![]() |
|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 256> |
Автор | |
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Црвенковски: Груевски со решавање на името ќе го заземе
Референдумот е вештачки наметната тема од власта која одбегнува да го соопшти јавно својот став за името. Ова е ставот на лидерот на СДСМ Црвенковски според кој одговорноста за решавање на проблемот треба да ја преземе Груевски а не преку референдумот да ја префрла во рацете на два милиона граѓани. „Сакаш да бидеш премиер, сакаш да носиш крупни одлуки сакаш да бидеш власт? Донеси ја одлукава реши се што ќе направиш, кажи му на народот што ќе направиш. Човекот има психолошки проблем, но ако го реши проблемот ќе дојде на листата кај нас, на предавници и тоа на почесно прво место. Оти ако ние сме биле предавници за времено решение овој сега треба за трајно решение“ изјави Црвенковски. Црвенковски вели дека за време на неговото владеење како премиер проблемот со името не се решил бидејќи стратегијата била земјава да се држи до двојната формула, а да се турка во евроатланските структури под привремената рефернца БЈРМ. Потребата за менување на стратегијата, како што додава, се наложила по самитот на НАТО во Бук*решт. За лидерот на опозициската партија изјавата на потореседателот на ДУИ Рафиз Алити дека Албанците ќе влезат во НАТО и ЕУ со или без Македонците е како што вели радикална но не треба да се отфрли. „Таа треба да се земе како некаков индикатор, и тоа во кој правец дека по некое време, не можам да го одредам кое време ќе биде тоа и колку ќе трае. Може да се очекува дека претставниците на албанската етничка заедница во Македонија ќе го постават прашањето: до кога ние ќе бидеме заробеници на митовите и на нерешените прашања од историјата на македонскиот народ. Албанците во Македонија веќе имаат други решери за споредба на перспективнота на својот живот во Македонија. Се споредуваат што се случува со нивните сонародници во Албанија, што се случува со нивните сонародници во Косово. Не велам дека ива мора да се случи, но може да се случи” вели Црвенковски. СДСМ пак и покрај највената жешка есен која требаше да следи по неговото враќање на лидерската позиција останува партија со низок рејтинг. Црвенковски тврди дека не постојат никакви поделби а критиките дека е потрошен политичар кои доаѓаат од неговите поранешните блиски соработници ги толкува како критики однадвор. „Тврдам дека имав некои погрешни проценки, имав погрешна проценка моја дека СДСМ е до таа мера етаблиран и поставен дека едноставно како политичка партија и без мене во тој период може да функционира сосема успешно и да одговори на сите тие задачи. Се покажа дека се пројавија слабости кои ниту јас ниту некој друг не ги претпоставуваше” Обединувањето на старите кадри на партијата се најавува и со создавањето на диполоматски совет на СДСМ во кој ќе членуваат Митрева, Поповски и други лица кои сега се во сенка. Фросина Цветковска Извор Алсат-М Не господине Црвенковски вие ќе бидете секогаш прв кога се работи за вечната листа на предавници и за тоа не треба да се сеќирате...Груевски и да сака неможе да ве претсигне на таа листа, затоа што судбината и правецот на движење на оваа држава кога се формираше ги имавте вие во ваши раце, за жал не насочивте во слепа улица од која кој знае дали ќе го најдеме излезот... |
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И не само македонија...
Сите наши соседни земји се МУЛТИЕТНИЧКИ..некоја помалку некоја повеќе..но во суштина тоа (нерадо) ..односно не го признаваат.
![]() |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12852 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
kade zastanavme...?
da ne e praznik denes pa politikata ja sjebavme..?
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
real ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 19.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 161 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
tvojata poentata mnogu dobro jas go svakam.
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хмм, точно, Македонија е мултиетничка држава која ја сочинуваат повеќе етноси.
И како таква, државата пак се идентификува со името Македонија. Исто како и Грција - држава во која живеат повеќе етноси, иако непризнаени, но по државјанство (или националност) сите се грци. А државата се вика Грција. И никој не бара од нив да си го променат името, само затоа што покрај грците таму живеат и други етноси. Зошто пак тие би барале од нас такво нешто, поткрепено со вакво ступидно “оправдание“? Ако ми ја сфаќаш поентата ![]() |
|
![]() |
|
real ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 19.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 161 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ovoj saka da kaze deka Makedonija nee tatkovina samo za eden narod tuku za site, normalno e toa site sme tuka i ke bideme tuka.
|
|
![]() |
|
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не, туку да размислиме за вистинските намери на поедини групи кој преку политички партии се обидуваат да наметнат култ на надмоќност а впрочем одат на уништување на македонското битие. Од ова се плашев, промената на името на државата не е исто како допирањето на идентитетот и јазикот. Некој ако тоа не го разбира, и упорно се држи како слепиот за стап, тоа е негов проблем. Многумина мислат дека на форумот има “луѓе кои упорно ни наметнуват промена на името“, јас би рекол дека има луѓе кој размислуваат многу подалеку без да им каже некој како да размислуваат! |
|
Homo homini lupus est...
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мислам дека треба да го повторам мојот став , дека Македонија треба да излезе од преговорите ...
А вакви изјави како оваа на претседателот на Гејланд е уште една причина повеќе, јасно кажува дека му смета македонскиот народ, македонскиот јазик, а името и така и така , мислам дека повеќе не е потребно... |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Апсолутно се согласувам со Златник! Пред секоја важна одлука белосветските емисари се тука да ни ги перат мозоците и да вршат притисок, како тоа не било добро за нас, па како не сме смееле да имаме референдум за ова и за она, иако било демократско право во сите цивилизирани земји, ама ете баш за нас не морало да важи... исто како да ти дојде дома гостин и да ти каже кога смееш да одиш во WC а кога не! ![]() Никогаш нема да го заборавам оној британскиот пробисвет кој со пластичниот часовник ни вртеше стрелки де напред, де назад, демек да ни покажел каде ни била иднината а каде минатото, како на некои нецивилизирани мајмуни... беше тоа пред референдумот за територијалната поделба. Кој ли не дојде тогаш во Македонија, и што бидна на крај - референдумот не успеа како што и сакаа, притоа со огромна помош и од домашните “невладини“ на Сорос, и од некои партиски штабови кои со методи на заплашување задржаа огромен процент од народот дома, наместо да излезе на референдумот! И сега ни се случува истото, по којзнае кој пат. И како да не се прашува човек дали има смисла борбата за некакво достоинство, за возвишени идеали... кога гледаш дека достоинството во ова општество станало минорна категорија, а на некои им служи и како тема за мајтап?!... |
|
![]() |
|
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
“Ако немаше сиромаштија, немаше да има херои“... а кај нас на тони ги има! Ако во минатото идентитетот не беше ниту спомнуван, сега дојде редот јазикот и идентитетот да ни се оспорува.... ова веќе ме разгневува
![]() Има една поговорка и вели вака: Ако планираш за една година- посади ориз, ако планираш за десет години-посади дрво, ако пак, планираш за сто години- образувај го својот народ! |
|
Homo homini lupus est...
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПАПУЉАС НЕ ОДОБРУВА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА И ЈАЗИК
Грчкиот претседател, Каролос Папуљас, по средбата со генералниот секретар, Бан Ки Мун во Атина изјавил дека добрососедските односи не се градат преку нерешени проблеми. Папуљас, прв пат директно прашањето за името го поврзал со јазикот и идентитетот. Прашањето е многу едноставно, географскиот простор на Македонија од средниот век е мултиетнички. Не е татковина на еден народ. Грешката на Скопје е во тоа што вели дека има право на целиот географски регион иако државата и нацијата се само дел од него. Тие ја нарекуваат својата земја Македонија, а јазикот македонски и се обидуваат да стават хипотека на цела Македонија. Тоа е целта и на нивната реторика за голема и расцепкана македонска нација. Грција не сака да ја крсти соседната земја, но се противи на обидите за узурпација, рекол Папуљас, повторувајќи ја грчката позиција за име со географска одредница за севкупна употреба, како решение за спорот меѓу Скопје и Атина. СИТЕЛ Инаку многу е важно луѓето кои упорно ни наметнуват промена на името да размислат за вистинските намери на Гејовите... Изменето од kultuzin - 04.Ноември.2009 во 23:16 |
|
![]() |
|
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Златник, “западот“ да сакаше да ни стори нешто што ние упорно тврдиме, досега ке го стореше без око да им трепне. Земи го примерот, Србија и Косово. План, сценарио, припрема, акција и буумммм....
Нам ни се даде шанса, проблемот е потписот во ООН кој упорно го повторувам и обврската за наоѓање на решение во спорот со името. Зошто едноставно тој дел го одбегнуваме? Значи, Македонија се ОБВРЗУВА од ООН (институција која и дава ДЕЈУРЕ на државата за да учествува во сите меѓународни институции како легално правна држава) да изнајде решение. И според меѓународните закони, таа одлука е ОБВРЗУВАЧКА. Тоа што владите во Македонија вметнаа негативна енергија, обидувајки се да се одбегне од таа обврска е друг проблем а не проблем на западните, источните или која било друга страна! Грција е во подобра позиција во секој случај, и ги користи сите дипломатски пријатели за да си обезбеди што подобра позиција за името. Кој нам ни е крив кога од една страна ги обвинуваме сите западни земји а од друга страна сакаме пријателство со нив, влез во НАТО и ЕЗ, па дури и во платформите на сите политички партии стои дека ке се изборат за влез во тие институции. Зошто тогаш ги гласа народот ако знаат дека во нивните платформи, партиите се залагаат за влез во “непријателските институции“ насочени кон Република Македонија? Иронично, нели? П.С. - Дали ние воопшто имаме пријатели? На крајот ке испадне дека цел свет нас не не сака ако погледнеме дека со ниту еден сосед немаме добро-соседски односи. На западот им се “удвараме“ иако они тоа го знаат. Русија не не рецка поради Србија и Грција. Кој нам ни е пријател? КОНГО? Изменето од Buggyman - 04.Ноември.2009 во 23:12 |
|
Homo homini lupus est...
|
|
![]() |
|
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нашиве „пријатели“ од запад на секој начин се обидуваат да најдат начин да го разделат македонскиот народ. Во оваа средина тоа многу лесно и секогаш успева. Никако нашиов народ да сфати дека е жртва на онаа прастарата поговорка: Divide et impera (Раздели па владеј). А кога ќе се дојде до таа фаза кога внатрешните сили меѓусебно ќе се спротивстават, влетуваат и тие наши „пријатели “ од надвор со додатен притисок. Нормално, резултатот неможе да биде поинаков од - погубен за Македонија!
![]() Најстрашното од се е што и оние нај упорните (нај тврдоглавите!) кога ќе се соочат со вистината за сопствениот народ, губат надеж, губат воља. После едни вакви сценарија и лесно потпаѓање под туѓи влијанија (пропаганди), што може човек да помисли за ваков народ? И навистина, има ли смисла човек кој несака да си го продаде името по никоја цена, има ли смисла таков човек да се бори за некакво достоинство, за некакви возвишени идеали ... за кого да се бори? За вакви луѓе? ![]() |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се мобилизираат сите актери за притисок за името
Не само странците, туку и невладиниот сектор, дел поранешни претседатели и премиери, албанскиот политички блок и дел медиуми во периодов вршат силен притисок врз Владата да се реши спорот за името до декември „Грчката шлаканица од Бук*решт да не ни се повтори во ЕУ.“ „Без решение за името ќе пропуштиме златна шанса.“ „Албанците со и без Македонија ќе влезат во НАТО и ЕУ.“ „Времето за решавање на спорот за името не се мери со секунди, туку со стотинки.“ „Македонија нема маневарски простор за името.“ Ваквите изјави дадени од страна на поранешни високи политичари, невладиниот сектор и албанскиот политички блок покажуваат дека се мобилизираат сите фактори за да се изврши притисок врз Владата за да се реши спорот со Грција до Самитот на министри на ЕУ во декември. Притисокот од евродипломатите што без ракавици бараат од земјава да се реши долгогодишниот спор за да се избегне грчкото вето во ЕУ, е засилен од страна на невладините организации, дел од поранешните претседатели и премиери, партиите на Албанците, опозицијата и медиумите. Аналитичарите објаснуваат дека меѓународната заедница со помош на овие „фактори“ се обидува да изврши крупен притисок со цел да се реши името. Љубчо Георгиевски, Киро Глигоров и Васил Тупурковски се дел од екс политичарите што се јавија во јавноста со свој став за спорот со Грција. Поранешниот претседател Глигоров во интервју за грчкиот весник „Прото тема“ неодамна изјави оти за него е смешно што некои македонски историчари тврдат дека овде сме доселени 2.000 години пред Александар Македонски. Глигоров во интервјуто вели дека и двете земји треба да направат отстапки за да се реши спорот. Професорот Тупурковски, пак, деновиве порача дека Македонија нема маневарски простор за името. Екс премиерот Георгиевски иронично забележа дека му е жал што левицата прва сфатила дека промената на името е неминовна. - Со задоволство ќе гледам како истите тие што велеа дека не смее да се смени името, сега ќе тврдат дека тоа не само што не е лошо, туку е и добро - истакна Георгиевски. Силен притисок за името се чувствува и од ДУИ која и даде рок на Владата до декември да испорача до меѓународниот фактор и до Грција гаранција дека има подготвеност да се реши спорот. Опозицијата и невладиниот сектор се приклучија кон зачестениот притисок од ЕУ да се реши спорот до декември. Иван Дамјановски, политиколог од Институтот за демократија, смета дека доаѓа момент кога се мобилизираат сите сили за да се изврши притисок со цел да се избегне грчкото вето во Советот на министри. - Меѓународната заедница гледа поволен момент за ги мобилизира сите фактори со цел да го постигне решение за името затоа што е јасно дека Грција има право да стави вето. И пред Бук*решт имаше притисок зашто беше јасно дека ќе има блокада - вели Дамјановски. Поранешниот амбасадор во НАТО и професор Нано Ружин објаснува дека постои цела маса на актери што вршат притисок да се фати возот за ЕУ. - Постои институционален притисок од страна на еврократите и блиските пријатели на Македонија кои сакаат да не дисциплинираат, но и цела маса на актери каде спаѓаат политичари, невладини организации, политичари и интелектуалци кои размислуваат прогресивно и пофлексибилно и препорачуваат дека Груевски треба да попушти за да добиеме членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ - смета Ружин. Професорот Назми Маличи смета дека притисокот од дипломатите и интелектуалците е позитивен затоа што покажува дека постои интерес за тоа земјата да продолжи напред со евроинтеграциите. Што се случуваше пред Бук*решт? Сликата на секојдневен притисок преку препораките да се реши спорот за името што доаѓаа од меѓународната заедница, но и од домашната политичка и стручна јавност можеше да се види и лани пред самитот на НАТО во Бук*решт. Стејт департментот во неколку наврати апелираше да се најде решение за името за да се избегне грчкото вето во Бук*решт. Тогаш, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн порача дека зачленувањето во НАТО е поважно од името на една земја. Непосредно пред Бук*решт, Владата ја потресе напуштањето на владината коалиција од Мендух Тачи со објаснување дека Груевски одбил да ги прифати шесте барања на ДПА, за кои партискиот лидер објасни оти биле услов за влез во НАТО. Тачи тогаш објасни дека со напуштањето на Владата не сакал да им помогне на Грците во спорот околу името. Извор : Нова Македонија Многу добар текст , мислам дека треба да се прочита затоа што најдобро ја отсликува моменталната состојба каде што освен надворешен имаме силен внатрешен притисок... |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3536373839 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |