин Б12 се премногу ретки, помалку од еден случај на милион луѓе.

Оние кои ја проучуваат здравата исхрана, знаат дека витаминот Б12 е единствениот факт на кого ќе се потпираат поддржувачите на месото и млекото како храна (не само оние кои сакаат да ги јадат овие производи, туку и оние кои профитираат од нивното производство).


Биохемиски промени при мало количество на витамин Б12          
-------------------------------------------------------
Нормалните вредности на витаминот Б12 во крвта се 150 пикограми на милилитар. Кога вредностите се под 80 пикограми на милилитар, значи се јавува недостаток од витаминот. Витаминот се мери преку крвта, лабараториски, и тоа е многу лесна процедура.

Б12 е витамин кој е потребен за одвивање на многу биохемиски реакции во организмот, па затоа, кога ќе се јави негов недостаток, се случува оневозможен метаболизам на некои материи, што резултира со зголемување на нивото на метилмалонична киселина, на аминокиселината хомоцистеин. Зголеменото ниво на хомоцистеин се јавува и при премногу калорична исхрана, кога се јаде премногу месо, а исто така се поврзува со зголемен ризик од срцев удар и мозочен напад. Оваа аминокиселина, всушност, самата по себе не ги предизвикува овие болести, туку укажува на податокот за нездрава исхрана на луѓето, односно е показател за екстремен внес на животинска храна. Кога се дава фолна киселина или вит. Б12 за да се намали количината на хомоцистеин, тогаш не се намалува и ризикот од срцев удар, туку напротив, суплементите на фолна киселина го зголемуваат ризикот од срцев удар, мозочен удар, карцином, па дури и смрт.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 21:39
Природна храна за човекот, што е тоа?      
----------------------------------------------
Секое животно има специфична храна со која треба да се храни и за која е создаден неговиот организам. Ако му давате месо на тревопасно животно, ќе го разболите или ако му давате трева на месојадно животно, и тоа ќе се разболи.
Исто е и со луѓето. И организмот на луѓето е создаден за да опстојува со одреден вид храна за што е одговорна природата што го создала. Не се работи за желба, туку за природа.

Има луѓе на кои не им се допаѓа кога ќе слушнат дека човечкиот организам е дизајниран од природата да се храни претежно со растителна храна. Затоа не треба да се лутат оние што не ја сакаат растителната храна, зашто ништо не може да се стори за тоа, никој не може да го измени тоа бидејќи така решила природата.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2009 во 14:43
VAZNO E STO,KOLKU, KOGA I KAKO JADETE

Човековиот имунитет најефикасно се подобрува со правилна исхрана, што подразбира дека храната треба да се џвака темелно, да се јаде умерено три до пет пати дневно, да не се јаде меѓу оброците како ни во ноќните часови. Човекот не се храни со она што ќе го голтне туку со она што ќе влезе во клетките - ќе се искористи. Ако не сме информирани како да му помогнеме на организмот правилно и оптимално да ги искористи компонентите од сварената и разложената храна, ние можеме залудно да јадеме најквалитетна и еколошки најчиста храна, а од неа да немаме никаква корист туку само штета. Храната што е внесена на неправилен начин главно се претвора во токсичен отпад и ја зголемува киселоста на организмот што е основа за развој на дегенеративни заболувања.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 15:46
SLOBODNITE RADIKALI, BOLESTITE I RAKOT

Teloto se sostoi od kelii, keliite od molekuli, a molekulite od atomi a atomot se sostoi od 3 vida na cesticki;elektron, proton i neutron...

Vnatre vo sekoja kelija se naoga 'energetski centar'-mitohondrija. Za osloboduvanje na energijata od produktite koja gi pridvizuva site telesni procesi, neophoden e kislorod. Vo tekot na biohemiskite reakcii so nego, produktite 'sogoruvaat'. Megutoa, togas nastanuva i mnogu opasen nestabilen kislorod koj nastojuva da go oksidira i toa sto ne bi trebalo da go oksidira.

Vo tekot na sekoja oksidacija doaga do pukanje na molekulite, odnosno do kovalentnite vrski koi gi spojuvaat atomite. Posledica na toa e sto eden fragment dobiva cel par na elektroni (i toj nivniot, no i onoj koj pripagal na drug atom).

Fragmentot so nespareni, odnosno so neparen broj na elektroni koj nastanuva vo tekot na oksidacijata, go vikame SLOBODEN RADIKAL.Za niv velime deka se 'slobodni' zatoa sto se 'otkinati' od molekulot, a deka se 'radikali', se zatoa sto poradi nedostigot na elektroni se nstabilni, pa 'energicno' nastojuvaat da se stabiliziraat preku reakcija so nekoj molekul.

Slobodnite radikali se neizbezen nusproizvod na metabolizmot. Sepak, vrsat i odredeni, za organizmot, korisni nesta;ucestvuvaat vo nekoi fizioloski procesi, vo vonkeliskiot prostor gi unistuvaat bakteriite i virusite, gi otklonuvaaat mrtvite ili seriozno ostetenite molekuli i kelii (tie stanuvat strano telo vo organizmot),itn.

Dodeka e organizmot zdrav i mlad, molnevito go neutralizira visokot na slobodni radikali so pomos na oksidansite koi sam gi sozdava, kako i onie koi gi dobiva preku hranata. Pokraj toa, 'energetskite centri' na keliite ne dozvoluvaat tamo kaj sto ne e predvideno da stignat pogolem broj na slobodni radikali ili da dojde do nivna invazija.

Megutoa, so godinite tie centri popustaat.Slobodnite radikali postojano pomalku 'begaat', i samo e prasanje na vreme koga nekade ke izbie 'pozar'. Vo pocetokot e od lokalna priroda, no sepak e toa dovolno da go oslabne antioksidanskiot mehanizam na organizmot. so sto im ovozmozuva na pogolem broj na slobodni radikali da 'pobegnat', i nekontrolirano da deluvaat.Toa postepeno doveduva do 'OKSIDATIVEN STRES'.

Pusenjeto, alkoholot, nezdravata ishrana, zracenjeto, zagadenata zivotna sredina, stresot, seto toa vodi vo nastanuvanje na se pogolem broj na slobodni radikali od ona sto e neizbezno. Od druga strana, vo hranata koja ja jademe prirodnite antioksidansi se pomalku zastapeni od porano, pa i potencijalot za odbrana e poslab.

Se vo se, zapocnuva reakcija koja lancano se siri. Slobodnite radikali gi 'napagaat' molekulite koi potoa i samite stanuvaat reaktivni. Tkivata taka trpat se pogolema steta.

Tri slobodni radikali se najopasni. Toa se 'superoksid'(O2), 'hidroksid'(OH) i 'vodorod peroksid'(H2O2). Tie reagiraat so molekulite na keliite i gi ostetuvaat. Nivniot naziv e REAKTIVNI OBLICI NA KISLOROD (ROS-reactive oxygen species).
Problemot so stetnite slobodni radikali ne e vo toa sto vleguvaat vo reakciite tuku kade i so sto!

Na dejstvoto na slobodnite radikali posebno se izlozeni kelijskite membrani. Toa e osobeno opasno, zasto taka se ostetuvaat 'granicnite premini' preku koi keliite gi dobivaat potrebnite hranlivi materii i gi otstranuvaat otpadnite. Pokraj toa, ostetenite membrani potesko gi prenesuvaat signalite koi doagaat od sosednite kelii (nervni impulsi). Taka zapocnuva lanecot na narusuvanjeto na keliiskite funkcii.

Uste poopasno e sto slobodnite radikali se nasocuvaat kon DNK, 'komandnite centri' na nasite kelii. Se smeta deka molekulite na DNK od sekoja kelija pretrpuva 10.000 napadi od starna na slobodnite radikali-vo tekot na eden den.

Organizmot ima mehanizam za 'popravka' na toa sto reaktivnite molekuli ke go 'rasipat', no tie se sepak pobrzi. Malku pomalku, negativnite efekti se naplastuvaat, atoa doveduva do POSTEPENO SLABEENJE na ELEKTRICNIOT POTENCIJAL na KELIITE, kako i na nasite kapaciteti za oporavuvanje.

Se se poveke greski na nivo na DNK, a koga ke se sobere nivnata 'kriticna masa', doaga do seriozni zaboluvanja, vklucuvajki go i - rakot.
Organizmot sozdava novi molekuli koi gi zamenuvaat 'istrosenite', no poradi akumuliranite greski, kaj niv vo start doaga do poremetuvanje.

Za ciroza na crniot drob ne se krivi slobodnite radikali tuku zloupotrebata na alkoholot;slobodnite radikali se samo posrednici vo odvivanjeto na degenerativniot proces kako kaj ovaa sostojba taka i kaj drugite bolesti.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 12:09
Martin Frischkneht
MESOTO,"ZIVOTEN PRODUKT"?

"Se slozuvate li so mene, deka mesoto poteknuva od zivo sustestvo? Ako na toa mu dodadam deka SEKOE ZIVOTNO IMA SPOSOBNOST DA CUSTVUVA I MISLI, ne vi se cini li sporno koristenjeto na mesoto.Ruskiot pisatel Tolstoj(1828-1910) zapisal:
"Dodeka ima klanici, ke ima i vojni!"

vo mnogu zemji, na zivotnite se gleda kako na predmeti. Kako nekoj parlament i vlada moze da krojat eticna politika za narodot pokraj tolku neeticno svakanje na zivotnite? kolenjeto i macenjeto na zivotni ne spaga vo Zapadnata Hristijanska kultura, Pri kolenje po evrejskiot obred, zivotnite zivi se besat za zadnata noga, a potoa se presekuva grklanot i po potreba so nozot se sece po ranata, ili se stava voda od crevo vo ranata, za da krvta 'dobro' da izleze.Moze li normalen covek ramnodusno da prejde preku krikot na zivotnite?

Vo svetot sekojdnevno se ubivaat okolu 50 milioni zivotni za da moze covekot da jade(zdere).Samo vo Francija, okolu 1,5 milijardi zivotni godisno, 4 milioni zivotni dnevno, 8000 zivotni vo minuta go gubat svojot zivot i toa cesto na mnogu surov nacin-poradi covekovata pohlepa. 252 milijardi zivotni godisno od ekonomski pricini pod jadni uslovi se transportiraat preku pola Evropa. Transportot na zivite zivotni e poeftin otkolku odenje do najbliskata klanica, i transportot vo friziderite.

Mesoto-posebno svinskoto meso-sodrzi mnogu hemiski dopolnitelni materii,napr., antibiotici, koi se dodavaat vo koncentrat. (Zabeleska:od antibiotici se stanuva gey).Adrenalinit koj zivotnoto go proizeduva pri cinot na kolenje (panika), kaj covekot PREDIZVIKUVA ZDRASTVENI PROBLEMI od PSIHICKI I FIZICKI VID.

Prasanje do lugeto koi jadat zivotni:
Dali bi mozele da ubiete zivotno a da ne vi e zal, i dali veruvate deka so toa sto kupuvate meso ne morate da snosite nikakva odgovornost za masovnoto umiranje na zivotnite,ili se izjasnuvate kako ljubitel na zivotnite?

Jas pred nekolku godini stanav ubeden vegetarijanec i poradi toa ne sum moral da umiram od glad, naprotiv!

DALI E COVEKOT VO OSNOVA VEGETARIJANEC?

DA! Vo sporedba so mesozderite (kucinja, macki...) covekot ima mnogu podolgi creva. Crevata na kuceto se, napr.,2pati podolgi od negovata telesna dolzina. Coveckite creva se 7 pati podolgi od negovoto telo. Mesozderite, za razlika od covekot, imaat i mnogu pojaka zeludecna kiselina. Mesoto kaj mesozderot vo jakata kiselina pobrzo se razlozuva i doveduva do crevata pred da se oslobodat toksinite. Mesoto podlezi na procesot na trulenje, dodeka zelencukot i ovosjeto podlezat na procesot na vrienje. Lugeto so slaba zeludecna kiselina i so mnogu podolgi creva od crevata na zivotnite-mesozderi, gi uzivaat site 'prednosti' na procesot na trulenje. Zivotinskite proteini se MNOGU SRODNI so coveskite proteini i predizvikuvaat mnogu silna reakcija vrz imunoloskiot sistem.Sosema e POINAKU SO RASTITELNITE PROTEINI.Rastitelnite proteini se DALEKU od COVECKITE PROTEINI po distanca, pa poradi toa i ne predizvikuvaat disharmonija.

Zaplivajte i vie nasproti tokot i stanete vegetarijanec.Za vas i za nasite zivotni za ljubov"

Martin Frischkneht-"Zdravlje kao sansa"


Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 13:38
NASETO TELO E PREDODREDENO DA BIDE ZDRAVO

Naseto telo e predodredeno da bide zdravo i uste od raganje e obdareno so golema sposobnost na samoisceluvanje, a delimicno i so vnatresni iscelitelski sili. Telesnite sokovi ja odrzuvaat relativnata ramnoteza na organizmot.Od ista pricina i Hipokrat-tatkoto na medicinata-uste pred 2400 godini rekol deka NAJDOBAR LEKAR E SOPSTVENATA ZIVOTNA SILA NA BOLNIOT KOJA ZIVEE VO NEGO SAMIOT. Hipokrat zstapuval stav deka zdravjeto moze da se odrzuva so pomos na ispravna mesavina na telesnite sokovi, koi sekako od golema mera zavisat od ishranata i zivotnite naviki.

Pogresnata mesavina na telesni sokovi (promena na prirodnata prehrambena podloga za mikroorganizmite koi vlijaat vo odrzuvanjeto na telesnoto zdravje)ja razoruva zivotnata harmonija, a so toa i ramnotezata vo teloto. Pregolemata koncentracija na kiselost doveduva do promeni na ph-vrednosta so seriozni posledici za organizmot.Kaj 'kiselite luge' vo prva linija na parazitite mora da im se odzeme hranlivata-kisela-podloga, i toa e sekogas prv cekor organizmot da se dovede vo sostojba na samoodbrana.Taka, preku zdravata ishrana znacajno se zgolemuva telesnata energija,molekularnite strukturi povtorno se doveduvaaat vo red,a energetskite blokadi se razbivaat. Regenerativnite sili na samiot organizam povtorno se aktiviraat. Pokraj uspesnata eliminacija na pricinitelot na zaboluvanjeto, brzoto zgolemuvanje na zivotnata energija predstavuva kluc za uspesna regeneracija.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 22:39
SEKOJDNEVNATA ISHRANA, SREDINATA I ZIVOTNIOT STIL I STAVOT KON ZIVOTOT-FAKTORI ZA ZDRAVJE ILI POJAVA NA BOLESTI i RAK

Zdrav i degenerativen nacin na zivot
____________________________________________________
1-Zdrav nacin na zivot

SEKOJDNEVNA ISHRANA(primaren faktor)
Zdrava ishrana
-integralna
-prirodna
-organska
-nerafinirana
-uramnotezena
-uskladena so godisnoto doba
-lokalno odgleduvana
-zgotvena doma

SREDINA I ZIVOTEN STIL(dopolnitelen faktor)
-cista
-uredna
-aktivna licnost
-koristenje na prirodni materijali

STAV KON ZIVOTOT(dopolnitelen faktor)
-spokoen
-blagodaren
-fleksibilen
-sorabotuvacki
______________________________________________________
2-Nezdrav, degenerativen nacin na zivot

SEKOJDNEVNA ISHRANA(primaren faktor)
Nezdrava ishrana
-prerabotena
-vestacka
-hemiska
-rafinirana
-krajno neuramnotezena so godisnoto doba
-smrznata
-GMO
-transkontinentalno odgleduvana
-kupena polugotova ili gotova-fast food

SREDINA I ZIVOTEN STIL(dopolnitelen faktor)
-zagadena
-neuredna
-neaktivna licnost
-koristenje na sinteticki materijal

STAV KON ZIVOTOT(dopolnitelen faktor)
-jadikuvacki
-aroganten
-krut
-takmicarski

od kniga "The Cancer Prevention Diet", Michio Kushi
_________________________________________________________
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 22:44
BEZ HRANA NEMA ZIVOT,NEMA ZDRAVA KRV I ZDRAVI KELII

Sekoj mora da svati deka bez hrana nema zivot, deka bez hrana ne mozeme da stvarame zdrava krv, i deka bez zdrava krv ne moze da se formiraat zdravi kelii, vklucuvajki gi i keliite na mozokot. Silata na nasiot um, na nasite emocii i na nasiot duh zavisni se od ishranata koja sekojdnevno ja vnesuvame vo sebe, a taa, reciprocno, vlijae na naseto zdravje i vitalnosta na nasiot fizicki izgled.

"The Cancer Prevention Diet", Michio Kushi
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 23:42
Газираните пијалаци штетно влијаат врз нашиот организам
=======================================================
Сода, кола или газирани пијалаци – не е важно како ги викате, важно се едни од најлошите продукти кои штетно влијаат врз нашиот организам. Додека сè уште се води дебатата за тоа дали да се воведе данок на безалкохолните пијалаци, треба да знаеме како тие влијаат врз нашето тело.

Газираните пијалаци се лоши за вашето здравје
______________________________________________
Газираните пијалаци содржат малку витамини и други важни хранливи состојки. Сепак, содржат кофеин, шеќери или пак уште поопасно замена за шеќери, карбонати и вештачки бои, мириси и конзерванси.

Многу истражувања покажаа дека потрошувачката на газираните пијалаци секојдневно расте, а нивни потрошувачи сè децата. Овие пијалаци се одговорни за многу здравствени проблеми на младата популација, како што се расипувањето на забите, дебелината, шеќерната болест и болестите на срцето.

Зошто шеќерот во безалкохолните пијалаци е штетен
_________________________________________________
Повеќето безалкохолни пијалаци содржат висок износ на прости шеќери. USDA препорачува 2.000 калории на ден, т.е. 10 лажички шеќер. Многу газирани пијалаци содржат повеќе шеќер од дозволеното.

Зошто толкаво количество на шеќер е нездраво? Па, за почеток, да објасниме што се случува кога шеќерот ќе влезе во вашиот организам. Вишокот на шеќер завршува како масти во вашето тело и е причина за зголемена телесна тежина. Шеќерот ги зголемува и ризиците за болести на срцето. Една студија покажа дека стаорците кои биле хранети со многу шеќер значително им се зголемил ризикот да заболат од рак на дојката, во споредба со стаорците кои се исхранувале нормално.

Здравствените ефекти од диеталните пијалаци
___________________________________________
Најновата студија покажа дека пиењето на еден или повеќе газирани сокови доведува до 30 отсто поголеми шанси за здебелување.

Исхраната полна со вештачки засладувачи како aspartame,sucralose и saccharin претставува закана за вашето здравје. За sacharin на пример e докажано дека ги зголемува ризиците од рак на мочниот меур.

Газираните пијалаци предизвикуваат остеопороза
______________________________________________
Соковите со меурчиња содржат фосфорна киселина, што може сериозно да го наруши количеството на калциум во крвта. Калциумот е клучна компонента на коскената срж. Со намалувањето на калциумот, страдаат коскената маса и густина. Ова значи дека со пиење на газирани пијалаци страдаат коските.

Кофеинот кој е присутен во безалкохолните пијалаци го осиромашува телото со калциум, придонесува за поголем стрес и влијае врз несоницата.

Поради сите горенаведени работи прескокнете ги газираните сокови и пијте:

Вода: Водата е клучна за доброто здравје. Секоја клетка има потреба од вода. Поради тоа пијте што повеќе вода дневно и заборавете на газираните пијалаци.
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 14:10
Makrobiotika
HARMONIJA SO TEKOT NA EVOLUCIJATA

Prirodata postojano gi preobratuva ednite vidovi vo drugi. Dolgiot lanec na ishrana se protega od bakterii I enzimi kon morskite bezrbetnici I rbetnici, vodozemcite, gmizavcite, pticite, cicacite, majmunite I coveckite sustestva. So ovaa linija na razvojot na zivotnite komplementarna e linijata na razvitokot na rastenijata, koja se protega od bakteriite I enzimite do morskiot mov I morskite algi, primitivniot kopnen zelencuk, driven zelencuk, denesniot zelencuk, ovosjeto I jezgrastite plodovi, I zrnata zitarki. Zitnite zrna se razvivale PARALELNO so covekot, I zatoa treba da go socinuvaat pogolemiot del od nasata ishrana. Ostatokot na nasata ishrana treba da gi birame megu postarite, spored evolucijata, vidovi na rastenija, a niv moze da gi socinuvaat kopnenite I morskite rastenija, zelencukot, svezoto ovosje, semeto I jezgrastite plodovi, kako I supite koi sodrzat FERMENTIRANI ENZIMI I BAKTERII, koi predstavuvaat ISKONSKI OBLIK NA ZIVOT.

Vo tradicionalnite drustva, vo koi e rakot nepoznat, ovoj nacin na ishrana se odrazuva vo prirodniot razvoj na novorodencinjata I decata. Posle zacetokot, coveckiot embrion se razviva vo ednokelijsko oplodeno jajce vo povekekelijsko dete I se hrani isklucivo so podsredstvo na majcinata krv, koja e analogna na drevniot okean, vo koj pocnal bioloskiot zivot a fetusot vo matkata se razviva vo vodena sredina. Posle raganjeto, majcinoto mleko stanuva glavna hrana, a koga decata ke pocnat da zastanuvaat na noze, integralnite zitarki im se dava kako standardna hrana.

Naucnicite pokazale deka vo sovremenoto svakanje, spored koe prvobitnite lovecki opstestva ziveele voglavno od mastodonat, eleni, ptici I drugi zivotni, imalo dosta preuvelicuvanje. Lugeto od paleolitskite kulturi, vsusnost, najcesto ‘lovele’ divi zitarki I trevi I tragale po rastenija, bobinki I korenja. Na zivotnite im go odzemale zivotot samo koga bilo neophodno, a nivnoto meso go jadele vo mali kolicini.

POCITUVANJE KON ZIVOTNATA SREDINA

Odnosot megu lugeto I prirodata e kako I onoj pomegu embrionot I placentata. Placentata go hrani I odrzuva embrionot koj se razviva. Bi bilo neobicno koga embrionot bi nastojuval da go unisti ovoj organ, koj go stiti. Istotaka, zdraviot razum ni nalaga da nastojuvame da go socuvame integritetot na prirodnata sredina, od koj zavisi nasiot zivot. Megutoa, vo 20 vek, nie postojano go zagaduvame naseto tlo, vodata I vozduhot I unistuvame mnogu rastitelni I zivotinski vidovi na koi pociva nasata krhka ekologija. I nasiot sekojdneven zivot stanuva se ponepriroden, zasto vo golema mera se potpira na sinteticka tkaenina I materijali I zatoa sto ne izlozuva postojano na golemi kolicini na vestacki elektromagnetni zracenja, koi prakticno ja slabeat nasata prirodna sposobnost da se zastitime od bolestite.

PRIRODNO URAMNOTEZENA ISHRANA

Krvotokot sozdava I hrani trillion kelii od koi se sostoi coveckoto telo. Novite krvni kelii postojano se sozdavaat od hranlivite sostojki koi gi vnesuvame so sekojdnevnata hrana. Ako se hranime nepravilno, kvalitetot na nasata krv I nasite kelii, vklucuvajki gi I keliite na mozokot, I kvalitetot na mislenje-ke pocne da opaga. Rakot, kako bolest za koja e karakteristicno abnormalno bujanje na keliite, vo golem del e rezultat na nepravilen nacin na ishrana vo tekot na podolg vremenski period.

Za da go obnovime pravilniot, zdrav kvalitet na krvta I keliite nie morame da se hranime spored principite na makrobiotikata a hranata da se sostoi voglavno od dobro podgotveni zitarki I zelencuk. Ishranata spored principite na makrobiotikata e edinstvena prirodna uramnotezena ishrana I najdobra hrana koja mozete da ja konzumirate za da sprecite, lecite bolesti I da odrzuvate dobro zdravje.

Od “The cancer prevention diet”, Michio Kushi
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 17:29
Makrobiotika
ZITARKITE I CIVILIZACIITE

Site civilizacii pred nasata ja priznavale ogromnata vaznost na hranata I zemjodelieto, a nacinot na ishrana ne bil samo griza na naukata za domacinstvoto, tuku I preokupacija na religijata, knizevnosta I umetnosta.Kuvanite integralni zitarki predstavuvale so iljadnici godini osnovna hrana na covestvoto I se do 19-20 vek bile najvazen product vo ishranata na lugeto sirum svetot. Orizot I prosoto,napr., bile glavna hrana na Istokot;psenicata,ovesot I rzta vo evropa;heljdata vo Rusija I Sredna Azija;sorgumot vo Afrika;jacmenot na Bliskiot Istok a pcenkata vo Severna I Juzna Amerika. Angliskiot zbor za obrok e ‘meal’ (prvobitnoto znacenje na ovoj zbor e ‘someleno zito’,dodeka na japonski obrokot se vika ‘gohan’, sto znaci ‘kuvan oriz’)
Vo stariot vek, dietetskata terapija predstavuvala srz na medicinskoto znaenje I medicinskata praksa. Hipokratovite dela se, napr., polni so dietetski preporaki;toj cesto ja naglasuval vaznosta na psenicata I jacmenot,dvete glavni zitarki na helinistickiot svet.

“Sekoja poedinecna supstancija koja ja sodrzi nasata ishrana vlijae na naseto telo I go menuva na nekoj nacin, a od tie promeni zavisi celokupniot nas zivot…”,Hipokrat

Prasanjeto na ishranata na Hipokrat bilo tolku vazno da koristel eden nov zbor,DIAITA, za so nego da oznaci odreden nacin na zivot. Od ovoj zbor poteknuva nasiot moderen zbor za DIETA. Denes znacenjeto na toj zbor e ograniceno, taka sto toa oznacuva samo rezim na ishrana so izvesni ogranicuvanja, dodeka vistinskoto znacenje e-nacin na zivot vo koj izborot I podgotovkata na hranata e glaven factor.
Vo 5 vek p.n.e. Hipokrat gi naglasuval vaznosta na dietetskite metodi vo lecenjeto na serioznite bolesti.Toj veli; “Neka hranata bide tvoj lek, a lekot tvoj neka bide hranata”.Hipokratovoto najomoleno lekovito sredstvo bilo kuvan jacmen vo zrno.

MEAT-“MESO”?

Staroangliskiot zbor ‘meat’ (vo moderniot angliski jazik ovoj zbor znaci ‘meso’) znacel sekojdnevna hrana koja se sostoela od standardni produkti kako;ovesot, jacmenot, rzta, pcenicata I hranlivite delovi od jezgrastite plodovi I ovosjata. Podocna ovoj zbor dobil 4 konotacii:

1-green meat-ili zito I zelencuk
2-baked meat-ili leb
3-sweetmeats-slatkisi
4-butcher’s meat-kasapsko meso.

Koga opstite zborovi za sekojdnevna hrana od Biblijata se prevedeni na govoren jazik, nastanal metez okolu prvobitnoto znacenje na zborot ‘meat’. Vo angliskata verzija na Biblijata zborot ‘meat’ se upotrebuva vo znacenjeto za sekojdnevnata hrana, kako sto svedoci ovoj pasus od Knigata na postanokot:

“Behold, I have given you every herb bearing seed,
Which is upon the face of all the earth,
And every tree,in the which is the fruit of a tree yielding seed;
To you it shall be for MEAT.”

“Eve, vi gi dadov site rastenija sto nosat seme na ovaa zemja, I site drvja rodni koi nosat seme-toa ke vi bide za meso (hrana)”

Od “The cancer prevention diet”, Michio Kushi
Кон врв
Storm5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 226
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 15:02
Откриен ген за долг живот

Група луѓе со просечна возраст од 97 година биле проучувани од научници кои откриле дека сите тие наследиле посебен ген што го забавува стареењето, пренесува Нетпрес.

Освен 86-те луѓе, биле проучувани и нивните деца. Тие имале повисоко ниво на теломераза - ензим кој ја штити ДНК од разградување.

Експертскиот тим од медицинскиот колеџ „Алберт Ајншајтн“, Њујорк, цени дека откритието може да доведе до изнаоѓање нови лекови против стареењето. Научниците веруваат дека зголемувањето на нивото на теломеразите во ДНК- синџирот конечно може да го спречи умирањето на ќелиите и да го забави стареењето.

Истражувањето било објавено во весникот на Американската академија на науки.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.