IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Дали Ви се остваруваат соништата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали Ви се остваруваат соништата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2009 во 21:22
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

ne daj gospode da pocnat da mi se ostvaruvaat .... pu pu pu .... kje treba da otvoram pogrebno preduzekje .... sve samo umiracki sanjam плачење


па ти си бил навистина среќен човек,...смртта во соновите е среќа во реалноста...колку што знам...според мое
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
Предраг Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 224
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Предраг Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 21:16
Не ми се остваруваат-Сеуште сум невин...
Кон врв
speed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 803
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај speed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 16:25
mi se ostvaruvaat skoro site, bas interesna rabota, potsvest decki...
speed
Кон врв
aleksandar bt Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aleksandar bt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 19:00
a
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 14:29
Da,i toa najcesto koga sonuvam nesto loso,a be mora da se sluci..I za toa ic ne sakam da sonuvamтага

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 19:34
Originally posted by MyWay MyWay напиша:

Da,i toa najcesto koga sonuvam nesto loso,a be mora da se sluci..I za toa ic ne sakam da sonuvamтага


Tuka sme slichni....
Jas mnogu retko sonuvam,a koga sonuvam mora da e nekoj predznak za neshto losho.
Uzasno chuvstvo e da si vo ischekuvanje da se sluchi loshotoтага
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 20:49
uf ne sakam da pomislam da mi se ostvaruvaat,IMAV KOSMARI плачење
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 21:18
sekogas mi se ispolnuvaat, sekogas, koga diplomirav, imav mnogu problemi so diplomskata, sonuvav samo glas koj mi veli: ke diplomiras, a ja odloziv diplomskata za esen, za dve nedeli diplomirav, koga se vrabotiv sonuvav son koj mi se ispolni, koga se razbole eden od moite bliski u familija sonuvav horor son koj ne go kazuvam, ponekogas ne sakam da sonuvam zosto znam sto ke mi se sluci, tolku
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 14:41
Скоро сите ми се остварувале...ама за последните неколку ... тага ќе почекам среќа
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 15:05
е мене баш последните неколку ми се исполниле, па се ќе видиме за понатаму
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 16:49
ми се остварувале ама само лошите, а последно само добри сонувам па ништо од остварувањетотага.
признавам баксуз човек сумголема%20насмевка
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 18:22
последно што сонував ...бркав гуштери...и уште не ми се оствари сонов
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 21:28
Ако ми се остваруваа се што см сонувала... Oh God, би била перверзњак и сериски убиец... и најголема к_р_а у Скопје. Гад демит!
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 19:09
Cекоја година научнички групи ширум светот извршуваат испитувања и експерименти истражувајќи ги човечките сништа. Изучувањето на соништата се вика онирологија. Има направено значителен напредок во таа гранка на науката, но генерално гледано, луѓето знаат многу малку за содржината и функцијата која што ја имаат нашите соништа. Но, едно е сигурно- сликите, мислите и чувствата што поминуваат низ нашите тела за време на нашите сништа можат да имаат големо влијание врз нашиот поглед на животот. Следува листа на уште десет неверојатни факти за соништата кои што можеби не сте ги знаеле до сега.




10. Вашиот мозок е активен додека спиете.



Проучувањата покажале декасе случуваат големи промени во мозочната активност за време на сонот. Тоа било докажано употребувајќи ја технологијата на електроенцефалографија. Научниците воочиле пет различни фази на сонувањето, кои што се карактеризираат со соодветните различности во мозочната активност. Фазите 1-4, како и крајниот степен на сонувањето се наречени РЕМ (rapid eye movement). Кога се разбудени за време на таа фаза, луѓето кажуваат дека сонувале. Со развојот на новата технологија во раните деведесетти научивме уште повеќе за мозоната активност за време на РЕМ спиењето. Истражувачите откриле дека некои делови на мозокот се многу активни за време на РЕМ, дури и поактивни отколку во будна состојба. Проучувањата покажале дека деловите во мозочната кора задолжени за анализирање на визуелните сигнали се повеќе активни за време на РЕМ сонувањето. Голема активност е исто така забележена и во лимбичниот систем, кој што е средиште на човечките емоции.



9. Животните и соништата



Не можеме со сигурност да тврдиме дека и животните сонуваат на сличен начин како и луѓето, но и тие ито така влегуваат во состојба на РЕМ сон. Таквиот сон се појавува кај сите цицачи, вклучувајќи ги и клунарите од Австралија кои што полагаат јајца. Крајната хипотеза за РЕМ спиењето поставена од Фредерик Снајдер во 1966 предочува дека многу цицачи се будат веднаш откако ќе влезат во фазата на РЕМ спиење, кое што го довело до заклучок дека процесот е всушост одбрамбен механизам. Исто така и многу птици покажуваат знаци на вакво спиење, но кај рептилите и другите ладнокрвни животни нема таков случај.



8. Марихуаната и спиењето



Многу луѓе кои што пушат марихуана велат дека не сонуваат, но откако ќе престанат, истите луѓе известуваат дека имаат исклучително живи и интензивни соништа. Најчесто соништата се случуваат за време на РЕМ спиењето, па логичното прашање е дали марихуаната влијае врз таа фаза од спиењето на некој начин? Во едно проучување од 1975 биле споредени начините на спиење кои ги имаат употребувачите на марихуана, со тие на непушачи. Резултатите покажале намалени очни движења што покажува дека тие кои што биле под дејство на марихуана имаат поредуцирана РЕМ фаза на спиење.



7. Епични сништа



Овој тип на соништа се исклучително живи и јасни, и имаат големо влијание врз животот. Овие сништа често влијаат и врз нашите сетила, и често развиваат поголема свесност за околината во која што живееме. Кога ќе се разбудите од ваков сон, се чувствувате како да сте откриле нешто неверојатно. Ваквите сништа остануваат во сеќавањето со години. Луѓето кои што сонуваат ваков вид на соништа често известуваат за континуиран развој на настаните во сонот кој што си представува живот за себе. Многу луѓе во ваквиот тип на соништа сонуваат дека сонуваат.



6. Половите разлики и соништата



Биле извршени многу прочувања за да се истражат разликите помеѓу сонувањата на мажите и жените. Се покажало дека жените сонуваат и мажи и жени подеднакво, додека 67 проценти од мажите всушност најчесто сонуваат мажи. Соништата на жените вообичаено траат подолго и во себе вклучуваат повеќе емоцонална содржина, додека соништата на мажите во себе повеќе вклучуваат насилство, автомобили и патишта. Во просек, осум проценти од човечките соништа вклучуваат сексуана активност. Основната разлика во сексуалните соништа помеѓу половите се состои во тоа што мажите во своите соништа најчесто сонуваат за секс на непознати и јавни места, и во нивните сништа често се појавуваат непознати лица, додека токму спротивното е карактеристично за повеќето жени. Жените повеќе сонуваат за затворени водни површини, како што се базените и езерата. Се разбира, овие податоци се општи, и не е нужно да се точни за секоја одделна личност.



5. Парализа за време на сон



Оваа состојба е чест случај кај луѓето насекаде низ светот. Таа е директно поврзана со РЕМ фазата и сонувањето. Парализата при сонот е поврзана со појавата наречена РЕМ атонија, која што се случува за време на РЕМ сонувањето. На личноста која што доживува парализа при сон и се случува тоа кога мозокот се буди од РЕМ спиењето, но состојбата на атоналност, т.е. парализа останува. Личноста е свесна, но не може да се движи. Тие продолжуваат да сонуваат но во многу случаи дури и визуелно и реално ги претставуваат нештата кои што се наоѓаат во нивните соби. Личноста не е во целосно свесна состојба , но е свесна за тоа што се случува. Искуството е проследено со искривено гледање како низ тунел, а исто така во себе може да вклучува и халуцинации и чувство на опасност или страв. Многу од случаите на наводните грабнувања од вонземјани всушност се објаснуваат преку оваа појава.



4. Ноќна мора и ноќен терор



Ернест Хартман објавил многу книги и трудови во врска со кошмарите. Неговата работа покажала дека најчеста тема на сонување при ноќната мора е бегањето од прогонувач. Возрасните најчесто се гонети од машки фигури, додека децата најчесто се гонети од животни и суштества од нивната фантазија. Ноќните мори се поретки кај возрасните, и нив почесто ги сонуваат децата на возраста помеѓу три и четири години, и седум и осум години. Околу пет до десет проценти од луѓето сонуваат кошмари еднаш месечно или почесто. Хартман вели дека ноќните мори се директно поврзани со дневната активност, и се показател на страв и вознемиреност со кои што треба да се соочиме. Пттикнувачи на ноќните мори можат да бидат злоупотреба на дрога, трауматични искуства како загуба на сакана личност итн.

Ноќниот терор се разликува од ноќната мора. Ваквиот вид на сон се јавува за време на првиот час или два спиење и за време на не-РЕМ фазата. Врисоците при вакво сонување се чести. Сонувачот тешко се буди, и обично по будењето не се сеќава на повеќе од една сцена од сонот. Ноќните терори се многу поретки од ноќните мори. Децата од две до шест години најчесто сонуваат вакви соништа, а се случуваат кај 15 проценти од сите деца.



3. Славни соништа



На соништата често им се припишува дека допринеле за значајни нешта во реалнот живот. Мари Шели го напишала Франкенштајн откако сонила сон за чудовиште. „Видов страшна фантазма за испружен човек, и потоа како на некаква моќна машина покажува знаци на живот, и се придвижува со тешки, полуживи движења“. Елиас Хоу бил еден од пронаоѓачите на шивачката машина, и во голема мера го унапредил изумот во средината на деветнаесеттиот век. За него се вели дека кажал дека имал жив сон за група човекојадци кои што се подготвувале да го зготват. Танцувале околу оган мавтајќи со нивните копја горе и долу. Тој забележал дека во главите на секое копје имало мала дупка, кое што на крај му ја дало идејата за усовршување на машината. Научникот Фридрих Август Кекуле ја открил речиси невозможната структура на бензенот (С6Н6) откако сонил група на змии како си ги голтаат нивните опашки. Во 1953, Џемс Вотсон и Френсис Крик ја откриле структурата на ДНК. Вотсон подоцна изјавил дека идејата за тоа му дошла откако сонувал спирални скалила. Неколку дена пред неговата смрт, Абрахам Линколн и раскажал на својата сопруга за тоа како сонувал мртво тело завиен во погребна одежда и опкружен со стотици тажачи. Во тој момент некој војник му кажал дека председателот бил убиен.



2. Хроничното хрчење може да доведе до пореметувања во спиењето



Хрчењето е голем проблем за милиони луѓе. Многу луѓе кои што хрчат всушност патат од пореметувања во РЕМ фазата. За време на РЕМ фазата личностите искусуваат неправилно дишење, покачување на крвниот притисок, живи сништа и парализа. Луѓето што хрчат вообичаено сонуваат, но не се сеќаваат на соништата како што чесо се сеќаваат луѓето кои што не хрчат. Постојаното хрчење може да доведе до пореметување во РЕМ фазата кое што се одликува со отсуството на атоналност, т.е. парализа за време на спиењето. Тоа отсуство предизвикува луѓето да бидат физички активни во нивните соништа. Таквата физичка активност во себе вклучува нешта како викање, зборување, удирање, клоцање, подскокнување од кревет, па дури и зграпчување, а идниот ден вообичаено не се сеќава на ништо од тоа.



1. Живите сништа помагаат при учењето



РЕМ сонувањето започнува кога сигналите се пренесуваат од делот на мозокот наречен понс. Овој дел пренесува сигнали до таламусот, кој што ги пренесува до мозочната кора. Мозочната кора е делот од мозокот кој што е задолжен за процесот на учење, размислување и организирање на информациите. Понсот исто така испраќа и сигнали кои што ги исклучуваат невроните во рбетниот мозок, кое што предизвикува привремена парализа за време на РЕМ спиењето. РЕМ фазата го активира делот од мозокот кој што го употребуваме за учење. Тоа е значаен фактор за развивањето на здравиот мозок за време на детството. Тоа го објаснува фактот дека децата поминуваат поголемо време во РЕМ спиење отколку возрасните. Уште повеќе, РЕМ фазата се одликува и со зголемување на протеините во мозокот. Биле извршени проучувања во врска со РЕМ спиењето и процесот на учење. Одвоени групи на луѓе биле учени на исто нешто, и поголем процентлуѓето кои што за време на спиењето ноќта влегле во РЕМ фазата, утрината можеле јасно да се сетат на тоа што го учеле претходниот ден.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,180 секунди.