|
Македонците од Егејска Македонија |
Внеси реплика | страница <1 23456 40> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Стапив во контакт со човекот кои ги снимал овие клипови, вети дека ќе се обиде да ми даде и други клипови, што секако ќе ги поставам тука.
Од друга страна, сепак, иако на клиповите изгледа дека луѓето се слободни да ги негуваат македонските песни и ора, не е така. Песните во кои се пее, за жал, се снимани во два, односно три часот по полноќ, додека другите песни без звук се снимани порано, кога на панаѓурот има грчка полиција, која никако не дозволува пеење македонски песни. Жално што сеуште на еден народ во XXI век му се забранува да ги негува обичаите. |
||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да навистина е жалосно, а жалосно е и кога не му се дозволува да се декларира онака како одсекогаш самиот се декларира 4.000 години. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако говориме за истите луѓе ( овие од клиповите ), односно македонскиот народ,тогаш, за жал, така е. Изменето од Македон - 27.Септември.2009 во 18:55 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Леринско-костурско знаме се развиори по шест и пол децении Знамето на баталјонот формиран во 1944 година во Грција, грижливо го чувале во семејството Шалваринови На тенката
свила се' уште се забележуваат траги од крв, дамки потемни од црвената
заднина, порабена со лента, во чиј центар се наоѓа жолта
петокрака украсена со специфични орнаменти. По 65 години, завчера се
развеа знамето што ги симболизира историските моменти на македонскиот
народ, на борците од Леринско-костурскиот баталјон формиран во 1944
година во Грција. Досега знамето под кое во војната застанаа многу
Македонци, грижливо, како најголема реликвија, го чувало семејството
Шалваринови. Сиве овие години, главата на семејството, Никола
Шалваринов, го чувал овој драгоцен спомен на крвавите борби што
Македонците од тие краишта ги водеа за национална и државна слобода.
Тој, и покај барањата од музеи, историчари, соборци, никогаш не се
согласил да го изложи знамето некаде. Сега, неколку години по неговата
смрт неговото семејство, сопругата и синот, решија знамето да му го
отстапат прво на Здружението на Македонците од Егејска Македонија, а
потоа и на државата за да се заштити во Музејот на Македонија. МВР му одзело на Владо Шалваринов пушкомитралез и пиштол „валтер“,
кои татко му ги запленил од италијански генерал во една битка. Пред
повеќе месеци полицијата дојде дома и ми го одзеде оружјето, кое
планирав да го подарам на Музејот на Македонија. Тоа е трофеј, а
полицијата го чува во станица и не ми го враќа. Сакам само и оружјето
да се зачува како знамето - вели тој. Извор: Дневник ---------------------------------------------------------------------------------------------- Само да објаснам дека партизаните дејствуваат таму дури и пред 2-ри Август 1944, во рамки на т.н. леринско-костурски одреди формирани во 1942 година, а во 1994 година се ставаат под директна команда на НР Македонија. Учествуваат и во ликвидирањето на единиците на бугарската "Охрана". Еве и една слика од мојата семејна архива, деновиве можеби и ќе поставам повеќе. Изменето од Македон - 17.Октомври.2009 во 15:48 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
По наредба на министерот Зервас, македонското население од местата во Егејска Македонија каде што се водат битките меѓу ДАГ и монархистите мора да биде однесено во логор за да не пружа поддршка на Демократската Армија на Грција. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зашто е требало да се ликвидират единиците на "Охрана"? Се пак Охрана е организација на локалното македонско население од западна Егејска Македонија, која постои од 1942-1944. ОХРАНА е формирана од бугарскиот офицер Андон Калчев, родум од Костурското село Жужелци, со цел заштита на локалното македонско население од теророт на Грчката држава и грчките паравоени андарти. Исто така ОХРАНАТА го мотивира македонското население да војува против ЕЛАС. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Затоа што била фашистичка единица, окупаторска, која дејствувала според наредбите на Бугарија, па затоа населението не ја прифатило и ги подржувало партизанските единици. Охрана вкупно од Македонија одвај собрала 3000 луѓе, па затоа на крајот донела уште околу 9000 од Бугарија, па според тоа не била на македонското население, туку на оние кои живееле во Бугарија. Многу слабо го мотивирала штом одвај, давајќи им материјална помош на сиромашните, собрала 3000 души. Наместо тоа македонското население од Егејска Македонија масовно се вклучува во национал-ослободителните борби, во КПГ, КПМ, па дури и батаљоните од таму се ставаат под директна команда на НР Македонија и учествуваат во борбите против Охрана, па и против бугарската војска, пред се во ослободувањето на Битола. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Видим што ништо не знаеш за "Охрана" (не и jас допреди 2 години не знаев ништо). Затоа - вземи види и други источници и тогаж си гради мнение. Виж тука: http://www.promacedonia.org/mpr/ohrana.html (на бугарски) Знам што е тешко да се чете на бугарски, ама се пака опитаj. |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е исто како да сакаш да објасниш дека Хитлер формирал Италијанска партија само поради националсоцијализмот - Бугарска работа
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоли, немам време деновиве, самиот гледаш дека ме нема, , инаку оваа пропаганда, која да не е трагична, ќе е смешна, за миг ќе ја расчистам. Грешиш, многу знам за Охрана, сум ти кажал, од таму имам потекло по мајка, лично се борел дедо ми против тие, од Шештеово, погоре имаш клипови ( знам дека одма ќе ми ја спомнеш Љубка Рондова, ама те молам поштеди ме од читање глупости ).
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Документ на грчките тајни служби ХЕЛЕНСКА РЕПУБЛИКА Врвна Тајна МИНИСТЕРСТВО ЗА ГРАГАНСКА БЕЗБЕДНОСТ НАЦИОНАЛЕН ОБЕЗБЕДИТЕЛЕН СЕРВИС Атина, 16ти Фебруари, 1982 Број на протокол 6502/7-3042? ПОЧЕТОК а) Активностите на Скопјаните за автономија на македонија може ефикасно да се конфронтира претежно преку бришење на употребата на нивниот идиом во регионите до границата. Оваа препорака се базира на фактот што други региони кој порани беа центар на македонизмот, како Костур се сега надвор од влијанието на скопската пропаганда бидејки таму е скоро избришана употребата на нивниот идиом (јазик). б) Овој елемент самиот по себе би бил доволно да ги снема сите замисли од репатријација на политичките бегалци кој сега живеат во Југославија, а кој се израснати со македонската идеја, македонскиот јазик и култура, без разлика дали биле или не дел од организациите СНОФ, НОФ или превзедоле активности за отсекување на грчките територии во периодот 1946-1949 година. ц) Императивно е; 1. Да се создаде државна институцијата која ке функционира во локалните самоуправи на регионите близу границата, Надополнета со специјално тренирани служби за борба против оние во „планот против македонија“ Оваа институција ке се соочува само со овие субјективи, заедно со набљудувањето од министерството за надворешни работи, и ке соработува блиску но тајно со безбедносните структури и сите јавни служби како училиштата, армијата, црквите итн 2. Во јавните институции, а специјално во образовните институции, вработените мора да го игнорираат локалниот идиом (јазик) 3.Да се оформат специјални семинари за сите вработени државни службеници како и сите други кој работат во сензитивниот регион на Македонија. 4. Оформување на мотивациони услови за вработените во регионот, како поголеми плати, исплата на нивната кирија итн. 5. Основање на културни асоцијации како „АРИСТОТЕЛИС“ во Лерин и финансиска помош на истите за реализација на собири, публикација на книги, весници, магазини итн. Потоа овие списанија ке бидат пратени до дијаспората која потекнува од регионот од каде што списанијата потекнуваат. Ова ке придонесе за да се зајакне нивниот национален карактер, а воедно ке бидат заштитени од анти-хеленистичката пропаганда која е раководена од страна на С/М (Славомакедонски) организации. 6. Поставуванје на многу пречки како (не признавање на диплома, одолговлекување на армиска служба итн) за грчките студенти кој сакаат да студираат во Скопје. 7. Да се забележат во секое село луѓе кои поради своите карактери имаат влијание на голем круг од сограѓани во селото, и со какви било методи, дури и со исплата на парични средства , да се дојде до влијание врз истите, кој потоа треба да се изкористат правилно за да се однесуваат како борците кој го користат идиомот во нивниот круг на влијание. Во оваа насока многу позитивно и ефективно може да биде дејствувањето на помладите политички партии, во координација со владата за да може да дојде до општа согласност меѓу политичките партии. 8. Активирањето во армиските сили, и полициските органи на државните служби и организации од страна на вработени кој потекнуваат од Леринскиот регион, по правило и задолжително морат да бидат распоредени во други региони на државата. 9. Да се дава потик од страна на раководните служби на армијата за средби и свадби на армиските офицери кој се на служба во регионите таму а потекнуваат од настрана, со локалните жени кој го говорат идиомот. ШЕФОТ, ДИМИТРИС КАПЕЛАРИС |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |