|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика | страница <1 211212213214215 256> |
Автор | |
Vlad Tepesh
Сениор Регистриран: 07.Април.2008 Локација: Romania Статус: Офлајн Поени: 540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
~,,~Ce se ponudat najmalku dve SMENETI iminja na referendumot za koi ce se glasa!!! mozhete komono ushte sega da se pomirete so faktot deka imeto e smeneto~,,~ A kako se vika zemjata sega mozheme samo da pretpostavuvame~,,~
|
|
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
|
|
Makedonec84
Група Регистриран: 01.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 55 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Hm...pa ne gledam zasto bi se kriel pozadi PREGOVORITE!! Gi vodi pregovorite zatoa sto mora. Gruevski e Makedonec (za razlika od prethodnicite) i jas mislam deka koga bi bile vo podobra pozicija , voopsto ne bi ni razmisluval da vodi pregovori. Megjutoa, za zal, tie prethodno sto ja vodea drzavava ja ispokradoja i ja unistija. Pa sega Gruevski e vo mnogu teska situacija i spored mene , mnogu uspesno se spravuva so problemite!
Jas samo mozam da mu kazam BRAVO i bi mu poracal da izdrzi. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи какво било решение и каков било компромис за спорот што го наметна Грција да бидат пригфатени од страна на одредени поединци политичари, влада..... "
ова е став и ветување поради кои требаше ВЕДНАШ по изборите на кои доби абсолутно мнозинство ДА ПРЕКИНЕ СЕКАКВИ ПРЕГОВОРИ доколку навистина и го мислше тоа ..........
|
|
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба да е јасно дека преговорите се водат заради ЕУ која нема да дозволи никаков напредок на Македонија без преговори. Не се водат заради тоа што ни е убаво. Сите што се чуствуваат изолирано можат после 1 јануари да си го бараат чарето во преубавата Европа (макар живееле и на улица таму) па ќе нема потреба толку ревносно да се залагаат за промена на името. Изменето од depo - 30.Октомври.2009 во 20:25 |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хехехехехехехехе ............ значи , се подготвува теренот за хепенинг и оправдување на она неисполнетото од предизборието
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne znam... Jas da prasam: Temava e "PREGOVORI ZA IMETO" ili "KOJA POLITICKA PARTIJA PODDRZUVATE" ? Zosto mislam deka na nekogo pomilo kje mu bide nekoi politicari da otstapat od vlast (ili drugi da stapat, seedno) otkolku da go zacuva dostoinstvoto, identitetot, nacionalnosta, istorijata, tradicijata ...? |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da povtoram, temata e "Pregovori za imeto"... |
|
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е важно која политичка гарнитура е на власт, важно е дека некој лажел а во последните 18 години секојдневно не лажат но партиските војничиња работат како кртови поради мизерни 50-100 евра да оправдуваат се што нивните “идоли“ ќе им речат да ја “омекнуваат“ состојбата... Имам екстремна меморија, се секавам пред Бук*решт како поедини “партиски војничиеа“ се “преслекуваа преку ноќ“, и трагите од кожурците (како змијата кога ја менува кожата)останаа позади нив, се правеа наудрени како ништо да не се случува а што е најжално, пред тоа истите тие беа “тврди“ на своите ставови... Немам повеќе коментар.... Изменето од Buggyman - 30.Октомври.2009 во 22:27 |
|
Homo homini lupus est...
|
|
Makedonec84
Група Регистриран: 01.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 55 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.youtube.com/watch?v=vZ29Brde-EE
|
|
real
Сениор Регистриран: 19.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 161 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Решение за името нема да се најде до декември - анализираат грчки експерти
Средбата Груевски – Папандреу во Брисел е добар знак за решавање на проблемот со името, оценуваат дел од грчките аналитичари. Оптимизмот дека ќе се најде решение во скоро време постои, но тоа нема да се случи до декември. Аналитичарот Јоанис Михалетос смета дека до декември за грчката влада поприоритетно ќе биде турското и кипарското прашање, отколку спорот за името. Поради тоа, но и поради немањето заедничка стратегија на Унијата кога ќе ги прими земјите од Балканот, нема да се постигне договор за датум за преговори со ЕУ. Михалетос гледа можност за договор за името и покрај поставените црвени линии. - Меѓу овие линии има простор за тактички маневар. За деталите можат да направат значителен напредок. Мислам дека новата влада навистина ќе се фокусира на прашањето за името, но не пред јануари, поради тоа што сега во Грција го имаме прашањето за грчко-турските односи и прашањето за Кипар. Така што мислам дека прашањето за името е на трето место, а можеби ќе биде на прво по почетокот на 2010 година, изјави Јанис Михалетос политички аналитичар. Грчкиот професор Аристотел Циампирис за Гласот на Америка на македонски јазик оценува дека решението на проблемот е во географската одредница и немањето монопол врз историјата. „Ако спорот се реши со име со географска одредница, тоа значи дека никој нема право да бара монопол врз историјата на регионот, идентитетот, симболите... Размислувањето е дека ако името е Северна Македонија – нешто што означува географија, но не идентитет или историја, тогаш никој не го монополизира името и она што доаѓа со него и сите тргнуваме напред“, изјави професорот Аристотел Циампирис за Гласот на Америка на македонски јазик. Нова рунда преговори за името не се најавува. Причината, како што објави Канал 5 е што Грција се чувствува за неподготвена за нова средба со Нимиц. Не бил изграден консензус до каде би одела грчката влада во отстапките во договорот. Македонската страна ги демантира гласините во Грција дека веќе една недела се водат тајни разговори на дипломатско ниво. |
|
real
Сениор Регистриран: 19.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 161 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фрчкоски го прогласи Груевски за историски победник
Сé ми се чини дека експертуткава потсвесно веќе признава дека евентуалното ново меѓународно име Северна Република Македонија (со прецизно утврден опсег на употреба во меѓународните организации, односно, двојната формула) ќе претставува голема победа на политичарите со влакна во нос и немиени нозе наспроти хигиенски беспрекорниот грчко – фрчков предлог Република Северна Македонија за севкупна употреба Д али постои разлика помеѓу Република Северна Македонија и Северна Република Македонија? Љубомир Данаилов Фрчкоски смета дека тоа е едно те исто. Всушност, тој добро знае дека постои квалитетна разлика меѓу двете сложени имиња и се она што тие имплицираат, а е сврзано со идентитетот на народот. Сепак, тој калкулира дека народот е неписмен и неупатен во финесите на јазикот, па со ваква манипулација ќе му ја извлече од под нозе евентуалната политичка кампања на Груевски за оправдување пред Македонците доколку се согласи и прифати замена на досегашната референца со трајно име за меѓународна употреба. Значи, доколку и се согласиме на име за меѓународна употреба со некаква додавка, географскиот или кој било друг опис кој би стоел пред уставното име Република Македонија, не имплицира промена на идентитетот на народот ниту промена на името на државата. Сосема е друга работата со „Република Северна Македонија“. Во таков случај, Македонците стануваат Северномакедонци, јазикот северномакедонски, значи, автоматски добиваат нов идентитет, а државата ново име и за меѓународна и за билатерална и за внатрешна употреба – ерга омнес, што е грчко барање, гласно поддржано од „експертов“. Да потсетам. Фрчкоски и неговата политичка банда изминатава година доволно гласно се залагаа токму за вториот „компромис“ односно за целосна промена на името на државата и за промена на македонскиот етнички идентитет евентуално во славомакедонски (оти нели ние сме Словени) заради што и ја водеа кампањата против антиквизацијата, па, сега е доцна да изигруваат „Македониди“. Фрчкоски, кој прв ја зграпчи новата реалност – едно име за севкупна употреба - која целосно ги покрива грчките шовинистички аспирации, преку колумна се обидува да ја фалсификува својата антимакедонска „преговарачка“ позиција. Што не е неочекувано, иако е гротескно како што се и неговите кретенски тези. Имено, спорот за името не треба да е подлога за забава на еден мативода инфантилец, туку, сериозен цивилизациски предизвик кој може да ја ничкоса архитектурата на човештвото базирана на човековите права. Но, таков пристап не може да се очекува од една гротескна појава каква што е Фрчкоски и затоа „нормално“ е што тој на проблемот му приоѓа од најпростата можна перспектива – како поразот на Македонија ќе се одразел на политичката судбина на Никола Груевски. Него, неизбежно ќе го стигнела долгата рака на ВМРО и ако евентуално остане жив, ќе ги загубел изборите и ќе завршел како Черчил. Мора да се шали човеков! Ајде што е историски неписмен и не знае дека Черчил ги загуби изборите заради неколку страотни грешки во внатрешната политика за време на Војната, но тој ни од симболика не се разбира кога изведува историски паралели. Претпоставувам само дека во случајов се обидува да споредува изборни резултати по некоја голема криза со далекосежни последици. За Черчил тоа била победата во Втората светска војна, но ме буни „малку“ случајот на Груевски. Која историска победа ќе го доведе до изборен пораз? Сé ми се чини дека експертуткава потсвесно веќе признава дека евентуалното ново меѓународно име Северна Република Македонија (со прецизно утврден опсег на употреба во меѓународните организации, односно, двојната формула) ќе претставува голема победа на политичарите со влакна во нос и немиени нозе наспроти хигиенски беспрекорниот грчко – фрчков предлог Република Северна Македонија за севкупна употреба. Само во таков случај би имала смисла компарацијата помеѓу Груевски и Черчил. Во секоја друга, ова би било чиста глупост од перото на еден пролупан полуинтелигент. Патем, топло му препорачувам на Груевски да не се умисли дека дури и еден Фрчкоски му ја одредил историската големина, зошто тоа попрво значи дека овој се пријавува на иден конк*рс за прв пушач во дворот на победникот. Од друга страна, следејќи го истиот историски пример, поразот на Черчил на власт не го врати компромитираниот Чембрлен кој водеше политика на свиткан рбет наспроти Хитлер. Во нашиот случај, евентуалниот изборен пораз на Груевски нема да ги врати на власт безрбетниците од СДСМ кои отворено го тргуваа нашиот идентитет и име со Грција. Освен ако ЕУ не реши дека не само референдум, ами во Македонија не се пожелни и слободни избори оти тие, исто така, можат да му ја закомплицираат работата на Брисел. Но, во таква ситуација, ќе говориме за окупаторска управа со вазалска власт. Е, сега, јас знам дека на „демократот“ Фрчкоски тоа најмногу би му одговарало, но, до таква разврска има уште многу за изодување како, впрочем, и до наоѓање заеднички прифатливо решение за нашето име. Затоа, да се вратиме ние на долгите гаќи на кралицата Викторија кои требало да ги облече Груевски сега, кога „веќе било договорено името СРМ – Северна Република Македонија“. Фрчкоски смета дека ако сега, за шест недели плус еден ден, Владата не обезбеди пишани гаранции за македонскиот идентитет, народот ќе ни станел бездомнички и за него ќе се решавало на некоја меѓународна конференција. Би му препорачала да не им го бере гајлето на оние што ги именуваше како „македониди“. И ич да не му ја мисли за ѕиврите на Груевски или долгата вмровска рака што ќе го казнела за предавство, туку, со време, уште сега нека си купи три рала кожни гаќи и нека се надева оти ќе му го заштитат валканиот политички задник од долгиот стап на народот со чиј идентитет се коцкаше две децении. Оти, оној што ќе стане бездомник нема веќе што да загуби, та да му ја мисли и прави разлика помеѓу „затуцаното“ ВМРО и „прогресивниот“ СДСМ. Збеснат народ мава се по ред и по список. Ако веќе сака да чита, има едно чудо примери и за вакви случки во англиската историја која Фрле толку ја преферира наспроти македонската. Само се плашам дека не е поентата во читањето, туку во разбирањето, а тука никој не може да му помогне на ограничениот Фрчкоски. Очигледно дека ќе мора учи во живо. Автор: Мирка Велиновска |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Iako samite s epotsetuvate megju sebe deka temata e Pregovori za imeto, uporno prodolzuvate so megjusebnoto naditruvanje i navreduvanje. Do koga ke gi upropastuvate temite?
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Внеси реплика | страница <1 211212213214215 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |