IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Астрални патувања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Астрални патувања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 01:14
Сепак мислам дека зависи и каде човекот ја доживува АП(оние несвесни),можеби делува и место положбата.
Љубов и само љубов
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2010 во 22:14

AMAZING%20SPACE%20ANIMATION%20-%20HUBBEL%20TELESCOPE
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 09:14
 
 
Фантастични искуства на Оливер Фокс ...!!!
Оливер Фокс со ноќи се обидувал, да го контролира и продолжи сонот, но кога во тоа успеал, сонот се претворил во будна свест ослободувајќи астрал и Фокс бил способен да продре низ цврстите ѕидови и да ја “моделира материјата по сопствена желба “ !

Во минатото голем број извонредни поединци, по пат на разни методи и техники успевале да постигнат вонтелесни проекции и сo својот астрал патувале низ простор и време. Во ова поглавије ке согледаме едно од најдобрите искуства на Олвер Фокс. Неговата исповед детално опишана во “Окултна ревија“ од 1920 година, спаѓа во најинтересните од целокупната литература за вонтелесните доживувања. Статии во кои Фокс, детално ги опишал своите астрални проекции - “Боров портал “ и “ Позади боровата врата “ содржат голем број возбудливи поединости.


Инспиративен сон



На почеток на своето интересно кажување за своите необични искуства, ги дава следните напомени и објаснувања:
1. биле тоа сонови полни со живот
2. биле тоа вистински проекции на внатрешното тело !

За разлика од многу други истражувачи , Оливер Фокс не се обидувал да докаже теорија за постоење на астрално тело. Тој едноставно, само ги изложувал преживеаните искуства, пуштајќи ги читателите сами да истражуваат и пресудуваат. Основна каректеристика на Фоксовите вонтелесни истражувања е дека произлегувале од потполна контрола на сонот. Неговата техника, денес позната во светот, се сведува на посматрање на некои несугласици или анахронизми во сонот. Со други зборови, за оваа техника неопходна е свесност дека се спие и сонува.


Еве го клучот на Фокс за сон:
“Во време кога бев студент на техничкиот колеџ, еден необичен сон ме инспирираше да ги започнам своите истражувања. Сонував дека стојам над својот дом. Гледајќи надолу, открив дека поплочениот камен на интересен начин ја променил својата положба-долгата страна сега беше паралелна со работ наместо под прав агол -како што навистина беше! Како тоа се случило, се прашував. Тогаш се сетив- па јас сонувам! Во истиот момент силата на животот што ја доживував никогаш не била поинпресивна. Никогаш морето и небото н е зрачеле со таква убавина, никогаш куќите и улиците не биле поскладни, никогаш полињата не беа така измиени чисти сјајни... Никогаш, не се чувствував така убаво, јасни мисли, чист мозок и боженствено мокен. Чувството не траеше долго, мојата ментална контрола ја изгуби моќта и се соедини со моето уморно тело. Тогаш на ум ми дојде една сјајна идеа-одличив да се обидам да се вратам во својот сон и да го продолжам!...”

Од таа желба произлегла голема задача. Оливер Фокссо ноки се обидувал да го контролира сонот и барем малку да го продолжи,но кога тоа му тргнало од рака, сонот се преточувал во будна свест ослободувајќи астрално тело Фокс бил способен да продре низ навидум цврсти ѕидови и да “моделира материја по сопствена желба”.

После долготрајни експерименти дека напорот, да го продолжи сонот предизвикува непријатна болка во предел на епифизната жлезда и тоа му било знак да се врати во физичко тело. Фокс открил, дека во последните секунди на продолжениот и контролиран сон доживува -двострука свесност. Со други зборови, тој во тие необични мигови, можел да се осети себе си, како учествува во својот сон, но истовремено бил свесен дека лежи во својот кревет дури ја гледал и спалната соба! Без сомнение Оливер Фокс, бил вистински истражувач. Болките во епифизниот дел биле знак дека експериментот треба што побргу да се прекине. Фокс се повеќе го мачело прашањето што ќе се случи, ако не ги послуша сигналите на своето тело и продолжи со експериментот?!

Една ноќ одлучил да оди до крај: после болниот сигнал слушнал “ клик” во пределот на мозокот и наеднаш се осетил “отклучен” и одвоен од своето физичко тело!
 
Губејќи го чувството на двојна свест му се чинело дека запловил во едно ново искуство, нова димензија, во која времето и просторот ништо не претставуваат. Оливер Фокс се нашол во- астрална проекција!
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2011 во 13:35
Originally posted by RUSHKA RUSHKA напиша:

Znam eden drugar na kerka mi dozivuva astralni patuvanja.Ziva vistina, deckoto nerado razgovara za toa ama znam deka negovite roditeli stravuvaat sekoja vecer koga legnuva da spie, go nadgleduvaat no nikoj ne go budi.


Ајде де... А каде тоа ги доживува астралните патувања, во Скопје?

Да се постигне астрална проекција, или вонтелесно искуство, како прво воопшто не е лесно (наспроти сите пишувања по интернетов, човек да си помисли дека пола свет доживал астрална проекција). Астрална проекција, доживуваат многу малку луѓе, на прси можат да се избројат колку од нив доживеале вистинско вонтелесно искуство.

Да ви го срушам митот на сите, Буда да го донесев во Скопје, нема да доживее астрална проекција. Едноставно Скопје е преозрачено и катастрофално астрално подрачје.
Да се постигне астрал, бара долги години медитација, посебен режим на живот, живот на проретчен кислород (некаде на Хималаите да живееш, Алпи и сл). За продуховеноста и да не зборам, колку треба да си "чист" за да доживееш вонтелесно искуство.

И знам дека е многу интересно и шармантно да се збори за астрални патувања, ама во Ск се неможни, ниту било каде во Македонија.
За подетални информации на оваа тема обратете се кај луѓе кои сериозно се занимаваат со OBE и астрални и етерични проекции.
www.izue.org.mk

За сите кои имаат некакви дилеми, да појаснам, OBE (astral projection) е ФИЗИЧКА СМРТ. Ако дојде лекар, кога некое лице е во OBE ќе констатира смрт. Нема дишење, нема работа на срце, буквално лицето е физички - мртво!


Изменето од pHp - 30.Ноември.2011 во 14:00
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2011 во 21:27
liceto manje-vise... organot neka funkcionise...
Incredible Blue
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2011 во 14:50
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

liceto manje-vise... organot neka funkcionise...


Функционише не се секирај Па кога ќе се вратиш од астралот , леле како функционише, особено на сабајле
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2011 во 18:32
Зарем кога сонуваш си мртов?
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 09:08
Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Зарем кога сонуваш си мртов?


Нешто налик на клиничка смрт,сите органи си функционираат,но нема свесност затоа што душата го напушта телото за време на астралното патување,а тело без душа,без свест е еднакво на мртво тело.


Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 11:42
Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Зарем кога сонуваш си мртов?


Абе кој ви кажал дека кога сонуваш доживуваш астрална проекција?!?! Кога сонуваш - спиеш. Нема врска тоа со астрално проектирање.

Астрална проекција или вонтелесно искуство, е напуштање на свеста (душата) на физичкото тело, во физичкиот свет. Буквално леташ низ физичкиот простор, тоа не е сон.

Изменето од pHp - 02.Декември.2011 во 11:45
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 17:49
А како ќе го наречеш тоа кога во сон сретнуваш пријатели кои живеат во друга земја и во разговор со нив донзаваш дека се преселиле (што после на јаве испаѓа дека се е точно)? Или кога во сон слушаш разговор на двајца пријатели (кои исто се во друга земја) и се испоставува дека навистина тој разговор така се одиграл и во јаве?
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 11:35
Како не се можело астралното патување во Скопје...
Еве ви доказ за моетохи, хи...
Активни корисници
Активни корисници Вкупно има 16 Активни корисници онлајн, 0 Членови, 0 Анонимен член(ови), 12 Гостин, 4 Пребарувач(и)
Најмногу членови биле онлајн 65, 28.Ноември.2011 во 13:51
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2011 во 11:50
Originally posted by saguaro saguaro напиша:

А како ќе го наречеш тоа кога во сон сретнуваш пријатели кои живеат во друга земја и во разговор со нив донзаваш дека се преселиле (што после на јаве испаѓа дека се е точно)? Или кога во сон слушаш разговор на двајца пријатели (кои исто се во друга земја) и се испоставува дека навистина тој разговор така се одиграл и во јаве?


Дефинитивно не е астрална проекција. Сонот како категорија е многу комплесна состојба на умот и многу има да се разговара за да се дојде до тоа што е сонот за човековата свесност. Затоа, треба посебна тема да се отвори и има едно 4-5 страници пишување. Затоа, ќе ме извиниш сега навистина има многу основни работи за објаснување, за потоа да се дојде до сонот.
Доколку си медитирал макар и еднаш (говорам за вистинска медидативна состојба, постигната надвор од град, без бука и без големи "загадувања"), многу ќе ти е јасно што е СОН и дека нема ама баш никаква врска со АСТРАЛНО ПРОЕКТИРАЊЕ.
Имено, во медитативна состојба се доживуваат многу "чудни" состојби и многу "чудни" појави и процеси човек е способен да рецептира. Секој што сфатил што е медидативна состојба (а таа не се сфаќа со читање, туку само со медитација), многу јасно знае што е сон, што е етерична проекција, што е астрална проекција, што е космичка проекција, и конечно, што е нирвана.
Слушањето разговор кој вистински се случил на јава,среќавањето на пријатели од друга земја е clarivoyance, космичко поврзување или едноставно телепатија, која е остварлива во сон. Но, дефинитивно не е астрал.
Астрална проекција (или Out of body experience) е проекција, при која апликантот е буквално ФИЗИЧКИ МРТОВ, во буквална смисла на зборот, не дише, не му работи срце и т.н. Во сон, прилично си жив

Изменето од pHp - 14.Декември.2011 во 11:56
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2012 во 18:04



Некои велат дека вонтелесното искуство е слично на сонувањето или халуцинирањето.
 Меѓутоа, оние кои лично го доживеале велат дека е многу пореално од сонот.
Всушност, преку вонтелесното искуство, луѓето објективно го гледаат своето тело во реалниот свет. 
Исто така, тие можат да ги видат и останатите предмети, меѓутоа малку изобличени и матни.
 Уште еден фактор кој го одделува астралното проектирање од сонот е способноста да се котролира насоката на движење на телото.

Астралната проекција може едноставно да се дефинира како одделување на човековата свест од физичкото тело и заземање нова форма со која се откриваат други димензии и сфери....

Овие искуства можат да се постигнат и при нормално функционирање на мозокот. Тоа едноставно може да се случи кога телото има ослабени сетила, особено за време на одмор или спиење, меѓутоа, во секој случај, свеста функционира.

Исто така, има големи варијации во степенот на доживување на ова искуство и што се случува додека трае.

 Во најголем број од случаите, луѓето слушаат чудни звуци или чувствуваат вибрации.

полесно се доживува кога мозокот не е активен, односно додека спиеме или се одмараме. 

Телото прво мора да се најде во опуштена состојба или еден вид на транс и тоа е клучно за да се доживее ова искуство кога  потсвеста   станува помоќна од свеста.

 За секој поединец, астралната проекција е различно искуство... секој човек различно се мотивира во текот на процесот. Меѓутоа, една работа е заедничка за сите ....

 предноста на оние кои го доживеале ова искуство е можноста да ја разоткријат духовната страна на човековата свест.

 

 Предноста на астралното патување е тоа дека е многу подобро од будењето на сетилата во физичката сфера 

 ова искуство помага при будењето на духовниот идентитет кај луѓето. Некои луѓе тврдат дека тоа го елиминира стравот од смртта и непознатото......

 Ако сте поминале  низ овој процес, почнувате  да се разбирате себеси не само како тело кое постои, туку придавате поголемо значење на вашето постоење. Луѓето стануваат помудри преку длабоко духовно искуство кое се изедначува со вонтелесното искуство.

 Ова може да се гледа како љубопитност и желба да се открие што се крие надвор од физичкиот свет. 

Најчесто, луѓето кои сакаат да знаат што има надвор од реалниот и физичкиот свет имаат вакви искуства. 

На крај, можеби ова искуство им помага на луѓето да ја разрешат мистеријата на животот и постоењето.


Вонтелесните искуства се се почести, а податоците покажуваат дека ова доживување помага при откривање на подлабоката смисла на постоењето надвор од реалниот свет....

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2014 во 08:24

Откриени првите траги за живот по смртта


Смртта е неизбежна, но научниците сега веруваат дека конечно ја откриле светлата точка на крајот од тунелот. Најголемата медицинска студија во врска со искуствата на блиска смрт и вонтелесни искуства откриле дека човечката совест може да продолжи да функционира иако мозокот престанува со работа. 

Станува збор за контроверзна тема која до сега е третирана со општ скептицизам. Сепак, научниците од универзитетот во Саутемптон во рок од четири години испитувале повеќе од 2.000 личности кои имале срцев застој во 15 болници во Британија, САД и Австрија. Тие откриле дека речиси 40% од луѓето кои имале срцев застој опишале дека имале свест во времето кога биле во клиничка смрт, пред нивните срца повторно да преработат.



Еден пациент се присетил како во целост го напуштил своето тело и гледал како лекарите го враќаат во живот. Иако бил мртов три минути, 57-годишниот работник од Саутемптон се сетил на првите постапки на докторите, па дури го опишал и звукот на машината. 

- Знаеме дека мозокот не може да функционира кога престанува работата на срцето. Сепак, во овој случај, свеста продолжила во траење од три минути, иако тоа време срцето не биело и мозокот не функционираше во рок од 20 до 30 секунди. Човекот опиша се што се случувало во просторијата, но она што е уште поважно е што слушнал звуци на машина во периодот од три минути. Така знаеме колку траело неговото вонтелесно искуство. Се што кажа навистина се случило додека тој беше во клиничка смрт, изјави д-р Сем Парни, предводникот на ова истражување.

Од вкупно 2.600 пациенти од студијата, 330 преживеале, а 140 од нив изјавиле дека почувствувале некоја свест додека ги оживувале. Иако многу пациенти не можеле да се сетат на поспецифични детали, одредени чувства постојано се појавувале. Еден од пет пациенти изјавувал дека имал необично чувство на мир, додека скоро третина од нив изјавиле дека времето било забрзано или бавно. Некои од пациентите тврдат дека виделе силна светлина или сончев сјај, додека други почувствувале страв, одвоеност од телото и зголемено чувство на слух.



Д-р Парни верува дека слични работи почувствувале и многу други пациенти кои биле на работ на смртта, но користењето на лекови и седативи придонело тие да не се сеќаваат на ова искуство. 

- Проценуваме дека милион луѓе имале мошне изразени искуства во ситуации блиски до смрт, но научните докази се двосмислени. Многу луѓе мислат дека станува збор за халуцинации и илузии, но тие се поврзани со вистински случки.

Д-р Дејвид Вајлд, истражувачки психолог од универзитетот во Нотингем, се надева дека ова истражување ќе покрене нова студија која ќе се занимава со оваа контроверзна тема.

- Многу истражувања се ретроспективни и стари 10 до 20 години, но овде истражувачите барале примери и користеле навистина голем број на случаи, со цел да се постигне поголема валидност. Постојат навистина добри докази дека овие искуства се случуваат по медицинската смрт. Се уште не знаеме што се случува по смртта и се надеваме дека оваа студија ќе ни помогне да дојдеме до нови научни сознанија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.