IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 205206207208209 256>
Автор
Порака
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 16:37
и сега,кога остануваат две недели до конечното изјаснување,Грујо се уби од шетање по дијаспората...никако да се врати дома па да го каже својот конечен став...и пак некој друг ќе ни биде крив послене%20зборувам
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 16:56
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

и сега,кога остануваат две недели до конечното изјаснување,Грујо се уби од шетање по дијаспората...никако да се врати дома па да го каже својот конечен став...и пак некој друг ќе ни биде крив послене%20зборувам
Nemoze da go kaze mozebi ke kaze nesto drugo kako i sekogas do finisot.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 17:07
а што ќе каже ? ......... дека знаел а не сакал да каже со време ? .... дека сите работи од ветувањето за визна либерализација и “ позитивниот извештај “ и покрај неисполнетите бенч маркови се туку така и навистина поради исполнетите задачи ? ......... смешен .......... знаел и то како знаел кога со негова согласност е дојдено до тоа што е дојдено ...... ова со акањето по дијаспората е само продавање муда за бубрези ........ пред истите и на истите оние кои ги лажел дека до тоа нема да дојде ...... не случајно и законот за гласање на дијаспората па и пратеници од таму намигнување
Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 17:09
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

а што ќе каже ? ......... дека знаел а не сакал да каже со време ? .... дека сите работи од ветувањето за визна либерализација и “ позитивниот извештај “ и покрај неисполнетите бенч маркови се туку така и навистина поради исполнетите задачи ? ......... смешен .......... знаел и то како знаел кога со негова согласност е дојдено до тоа што е дојдено ...... ова со акањето по дијаспората е само продавање муда за бубрези ........ пред истите и на истите оние кои ги лажел дека до тоа нема да дојде ...... не случајно и законот за гласање на дијаспората па и пратеници од таму намигнување

samo ako zborot se spomnuva idnina kako bevme a kako treba da imame idnina mislam treba da go razbereme politicarite edno si zboruvat a drugo si praat.
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 18:40
Da taka e; IDNINA I REALNOST, se kluchnite zborovi, za izmegu nema vrska, "daj shto dash". голема%20насмевка
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 21:47
Нема (да биде) ништо сензационално и спектакуларно...се ќе се сведе (на дадениот датум) на пукање на „балонот„ ...дуван (од анти-македонците) со грчки пари...
И најинтересно ќе биде потоа..кога оние кои несебично „примале„ странска помош..
Како (ли) ќе ја „оправдаат„ пред странците „донатори„.......домашната јавност (си) ги знае веќе..прочитани се..се до (трулата им) срж...
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
alekso_2000 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 523
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alekso_2000 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2009 во 22:50
Abe se e O.K. ama prashanjeto e     KOGA??????????
car's freack
Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 00:09
Владата не сака да преговара со Грција уште десет години

Владата не сака да преговара со Грција уште десет години - сака да најде решение кое ќе биде од корист на граѓаните, тврди вицепремиерот за евроинтеграции. Во првото јавно обраќање на тема “спор за името“ по објавувањето на извештајот на Европската комисија, Наумовски побара од Грција да демонстрира лидерство во регионот и да го поттикне процесот на европска интеграција, како што го направи тоа во 2003-тата со Солунската агенда.

- Во однос на прашањето кое што е отворено меѓу нас и Република Грција ние продолжуваме со преговорите со цел да изнајдеме решение, а не со цел да преговараме во наредните десет години, знаејќи дека после долги години изнаоѓањето на решение ќе биде во корист на двете држави и во корист на граѓаните на двете држави. Сите билатерални прашања во регионот можат и треба да бидат решени во насока на заедничките европски интереси. Веруваме дека е можно решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, решение кое ќе се заснова на меѓусебна почит, разбирање и доверба. Решение во кое што нема победници и поразени, туку решение во кое што ќе има само победници, изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски.

Претставникот на Унијата во земјава оценува дека сега е моментот за решение на проблемот со името.

- Г-дине Фуере, како ќе биде најдено решение за името ако нема преговори, нема нова рунда на преговори, не се случува ништо?

- Сигурен сум дека ова се случува и дека се прават напори за да се развијат различни дискусии во рамките на процесот под водство на Нимиц. Нагласивме дека колку што е можно побрзо да се развие процесот, толку побрзо ќе најдеме решение, изјави претставникот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере.

Препораката за отворање преговори за членство од комесарот Оли Рен беше прокоментирана како поттик Владата во Скопје да го реши проблемот со името. Рокот до декември се поставува затоа што одлуката за конкретниот датум во Европскиот совет се носи со консензус. Грчкиот глас ќе биде одлучувачки.
Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 02:05
Тајната дипломатија за името никогаш не престанала

Во информациите за дипломатијата околу името што се одвивала зад кулисите се споменуваат имиња на премиери, министри, разузнавачи, но и се зборува за куферчиња со милионски суми нудени како поткуп од страна на Грција

Само тајни и директни разговори меѓу Атина и Скопје без посредство на Обединетите нации можат да доведат до доближување на разликите за името меѓу двете земји. Долгогодишните дипломати објаснуваат дека дипломатијата по дефиниција е тајна, што значи дека паралелно со преговарачкиот процес под медијаторството на Метју Нимиц, сите овие години претставници од двете земји остваруваат тајни средби на кои се пеглаат разликите за името. Тајната дипломатија меѓу Скопје и Атина често испливува во јавноста, но секогаш со предзнакот „неофицијално“.

Во сториите за дипломатијата околу името што се одвивала зад кулисите се споменуваат имиња на премиери, министри, разузнавачи, но и се зборува за куферчиња со милионски суми нудени како поткуп од страна на Грција. Колкумина од актерите на ваквите тајни средби за името го имале мандатот од македонскиот државен врв за да водат такви разговори? Одговор на ова прашање не постои. Секој од учесниците чии имиња се вртат во јавноста тврди дека немало таква средба или, пак, дека разговорот се водел неофицијално, без мандат од власта.

Најновата идеја за директни разговори за името меѓу Скопје и Атина се појави по изборите во Грција и доаѓањето на власт на ПАСОК. Познавачите тврдат дека и да има иницијатива за вакви средби, јавноста нема да дознае, затоа што контактите ќе бидат тајни и на пониско ниво. Грчките медиуми почнаа да шпекулираат дека ќе има директни разговори за името по неодамнешната изјава на Димитрис Друцас, грчки-заменик министер за надворешни работи, кој рече дека грчката страна ќе се обиде да ги проучи сите можни начини за да се постигне напредок во решавањето на спорот за името. На прашањето дали се разгледува идејата за евентуална паралелна процедура надвор од онаа на Нимиц, дипломатот рекол дека Атина треба да размислува на сите варијанти и дека е спремна на сé. „Атина бара и други канали за контакти со Скопје, надвор од посредничката мисија на Метју Нимиц за решавање на спорот за името“, објави неодамна грчкиот весник „Нафтемборики“, цитирајќи го Друцас. Од грчкото МНР тврдат дека засега нема иницијатива ниту од македонска, ниту од грчка страна за директни средби за името.

- Во моментов не постои никаква иницијатива ниту за билатерални средби, ниту пак за продолжување на преговорите од страна на Нимиц. Во однос на директните разговори, можам да ви ја посочам изјавата на Друцас - изјави Григориј Делавек*рас, портпарол на грчкото МНР. Како што дознаваме, македонскиот државен врв веќе размислува на директни разговори со новата грчка влада на Јоргос Папандреу, кои би се воделе без знаење на јавноста.


Привремената спогодба е дело на тајната дипломатија


Дури и Привремената спогодба со Грција, во чија рамка се водат преговорите за името, е подготвена врз основа на тајна дипломатија меѓу Атина и Скопје, тврдат познавачите. Интересно е што грчката тајна дипломатија за решавање на спорот се врзува со името на грчкиот професор и познавач на македонското прашање Евангелос Кофос. Професорот е долгогодишен советник во грчкото МНР и познавачите на процесот велат дека грчките власти го консултираат за сите досегашни предлози за името. Кофос во книгата „Скопје-Атина: тешка симбиоза“ опишува што се случувало зад сцената околу прашањето што речиси две децении ги дели Скопје и Атина. Во книгата се зборува и за ненајавени и одвоени средби на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски со грчкиот премиер Коста Симитис, кои се одржале во скопскиот хотел „Александар палас“ во 2000 година. Кофос пишува за средбата како за последен сериозен обид да се потпише договор што би бил усогласен со Георгиевски и Црвенковски за името „Горна Македонија“. По средбата Георгиевски изјави дека било прифатливо токму ова име. Ваквиот предлог никогаш не бил официјализиран и бил отфрлен поради почетокот на воениот конфликт во 2001 година.

Како личност што остварувала средби за името зад кулисите се споменува и поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, за кој се вели дека во 2002 година имал тајна средба со тогашниот, но и сегашен грчки премиер Јоргос Папандреу, на која договориле спорот за името да биде решен билатерално, со размена на писма. Грчките медиуми објавија дека тогашната влада на Георгиевски тајно преговарала за името Северна Македонија. Чашуле објаснува дека не познава историски спор што е решен јавно, т.е. без дипломатија што се одвива далеку од очите на јавноста.

- Добро е да има контакти и интензивни средби на сите нивоа, затоа што сериозни држави не го прават тоа пред сите. На крајот решението секако ќе треба да се најде во форматот на Резолуцијата на Обединетите нации и Привремената спогодба. Во јавноста се создава погрешен впечаток дека Македонија тајно договара решение и ќе капитулира зад кулисите - смета поранешниот шеф на дипломатијата.

За тајна средба со грчки претставници за спорот со Грција се врзуваат и имињата на поранешниот министер за одбрана, Лазар Китановски, но и директорот на институтот „Евробалкан“, Јован Донев. Тие имале средба со грчки колеги во хотел во Виена. Донев тврди дека досега многупати разговарал за името со колеги и претставници од Грција, но никогаш со мандат добиен од власта.


Фамозното куферче на Грилакис
Како најголема афера за обид на Грција да ги поткупи македонските власти за да добие решение на спорот за името во своја полза е случајот „Грилакис“, во кој е вмешан поранешниот министер Љубомир Фрчкоски.

Аферата „Грилакис“ се отвори со признавањето на поранешниот претседател Киро Глигоров дека му бил нуден милионски поткуп од официјална Атина за промена на името во периодот по осамостојувањето на државава, а во неколку наврати и „ситни“ подароци за гостопримството што грчкиот генерал го уживал во земјава. Во периодот од 1991 до 1993 година, Грилакис му бил советник за безбедност на тогашниот грчки премиер Константин Мицотакис и директна врска со режимот во Скопје. По падот на владата на Нова демократија, Грилакис избега во Македонија, наводно стравувајќи од одмазда од новата влада на ПАСОК. Експретседателот Глигоров во неколку наврати демантираше дека се среќавал со грчкиот „пребегнат генерал“ во Македонија, дури тврдеше дека не бил информиран на формално ниво за пребегот на Грилакис и отворено го обвини тогашниот министер Љубомир Фрчкоски дека на своја рака го договорил престојот на грчкиот генерал.

Глигоров рече дека Фрчкоски во три наврати му нудел подароци што ги донел Грилакис, часовници „ролекс“, „амфора“ и фамозното куферче во кое сумата на американски долари варира од 100 илјади, па до еден милион. Глигоров тврдеше дека ги одбил сите подароци. Фрчкоски, пак, ги отфрли обвинувањата и тврдеше дека целиот случај „Грилакис“ бил воден во согласност со Глигоров, дека експретседателот двапати се сретнал со грчкиот генерал, а подароците што се споменуваа во јавноста беа оквалификувани како ситни. Грилакис во својата книга „Откривам“ напиша дека и поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис го потврдил пазарот за името „Славомакедонија“, соопштувајќи дека грчката влада по 1993 година продолжила да го користи за контакти во Скопје. Грчкиот генерал во книгата објави дека за овој предлог во Скопје не разговарал само со претставници на тогашната влада, туку и на сите политички партии.
Во времето на владата на Владо Бучковски исто така во јавноста се појавија шпекулации дека се водат тајни разговори за името. Мотив за ваквите шпекулации беа трите писма што тогашниот грчки премиер Костас Караманлис ги испрати до својот македонски колега Бучковски. Тогашната опозиција на чело со Никола Груевски го обвини Бучковски дека тајно подготвува терен за поголема отстапка од уставното име и реагираше дека ниту тој, ниту неговата партија немаат мандат да водат тајни разговори.

Георгиевски: Штета е ако нема тајни разговори
Штета е доколку Владата во овој момент не води тајни разговори за името со Грција затоа што свесни сме дека не смее да се остави преговорите да течат лежерно, од една до друга закажана преговарачка рунда на посредникот Метју Нимиц. Ваков е ставот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, кој тврди дека додека тој бил на чело на Владата, не постоеле тајни разговори на релација Атина-Скопје.

- Немаше потреба за тајни разговори затоа што комуникацијата меѓу тогашната македонска и грчка влада беше интензивна. Прашањето за името се отвораше на секоја од средбите, но немаше ниту притисок, ниту пак се брзаше да се најде решение. Само јас остварив околу пет средби со тогашниот грчки премиер Симитис - вели Георгиевски. Тој објаснува дека предлогот „Горна Македонија“, кој го слушнал на средбата со Симитис во Скопје, го заинтересирал затоа што грчката влада првпат понудила име со географска одредница.

Папуљас: Грција нема да попушти од никаков притисок
Никакви притисоци нема да ја натераат Грција да попушти и да ја премине црвената линија за името.
Ова вчера вечер во Солун го изјави грчкиот претседател Каролос Папуљас во својот говор во Клубот на грчките офицери.

Папуљас истакна дека Грција се залага за евроатлантска интеграција на сите соседни држави, кои, според него, треба да ја напуштат националистичката политика на територијални претензии.

- Ова особено се однесува на раководството на нашиот сосед ФИРОМ, на кој сакаме да му порачаме дека спорот за името треба да се реши во согласност со Привремената спогодба. Име со географска одредница за севкупна употреба е грчката национална црвена линија, кое на соседната ФИРОМ и го обезбедува патот кон интеграциите во ЕУ. Друг пат не постои. Грција нема да попушти под никаков притисок, попуштивме колку што можевме - истакна Папуљас.
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 09:21
Како (Република) Македонија...според досега (прикриено и завиено) искажаната европска „одредница„ , секој ден станува (се) појасно дека не може да биде „анектирана„ во ЕУ..туку поинаку...со друго име и назив.
Европјаните..а не грците се тие кои тоа (засега) нема да го дозволат..
А пак сега ..Македонија..е доведена пред дилемата:
Змијата или Магарето..чинам (скоро) секому е јасно што сакам (на овој начин) да кажам...
Па повелете...мои драги македонци..не-македонци ..иии да не ги заборам....фиромјани.
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 10:45
од помпезната посета на шарло на Австралија , ништо ...... една голема НУЛА ..... и покрај охрабрувањата кои доаѓаа од нашата дијаспора од таму дека ќе се случи нешто “ историско “ и не знам што ..... се потпишаа два , три договори и толку ...... куферите под мишка и назад европа ...... на пеење во брисел ....... по инструкции и крајни консултации за решавање на спорот .... а секако и да му се каже дека нема да добие никаква поддршка за она што ќе му се случи доколку има некој кој ќе се осмели да нешто такво и се обиде ........ паѓање од власт под услов да вистинските “ патриоти “ како што е редот тоа и го побараат од него ........ негова смена на чело на партијата и нормално , негово заминување од премиерската функција ........ како што е ред , нали ? ...... не исполни ништо од ветеното а и со името испадна обичен _ _ _ _ _ ...... дури нема да му дозволат ни рацете да си ги испере со некаков референдум ........ но , сето тоа би се случило доколку има такви кои размислуваат со своја глава ....... знаејќи ги приликите , особено по интензивното вработување на партиски кадри по разни министерства , тешко дека нешто такво ќе се случи ..... повеќе од сигурен сум дека ОНОЈ со “ шармантната насмевка “ ќе се појави пред ТВ камерите на организиран хепенинг на плоштадот Пела ( кој исто така ќе претрпи мали корекции во името ) , пред мнозинство државни знамиња и партиски симболи и МАСА народ кој ќе го извикува неговото име  и ќе го слави како МЕСИЈА ........ а спомениците на аце и татка му филипа мислам дека ќе завршат некаде во грција како гест на добра воља и подарок за “ постигнатиот договор “ во кој како што рече вчера нашиот преговарач , НЕМА ДА ИМА ПОРАЗЗЕНИ туку сите ќе бидеме ПОБЕДНИЦИ ........ ете тоа се нарекува “ и волкот сит , и овците на број “ ........ и не само на број туку и зголемено стадо за најмалку пута четири ...... еден вработен плус 3 голема%20насмевка ( гласа ) намигнување




Изменето од Zlatnik - 29.Октомври.2009 во 14:46
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 10:53
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

и сега,кога остануваат две недели до конечното изјаснување,Грујо се уби од шетање по дијаспората...никако да се врати дома па да го каже својот конечен став...и пак некој друг ќе ни биде крив послене%20зборувам


Не се шета туку работи...Договорот за пензиите што го потпиша со Австралија е многу битен исто како што е битно подобрување на билатералните односи што можеби ќе резултира со конечно признавање под уставното име...
А денеска и вчера во Брисел разговараше токму за името...
Од друга страна дијаспората е многу битна воопшто за Македонија , како од економски така и од политички аспект...
Така да тоа што Груевски го сработи во последната недела на некој други политичари не ум успеало да го сработат ни за два мандата...
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 11:50
kako bre moze toa evropjanite da ni ja uskratat moznosta i pravoto na referendum?
i jas sum protiv referendumot,pari dzabe frleni ,namesteni rezultati..ishod poznat i pred nego....ke padne dogovor pa ke se odi na referendum i t.n....,no koga nekoj od strana mi zabranuva nesto sto mi sleduva..e togas... me FAKA INAET!лутина
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 11:55
како тоа како може ? .......... па кажа вчера ермира ...... тие не се за референдум поради опасноста од меѓунационални тензии поради исходот на референдумот ..... што значи , коалиционите партнери како една врста портпароли на еу кажаа и нема дилема околу тоа дали ќе има или не ....... толку .......
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 205206207208209 256>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.