|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика | страница <1 200201202203204 256> |
Автор | |||
antingo
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сметам дека ова е небулоза, и уште една ирационалност... Дечко, ај да ја видиме твојата логика (илузија) под претпоставка дека ова што го говориш го мислиш искрено, а не пишуваш само за заебанција. Со ова сакам да кажам дека, иако можеби дури ти да не си искрен со овие зборови, навистина има површни луѓе кои така размислуваат во реалниот живот. Значи, логиката (илузијата) е: ЕУ = Пари на кој колку му треба, Лежи лебу да те јадам, бескрајно уживање на Хаваи, додека секој ќе работи колку може (во нашиот случај - сака) НАТО = Безбедност, не мора да фатиме пушка во рака, другите ќе гинат за нас и ќе не бранат од Албанците и другите ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЧЕСТ И ЛИЧЕН ОПИС = Нешто неопходно, а сепак малку, за да се постигне НИРВАНАТА предизвикана зачленувањето во претходните две организации т.е илузијата. Со оваа логика, се спуштаме ниско. Се продаваме за хипотетички инвестиции. Примерите на Бугарија, Романија и Унгарија (исто ниво како и претходно), па дури и Естонија (најпогодена од кризата) покажуваат дека членувањето во овие овие организации има свои обврски и нема развој ако самите не поработиме на тоа (а на развојот може да поработиме почнувајќи веднаш). Друго е интересно, што некои типови тука со афинитети кон претходната и систем (не лично) држава толку упорно се обидуваат да не убедат да се протнеме во 'трулиот западен капиталистички сојуз' Не ми се верува колку некои 'Македонци' се ефтини. На здравје.... |
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Antigo, potpolno se slozhuvam so tebe! |
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
имам чувство, ако грешам нека ми е простено, дека...
најголеми таканаречени патриоти... задолжени за продавање на патриотизам... се оние... кои не живеат во Македонија... па сега се поголеми католици од папата... |
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Star dobro poznat izgovor za sopstveniot neuspeh. "Komshijata e kriv."
|
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ili "uchitelkata me mrazi". |
|||
antingo
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Многу погрешно чувство. Вистински а не таканаречени патриоти живеат и во Македонија. А за патриотизмот на 'Папата' може да се каже дека на слично ниво со твојот... патриотизам... т.е. многу голем :) |
|||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е момент да се делиме на помали и поголеми патриоти. Времето до Декември е многу кратко, а притисоците ќе бидат огромни да се најде решение за името.
Треба да застанеме сите заедно во одбрана на името, и „големите“, и „малите“ патриоти. Оти после Декември може да ни остане само очи да си вадиме - кој беше крив, кој ја утна работата....Не ни вреди после патриотизмот ништо.....
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секој мудар, паметен човек кога ќе дојде во некоја нова средина, претходно треба да погледне околу себе, да ја види својата околина, па потоа да превзема што мисли да превзема! Тоа е така нормално! Но, еве овде, на форумов, гледаме дека има и такви кои ете, не се придржуваат на некои основни, општо-културни принципи. Ова пред се се однесува на луѓе кои без да прочитаат некои постари постови од соодветната тема, веднаш се впуштаат во „дискусија“ да не речам напаѓаат од прва на се што ќе наидат. Како поинаку да се протолкува овој цитат од погоре, а кој се однесува на мојот пост пред него? Антинго верувам дека ги немаш прочитано моите претходни пораки по однос на ова прашање и затоа се изразуваш на таков начин, дека „тоа се небулози, ирационалности ...“. Во спротивно (значи ако ги имаш прочитано) сигурен сум дека не би зборувал со истиов тон. Или се лажам? Според тоа, прво што би ти прпорачал е да внимателно ги прочиташ постовите од членовите кои дискутираат на оваа тема, за да можеш да го воочиш поединечниот став на секој од нив по однос на ова прашање. Второ, внимавај малку со речникот, затоа што (што се вели) уште не дојден, а веќе имаш добиено „еден куп“ опомени од мојата колешка. Трето, ако веќе добиеш некоја опомена, или ако некој пост ти е избришан, поправен или сл., тогаш не изигрувај „јак фраер“, па да истиот пост го препраќаш уште еднаш. Четврто (повторно), ако малку гледаше пошироко, ќе забележеше дека неможеш сите членови да ги сведеш во класата „Дечко“, бидејќи ако јас за тебе сум „дечко“, тогаш ти би требало да си старец од едно 75-80 години! А верувам дека не си толку! Јас дечко ... |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
antingo
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво, многу интересно што највеќе те погоди епитетот дечко од целиот (содржаен) пост, и на тоа се фокусираш. Па сфати го како комплимент. Секој е онолку млад колку што се чувстува. Јас има 31 година, работено како ИТ инженер на Запад (сега со своја фирма во МК), и знам дека не е страшно некому да му се обратиш со 'dude', 'man' и на некој постар колега. Второ, порано (пред неколку години) бев член на Идивиди, под друг ник,а потоа ги пратев дискусиите пасивно одвреме-навреме така што ги знам твоите (поранешни) ставови. Но, очигледно еволуираш со ставовите и тоа е твое право. Како и многу други мои пријатели, кои не можат да ја издржат медиумската тортура на А1 и други секојдневно. И тоа највеќе боли и затоа со таква острина ти се обратив. Да ти кажам право, тоа е една од причините што повторно сум активен. Поранешните ставови не можат да те амнестираат за она што го кажа сега. Принципот на секвенционална меморија е напуштен оддамна во политиката. И стојам дека тоа што го кажа е небулоза и даваш ирационален одговор на ирационално прашање. А ти не ми даде ниеден контра-аргумент за тоа тврдење. Кажи ми отворено дека јас зборувам небулози со аргументи и јас ќе прифатам. За тие опомените, беа заслужни некои кои јавно го навредуваа македонскиот народ (кои нешто не се активни во последно време , и веројатно ќе минеа незабележено од админите, да не изреагирав на таков начин. Па да се направи баланс, ај и мене опомени. Но не ми е криво. Д ате потсетам на тоа сто беше кажано (цитати): 1. Македонскиот народ го дупеле Турци 500 години 2. Ние отсекогаш сме биле Северномакедонци 2. Што ќе ни се Егејците 4. Македонија треба да го смени името и да нема ниедна буква од старото 5. Вие Македонците сте непопустливи 6. Веќе еден дел е во Албанија 7. Таканаречените патриоти продаваат патриотизам од странство, а ние тука гладни Ме интересира каде беше тогаш да реагираш? Анастеа ја заврши целата работа... А моите 'навреди' беа капка во океанот во однос на горереченото. Ако зборуваме за норми, тогаш прво 'look at the big picture'. А постот кој го испраќам два пати, последниот како одговор на којсумјас нема ни Н од навреда, дури и пофалба. За нечија фантазија како ќе го сфати не сум одговорен. А до 75-80 години да имаме, ќе почекаме и ти и јас... Поздрав до тебе и не мислам да одговарам веќе постови на лична основа. Евентуално некои аргументи да спротивставиме. |
|||
gerasim
Нов член Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 35 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
вистината на гвујо колку е принципиелен... http://www.youtube.com/watch?v=92Uog_ZRM98&feature=related |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
antingo штом си постар член на Идивиди, тогаш знаеш дека порано било малку послободно па сте се пцуеле, карале, навредувале по темите.
Отприлика пред една година на насловницата има јасно истакнати нови правила, кои се доста прецизни, а кои модераторите и администраторите се трудат максимално да се почитуваат од страна на сите членови. Со вашето регистрирање се согласувате дека ќе ги почитувате тие правила и тука немате изговор. За опомените до тебе знаеш дека си сам заслужен (мислам дека се разбравме на ЛП), сите други си добија опомени и казни, секој за тоа што го напишал. Ништо не поминало незабележано и нема никакви казни заради баланс, секој за она што си заслужил. Навредите што погоре си ги спомнал ќе ги оставам додека ги прочита колегата, после одат на едитирање - ако требаше да стојат ќе ги оставев и во оригиналните постови. Кој кога е онлајн од нас тогаш реагира, тука нема место за забелешки. Ова нека биде последно - процедурално, за се понатаму на ЛП. Да не ја расипуваме темата дополнително, дискутирајте за ставовите но не и за личностите на членовите. Ќе ве замолам сите, во интерес на плодна дискусија е да не оставаме место за лична нетрпеливост и тензии на темите |
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Скаш да кажеш дека "комшијата" не ни е крив... и можеби ќе се повторам..но... дискусијата е околу преговорите за името... значи - да ги има или не... ако ги нема, логично дека уште од почеток како држава сме кажале НЕ на било какви преговори... значи ние сме Република Македонија и нема што со било кој да разговараме за тоа или за било што кое е поврзано со нашето име, вклучувајќи идентитет или јазик...на кој му се допаѓа - ОК, на кој не -пак ОК... но ако ги има, логично дека преговараме за промена...каква, тоа ќе е производ на преговорите... и воопшто не можам да разберам... како на некого не му е јасно дека кога преговараш... значи да направиш отстапки... инаку зошто уопште преговараш... а бе не може преговарам јас...ама ќе биде по мое... уствари преговараме ние, ама ќе се викаме Република МАкедонија за нас по устав, за сите кои не признале, за сите кои не не признале, за ОН кои не водат по некое смешно име... и ќе преговараме уште 100 години ако треба ама ќе остане по наше... не може тоа така... и сега ако некој мисли дека се сите надворешни фактори блесави... па си играат театар и не тераат на преговори заради забава... тогаш тоа е лично убедување на некои, повторно ќе ги наречам таканаречени патриоти... и можеби малку надвор од темава... ама патриотизмот не значи нужно гледање само наназад... повеќе значи гледање напред... ако не беше така, немаше да постои ни Европска унија... што ќе беше ако Французите и Германците се држеа до патриотизмот веднаш по втората светска војна... ќе постоеше Европа обединета...???? Изменето од којсумјас - 19.Октомври.2009 во 07:00 |
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
@Koj sum jas
Odluchi za shto sakash da diskutirash dear, zatoa shto zboruvash za edna poenta za potoa da se prefrlish vo sosema druga nasoka.
|
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
antigo, da ne e po greshka ovoj post namenet do postot na Zlatnik....zatoa shto mene poveke mi lichi deka e greshno namenet..a trebashe da bide postot na Fiks?
Neznam, ti si znaesh....ama mene barem taka mi se chini. Gi poznavam stavovite na Zlatnik, i veruvaj ne se taka "crni" kako shto mozhebi nekogash zvuchat...i mislam deka tuka, vo ovoj primer, malku se zezashe poveke.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 200201202203204 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |