IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 21:19
Направив план!задоволство

Ќе заспијам в зори! Така ќе го прескокнам сонувањето
и посебно во полусон нервирањето
оти пак ја оплескав.воздивнување

Во иднина, тоа што сакам да ти кажам, ќе го пишувам, за да не мислиш дека имам говорна мана кога сакам да се правам јак штих, а јазикот во устава ми прави некои неконтролирани пируети и на крај саботерски ми се врзува во чвор. „@gT;&-..$#>

И мораше ли да ги облечам баш највисоките штикли, кои успут ми прават плускавци??? Па кога така фина, дотерана и лелеава, лепршав накај тебе, мораше ли да ми се превитка ногата баш во моментот кога ти исцвркутав - Здраво?!?!

А толку беше згоден...и фин...и нежен...ммммммм......мечтаење
и ми поверува дури кога ти објаснив дека всушност сум зиморлива, затоа се тресам, а ти си мислеше од трема? - хахаха ма даај...ма%20ајде
И толку многу ми обрнуваше внимание, што повремено се завртував зад мене да проверам да не оставам траги од топење.
И имаше супер план за романтично попладнероза, и каде уште ќе ме шеташ и што ќе ми покажуваш....

А јас ти реков дека морам да одам
и во истиот момент си опцув матер
кога ги видов тие разочарани преубави, преубави....уф...преубави очи,
ама, реков, морам, имам страшни обврски од типот на пропаст на светот...

- а мене всушност ми се вриштеше колку ме болеа............штиклите.кокошка
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 14:20
Кликни го, за тебе е
http://www.youtube.com/watch?v=oFSRs7iqAv8&feature=fvst
чувствувај ме...



Облечена во излитен балски фустан за матура
со засушени дамки од црвено вино,
години минав оплакувајќи го своето умирање.

        Те сакам,
              ме сакаш,
зашто сме направени од ист материјал
и двајцата насадени накриво.

Лицемерна е нашата смеа,
патетичен обид да бидеме како другите,
и пак е само увертира во мол
Бетовен, moonlight sonata и...

           ме имаш...
                 те имам...
                      убаво е...

Требаше прво да се навикнеме на нашите искри
па после да си ги спржиме очите.


          гушни ме...
               сокриј ме...

          тука си...
               топло е....
                   добро е...







Изменето од kejt-d-grejt - 26.Септември.2009 во 14:24
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2009 во 23:29
           НЕ ДАЈ СЕ ИНЕС

Возев накај дома полека, немав веќе рефлекси за да поминувам на жолто и си правев во главата супер план задоволство
Ќе ги метнам чевлите уште од врата, ќе се пикнам под туш...мммм...... ќе си ја земам Бриџит Џонс и ќе се опуштам максимално едно два три саати, а после ќе заспијам ко бебе до сабајле.
И нема изненадување да уклучам вечерва компјутер.! Недоволното спиење го забавува метаболизмот, значи ако продолжам со ова темпо, ќе станам дебела и избрчкана...пу...пу...пу...(поарно никогаш нека не не' примат во EU отколку тоа)
Првиот чекор од планот, успешен! Ги фрлив чевлите.
Ама толку.тага
Маж ми имал тежок ден на работа и му се праеше муабет. Моето лошо јас ѓаволми шепкаше, речи му утре ќе ми кажеш, речи му ма, речи му, помисли на тушот! Слушам, му реков (тушот не ми бега и за пола час)ангел На крај, колегијално, заедно во дует, ја испцувме владата и .... си дојде син ми убав на мајка од тренинг целиот испотен. Се џитна право в купатило, а јас морав да стојам на врата за да ми кажува како си поминал и уште да ми порапува некоја глупост од дебилот Слаткар, (се гази од смеење од тоа како мене ми се повраќа од идиотот)болен
Влегов после него во купатило, се прошлакав на брзина со полу млака вода и пишман се сторив заради тоа, ама облеков пижами и си реков, ај барем сега ќе си читааааааааммммм.... јес!!!
Е, ама.... није нам било суџено, систер
Ќерка ми кога ме виде дека читам и' текна дека има нови сликовници и ми рече, плисссс мами да си читамееее......среќа - цивкалче мало, ела одбиј ја нешто (цела на мајка) Баш можев да и речам, време е за спиење, сабајле ќе читаме....ама тогаш ми текна колку е важно на оваа возраст да и' се чита и.... ја зедов до мене.
Конечно сите заспаа ох
Мир!!!
Бриџит, не ти било судено! Компјутерон е слободен! И никој нема да ми виси над глава, стани! стани!
Јупиииииии........ Уште една вечер неспиење, кај била, кај не билатанцување






Изменето од kejt-d-grejt - 28.Септември.2009 во 23:49
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 01:09
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:

 
 
Додека те чекам,
уморна од жонглирање со уплашени мисли
безволно се предавам на сожалувањето.
Капи месечината по мојот темен прозор
ja потценувам и неа и се' што нема врска со тебе
Добра ми е мене болката, ако и таа замине, ќе немам ништо твое.
Имаш поглед за кој вреди да се умре
и ќуд, која не ми дава да живеам.
Се навикна веќе на моите подароци од скршена гордост
Те молам не земај ми ја лагата,
вистината ќе побара да свртам страница, а јас тоа не можам
                              
Додека те чекам,
се повеќе верувам дека утрото ќе дојде со празни куфери.
 
Не јадам гомна, избриши ја ако не ти се допаѓа.
 

 




Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 00:15
Беа тоа години на колективно плачење по Тито плачење, оти.... од не знам која причина, го сакавме повеќе од било кој на светот.
(Ова во стилот на еден руски филм, кога девојката го прашува дечкото, Ме сакаш ли душо? Ме сакаш ли најмногу на цел свет?, а овој ја исправа главата и со сета своја руска гордост и' одговара, Какво глупаво прашање, се разбира дека другарот Сталин го сакам повеќе од тебе! Ама веднаш после него - тебе!!!

И беа тоа години на два програми на телевизија, Дуца и Хит месеца во четврток, Бајага, Чорба, Електрични оргазам и...ммм...... Азра  јеси ли сама овуууууу.....нооооЧмечтаење
Како мајмуни скокавме по фотељи на секој даден кош на Дражен Петрович, а на полноќ викавме духови и ги прашувавме дали Југославија ќе се распадне (тоа ти е кога имаш само два програми на ТВ и ни трага ни глас од Гуглиња и Фејсбуцине%20знам)

Мајка ми сакаше да бидам примерно девојче, па од 12 години ме учеше да правам лења пита со јаболка и да вадам кројки по Burda. А татко ми се чувствуваше по малку хендикепиран што нема машка челад, па ме викаше синот на тато.

А после дојдоа војните...тага дада ми србинка, си ја стружеше устата со шмиргла, што пред две лета се бакнуваше на плажа во Херцег Нови со Ален од Сараево. А дури шетав по Калемегдан, имав чувство дека на чело ми пишува ,,предавник,, - оти Киро Глигоров потпишал отцепување.

Како и да е..... после се омаживме....и се разделивме.
Една во Италија, друга во Скопје, тој во Белград....
а јас тука...
ги чекам секое лето
и им организирам блесави проводи. До сабајле!!! Без мажи!!!

еххх......

Дете, тури уште една...
иии.....

...јеси ли сама....овуууу...... ноооооЧбакнеж







Изменето од kejt-d-grejt - 03.Октомври.2009 во 00:18
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 21:38


Таа е кукла од пластелин

заборавена на испрашена полица
Има коса од испарана вуница
и фустан од парталчиња.
Не знае што се чувства
и никогаш не запозна љубов.
Таа е кукла
глупава кукла од пластелин.

                       Таа е река во индустриска зона
                       и минува крај фабрички испусти.
                       Мириса на сулфур и киселини
                       а нејзините риби одамна се мртви.
                       Таа е река,
                       мртва река во индустриска зона.

Таа е јајце заборавено во фрижидер
и гледа светлина штом ќе отвориш врата
Немаше к'смет да ја снесат пред Велигден
и никогаш не ти ги зацрвени образите.
Таа е јајце
обично јајце плеснато на плочки.








Изменето од kejt-d-grejt - 10.Јуни.2011 во 11:50
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 13:21
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:


Јас сум кукла од пластелини седам на трон од влажен картон.Имам коса од испарана вуницаи фустан од парталчиња.Не знам што се чувстваи никогаш не запознав љубов.Јас сум куклаглупава кукла од пластелин.                       Јас сум река во индустриска зона                       и минувам крај фабрички испусти.                       Мирисам на сулфур и киселини                       а моите риби одамна се мртви.                       Јас сум река,                       мртва река во индустриска зона.Јас сум јајце заборавено во фрижидери гледам светлина штом ќе отвориш вратаНемав к'смет да ме снесат пред Велигдени никогаш не ти ги зацрвенив образите.Јас сум јајцеобично јајце фрлено на плочки.плаааасссс.....


ти не си нормална!
ти си чудесна!
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 13:22
пласссс..... бакнеж
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2009 во 00:02

Многу нешто сум носталгична во последно време. Мислите ли дека стареам? размислување

Во мојата поширока фамилија, јас бев најпрво роденото внуче и со самото тоа
, нормално, мене ми падна обврската да ги исполнам сите неостварени амбиции на тетки, метки и слични плетки. (Ма, имав јас после и еден куп други братучеди, ама за нив веќе се изморијане%20знам)

- ќе свири клавир! - не, не, виолина!!!
- ќе тренира гимнастика! - не, гимнастичарките остануваат ниски, подобро одбојка!
- одбојкарките се машкобањасти, а да биде балерина???задоволство
На шест години, на систематски од школо, ми дадоа очила - иииииии Achtung, achtung!!!изненадување......потрага!!! кој е најдобриот офталмолог во Скопје??? не, не во Скопје, правец - Белград!
А мош мислит тек кога ми излезе првата бубуљица загриженост

Е.... се замоми чупето и реши да си фати дечкооооо..... (ова ко Борис Мајсторов да раскажува)
...арно ама, не оди тоа туку таканека%20ти%20е%20срам. Мора првин на комисија да помине,. Планот беше, да ме пречека дечково и јас да речам како мене нешто многу ми се шета и да завртиме еден поооголем круг, пред куќата на баба ми, а тие да не' ѕиркаат од прозор.
Речено - сторено, со една мала измена - тие како чочки наредени стоеја пред порта, фатени под рака со блажен ала-мона-лиза осмех на лицатасреќа
Помина типов на комисија, урааа!!!! - Тете, како глумец е!голема%20насмевка
До ден денес им е најомилениот зет.

и....минаха години и сега сама себе си се лутам (од после додуша) кога ќе се сетам дека и јас сега истото го правам.
Син ми денес се удвара на msn или facebook, а јас наведната зад него ги гледам кандидатките - оваа чини, оваа не! аауууу....сине, види ја како се наместила за сликање - бриши тоа.
една вечер му викам, ајде касно е, кажи и на момава, мајка ми ми вели да се напијам млеко и право в кревет.
И тој стварно така и напишагазење%20од%20смеење

ееехххх....
убав тој на мајка
мечтаење






Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2009 во 22:29

Премногу вистински за мој вкус е овој Октомври

                                  шшшш.....не е важно,
                                  не зборувај, пиле мое
                                  вечерва ми е страв
                                  вечерва,
                                  ќе се сакаме со молчење.

Јас имам ветер во џебови
и дарба да ја мачам среќата.
Не успивај ме со слатки зборови,
сакам да заспивам плачејќи.
ќе се соберам во круг
како натепано куче
и ќе си цивкам до сабајле.
Така ми е добро.

А тогаш... дури уште спиеш
и мирисаш на ти,
тивко на прсти ќе ти дојдам
да ти донесам појадок
од меки облини
и крцкави воздишки.
бакнеж


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2009 во 09:08
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:

(на Енџи, моето драго коковче)
 
Не труди се, и онака нема да успееш
а и што ќе ти е, секој да те сака
Ветер е тоа, морска пена!
Високите судови те ценат
и кога те казнуваат.
Лавиринтот, мила моја не е лош
ма, добро е дури го има
во ќорсокак одмори се,
за трчање подготви се!
Излезот е кулминација
но миг е издишката.
Јас те сакам колку сто мина без лица.




Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2009 во 09:27
бакнежголемо%20гушкањебакнеж

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 18:00

                                              Денес ми недостасуваш,
                        а јас пробувам да те заменам со Гриоти.

Топлината во собава
и кап...
кап...
капките на олукот
ми режираат некој филм
што личи на мир
но не е спокој.

                 Зошто уште те нема?

Знааам...
постојат милион изговори
и јас ветувам, ќе поверувам во нив,
само дојди побрзо да ми ги објасниш
зашто почнувам да станувам
                                  хммм....
                                  загрижувачки...
                                  вознемирувачки...
                                  опасно...
                                  алармантно...
                                  ...
                                  ......лигава.








Изменето од kejt-d-grejt - 18.Октомври.2009 во 18:01
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2009 во 23:03


Ги сакам нашите безделничења,
тогаш времето заминува на пауза за ручек
и не' остава сааааами....
ти си мојот полнач на батерии,
мојот скокоткач и тркалач
- те сакам
- јас тебе повеќе.

                              Ова е свет во кој се смеат кога се умира од љубов
                              јаки штихови со тенки црти место усни,
                              к*рви со златен крст на полуголи силикони
                              ова е свет кој ме уморува

                              Заклучена во ковчег од непотребни принципи,
                              ти плетам крвава кошула до коприви.
                              Вистинските вредности никогаш не биле на цена.
                              Заљубена сум во твојот чесен збор
                              право да ти кажам, и во твојот инает
                              поклони ми уште неколку вечности
                              белким ќе успеам да ги пронајдам
                              вистинските зборови

- јас тебе повеќе!
- нема шансибакнеж






се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.