IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Тестирања на крајот на учебната година
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тестирања на крајот на учебната година

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930>
Прашање: Дали ги поддржувате ваквите тестирања?
Одговор Гласови Статистика
39 [30,95%]
87 [69,05%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2009 во 08:33
Никако да се најде модус како да се воведе екстерното тестирање во училиштата

Екстерното препуштено на Државниот испитен центар?

Државен испитен центар да се грижи за реализирање на екстерното оценување во училиштата, е размислувањето во Министерството за образование и наука откако Уставен суд го укина екстерното тестирање. Неофицијално дознаваме дека во Министерството чекаат на заживување на Законот за ДИЦ, а наводно во подготовка се и измени на овој закон, со кој на Центарот ќе му се даде законска можност целосно да раководи со тестирањето. Но, прашање е колку ваквото решение на Министерството се коси со законите и Уставот, бидејќи претходно Уставниот суд го укина екстерното токму поради тоа што државни органи го подготвуваа.

Судот ги прогласи за неуставни одредбите во законите за основно и за средно образование донесени во 2008 година, според кои Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат се задолжени за организирање и спроведување на екстерното тестирање на учениците. Министерството експресно реагираше дека нема да се откаже од екстерното оценување и дека ќе најдат форми како да се врати тоа.„Државниот испитен центар со новиот закон ќе стане посебен орган. Тој раководи со државната матура, а сега со измените се планира во негова надлежност да бидат и екстерните тестови“, коментираат од ресорното министерство.

Доколку се исполни оваа идеја, тоа ќе значи дека повторно државни органи ќе се грижат за спроведувањето на екстерните тестови, што беше и главна причина за одлуката на Уставниот суд. Судот со одлуката не го поништи целосно екстерното тестирање, но забрани него да го спроведуваат и организираат државни органи како што е Министерството. (Ж.Х.З.)


Кон врв
Ами Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ами Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 15:50
абе дечки мене уште не ми е јасно дали оваа година основните училишта ке бидат тестирани???
ај пишете ако знаете

Изменето од Ами - 16.Јули.2009 во 15:50
Кон врв
irenka_princess Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај irenka_princess Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 12:21
za greovi samo lazea i nisto pomina i ucebnata 2008/09 godina i pak nisto toa e samo potiknuvanje na decata poveke da ucat
Само упорноста не води до целта...
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 15:37
 
 
Резултатите од екстерното тестирање во јуни денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за образование и наука Никола Тодоров....
 

Скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ има највисока просечна оценка (4,12) на екстерните испити од државната матура во јуни. Од 92-те средни училишта во Македонија најдолу на ранг-листата, со најниска просечна оценка (1,49) е тетовското „Гоце Стојчески“. Просечна оценка на целото тестирање е 2,99.
Со просечна оценка над 4 се уште две средни училишта - „Орце Николов“ Скопје (4.02) и Државното музичко училиште - Битола (4,00), а просечна оценка од 1 до 2 покрај „Гоце Стојчески“ имаат уште пет училишта: „8 Септември“ - Скопје (1,50), „Моша Пијаде“ - Тетово (1,60), „Кузман Шапкарев“ - Битола (1,60), „Боро Петрушевски“ - Скопје (1,91) и „Никола Карев“ - Струмица (1,98). Просечна оценка од 2 до 3 имаат 39 училишта, а 44 училишта се со просечна оценка од 3 до 4....

 
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 18:06
Шест средни училишта во државава со просечна оценка помала од двојка практично паднаа на државната матура. Најслаби резултати покажале средношколците од тетовското училиште Гоце Стојчевски со 1, 49. Кај 39 училишта просечната оценка е помеѓу двојка и тројка, а дури 44 имаат просек од единица до двојка. Од 92 средни училишта само три имаат просечна оцена 4. На прво место е скопската гимназија „Раде Јовчески Корчагин“ со оценка 4, 12. Од Министерството за образование причината за слабите резултати ја гледаат во нереалното оценување на учениците. За да се подобри просекот министерот Тодоров вели дека мора да се направат целосни реформи во образованието ....

- Минатата учебна година 85% од средношколците се упишаа на факултет....

Ова е рекламата на владата, а денешниот наслов од Канал 5 е поразителен, тогаш како се запишале 85% на факултетите? (Истите ученици поминале кај истите наставници/професори)


...

Изменето од Buggyman - 06.Август.2009 во 18:08
Homo homini lupus est...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 06:53
Малку површна анализа која не ја отсликува реалната слика во училиштата.
Прво--- споредба меѓу предмети кои учениците ги учат 8 години ( македонски јазик) и 2 години (физика, хемија)
Второ--- во оценката на наставникот се вреднува и општата активност на учееникот а не само сувопарните знаења за кое од осамостојување до денес наставниците добиваа најголеми критики- од фактографијата се бегаше како гаволот од крстот
Трето-- англиски јазик, учениците- барем 80% одат и на к*рсеви
 и да не набројувам. Едно никој не сака да разбере. Никој не е против тестирање, ама не во функција на вреднување на работата на наставникот бидејки појдовните основи не се еднакви ( социјалниот статус на учениците, условите и местото во кои се наоѓа училиштето- централно градско или некое забит каде се работи во комбинирани паралелки, деца од целодневна каде работат под контрола на 2 наставници  и деца кои работат сами или евентуално со мала помош од родители).
Има многу ама
Професорите обвинети за оценки од ракав
 
Кон врв
Паланчански Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2007
Локација: Dubrovnik
Статус: Офлајн
Поени: 1655
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Паланчански Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 11:40
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Шест средни училишта во државава со просечна оценка помала од двојка практично паднаа на државната матура. Најслаби резултати покажале средношколците од тетовското училиште Гоце Стојчевски со 1, 49. Кај 39 училишта просечната оценка е помеѓу двојка и тројка, а дури 44 имаат просек од единица до двојка. Од 92 средни училишта само три имаат просечна оцена 4. На прво место е скопската гимназија „Раде Јовчески Корчагин“ со оценка 4, 12. Од Министерството за образование причината за слабите резултати ја гледаат во нереалното оценување на учениците. За да се подобри просекот министерот Тодоров вели дека мора да се направат целосни реформи во образованието ....

- Минатата учебна година 85% од средношколците се упишаа на факултет....

Ова е рекламата на владата, а денешниот наслов од Канал 5 е поразителен, тогаш како се запишале 85% на факултетите? (Истите ученици поминале кај истите наставници/професори)


...


Не е важно колку се запишале на факултет. Многу е поважно дали го завршиле, и ако го завршиле, дали нешто научиле или ги купиле оценките.
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 09:53
 Иако тврдењата беа дека резултатите ке се искористат за подобрување на квалитетот на наставата некако пак се ставени во улога на девалвирање на наставниковата работа
Се растуриле од петки
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 12:00
Мое мислење:

Резултатите се сосема реални со оглед на тоа какво е образованието а тоа значи дека му требаат големи реформи.

За средното образование: нормално дека во Корчагин нема големи отстапки пошто во Корчагин и децата се поинтелегентни па и наставата си тече без поголеми проблеми... (учев во Корчагин и во 4та година по математика решававме задачи наменети за на факултет, користејќи руска и бугарска литература, во време кога немаше интернет, па затоа на факултет математика не ни пипнав, доволно ми беше редовното идење на предавања и вежби).
Во училиштата каде повеќето ученици ги интересира се друго освен школо и на кои и со инка да им ставаш знаење ни 10% не се задржува во глава, таму неможе ни наставата да си тече нормално, или да биде во тек со пропишаната програма, страдаат и оние деца кои имаат интерес да учат и не е изваден максимумот кои можат да го дадат.

Јасно, според резултатите, е дека е потребна дополнителна настава, со која на послабите ќе им се помага да го совладаат материјалот, а појаките ученици ќе се унапредуваат повеќе. И селекцијата на учениците не би била лоша.
Досега се форсираше просечноста, добро, не е лошо за слабите ученици ама е катастрофална за појаките.


Изменето од ultra - 28.Август.2009 во 12:02
Кон врв
magdalena2008 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај magdalena2008 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 13:38
Па, морам да кажам дека сето ова е всушност, само тоа, да се девалвира работата на наставникот и да се оправдаат проектите кои не носат никакви реформи, туку само можност за профитирање на некои.
Инаку секој би знаел дека доколку пак се воведат тестовите, сите наставници ќе ги учат децата само како да одговорат на тестовитеи ништо друго. Со текот на годините ќе сез апостават основните цели на образовнието, а тоа е да се подготват децата за предизвиците во животот.
И една работа што ми запна на очи, поголемиотдел од оценките биле една оценка погоре. Па дали отстапка од една оценка е лошо оценет ученик, нели тие не се земаа во предвид. Изгледа дека поголемиот број отстапувања и биле една оценка,па сега и тоа сакаат да го направат дека ете не се оценува реално.

Изменето од magdalena2008 - 28.Август.2009 во 13:41
Кон врв
Момче Македонче Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Момче Македонче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 14:09
Originally posted by ultra ultra напиша:


Мое мислење:Резултатите се сосема реални со оглед на тоа какво е образованието а тоа значи дека му требаат големи реформи.За средното образование: нормално дека во Корчагин нема големи отстапки пошто во Корчагин и децата се поинтелегентни па и наставата си тече без поголеми проблеми... (учев во Корчагин и во 4та година по математика решававме задачи наменети за на факултет, користејќи руска и бугарска литература, во време кога немаше интернет, па затоа на факултет математика не ни пипнав, доволно ми беше редовното идење на предавања и вежби).Во училиштата каде повеќето ученици ги интересира се друго освен школо и на кои и со инка да им ставаш знаење ни 10% не се задржува во глава, таму неможе ни наставата да си тече нормално, или да биде во тек со пропишаната програма, страдаат и оние деца кои имаат интерес да учат и не е изваден максимумот кои можат да го дадат.Јасно, според резултатите, е дека е потребна дополнителна настава, со која на послабите ќе им се помага да го совладаат материјалот, а појаките ученици ќе се унапредуваат повеќе. И селекцијата на учениците не би била лоша. Досега се форсираше просечноста, добро, не е лошо за слабите ученици ама е катастрофална за појаките.


Ех......... малце ме насмеа со ова, во Корчагин учеле поинтелегентни деца Интелегенцијата е релативна, учениците секаде се подеднакво интелегентни, се зависи од тоа како тие ја користат интелегенцијата А за тие „фамозни руски збирки“, што има врска тоа, математика ти даваат задачи, а задачите се решаваат на еднаков начин и во Русија, и во Македонија и во Тунгузија. И јас учев средно економско и со оглед на тоа што нема збирки за средните училишта решававме од факултетските збирки и положив математика и без да учам, без да одам на предавања или вежби, но искрено не е нешто со што се гордеам. Инаку добро е ова со тестирањава, не добро, туку одлично и како прилично добар критериум се за упис на факултет...... Само што за некои факултети слушнав дека имало приемни, што не е во ред, ем матура, ем приемни

Изменето од Момче Македонче - 28.Август.2009 во 14:11
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 18:29
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:




Ех......... малце ме насмеа со ова, во Корчагин учеле поинтелегентни деца Интелегенцијата е релативна, учениците секаде се подеднакво интелегентни, се зависи од тоа како тие ја користат интелегенцијата А за тие „фамозни руски збирки“, што има врска тоа, математика ти даваат задачи, а задачите се решаваат на еднаков начин и во Русија, и во Македонија и во Тунгузија. И јас учев средно економско и со оглед на тоа што нема збирки за средните училишта решававме од факултетските збирки и положив математика и без да учам, без да одам на предавања или вежби, но искрено не е нешто со што се гордеам. Инаку добро е ова со тестирањава, не добро, туку одлично и како прилично добар критериум се за упис на факултет...... Само што за некои факултети слушнав дека имало приемни, што не е во ред, ем матура, ем приемни


Не ми беше намерата да ги навредувам другите школи...
Зборот ми беше дека во школи, паралелки каде повеќето ученици се јаки, интелегентни (со ова не сметам дека се другите глупави) повеќе се напредува во материјата. Е сега што е вистина, вистина е, дури и бугарите имаа (сега не знам каква е ситуацијата) подобри збирки по математика отколку ние што имавме, а математика се усовршува само со вежбање. Не е доволно само начинот на решавање да се знае и не е доволно  само две три задачи да се решат.  (Земи пример комплексни задачи, диференцијални равенки, неодредени интеграли итн.)
Кон врв
GDI Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај GDI Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 03:56
Тестирањето на крај од учебната година е единствен начин за реално оценување, за помал притисок врз професорите, и пред се за учење за знаење! ...

прашајте како до сигурна заработка на интернет

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 13:18
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.