|
Кирилица пред СВ.Кирил и Методи-воэможно ли е? |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:13 |
Камена плоча, стара меѓу три и девет илјади години, на која е претставена фигура во оклоп на астронаут како храни еднорог крилат коњ, веќе сто години се наоѓа во семејното наследство на едно кумановско семејство. Контрадикторноста на овој артефакт е во натписот над изрезбаната претстава со испишаниот збор АСКАРИТЕС, за кој сопственикот тврди дека е кирилично писмо. - Тезата што би ја наметнал фактот за присуство на крилично писмо на камен стар повеќе од 3.000 години ја надминува интелектуалната и духовна храброст на македонските археолози и историчари на кои тоа им звучи како научнофантастична приказна. Не сакам да правам сензација, но сакам да ја откријам тајната за овој артефакт, за кој веќе постои интерес од странство - вели Миќо Насковски, сопственик на камената плоча. Телевизиски станици од Турција и од Шведска, дознаваме, побарале снимање на овој необичен предмет и на целата негова приказна во документарна емисија, а со Насковски веќе контактирала и американската агенција за вселенски истражувања НАСА. Во настојување да обезбеди официјална научна верификација на камената плоча, Насковски се обратил до сите надлежни институции и поединци, но се уште не добил соодветно толкување за необичниот предмет. - Се обратив до сите релевантни адреси, но досега не сретнав научник или институција со интелектуална и духовна храброст официјално да ја потврди староста на предметот, кој непрецизно го датираат во класичниот период - вели сопственикот, за кого кириличниот натпис на предмет стар повеќе од дваесет века е причина за менување на сите досегашни толкувања на историјата. Во Заводот за заштита на спомениците на културата, камената плоча ја прегледале двајца археолози и еден епиграфичар. - Според иконографскиот приказ и палеографските особености на натписот АСКАРИТЕС, плочата временски му припаѓа на класичниот период. Тоа е периодот пред нашата ера, но за попрецизно датирање е потребна подетална анализа на наодот - вели Миле Велчевски, археолог во Заводот. Камената плоча со димензии 63х75х15 см е фрагмент од надгробна стела и претставува типичен пример на семеен надгробен споменик. Пронајдена е покрај еден селски бунар во близина на Свети Николе. - Плочата потекнува од археолошкиот локалитет Поза рид - Шојлеви камења, Светиниколско. Во овој регион се пронајдени повеќе такви написи. Не станува збор за кирилично писмо, туку за натпис што е комбинација на латински и грчки јазик. Каменорезецот го резбал натписот во судир на две цивилизации - старата архајска и новото римско време - вели Милан Ивановски, директор на Заводот за заштита. Неколкумина реномирани македонски археолози и историчари на уметност ја виделе плочата, но се воздржуваат од официјални изјави. - Би сакал да верувам дека претпоставките се точни, но тоа е тешко да се утврди - вели археологот Паско Кузман. Предметот го разгледувале и лингвистите од фондацијата „Небрегово“, кои, според сопственикот, биле фасцинирани од присуството на кирилично писмо на предмет од антиката. - Ова е споменик на древномакедонската писменост и култура во Македонија, меѓутоа за неговото прецизно датирање и значење се неопходни посеопфатни истражувања и споредбени анализи. Кај нас, за жал, нема таква институција што се занимава со древната палиграфија и што ќе може да даде точно толкување - вели Васил Иљов, конзерватор од Градскиот завод за заштита на спомениците на културата. Семејството на Насковски и натаму ја чува оваа плоча, која речиси цел век се пренесува на следните генерации како семејна реликвија. Etymology: askarag (TAMIL language)=obvious, evident askaragenidan (TAMIL language)=reveal, confess askaragih (TAMIL language)=revelation, confession maskarin (SANSKRIT)=a religious mendicant ; moon. ; author ; another man maskarin (TAMIL language)=religious mendicant |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Невозможно.
Вика се Кирилица заради св. Кирил.
Се друго е измислица...... Изменето од емил - 03.Октомври.2009 во 16:24 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И која од буквите не е грчка, та да се бара под волот теле?
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буквите на каменот се очигледно кирилични,но проблемот е што потекнуваат многу пред св.Кирил и Методи.
п.с.Би те эамолил просветителот да не го викаш по име сепак ниту ти е другар ниту е некој политичар од денешно време,малку почит кон светителот |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам,эа едитот,верувам дека е ненамерен.
Да продолжам,докаэот(плочата) е эапрепастувачки и темава немаше да ја постирам доколку беше само тоа единствено нешто пронајдено во таа смисла.Но еве во месноста Маргум кај Пожаревац уште едно сомнително кирилично писмо од рано-Римски период |
|
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bukvite znaes izvorno od kogo se?
|
|
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај се гледа "кирилица", Навистина јаки институции и експерти! DIMORILO |
|
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"фигура во оклоп на астронаут како храни еднорог крилат коњ," Abe sto da se rece, genijalno: prviot lokalen astronaut so kirilicno ime. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ко да ви е криво вака според пишување
|
|
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, криво, туку ќе пукнам. "Телевизиски станици од Турција и од Шведска, дознаваме, побарале снимање на овој необичен предмет и на целата негова приказна во документарна емисија, а со Насковски веќе контактирала и американската агенција за вселенски истражувања НАСА." да не знам, дека во мојата татковина имало космонаути со скафандери и на крилати коњи,а дури пишувале и кирилица. Абе, има да пукнат Русите и Америте, да не зборуваме за Кинезите. Да не чујат данајците, ќе дојде Дора да ги бара коњите. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Super
|
|
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да е супер, не е. Ќе останеме без коњи. |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам кој ги пишува тие текстови, ама ми се чини дека и поима нема дека кирилицата се темели на грчката азбука.
Тоа го напишал уште Црноризец Храбар. Поради спецификата на славјанската реч биле додадени некои букви Б, Ж, Ц, Ч, Ш, ШТ, и јат, јусовите, јотираните ... Сите останати букви си се грчки. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да супер ке останете беэ коњи
А ти каснакоски неэнаеш дека тоа со Грчката аэбука е само теорија - исто како што е и теорија самата Грчка аэбука Изменето од Boogie - 03.Октомври.2009 во 20:51 |
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |