![]() |
|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направив план!
![]() Ќе заспијам в зори! Така ќе го прескокнам сонувањето и посебно во полусон нервирањето оти пак ја оплескав. ![]() Во иднина, тоа што сакам да ти кажам, ќе го пишувам, за да не мислиш дека имам говорна мана кога сакам да се правам јак штих, а јазикот во устава ми прави некои неконтролирани пируети и на крај саботерски ми се врзува во чвор. „@gT;&-..$#> И мораше ли да ги облечам баш највисоките штикли, кои успут ми прават плускавци??? Па кога така фина, дотерана и лелеава, лепршав накај тебе, мораше ли да ми се превитка ногата баш во моментот кога ти исцвркутав - Здраво?!?! А толку беше згоден...и фин...и нежен...ммммммм...... ![]() и ми поверува дури кога ти објаснив дека всушност сум зиморлива, затоа се тресам, а ти си мислеше од трема? - хахаха ма даај... ![]() И толку многу ми обрнуваше внимание, што повремено се завртував зад мене да проверам да не оставам траги од топење. И имаше супер план за романтично попладне ![]() А јас ти реков дека морам да одам и во истиот момент си опцув матер кога ги видов тие разочарани преубави, преубави....уф...преубави очи, ама, реков, морам, имам страшни обврски од типот на пропаст на светот... - а мене всушност ми се вриштеше колку ме болеа............штиклите. ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кликни го, за тебе е
http://www.youtube.com/watch?v=oFSRs7iqAv8&feature=fvst чувствувај ме... Облечена во излитен балски фустан за матура со засушени дамки од црвено вино, години минав оплакувајќи го своето умирање. Те сакам, ме сакаш, зашто сме направени од ист материјал и двајцата насадени накриво. Лицемерна е нашата смеа, патетичен обид да бидеме како другите, и пак е само увертира во мол Бетовен, moonlight sonata и... ме имаш... те имам... убаво е... Требаше прво да се навикнеме на нашите искри па после да си ги спржиме очите. гушни ме... сокриј ме... тука си... топло е.... добро е... Изменето од kejt-d-grejt - 26.Септември.2009 во 14:24 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НЕ ДАЈ СЕ ИНЕС
Возев накај дома полека, немав веќе рефлекси за да поминувам на жолто и си правев во главата супер план ![]() Ќе ги метнам чевлите уште од врата, ќе се пикнам под туш...мммм...... ќе си ја земам Бриџит Џонс и ќе се опуштам максимално едно два три саати, а после ќе заспијам ко бебе до сабајле. И нема ![]() Првиот чекор од планот, успешен! Ги фрлив чевлите. Ама толку. ![]() Маж ми имал тежок ден на работа и му се праеше муабет. Моето лошо јас ![]() ![]() ![]() Влегов после него во купатило, се прошлакав на брзина со полу млака вода и пишман се сторив заради тоа, ама облеков пижами и си реков, ај барем сега ќе си читааааааааммммм.... јес!!! Е, ама.... није нам било суџено, систер Ќерка ми кога ме виде дека читам и' текна дека има нови сликовници и ми рече, плисссс мами да си читамееее...... ![]() Конечно сите заспаа ![]() Мир!!! Бриџит, не ти било судено! Компјутерон е слободен! И никој нема да ми виси над глава, стани! стани! Јупиииииии........ Уште една вечер неспиење, кај била, кај не била ![]() Изменето од kejt-d-grejt - 28.Септември.2009 во 23:49 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Беа тоа години на колективно плачење по Тито
![]() (Ова во стилот на еден руски филм, кога девојката го прашува дечкото, Ме сакаш ли душо? Ме сакаш ли најмногу на цел свет?, а овој ја исправа главата и со сета своја руска гордост и' одговара, Какво глупаво прашање, се разбира дека другарот Сталин го сакам повеќе од тебе! Ама веднаш после него - тебе!!! И беа тоа години на два програми на телевизија, Дуца и Хит месеца во четврток, Бајага, Чорба, Електрични оргазам и...ммм...... Азра јеси ли сама овуууууу.....нооооЧ ![]() Како мајмуни скокавме по фотељи на секој даден кош на Дражен Петрович, а на полноќ викавме духови и ги прашувавме дали Југославија ќе се распадне (тоа ти е кога имаш само два програми на ТВ и ни трага ни глас од Гуглиња и Фејсбуци ![]() Мајка ми сакаше да бидам примерно девојче, па од 12 години ме учеше да правам лења пита со јаболка и да вадам кројки по Burda. А татко ми се чувствуваше по малку хендикепиран што нема машка челад, па ме викаше синот на тато. А после дојдоа војните... ![]() Како и да е..... после се омаживме....и се разделивме. Една во Италија, друга во Скопје, тој во Белград.... а јас тука... ги чекам секое лето и им организирам блесави проводи. До сабајле!!! Без мажи!!! еххх...... Дете, тури уште една... иии..... ...јеси ли сама....овуууу...... ноооооЧ ![]() Изменето од kejt-d-grejt - 03.Октомври.2009 во 00:18 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Таа е кукла
од пластелин заборавена на
испрашена полица Изменето од kejt-d-grejt - 10.Јуни.2011 во 11:50 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ти не си нормална! ти си чудесна! ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
пласссс.....
![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Многу нешто сум носталгична во последно време. Мислите ли дека стареам? ![]() Во мојата поширока фамилија, јас бев најпрво роденото внуче и со самото тоа, нормално, мене ми падна обврската да ги исполнам сите неостварени амбиции на тетки, метки и слични плетки. (Ма, имав јас после и еден куп други братучеди, ама за нив веќе се изморија ![]() - ќе свири клавир! - не, не, виолина!!! - ќе тренира гимнастика! - не, гимнастичарките остануваат ниски, подобро одбојка! - одбојкарките се машкобањасти, а да биде балерина??? ![]() На шест години, на систематски од школо, ми дадоа очила - иииииии Achtung, achtung!!! ![]() А мош мислит тек кога ми излезе првата бубуљица ![]() Е.... се замоми чупето и реши да си фати дечкооооо..... (ова ко Борис Мајсторов да раскажува) ...арно ама, не оди тоа туку така ![]() Речено - сторено, со една мала измена - тие како чочки наредени стоеја пред порта, фатени под рака со блажен ала-мона-лиза осмех на лицата ![]() Помина типов на комисија, урааа!!!! - Тете, како глумец е! ![]() До ден денес им е најомилениот зет. и....минаха години и сега сама себе си се лутам (од после додуша) кога ќе се сетам дека и јас сега истото го правам. Син ми денес се удвара на msn или facebook, а јас наведната зад него ги гледам кандидатките - оваа чини, оваа не! аауууу....сине, види ја како се наместила за сликање - бриши тоа. една вечер му викам, ајде касно е, кажи и на момава, мајка ми ми вели да се напијам млеко и право в кревет. И тој стварно така и напиша ![]() ееехххх.... убав тој на мајка ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Премногу вистински за мој вкус е овој Октомври шшшш.....не е важно, не зборувај, пиле мое вечерва ми е страв вечерва, ќе се сакаме со молчење. Јас имам ветер во џебови и дарба да ја мачам среќата. Не успивај ме со слатки зборови, сакам да заспивам плачејќи. ќе се соберам во круг како натепано куче и ќе си цивкам до сабајле. Така ми е добро. А тогаш... дури уште спиеш и мирисаш на ти, тивко на прсти ќе ти дојдам да ти донесам појадок од меки облини и крцкави воздишки. ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денес ми недостасуваш, а јас пробувам да те заменам со Гриоти. Топлината во собава и кап... кап... капките на олукот ми режираат некој филм што личи на мир но не е спокој. Зошто уште те нема? Знааам... постојат милион изговори и јас ветувам, ќе поверувам во нив, само дојди побрзо да ми ги објасниш зашто почнувам да станувам хммм.... загрижувачки... вознемирувачки... опасно... алармантно... ... ......лигава. Изменето од kejt-d-grejt - 18.Октомври.2009 во 18:01 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ги сакам нашите безделничења, тогаш времето заминува на пауза за ручек и не' остава сааааами.... ти си мојот полнач на батерии, мојот скокоткач и тркалач - те сакам - јас тебе повеќе. Ова е свет во кој се смеат кога се умира од љубов јаки штихови со тенки црти место усни, к*рви со златен крст на полуголи силикони ова е свет кој ме уморува Заклучена во ковчег од непотребни принципи, ти плетам крвава кошула до коприви. Вистинските вредности никогаш не биле на цена. Заљубена сум во твојот чесен збор право да ти кажам, и во твојот инает поклони ми уште неколку вечности белким ќе успеам да ги пронајдам вистинските зборови - јас тебе повеќе! - нема шанси ![]() |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |