![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 55> |
Автор | |
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Објавен календарот за сезоната 2010
![]() Сезоната 2010 стартува во Бахреин, место во Австралија, а последната трка од сезоната ќе се одржи во Бразил, место во Абу Даби како оваа сезона. Исто така на календарот е и Јужнокорејското ГП, иако патеката се уште не е направена. Организаторите ветија дека патеката во провинцијата Јужна Чола ќе биде комплетирана во јули за трката која треба да се одржи во октомври. ФИА ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТ 2010 14 март Бахреин ГП Манама 28 март Австралиско ГП Мелбурн 4 април Малезиско ГП Сепанг 18 април Кинеско ГП Шангај 9 мај Шпанско ГП Барселона 16 мај Монако ГП Монако 30 мај Турско ГП Истанбул 13 јуни Канадско ГП Монтреал 27 јуни Европско ГП Валенсија 11 јули Британско ГП Силверстоун 25 јули Германско ГП Хокенхајм 1 август Унгарско ГП Будимпешта 29 август Белгиско ГП Спа Франкоршамп 12 септември Италијанско ГП Монца 26 септември Сингапур ГП Сингапур 3 октомври Јапонско ГП Сузука 17 октомври Корејско ГП ? 31 октомври Абу Даби ГП Абу Даби 14 ноември Бразилско ГП Интерлагос |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Џенсон Батон, ја промени екипата
Новиот шампион во Формула1 натпреварувањето, Џенсон Батон, ја промени екипата. Следната сезона ќе биде дел од британскиот дрим тим на Мекларен, во кој ќе му прави друштво на човекот од кој годинава ја презеде титулата, Луис Хамилтон. Ниту спојувањето со Мерцедес, што значеше поголем буџет, не му помогна на Рос Браун да го задржи првакот во своите редови. Трансферот на Батон Диречтно влијаеше врз судбината на најбрзиот во конк*ренцијата од 2007-та, Раиконен. Финецот кој го раскина договорот со Ферари, во неколку наврати јасно стави на знаење дека ќе вози за Мекларен или воопшто нема да биде дел од натпреварувањето. Островската врска беше посилна, па Раиконен идната година веројатно ќе го гледаме во популарната трка „24 часа Ле Ман“. |
|
|
|
![]() |
|
vkk ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И ТОЈОТА СИ ЗАМИНА ОД ФОРМУЛА 1
![]() Тојота ја потврди медиумската шпекулација дека се повлекува од Формула 1, која претходно беше негирана и покрај наговестувањата во изјавите на тимскиот шеф Тадаши Јамашина. Со тоа, јапонскиот гигант стана третата фабрика која го стори тоа во период од 12 месеци, откако претходно си заминаа Хонда и БМВ. Претходно, поради долгови беше затворен и тимот на Агури Сузуки, кој користеше мотори на Хонда. За разлика од претходните две фабрики, Тојота потпиша нов договор со организаторите на првенството, светската автомобилистичка федерација ФИА и промотерот Берни Еклстоун. Тоа продолжување на договорот Конкорд, со кој се регулираат правата и обврските, ја обврзува Тојота да настапува до 2012 година, поради што наскоро ќе треба да се дознае дали екипата која беше лоцирана во Келн ќе биде дадена на продажба или стопирањето на Ф1 програмата ќе биде комплетно на товар на Тојота. - Тојота Мотор Корпорацијата (ТМЦ) го разгледа своето учество во Формула 1, оценувајќи го како придонес кон просперитеот на автомобилската култура, при што остана посветена на врвниот моторспорт во услови на груби економски промени кои започнаа лани. Кога ги разгледувавме активностите за моторспортот на Тојота за следната година и натаму, од сеопфатен среднорочен аспект кој ја рефлектира актуелната економска реалност, одлучивме да се повлечеме од Формула 1. ТМЦ сака да ја изрази својата срдечна благодарност на сите возачи кои настапувале се до денес за Панасоник Тојота рејсинг, како и на сите вработени во Тојота моторспорт кои му помогнаа на тимот да ги оствари своите постигнувања. ТМЦ има намера да направи се најдобро за да најде решение за оние инволвирани страни кои ќе бидат под влијание на оваа одлука,- се вели во соопштението на матичната фабрика, со кое исто така се најавува производство на „возбудливи спортски автомобили од компакт класата со заден погон“, но и поддршка на настаните од моторспортот кои се лесни за луѓето да учествуваат во нив. Во светското првенство сега ќе останат само три автомобилски фабрики, и тоа Ферари, Мерцедес и Рено. Екипата Тојота, која беше базирана во Келн, имаше 139 настапи во Формула 1 од 2002 до денес, но не забележа победа и покрај шпекулациите дека има најголем буџет од сите екипи, кој преоѓаше 300 милиони долари. Иронично, од идната сезона треба да стапи во сила новиот правилник со кој лимитирањата на буџетите стануваат реалност. - Од комерцијален аспект овој тим има одлична иднина. Клучна забелешка е дали Формула 1 ќе продолжи да ја дава истата вредност и враќање на инвестицијата која што Тојота ја очекува. Доколку продолжи да биде врв на моторспортот и оригинален технолошки предизвик, тогаш можам да видам долга и јасна иднина за овој тим. Доколку спортот се стиши, или премногу стандардни компоненти бидат пропишани во системот, Формула 1 може да стане само уште една тркачка серија. Тоа ќе биде само можност за спонзорирање, и интересот ќе опадне рапидно,- изјави на почетокот на сезоната тимскиот претседател Џон Хаует, во кое се вели и дека со мерките на ФОТА сите тимови ќе ги прават истите нешта кои ги правеле и порано но со помалку ресурси, со што би се зачувал ДНК идентитетот на овој спорт. Шпекулациите за тешката финансиска ситуација во Тојота и прогнозите на Јамашина беа објавени од Ф1 Алманах на 30 септември: http://www.f1almanah.com/#index.asp?vid=1192 f1almanah.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Hamilton не сонува за Ferrari
![]() Lewis Hamilton не го дели истото мислење како неговиот поранешен клубски колега Fernando Alonso кој од наредната сезона ќе настапува за Ferrari. Во изјавата која ја имаше Шпанецот за неговото преминување во Ferrari тој кажа дека тоа одсекогаш бил негов сон. "Немаме исти гледишта со Alonso. Некои го сакаат Jordan, некои Ferrari, некои МcLaren. Јас одсекогаш сум го сакал сребрениот болид. Сеуште се сеќавам во мојата дебитантска сезона, Fernando изјави дека негов сон му е да го вози болидот на McLaren. Сепак, дозволено е да се има повеќе од еден сон." изјавува Hamilton за Германскиот весник Auto Motor und Sport. Во меѓувреме тој одлучи да се замеша во изборот на негов клубски колега за наредната сезона, алудирајки дека Kovalainen е одличен тимски колега според него. "Се обидувам да останам надвор од оваа проблематика и избегавам да размислувам што може или не може да се случи. Неможам да претпоставам кој ќе дојде во наредната сезона, но сепак можам да кажам дека имам огромна почит кон Kovalainen и се она што прави за тимот. Освен мој клубски колега, тој е и мој пријател и сум среќен што настапуваме во истиот тим." изјавува Hamilton кој во 2007 потпиша долгорочен договор со тимот McLaren. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рено го продава тимот во Формула 1?
![]() Францускиот гигантски произведувач на автомобили Рено би можел да одлучи да го продаде својот тим во Формула 1 и во спортот да остане само како произведувач на мотори. Така најавува швајцарското најново издание на „Motosport Aktuell“ и наведува двајца потецијални купувачи. Првиот е Жерард Лопез, основачот на инвестициското претпријатие Мангроув, додека вториот потенцијален купувач е русинот по име Андреј Крајник, кој според многумина е добар пријател со актуелниот спонзор на тимот Мегафон. Оваа информација како основа ја зема веста дека директорот на Формула 1 Берни Еклстон на оваа тема со луѓето заинтересирани за Рено зборувал на Големата награда на Бразил, но деталите не се споменати, па се чека официјално известие од францускиот тим. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Жан Тод избран за претседател на ФИА
![]() Поранешниот функционер на Ферари, Жан Тод, е избран за претседател на Светската авто-мото федерација (ФИА), откако на собранието на организацијата во Париз доби повеќе гласа од поранешниот рели шампион, финеот Ари Ватанен. Тод уште пред гласањето важеше за фаворит, бидејќи подршка му изразија сега веќе поранешниот претседател на ФИА Макс Мозли и првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон. Тој го победи Ватанен со убедлив резултат од 135:49, и го освои претседателскиот мандат во времетраење од четири години. Тод пред три децении беше совозач во рели екипата на Лотус, со која освои една екипна светска шампионска титула. Кариерата ја заврши во 1981-та година, за наредната година да го основа Пежо рели тимот, чии возачи два пати поединечно го освојуваа шампионскиот трофеј и исто толку во конк*ренција на производители. Пежо три пати триумфираше и на релито Париз - Дакар. Во Ферари премина в о1993-та година, а прекрасни потези направи со доведувањето на Михаел Шумахер и Рос Браун. Под негово водство „Скудерија“ освои дури 13 титули - Шумахер пет во низа - како и шест по ред во конк*ренцијата на конструктори. Според првичните проценки на новинарите, главна задача на Тод во наредниот период ќе биде враќањето на угледот на ФИА, кој беше значително уништен по спорот со поедини екипи од Ф1, како и секс-скандалот во кој учествуваше Мозли. sportdenes.com Изменето од Iron Man - 23.Октомври.2009 во 21:22 |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Казна за Ковалаинен поради пожарот во боксот
![]() Тимот на МекЛарен-Мерцедес е казнет со 50 илјади долари поради инцидентот кој го предизвика пилотот на тимот Хајки Ковалаинен. На излегвуањето од своето прво влегување во боксот на Големата награда на Бразил механичарите на МекЛарен го пуштија Хајки да тргне со цревото за гориво закачено на болидот. Како резултат на тоа, од болидот на Ковалаинен по патеката започна да истекува бензин и по неколку секунди изби пожар. Кими бешеточно зад својот сонародник и неговиот болид пламна за секунда. Освен со парична казна, која МекЛарен ќе мора да и ја исплати на ФИА, на вкупното време на Ковалаинен беа додадени казнени 25 секунди. Така финалното место на финецот беше 12-то, наместо деветтото на кое ја финишираше трката. sportdenes.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Hulkenberg ќе настапува во F1
![]() Patrick Head шефот на Williams објавува дека Nico Hulkenberg, новиот шампион во GP2 серијата и резервен возач за Williams ќе има F1 деби во 2010. Сепак, Head е внимателен и не сака со сигурност да го потврди настапувањето на 22 годишниот Герменец, но тимот на Williams е убеден во способностите на Hulkenberg. "Возачите што успејаа да бидат шампиони во GP2 серијата уште во дебитантската сезона како Hulkenberg се Nico Rosberg и Lewis Hamilton кој се исто така одлични во F1 натпреварите" изјавува Head. Но, се посигурно е дека тимот на Williams ќе ги загуби услугите на Rosberg, во замена за Barichello за наредната сезона и Williams се труди по секоја цена да си обезбеди надежен талент за идните сезони. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ватанен го обвинува Мозли
![]() Кандидатот за претседателската функција на ФИА, Ари Ватанен го обивни сегашниот прв човек Макс Мозли дека го прекршува законот на Франција, со тоа што активно лобира за Жан Тод во претседателската трка. Дејли Телеграф објави дека на Мозли му било доставено писмо од судски извршител, каде стоел потписот на Ватанен. Во писмото се наведени сомнежите на кандидатот за претседател за пристрасност на ФИА, а истото содржи и потврда дека неговата кампања е чиста и без заткулисни игри. Се смета дека писмото е е одговор на претходно упатеното отворено писмо на Мозли до принцот Феисал од Јордан, кој е еден од номинираните потпретседатели, ако Финецот стане претседател. - ФИА е непрофитна организација, раководена од францускиот суд. Согласно францускиот закон, операцијата на непрофитни организации подлежат на легалните принципи. Прекршувањето на принципот на неутралност за време на изборната камшања, при кое целта е да се наруши резултатот од изборите е казниво од сите француски судови. Имам право да покренам постапка за акт кој е извршен против мене. Многу луѓе ми пријдоа и ме прашаа што значи кога другите ја сметаат мојата кампања за нечесна. Одговорот е едноставен - ако зборувам за промени, демократија и транспарентност, очигледно е погрешно и се смета како лична навреда на сите луѓе кои биле поврзани со ФИА пред сегашните избори. Тоа е стара изборна стратегија, но сеуште извонредна, - вели Ватанен во писмото. ФИА објави дека Финецот е спремен да покрене тужба, поради наводно прекршување на законот. Ватанен веќе се обратил до францускиот трибунал и побарал покренување на судски спор по неколку основи. Инаку, на обвинувањата им претходел неуспешен состанок меѓу кандидатот и сегашниот претседател, кој завршил по три минути откако Британецот манифестирал нељубезни манири. Весникот Гардијан тврди дека Ватанен се обидел да воспостави нормална комуникација, но Мозли јасно покажал дека не е заинтересиран за разговор, затварајќи му ја вратата. - Не сакам да се расправам со тебе, - биле зборовите на Мозли според Гардијан. Претходно беше обелоденето дека покрај самиот Мозли кој јавно ја подржа кандидатурата на Жан Тод, официјални лица на ФИА стојат зад Французинот, што фрли сомнеж неутралноста на ФИА, која е правно пропишана. Дејли телеграф и во овој случај беше носител на главните информации. Весникот наведува извадоци од електронска пошта во кои генералниот директот на ФИА, Питер Доџвилер и генералниот директор на фондацијата на ФИА, Дејвид Вард активно лобираат за поранешниот прв човек на Ферари. - Ќе ти се јавам неделава да видиме каде сме, за да му доставиме адекватен репорт на Жан, - стои во пораката испратена од Доџвилер. Дополнителнио, во еден од мејловите кој ги испратил Дејвид Вард се споменува поинтензивна стратегија за лобирање. Но во своја одбрана, Вард вели дека соработката со Тод не е против правилата. - Старателите можеби не се свесни дека јас сум вработен во фондацијата на ФИА четири дена во неделата. Во слободно време, на волонтерска основа му помагам на Жан Тод да ја развие изборната агенда и да обезбеди извештај за неговата кампања. Во мојата асистенција нема употреба на ресурси од фондацијата, - вели директор на фондацијата на ФИА, Дејвид Вард. Подршка за Жан Тод изрази и Михаел Шумахер, кој беше дел од златната ера на Ферари, предводена токму од Французинот. Од друга страна, неофицијално возачите и тимовите се залагаат за избирање на Ари Ватанен, но тврдењето не е поткрепено со сериозни изјави кои го потврдуваат истото. Демант стигна од другата страна на приказната. ФИА смета дека подршката за двата кандидати е очигледна, но притоа не се превземени акции што се против законот. - Свесни сме дека има лобирање во корист на двата кандидати. Изборите се спроведуваат во согласност со статутите на ФИА и законот. Ништо што досега е видено не е во спротивност со тоа, - вели претставник од ФИА за агенцијата ПА. Војната на зборови која започна пред неколку дена доаѓа на само една недела пред одржувањето на изборите во кој ќе биде одреден наследникот на Макс Мозли. Изборите ќе се одржат на 23 октомври (петок) во Париз. f1almanah.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рубенс Баричело потпиша за Вилијамс
![]() Според извештаите на релевантните бразилски медиуми, 37-годишниот бразилски пилот на Формула 1 Рубенс Баричело идната година ќе вози во болидот на Вилијамс. Веста ја пренесува телевизиската станица „Глобо“, како и дневникот „Фолха де Сао Паоло“, кои велат дека Баричело со Вилијамс веќе потпишал договор за 2010-та година со можност за продолжување до 2011-та. Моментално Баричело е во борба за шампионската титула, бидејќи претставува најголемиот конк*рент на својот тимски колега Џенсон Батон во Браун Мерцедес тимот. На две трки пред крајот на сезоната Батон води со 85 поени, додека Баричело заостанува со 14. Баричело така зад воланот на Вилијамс би требало да седне како замена за Нико Розберг, додека бразилските медиуми предвидуваат дека тимски колега ќе му биде Нико Хулкенберг, 22-годишниот актуелен шампион во ГП2 серијата и тест возачот на тимот, кој би требало да го замени јапонецот Казуки Накајима. sportdenes.com Изменето од Iron Man - 14.Октомври.2009 во 04:36 |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како Батон може да ја освои титулата во Бразил
![]() Неверојатното представување на пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел кој со победата си ги задржа шансита за титулата. Џенсон Батон ќе стане светски шампион уште на патеката во Бразил доколку се исполнат неколку услови. Џенсон е со најголеми шанси во однос на неговите двајца противкандидати, Барикело и Фетел. Денес повторно ќе ве запознаеме со различните варијанти со кој на трката во Бразил Батон би станал светски шампион: - Да победи на ГН на Бразил - Да стигне на целта како втор - Да да се качи на подиумот како трето пласиран - Да заврше четврти а Барикело да остане втор или поназад. - Да заврше петти а Барикело да остане втор или поназад - Да заврши на 6. позиција а Барикело да биде неподобар од третото место а додека пак Фетел да биде втор или поназад. - Да заврши 7, - Барикело да остане трет - Фетел втор - Да заврши 8. - Барикело да биде четврти а Фетел трети или поназад - Да освои еден поен - Барикело да биде петти а Фетел трети. sportdenes.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мекларен се разделува со Мерцедес?
![]() Една од најголемите вести на патеката Сузука овој викент е онаа дека Мекларен може потполно да се раздели со Мерцедес по крајот на сезоната. Според германските весници, големиот план на поранешниот тимски шеф а сега председател на Мекларен Груп, Рон Денис е да го продолжи производството на БМВ како снабдувач на мотори за Ф1. Со ова ќе му се даде потполна слобода и независност на британскиот тим како произведувач на шасијата и моторот. Од друга страна Мерцедес ќе можат да се концентрираат потполно на соработката со Браун ГП. Во овој момент од Мекларен имаат договор за добавување на мотори од Мерцедес-Бенз за следните две години но Денис е сигурен во успехот на новиот болид на компанијата МП4-12Ц по што целата компанија може во потполност да си ја осигура независноста од германскиот производител. Исто така се шпеклуира дека инвеститорите во Мекларен од Бахреин можат да помогнат во реализацијата на овој план. До овој момент Мартин Витмарш ги одрекува овие шпекулации. sportdenes.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |