|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 215216217218219 242> |
Автор | |||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зошто муслиманите велат нема друг Бог освен Аллах, а истовремено Мојсеј(арап=Муса), Авраам(Ибрахим), Исус(Иса) ги прифаќаат како божји пророци(арап.=пејгамбери т.е. некаде пекамбери) кои ги познаваме од христијанството и јудаизмот? Зборот за божество во арапскиот јазик е иллах. Од тој збор може да се изведе множина(бог->богови) додека од зборот Аллах граматички е невозможно да се изведе множина и секогаш може да означува само 1 единствен Бог. За нив не е спорно дека постоеле Мојсеј, Исус и тн. туку важноста и функцијата кои им се придава на тие личности.(на пр. муслиманите велат дека Исус е пратен од Бог т.е. Аллах и дека ќе се врати на Судниот ден но дека тој не е син божји оти Аллах не ечовек па за да има ќерки и синови).
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Здраво Lithium,
Манастирите им служат на монасите како домови за престојување, потоа им служат на народот кој сака да ги посети туристички, или пак за да избега на неколку дена од светот и да се одмори од секојдневните обврски. Условите во манастирот не се како оние во хотелот, ама па и цената е драстично помала таму. Пример, еден ден во хотел чини повеќе од 20-30 евра по човек, а во манастир тоа чини само околу 2 евра.
Сеедно зошто служат манастирите, она што е важно да се потенцира е тоа дека тие не му служат на Христос, не се дел од Неговото учење, ниту пак Христос побарал од верниците да одат по манастири. Напротив, Христос неколкупати им заповеда на Своите следбеници да одат меѓу народот и меѓу луѓето да го проповедаат евангелието, да бидат светлина која ќе им свети на луѓето и ќе го отстранува нивниот духовен мрак.
Така што, во однос на ова прашање, во право бил твојот пријател муслиман - манастирите немаат никакво значење за вистинското христијанство.
Сега да се осврнеме и на твоето прашање околу политеизмот.
Политеизмот е строго забранет во христијанството со првата Божја заповед гласи:
"Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. Немој да имаш никакви други богови покрај Мене."
(Излез 20:1, Библијата) Истото го повторува и Исус во Новиот Завет:
"Како можете да верувате, кога примате слава еден од друг, а не ја барате славата, што доаѓа од Единиот Бог?"
(Јован 5:44) Истото го повторува и апостолот Павле во неговите посланија:
"знаеме дека идолот не е ништо во светот и дека нема друг Бог освен Единиот."
(1 Коринтјаните 8:4) Но она што муслиманите не можат да го разберат или поточно прифатат е плуралната природа на Единиот Бог. Имено, Исус во една прилика рече: "Јас и Татко Ми едно Сме" (Исус во ев. Јован 10:30)
Имено, Библијата го објавува Бог како множина во еднина, како плуралитет во сингуларитет т.е. како Тројство - Еден Бог Кој се јавува во три лица: Таткото (Јехова), Синот (Исус) и Светиот Дух.
И тоа не е случај само со природата на Бог. Божјата плурална природа е отсликана и во Неговите созданија.
На пример, човекот исто така е множина во еднина. Ние сме создадени од дух, душа и тело, а сепак ние не сме три личности, туку една личност. Исто така нашето тело е создадено од повеќе органи, но сепак тие функционираат во една совршена хармонија како ЕДНО тело. Нашите пак органи исто така се создадени од милиони клетки кои исто така се хармонизирани во еден орган како дел од едно тело.
Во Библијата е кажано, а и Исус потврди, дека мажот и жената во бракот претставуваат едно тело:
"Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело" (Битие 2:24)
"Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!" (Исус во ев. Матеј 19:6)
Епа ако Исус вели дека во бракот, еротската љубов може од две да направи едно, тогаш колку повеќе совршената агапе љубов во рамките на Божјото Тројство ги прави Таткото (Јехова), Синот (Исус) и Светиот Дух совршено ЕДНО. |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сакаш да кажеш Сонцето (татко), светлината (синот) и топлината (Светиот дух)
|
|||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
.
Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 10:05 |
|||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
bazirajki se vrs ovie citati od evangelos podrazbirame deka ediniot bog go spoznaveme preku trojstvoto otec , sin i sveti duh, bazirjki se na zdraviot covecki razum i logika se postavuva prasanje na sto mislite koga velite deka bog e eden dodeka od druga strana velite i se upatuvate kon tri bozestva . ako isus bil bog ili sin na boga kako sto tvrdite zasto vo biblijata ne veli jasum bog i mene veruvajtemi nego veli spored ivan 5,37,a vie ni glasot negov nikogas ne ste go slusnale nitu negovoto lice ne ste go videle no liceto moe ne ke mozes da go vdis zasto ne moze covek da go vidi liceto moe i da ostane ziv,. pocuj izraele; gospod nasiot bog e edinstven gospod(poftoreni zakoni). spored ovie citati biblijata ni kazuva deka bog e edinstven gospod a od druga strana tvrdite bog e vo tri ili tri vo edno, taka da zdraviot razum ja otvrla ova dogma koja e nametnata vo vistinskoto hristijnastvo vo koj i poslednata objava na boga . bog ve opomenuva i go negira toa sto vie veruvate vo trosjtvo, NAVISTINA NE VERUVAAT ONIE KOI STO VELAT BOG E EDEN OD TROJCATA ' BOG E SAMO EDEN AKO NE PRESTANAT SO ONA STO GO ZBORUVAAT BOLNA KAZANA NAVISTINA KE GI STIGNE SEKOJ OD NIV KOJ STO NEVERNIK KE OSTANE (k*rAN,5,73). |
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ова не можам да го преведам на македонски зашто ќе звучи малку чудно: Lover (Отецот), loved One (Синот) and a Spirit of love (Светиот Дух). |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Оној кој Љуби, Љубениот и Духот на Љубовта. Изменето од Majkl - 14.Октомври.2009 во 22:34 |
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па не само заради тоа. Spirit of love? Не знам како повеќето би го сфатиле тоа? Ние немаме таква фраза. Ама да, тој би бил преводот. Фала. |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
hleb20
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Но она што муслиманите не можат да го разберат или поточно прифатат е плуралната природа на Единиот Бог. Имено, Исус во една прилика рече: "Јас и Татко Ми едно Сме" (Исус во ев. Јован 10:30)
i svetiot duh sekako:-) kako mozat da bidat edno eve nekoj primer od biblijata se razbira : Послание на апостол Јаков Глава 1 13 Никој, кој се наоѓа во искушение, да не рече: "." Зашто,Бог ме искушува Бог не може да биде искушуван од зло, и Тој Самиот никого не искушува. 14 Туку, секој е искушуван кога го влече и го мами неговата сопствена похота. 15 А откако ќе зачне похотата, таа раѓа грев, а извршениот грев раѓа смрт. Od tuka dobivame jasen zaklucok neli: 1. Bog ne moze da bide iskusuvan 2. Samiot nikogo ne iskusuva 3 .Se iskusuvame koa ne vlece i mami sopstvenata pohota jasno, ama?'' ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава 4 8 Ѓаволот пак Го одведе на многу висока гора и Му ги покажа сите царства на светов и нивната слава, 9 и Му рече: „Ќе Ти го дадам сè ова ако паднеш и ми се поклониш.” ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА Глава 4 5 И го одведе на високо и Му ги покажа, во еден миг, сите царства на светот 6 и Му рече ѓаволот: „Ќе ти ја дадам сета власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО Глава 1 12 Веднаш потоа Духот Го одведе во пустината. 13 И беше во пустината четириесет дни, искушуван од сатаната. И беше меѓу ѕверови; и ангели Му служеа. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА Глава 4 1 А Исус исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, и Духот Го водеше во пустината 2 четириесет дена, каде беше искушуван од ѓаволот. А во тие дни не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне. imame: Otecot,Sinot,Svetiot Duh. Sinot kako edno od Tatkoto t.e Boga paga vo iskusenie na satanata. Ama Bog ne iskusuvat,a i ne moze da bide iskusuvan. Sto znaci pricina za iskusuvanjeto na Isus e negoviot pohot. 1. Otecot, Sinot i Svetiot Duh se edno , ako se edno dali znaci deka pohota na sinot e i pohota na Otecot i Svetiot Duh ?!!! Ako velite NE , togas tie ne se edno i nerazdelivi , Ako velite DA, togas so samoto imanje pohot, Bog moze da bide iskusen, a so samiot fakt deka Bog moze da bide iskusen, dokazuva deka Bog ne e semoken, nema vlast nad satanata, ranliv e poradi toa sto ima pohot. 2. Sinot se iskusuva , no Bog e eden ( Otecot , Sinot i Svetiot duh ) se sekogas vo edno, NERAZDELIVI, od tuka : dali za vreme na iskusenieto niz koe pominal Sinot, istovremeno bil Iskusen i Otecot i Svetiot Duh , imajki predvid deka tie se vo edno, NERAZDELIVI. no ne zaboravajte na praviloto broj 1. 1.BOG NE MOZE DA BIDE ISKUSUVAN. Povod za iskusenie e pohota, so sto nas ne pravi nesovrseni, i gresni, NO SINOT BIL ISKUSUVAN , a tie se vo edno i nerazdelivi , koja pak ni dokazuva, deka i Otecot zaedno so Svetiot Duh bile iskusuvan zaedno so Sinot imajki predvid da tie se voedno. no i bez ova so samoto toa sto tvrdat deka Sinot e vtoroto lice na Boga e dovolno kako dokaz deka Sinot ne moze da se Iskusuva , NO SINOT BIL ISKUSUVAN , a toa pak znaci deka SINOT NE E BOG , toa jest " ISUS NE E BOG ", Isus ne e vtoroto lice na Boga, vo sprotivno on ne bi mozel da bide iskusuvan ako e Bog , a ako on bil iskusuvan Kako vtoro lice koj go socinuva Boga , togas i Otecot Iskusuvan , TIE SE VO EDNO , ali ne zaboravajte deka, BOG NE MOZE DA BIDE ISKUSUVAN. Selamun alejkum. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
hleb20,
Dobredojde na forumov. Temava sto ja pochnuvash so komentarov e vodena bezbroj pati i na krajot se doagja do sledniov zakluchok: nekoi veruvaat deja Isus e SIn Bozhji nekoi veruvaat deka e duri i samiot Bog, a treti veruvaat deka e mesija, profet ili prosvetlen chovek. Moeto prashanje do tebe e slednovo: Dali ke se smeni neshto sushtinski vo Isusovata mudrost ako prifatish deka toj e Bog ili ne? Dali negovite zborovi kje bidat pomudri, dali kje se smenat, dali odednash kje stanat povazhni ili ponevazhni, dali kje mu veruvash povekje ili pomalu i t.n. Kakov faktor vo Isusovata mudrost igra nashiot megjuseben dogovor dali toj e chovek, Bozhji Sin ili Bog? Sto menuva toa vo onoa sto propovedal Isus? |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
хлебати, се изначитав еден куп твои зборови каде што една иста мисла ја верглаш сто пати, наместо да ја срочиш во една реченица. Според она што го сфатив од твојот коментар ти сакаш да докажеш дека Бог Таткото не може да биде искушуван, но дека Синот бил искушуван и демек затоа тие не се едно и затоа Исус не е Бог.
Многу лесно ќе ја побијам оваа теза наведувајќи ти старозаветни цитати каде што Бог Таткото исто така бил искушуван:
"А Мојсеј им одговори: „Зошто се препирате со мене? Зошто Го искушувате Господ?" (Излез 17:2)
"Не бидете со тврди срца како во Мерива, како во денот кога Ме искушувавте во пустината" (Псалм 95:8)
"А тие Го искушуваа и Го гневеа Сèвишниот Бог и не ги исполнуваа Неговите заповеди." (Псалм 78:56)
Ете, значи и Бог Таткото и Бог Синот можат да бидат искушувани. Значи тие навистина се Едно дури и во ова, како што рекол и Исус: "Јас и Татко Ми едно Сме." (Јован 10:30)
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Може ли некој да ми каже што точно прави Јов во стариот завет на библијата??
Благодарам |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne pravi nishto losho... pravi s'e kako sto miluva Gospod.
Popravo, ne se sekjavam deka postoi nitu eden drug lik vo Biblijata za koj se upotrebeni slednive zborovi: Toj chovek beshe neporochen, praveden, bogobojazliv i go odbegnuvashe zloto. Jov 1: 1 So drugi zborovi, iako vo Biblijata se veli deka ne mozhe da ima sovrshen chovek, indirektno Jov e prikazhan kako neshto najblizu do toa. Chovekot bil bez mana! Ako imash Biblija chitaj vnimatelno kako pochnuva toj del, kakov e odnosot na Boga so Satanata, kako se sluchuva Jovovoto kaznuvanje, kako reagiraat negovite prijateli, kako se odnesuva Jov i kako na krajot Bog mu odgovara na prashanjeto zoshto bil kaznet i dali na choveka voopshto mu e dadena shansata da go spoznae Boga. Mnogu interesno, mnogu pouchno, neshto sto gi postavuva rabotite na pravo mesto... jas bi mu sovetuval sekomu prvo da go prochita Jov, pa potoa da ja chita Biblijata od pochetokot... kako i nejzini interpretacii. Изменето од Messenger - 15.Октомври.2009 во 19:30 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
s
Изменето од al_islamia - 16.Октомври.2009 во 23:35 |
|||
Внеси реплика | страница <1 215216217218219 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |