IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 22:39


Вечерва,
мојата тастатура и овој бел Word document
сакаат да водат љубов,
а јас пак заборавив да заспијам.
Ги слушам чекорите на тишината
и мир од мека темнина ми ја гали косата
па ми се плови...
ми се плови....
(настраност ли е што самотијата ми годи?)

Уште сум гладна за твојот глас
за твојот поглед
за твојот допир
и не постојат реални шанси тоа да престане
(фала богу што не се калорични)

и не знам кој вкус е посилен
на крушата
или на оскрушата
од оваа љубов толку нетипична
толку необична...
(мисли ли секој за својата љубов дека е најпосебна?)

Површноста е добра за лижење сладолед
она што ти го сакам
се длабоките одаи на твојата душа.
За да стигнам до нив
го гаснам темјанот и фенерот на мојата совест
и наздравувам...
...за нас


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2009 во 10:03

Нигде јас не одам
се помрднав само малку
за да проверам дали сум жива.
цело време те следам
како навредлив збор кој долго одѕвонува во ушите
како грижа на совест
како неспокој заради неизбежен банкрот.
тука сум,
- сакал ти или не
како стар кактус во аголот од ходникот
не мириса
испрашен е и боцка
ама ти е грев да го фрлиш.
тука сум
како вишок килограми,
како болка во потколеница,
како смогот што го дишеш

а ти околу тоа ништо не можеш да сториш
- жалам...





Изменето од kejt-d-grejt - 01.Ноември.2009 во 10:04
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 23:06


Ако отворам прозор,
свежиот воздух може да ми ги разбистри мисливе,
а јас тоа сеуште не го сакам.
Топлината под јорганот ми вика, Полежи си, ќе дојде,
а јас сум склона да верувам во магии.

Чувствувам неподнослива потреба да направам remake на
When I need you,
I just close my eyes
.
..та на нааа на...
но се' што на крајот испаѓа
е лигаво цимолкање,
кое ти го обожаваш на некој свој настран начин.

Понекогаш сакаш да ме боли.

Тогаш се мрштам и стискам муцки,
заминувам и лупам врати.
а ти ме анализираш
седејќи скрснозе
и смешно ти е моето пукање со ќорци к*ршуми
оти ја знаеш
тајната над тајните:

Вистинското Збогум се препознава по тоа што
никогаш нема да биде изговорено.




Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 01:40

кејт ќе си ги соберам сите твои напишани песни
во скоро секоја се пронаоѓам
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 05:33
                     
   Се' е тоа поради неа


Лоша мисла ме штрекна од сонот
што ќе биде со мене кога ќе ја снема?

Мојата младост имаше ја-ба-да-ба-ду како лајт-мотив,
а земјата збунета губеше гравитација.

Се сеќавам како ме гушкаше куќата
секогаш кога се враќав во неа од одмор
или од поседенка кај тетка ми во Скопје.

Се истрошувам понекогаш
кога рипам како мајмун
појаснувајќи му ги џиновските папрати и диносаурусите
или правејќи ситни плетенки
за да ја забележи Петар.

Се фаќам како, и после се каам што често
им давам на неважните повеќе одколку ним.

Ќе успеам ли и јас да им ги направам овие ѕидови дом?
Што ако потфрлам?
уф....





Изменето од kejt-d-grejt - 28.Ноември.2009 во 05:36
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2009 во 18:10

           За тебе (зашто сакам да ти поносам од товарот)


Дождлива некоја квечерина...

Го сакам мирисот на кафево
и луцидниот ритам на дождот

- скоро па романтично...

Изгубени души под чадори
итаат кон некој ветен спокој
и денес чукнале картички во 16.30
придавајќи му важност на своето постоење

Лие...
уште еден обид да се измијат валканите намери.

Ова е свет на манијаци и лудаци
што се' не сме во состојба да си направиме еден на друг
ова е мравјалник на луѓе за гревота.
секој е некому терет, проблем
грешка
глупост
уште една во низата глупости

а бараме смисол
а мислиме...
имаме право на смисол



Изменето од kejt-d-grejt - 03.Декември.2009 во 19:36
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 14:39
-Objection, your Honor!
-Objection's sustained плазење

У свари и у спржи, јас сеа ќе ви кажам како беше

Осомничениот Збунет мене мајка му ми го даде на поверење, ама јас го испуштив од раце.
Нон стоп се тепаше со апаши и им ја кршеше кичмата,
а исто така, константно беше напаѓан од непознати тела таканаречени Недомаќинки (lat. женска пол што седи у кафиќ на шанк скрснозе), кои беа технички надмоќни непријатели, заради раскошноста на нивната предница и посебно заокружениот заден сегмент.
За да може да се спротивстави на моќниот непријател, Збунет Паликуќа, беше приморан да превземе мерки за крадење на Југото на учителот, сосе пазар во гепекот.
Јас трчав по него ко улава и му викав, немој со тие таквите, немој, ќе ти го земат умот, но осомничениот сепак се бранеше викајќи дека ќе се заебат, оти нема што да земат.
Завршницата сите ја знаете, осомничениот Збунет доби кец за век и веков без право на жалба до апелационен суд,
а учителот брчки на челото за сва времена и плус му се скапаа доматите на тоа жешкото.

И ако може ја користам оваа прилика да ги поздравам мама и тате покрај малите екрани.





Изменето од kejt-d-grejt - 09.Декември.2009 во 14:40
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2009 во 08:32

Вели, сакал да му месам леб
вели нека киснел цел ден
нигде вели не му се брзало.
Ако ми ги дадеш очите да ти ги избацувам, велам.
и ако ме стиснеш во тебе толку силно,
крикот сам да излезе од болка.

Толку е лесно да го сакаш,
да го налутиш ко пиперче
да го насмееш до кикот
да му се стуткаш во скутот
да му ги заплеткаш нозете во чвор со твоите
и да го сонуваш...

Да му набереш бакнежи од усните
да му ги навезеш во песна
па тивко да му ја запееш...
...како шепот...
како лет на глуварче
над бучна раскрсница

Како твоето, те сакам
Како неговото, јас тебе повеќе




Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2009 во 21:07
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 11:56

На мојата драга, драга Енџи (заради муабетот од синоќа)


Ме погоди јако!
(пизда ти материна)
Многу те сакам!
Оти на некој настран начин,
мазохистички ги обожувам јаките удирања.

Мојата комичност произлегува од кукавичлукот
да бидам пред светот она што навистина сум
- цмиздрава мрсулка направена од DNK од петата на Ахил.
Го искинав животот растргната меѓу
моите летања
и нивните приземјувања.

Моите наводни успеси
се само педантно следење на упатствата за употреба
на добро програмирана машина.

Го мразам филмот во кој ме сместија
- ова воопшто не е мој жанр.

Жалам, но немав храброст навреме да те предупредам:

На берзата на човечки вредности,
солзите се премногу ефтина искреност.



Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 09:41
kejtголемо%20гушкањебакнежголемо%20гушкање
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 13:03


Две три куќи подолу во мојата улица, живее едно безимено семејство. Таткото е пожарникар, мајката не оди на работа. Двајцата синови имаат по четириесетина години, не знам како се викаат, ни што работат. Едниот си доаѓа дома во плава униформа, а другиот е без униформа. И невестите не работат. Си ја гледаат куќата и си ги чуваат децата.
Куќата им е малечка. Долниот спрат е вкопан до полу в земја, а горниот е со ниски тавани. Комшиите се чудат како живеат сите заедно, ама се' повеќе губат надеж дека еден ден ќе почнат да си ги кубат косите. Синовите со снаите и со децата спиеле во две спални соби. Старите спиеле во кујната. Им ги гледам често дечињата од тераса додека простирам алишта. Имаат мили лиценца, добродушни се и никогаш не се валкани.
Пред куќата имаат поплочено дворче, мало колку уште една соба и многу, многу цвеќиња, по прозорите, по скалите, на терасата, покрај оградата, дури и врз покривот на едно ниско мало мудбаче, во кое си прават зимница, ставиле саксии со некои ситни црвени цветчиња кои паѓаат надолу.
Свекрвата и снаите си седат во двор и си пијат кафе. Си кажуваат нешто и се смеат. - Добар ден, им се насмевнав, многу ви е убав дворот, им реков, ( И вие сте многу убави, тоа не го реков). - Фала, фала, повели на кафе комшивке, ми викнаа. Брзам за на работа, некој друг ден, со задоволство, - излажав.
Ние живееме во голема куќа без цвеќиња. Имаме по една соба за секој од нас и уште по некоја плус. Ние сите одиме на работа и немаме време за кафе во двор. Не знаеме како се викаат нашите комшии и што им е секој ден толку смешно. Некој ден можеби и ќе појдам да проверам. Некој друг ден, сега немам време. Сега брзам за на работа.






Изменето од kejt-d-grejt - 02.Март.2010 во 13:12
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 12:29


Teкот на моето попладне
зависи од интонацијата на твоето последно чао, my love
Не ми е веќе гајле дали некој разбира,
ме убеди во бесмисленоста на објаснувањето.

Почнав да дишам само кога те слушам, my love
како вселенските филозофии
ги кажуваш зачудувачки едноставно,
па останувам подзината,
а ти се смееш и ми ја бушавиш косата.

Љубоморна сум на студов кој ти го гризе носот, my love
и на дождот што ти ги прокиснува чевлите.

Сите мои песни,
расфрлани како трошки под трпезариска маса
ги изронив за тебе, my love

место зготвен ручек,
место испеглана кошула,
место зашиено копче,
место стоплена постела,
место прегратка, my love,
место утеха.





Изменето од kejt-d-grejt - 03.Март.2010 во 12:34
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 14:51
Konecno Kejt големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.