|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика | страница <1 223224225226227 256> |
Автор | |
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И покрај целиот песимизам искажан овдека на форумот и покрај традиционалното сфаќање на некој Македонци дека секоја битка однапред сме ја изгубиле прашање е само колкав ќе биде поразот..За разлика од таа господа јас сеуште верувам во победа на Македонија затоа што ако го изгубиме ИМЕТО губиме СЕ, или во пократки црти ќе бидеме народ создаден 2009 или 2010 по рецепт на Гејланд а зготвено и пропремено од ЕУ секако зачините и техничката подршка ги имат од Бугарија па и од Албанците кои се секогаш тука кога треба да се додаде БЕНЗИН во огинот...Мислам дека повеќето од вас не се ни свесни што се ќе повлече менувањето на името а не се ни свесни колку малку ќе донесе, а уште пак помалку сте свесни за сценаријата кои ќе следуват после евентуаната промена на името...
Но како што кажав јас сум оптимист и најискрено се надевам дека Македонија ќе најде погоден момент да излезе од преоворите...Еден од погодните моменти секако е евентуалното ВЕТО од страна на ГЕјланд на 7 декември...Дотогаш ние секако треба да глумиме дека сме хиперзаинтересирани да го решиме проблемот, но дека Гејовите не мрдат ни милиметар од таа нивна ЦРВЕНА ЛИНИЈА и дека во тој случај не е можен компромис кога тој се очекува само од една страна... Трошка надеж дека ќе се случи вакво нешто иако тешко веројатно ми дава и наредниот текст од УТРИНСКИ ВЕСНИК: Се заканува ли прекин на преговорите?! Ако Грција пак стави вето, Македонија се повлекува од преговорите, тврдат провладини медиуми Соња Крамарска Провладините Сител и Канал 5 минатиот викенд цитираа неименувани извори дека македонската страна ќе се повлече од преговорите за името доколку Грција вложи уште едно вето на 7 декември. Веста, иако во прикриена форма и обвиткана во обланда дека потекнува од „дипломатски извори“, завчеравечер беше во ударните вести на двата сервиса, кои се под владина контрола. Двете телевизии во веста додадоа и дека бриферите рекле оти во случај да се повтори сценариото од Бук*решт и земјите-членки на ЕУ потпаднат под влијанието на Грција, во Македонија, исто така, ќе се повтори постбук*решкото сценарио. Тоа би значело враќање на антиквизацијата, поставување споменици од античко време и преименување на објекти со имиња од Александровата династија. Македонската Влада, која во саботата попладнето одржа вонредна седница посветена на обврските што ја очекуваат до 7 декември, официјално не застана зад таквите информации, но нивната содржина повеќе од јасно укажува дека заканите доаѓаат оттаму. Нема информации дали премиерот Никола Груевски проговорил пред своите министри за главниот услов што меѓународната заедница и' го поставува на Македонија за да добие датум за преговори на 7 декември - постигнување компромис со Грција. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=36D09E5AA9F4B54AA0AADD7D91AF56B3 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија може да ги откажи преговорите за името по цена да не влезе во ЕУ и НАТО но постои едно големо НО.
За да опстанеме како земја треба да се откажат сите функционери од лесен живот односно да не патуваат секој ден негде, да не престојуваат во елитни хотели, да не земаат огромни дневници, со еден збор да станат нормални луѓе. Мора да си признаеме дека ова повеќе е фикција отколку реалност. Еден мој пријател- политички аналитичар вели дека тое е неможно бидејки сами би се ставиле во самоизолација (ко да сега не сме), дека сообраќајот ќе се пренасочел преку Бугарија, Албанија и демек ќе сме изгубеле од фондовите за развој Кој видел фајде од тие фондови. Некна одејки за велес по автопатот кој не е автопат не видов ни трага од некое вложување, средување, ама од наплата на патарина не се откажуваме. Од преговори з аимето нема да се откажат политичарите- народот око не му трепне да предложи нешто такво. За народот полошо од ова нема- ова е дното до кој можеа да го доведат. |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Ако Грција пак стави вето, Македонија се повлекува од преговорите, тврдат провладини медиуми"
Pa najpametno ke bide taka, po shto sleduva DIREKTNO reshavanje na sporot so i preku ON, po terkot na Portugalija, kako shto beshe predlogot na nekoj profesor, ne mi teknuva na imeto sega.
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Соросоидните„ и ним слични и блиски учесници..некако..не ни/ми „солат„ (повеќе) ум..од неопходноста од промена на името..на една од ИСКОНСКИТЕ држави и нации во светот...Македонската де??
Дали и самите (веќе) гледаат ...каде и до што (не) „води„ ова планирано (од најмудрите) девастирање на Македонската Држава и Нација!!
Или???.
Изменето од Анастеа - 09.Ноември.2009 во 16:01 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neznam zosto mnogumina zaboravaat deka idejata...
za vlez na Makedonija vo Evropskata unija... ne e isklucivo zelba na Makedonija... tuku isto taka i na Evropskata unija... TAA (ONA) saka toa da se sluci... od mnogu pricini... i ne mozam da razberam koga mnogumina zboruvat deka... narodot, pa narodot ne sakal da se smeni imeto ako toj se prasuva... a ima li napraveno relevantni anketi za to (samo ne naracani)... koi ke go potvrdat takvoto tvrdenje... ne sakam da se povtoruvam, kazav ednas... ama vo nasata drzava ziveat i drugi nacionalnosti... Albancite...kako tie ke glasaat... kako ke glasaat pripadnicite na SDSM koga i ako dojde vreme za toa... koga zneme sto e nivniot oficijalen stav - resenie za imeto za 6 meseci... toa valjda podrazbira i promena ... i kako ke glasa del od clenstvoto na VMRO ako dobie naredba... a kako potkrepa na ova... da potsetam deka Gruevski vo Buk*rest bese spremen da prifati dodavka Skopje... neli... zatoa da ne zboruvame vo imeto na narodot... najcesno e da se zboruva samo vo svoe ime... Изменето од којсумјас - 10.Ноември.2009 во 06:51 |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Папандреу: Името предуслов за интеграција
Коментари (1) 10.11.2009 09:58 Јоргос Папандреу Грција пред САД соопшти дека решавањето на прашањето за името е предуслов за Македонија на патот кон пристапување во Европската унија. Грчкиот премиер и министер за надворешни работи Јорго Папандреу оваа „апсолутно јасна“ порака и ја соопштил на американската државна секретарка Хилари Клинтон на вчерашната неформална средба во Берлин, пренесува агенцијата Ана-Мпа. Папандреу уште истакнал дека решението за името треба да биде согласно „националните црвени линии“ на Грција, односно сложено име со географска одредница за сите употреби, без исклучок. На средбата, што се одржала на грчка иницијатива, Папандреу се осврнал и на состанокот со македонскиот премиер Никола Груевски, неодамна во Брисел. A1 Така ајде и ние да поставиме ЦРВЕНИ ЛИНИИ и да се гледаме очи во очи секој од својата црвена линија...Мене не ми е јасно како може да се преговара со некој кој однапред има зацементирано став од кој не одстапува... |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Shto predviduvaat "zvezdite", vo ovoj sluchaj brojkite za povolnosta na reshavanjeto na nametnatiot spor za nasheto ime.
"Во нејзината понатамошна анализа, според нумерологијата - "Јазикот на броевите", Македонија го има нумеролошкиот Код - број - 9. Тоа е Името на нашата држава.
- Презимето на Македонија е Република со Код - број - 11. - Годинава 2009 - (2 + 0 + 0 + 9 = 11) сме во бројот 11, што е и бројот - Кодот на Република. - Ноември е 11-ти месец. Значи: - Република - бр. 11 - Годинава 2009-та - бр. 11. - Ноември - бр. 11 Чувствителни датуми: 11 - 11 - 2009 (2+0+0+9=11) и 29 - 11 - 2009 (2+0+0+9=11) На овие датуми, 11 ноември и 29 ноември, 11 (единаесетката) е присутна три пати - ВНИМАНИЕ! Зар не се ова премногу коинциденции и неповолности за конечна одлука?! - Бројот 11 е број на двајца лидери (1 - е лидер). Ова е и број кој укажува на партнерство, договор меѓу две страни, но укажува и на внимателност во договорите. Инаку, како збир 2 е број на венчавки или разделби, бело и црно, добро и зло, двоумење. 2 е дуалитет - двојност (но и дволичност). Република Македонија има можност да влезе во Европска Унија (Брак). Прашањето е - дали притоа ќе го смени презимето (Република) или името (Македонија) или на презимето ќе додадеме уште едно. Секако, притоа не го менува Името - Идентитетот бидејќи таа - Македонија знае која е и нема криза на идентитет.
Нумерологијата јазикот на броевите и не е така мистичен и во оваа нумеролошка анализа има и логика нели?! Впрочем, како и во математиката. (1 + 1 = 2) Зошто во случајов само една Единица (држава - лидер) би барала промена на идентитет како услов да бидеме дел од големото семејство ЕУ? Зар може да биде 1 + 1 = 3? А што се однесува до промена на презимето Република - ИЗБОРОТ Е НАШ! Така е и во животот - имаш Судбина, но имаш и Слободна волја да направиш избор (добар или лош). Во секој случај пред нас е 2010 година која нумеролошки припаѓа на бројот 3 и е подобра за одлуките во однос на оваа дилема за оние кои ја имаат, но не и Македонија. Znachi ke ni predlozhat BRAK, ama nie ke gi zafrkavame so "majka mi ne me dava" ili "da razmislam" do 2010, dodeka ne se soglasat da ni ja platat i cela svadba, bez da go smenime prezimeto. |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грција нижи само успеси - на пат е ново вето
За разлика од Грција, кај нас работата со дефинирањето на позицијата во преговорите за името и дефинирањето на некаква единствена позиција и една црвена линија е вистинска каша. Кај нас има и црвена и розова и портокалова линија, зависи од тоа кој каде е на мапата на поделбата на власта Одбројувањето не застанува. Веќе ни изброија уште само четири седмици до искористувањето на историската шанса за одредувањето на датумот за преговори за влегувањето на Македонија во ЕУ, кое пак се разбира е условено со компромисно решение за името. Она што се очекуваше, тоа и се случува. Одбројувањето во однос на решавањето на проблемот на името почнува да се сведува на едностран притисок насочен само кон Македонија и компромис чиј краен резултат е земи или остави. Пазарот „датум за преговори за членство во замена за ново име“ всушност завршува само со очекувањата Македонија да прифати ново име, онакво какво што Грција веќе го постави како своја црвена линија. Сега е шансата, ни велат евродипломатите, сега, кога во Грција на власт е умерениот и европски ориентиран премиер Папандреу. А таму, во Грција, во однос на црвената линија нема ама баш никаква разлика дали на власт е Папандреу или Караманлис. Едно име за севкупна употреба е грчката позиција, од која ни Караманлис ни Папандреу очигледно немаат намера да мрднат. Конечно, во сите свои последни изјави тоа јасно го дефинира и грчкиот претседател Папуљас...... http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11109959487&id=9&prilog=0&setIzdanie=21833 ЦРВЕНА ЛИНИЈА тоа е она што очајно ни треба.... Но како во Македонија да изградиме цврст став кога секој се прави „ паметњакович„ и брка некаков личен интерес... |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
После сите овие дискусии и коментари за и околу Македонија и нејзиниот капацитет за справување со проблемите и воопшто со водењето на политиката, мислам дека овде е најсоодветно место да ја пренесам изјавата на Цацко од пред 1-2 дена (на А2) кога рече дека „ова е држава со пречки во развојот“. Ептен на место поставена дијагноза. Да не е трагично би било ептен смешно!
Дополнителен коментар ... |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kutuzin nema da ima potreba za Veto 100%
|
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пречките во развојот всушност е неможноста да се расчисти со поранешниот систем...Без да навлегувам во дискусија мислам дека треба да се гледа напред без разлика дали некогаш било подобро или не , треба подитно народот а пред се некој политички структури веднаш да расчистат со некој навики и носталгии кои ги влечат од порано , но секако најдобро за Македонија е овие луѓе да заминат во историјата а на нивно место да дојдат нови сили на кои еднинствен приоритет ќе им биде Македонија и поглед кон иднината... |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакаш да кажеш дека името секако ќе се смени (а со него секако и ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ , ИСТОРИЈАТА)... Искрено јас не сум до толку песимист и се надевам дека Македонија ќе успее да излезе од оваа незавидна позиција во која само од една страна се очекува компромис и поместување додека другата зацементирано стои на своите позиции... |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nemoj vaka u zagonetki albaneso!!!
Veli; "nema da ima potreba od Veto"?!
Zoshto? Sami ke si go smenime?
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nie nisto ne mozeme samo ke se nadevame deka se ke si zavrsi vo najdobar red za Makedonija
|
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
Внеси реплика | страница <1 223224225226227 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |