IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Преговори за името
    Испратена: 05.Ноември.2009 во 11:31
Ар-Македон (Земјата Македонска)

      
А мојата возбуда се чини ќе трае додека се вратам од Македонија. И една од главните изреки што ќе ја повторувам ќе биде: „Бев во Катена Мунди, срцето на светот, таму каде што се среќаваат сите светови и место од каде што води излезот од универзалната осаменост“ - Лу Јуан - Кина


      
      
Денес, во оваа земја, можеш да си безгрижен старец, еднаш Бугарин, еднаш Југословен, ама секогаш комунист, можеш да газиш врз неископани антички градови и коски, да велиш „туѓи се, не се наши, ние сме отаде Карпати“, можеш слободно да ги помагаш оние што сакаат да те снема, можеш со чиста совест да го исмеваш своето, да се правиш историчар, а тоа да не си, можеш и пред смртта да бидеш дел од оние што сакаат да те укинат за навек... Да, можеш, ама никако не смееш да му веруваш на Хеленот од Атина, Демостен филозофот, кој кажал дека Македонците не се и не можат да бидат Грци. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

Денес, во оваа земја, можеш да си угостен странец, среде Охрид куќа да имаш, можеш ако сакаш и по крстот на Водици да скокаш, дур еден фрлаат за сите, а друг само за тебе, можеш слободно, без да те чуваат луѓе, да се гостиш со демиркапијско вино и беровско сирење среде вевчанскиот мир, можеш ако сакаш, навиен со бриселски клуч, без грижа на совест, да им одбројуваш на оние што те гостат, да плукаш врз нивната љубов кон својата земја, да ги тераш да се откажат од себе оние што ги отвориле портите на својата душа за тебе... Да, можеш, ама никако не смееш, како странецот што смее, да имаш право на избор, право на глас. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

Денес, во оваа земја, можеш да си Власт, да те изберат тука, за да се тресеш пред оние надвор, можеш да им забраниш на пушачите да пушат, онаму кајшто логично се пуши, да им забраниш на пијачите да пијат после седум, она што по традиција го прават, можеш своите околу себе, на сила да ги правиш она што не се, да удриш по логиката и традицијата, да ги осиромашиш кафеанџиите и дуќанџиите, можеш ако сакаш да удриш по мртвите и сакатите што ја бранеле својата земја, за да им дадеш на оние што пукале по твојата земја... Да, можеш, ама никако не смееш, во Австралија на своите да им кажеш дека тука живеат обединети, зашто ќе вреснат соседите, ќе онанираат медиумите и би те ликвидирале физички, би те убиле политички. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

Денес, во оваа земја, може да си бил Власт, да си го довел својот народ до питачки стап, понижувајќи го, исмејувајќи го, за сметка на сопственото богатење и живеење сред баханалии во посткомунистичка медиокритетска декаденција, може да си продал сé, име, држава, знаме, за 30 сребреници на оние што му спремаат погреб на твојот народ, може да си бил Власт, за сега да бидеш поразен, ама можеш да продолжиш да работиш за „туѓи бели дворови“, да продолжиш да носиш ароганција на своето лице кога другите работат подобро од тебе, да глумиш авангарда, а немаш ни култура, да ги исмеваш успесите, да се радуваш на поразите на твојата земја, можеш да плачеш по петокраката од Јајце, дур прифаќаш да ти ја обезличат татковината... Да, можеш, ама не смееш да застанеш на страната на своите, зашто си прифатил да им слугуваш на другите. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

Денес, во оваа земја, можеш да бидеш горд Албанец што учи мајчин јазик, да го гледаш знамето со кое се поистоветуваш закачено покрај државното, на секој празник, можеш ако сакаш и да бараш од мнозинството да се обезличи за сметка на твојата удобност, можеш да бидеш и Ром по Устав, да те признаваат за човек со култура и душа за разлика од светот каде тоа го немаш, можеш да бидеш Турчин, Бошњак, Србин, Марсовец или Еским, да бидеш она што чувствуваш дека си... Да, можеш, ама никако не смееш, да застанеш, рамо до рамо со сограѓаните, етнички различни од тебе и како што тие ти признале нација и јазик и ти да им помогнеш пред светот, да го одбранат она што се. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

Денес, во оваа земја, можеш да бидеш гласен, да врескаш против сите вековни вредности, за сметка на туѓите хонорари, да патиш по она што го немаш, зашто не знаеш како да се радуваш на она што го имаш, можеш да бидеш новинар, да ја извртуваш суштината, за да им ја згадиш на луѓето вистината, да лажеш дека живееш сред диктатура во која ете, сосем случајно, ти дозволуваат да пишуваш за таа диктатура, можеш да бидеш експерт за сé и сешто, „невладин“ фактор финансиран од тајни служби на туѓи влади, можеш да плукаш по знамето на својата земја, да вршиш нужда врз идентитетот на својот народ, да му го мразиш јазикот и писмото, да му го поганиш минатото, да ги убиеш сеќавањата за мртвите херои од историјата, можеш да убедуваш дека на оваа земја не и треба култура, споменици и театри, можеш да креваш паника за да ги исплашиш неодлучните, за да ги натераш да прифатат ликвидација, откако ќе бидат ликвидирани одлучните... Да, можеш, ама никако не смееш да мислиш поинаку, да се спротивставиш на тираните, за да си ги зачуваш корените. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

Денес, на оваа планета, колонистите што ги истребија Индијанците можат да имаат своја Америка, крстоносците што тргнаа да ги уништат муслиманите можат да имаат своја Британија, оние што некогаш ги масакрираа Алжирците можат да имаат своја Франција, тие што живееја во времето на нацистите, добија шанса за своја Германија, а на оние што направија геноцид врз Македонците им измислија Грција... Денес, сите можат да имаат сé, само ние, Македонија, НЕ.

Авторот е уметник      
       
Автор: Александар Русјаков

Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11491013485&id=13&setIzdanie=21828

Го ставам ставам овој текст со надеж дека ќе го прочитат што повеќе членови на фоурмот...
Навистина вреди...

Изменето од kultuzin - 05.Ноември.2009 во 11:32
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:34
Поради големиот број страни кои ги наполни и проблемите при отварање и средување на истата, старата тема ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО-1 (отворена од членот kultuzin) е затворена за коментари и ќе замине во историја, достапна само за читање.

Повелете на новата тема со дискусии поврзани со се’ што се однесува на процесот на преговорите за името.


Изменето од Анастеа - 28.Ноември.2009 во 14:36
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:36
е толку време ништо сега една недела пред финалето баш нова тема
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:38
Да го разбиеме малерот намигнување
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:58
да го разбиеме jа
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 15:15
Originally posted by да          бе да бе напиша:

е толку време ништо сега една недела пред финалето баш нова тема


za koe toa FINALE zboruvas???

so sega insinuacii, so e ova????? PROVOKACIJA??? SEIR??? ZAJADLIVOST???
sto e toa?????


Изменето од Анастеа - 28.Ноември.2009 во 15:28
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 15:18
inaku svativ deka evropa stravuva od edno
posle VETO, stravuva od naseto BLAGODARIME, prijatno

samo pred da zamineme da ve potsetime, nie sme evropa i vo evropa, sakale toa vie ili ne

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 15:25
Originally posted by anakin anakin напиша:

Originally posted by да          бе да бе напиша:

е толку време ништо сега една недела пред финалето баш нова тема


za koe toa FINALE zboruvas???

so sega insinuacii, so e ova????? PROVOKACIJA??? SEIR??? ZAJADLIVOST???
sto e toa?????


е след една недела нема да има повеке преговори

оти си ваков изнервиран


Изменето од Анастеа - 28.Ноември.2009 во 15:29
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 15:27
Не ја почнувајте и новата тема по стар терк, со навреди и тензии, доста беше!
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 15:28
Originally posted by anakin anakin напиша:

inaku svativ deka evropa stravuva od edno
posle VETO, stravuva od naseto BLAGODARIME, prijatno

samo pred da zamineme da ve potsetime, nie sme evropa i vo evropa, sakale toa vie ili ne



е да
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 15:35
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Не ја почнувајте и новата тема по стар терк, со навреди и тензии, доста беше!


кои тензии
јас само барам од бугаринов да ми објасни кои се тоа инсинуации негови за некоеси ФИНАЛЕ
тага


Изменето од anakin - 28.Ноември.2009 во 15:36
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 15:39
Јас многу многу и не размислувам за преговорите,се гледа дека никогаш Грција нема да биде задоволна со нашето постоење затоа и ние треба нив да ги избришеме од нашето муабетење.А што се однесува до ЕУ ако тие не сакаат такви какви што сме ОК ке пристапиме рамноправно како и останатите членики но доколку тие сакаат промена на нашето име и идентитет очигледно не се достојни за нашето присуство таму пошто имаме и ние неколу нивни членки кои не го задоволуваат нашето гледиште за нивното име и идентитетнамигнување
Кон врв
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 16:40
Jас ке предложам неколку мерки за да се справиме од тие преговори и од самите Грци:
-Нашето сегашно име на странски јазик е Prpublic of Macedonia,јас предлагам на меѓународно да се нарекува Republica Macedonia транскибирана на латиниќна азбука,а грчкиот дел да се вика само Македонија.
Оваа е мојот предлог околу името.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 16:48
Originally posted by mileg mileg напиша:

Jас ке предложам неколку мерки за да се справиме од тие преговори и од самите Грци:
-Нашето сегашно име на странски јазик е Prpublic of Macedonia,јас предлагам на меѓународно да се нарекува Republica Macedonia транскибирана на латиниќна азбука,а грчкиот дел да се вика само Македонија.
Оваа е мојот предлог околу името.


Лош предлог!
Ни латинично ни никакво транскрибирање на нашето име, не смее да се промени, посебно никако идентитетот и јазикот не смеат да се чепкаат, кои дури и во грчки документи се забележани како македонски.
Грчкиот дел нека го викаат како сакаат.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.