IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Олимпијадата во 2016 во Бразил
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олимпијадата во 2016 во Бразил

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Олимпијадата во 2016 во Бразил
    Испратена: 03.Октомври.2009 во 12:22
БРАЗИЛ И ЈУЖНА АМЕРИКА ГИ ДОБИЈА ПРВИТЕ ИГРИ
"Самба Олимпијада" - Рио е најновиот олимписки град!

Конечно, Јужна Америка добива Олимпијада. Игрите во 2016 и официјално патуваат во "најзабавниот" град на светот Рио Де Жанеиро. Во гласање полно со драма, бразилскиот град на плажи, планини и самба го совлада изненадувачкиот финалист Мадрид, кој доби помош од многу влијателен пријател. Чикаго беше нокаутиран во првата рунда во еден од најшокантните порази во гласањето на ИОЦ, додека Токио, кои беа аудсајдери отида еден чекор пред Американците.

Рио прати порака до членовите на ИОЦ - дека едноставно не е фер Јужна Америка досега да нема Олимпијада, додека Европа, Азија и Северна Америка добиваа често такви шанси.

"Време е да се исправи оваа неправда. Време е олимпискиот оган да гори во тропска земја", изјави бразилскиот харизматичен претседател, Луис Игнасио Лула Да Силва, поранешниот лидер на синдикатите.

Изненадувачкиот успех на Мадрид дојде откако поранешниот претседател на ИОЦ, Хуан Антонио Самаранч застана зад шпанската престолнина потсетувајќи ги на шега членовите на ИОЦ дека има 89 години.

Скоро 50.000 луѓе еруптираа во карневалската атмосфера на познатата Копакабана плажа. Забавата сигурно продолжи целиот ден, а официјалните лица најавија присуство на над 100.000 луѓе. Рио трипати не успеа да добие Олимпијада, по неуспешните кандидатури во 1936, 2004 и 2012.

Кога Рио ја најави кандидатурата за Олимпијадата, шансите за успех изгледаа непостоечки. Проблеми како урбаното насилство, хаотичниот сообраќај и загадувањето покажуваа дека бразилската метропола има малку шанси против ривалите од западниот свет со подолга традиција во организирање на големи натпреварувања. Но, во петок дојде апсолутен триумф.

"Сите очекуваа во некој момент некој лош проблем во Рио. Но, тоа никогаш не се случи и резултатот на тоа се виде - кариока проектот доставен до ИОЦ беше од многу добар квалитет", изјави еден анонимен член на ИОЦ за германската новинска агенција ДПА.

РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016

Слоган: Живеј ја својата страст

Датум: 5-21 август 2016

Буџет: 13.920.000.000$ (2.82 милијарди $ олимписки буџет, 11.1 милијарди $ за инфраструктура)

Приходи: 1 милијарда $ од ИОЦ, 570 милиони $ од спонзори, 406 милиони $ од билети

Објекти: 29 објекти + 4 фудбалски стадиони. 18 постоечки објекти.

Свечено отварање: Маракана стадион

Олимписко село: 34 згради со 17.700 кревети, на продажба по Игрите

Сместувања: 13.000 хотелски кревети.

Јавна поддршка: 85% во Рио, 69% во Бразил

За: Први ОИ во Јужна Америка, висок ТВ приход од американскиот пазар

Против: Висок криминал, лош транспортен систем, малку хотелски соби. СП во фудбал доаѓа во 2014.

КАКО СЕ ГЛАСАШЕ ЗА 2016

ГРАД 1 КОЛО 2 КОЛО 3 КОЛО

Рио Де Жанеиро (Бра) 26 46 66

Мадрид (Шпа) 28 29 32

Токио (Јап) 22 20 -

Чикаго (САД) 18 - -

Пропаст на олимпиското коцкање на Обама

Политички ризичното олимписко коцкање на американскиот претседател Барак Обама не успеа да донесе злато во петокот, кога членовите на ИОЦ го одбија неговиот приод и го исфрлија Чикаго во првиот круг на гласањето за 2016. Обама заедно со сопругата Мишел и со Опра Винфри заминаа во данската престолнина да помогнат на Чикаго, отфрлајќи ги обвинувањата на републиканците кои сметаат дека не е време за таква авантура.

"Ако го изберете Чикаго, тогаш ви ветувам дека ќе го одиме овој пат заедно. Градот Чикаго и Соединетите Американски Држави ќе го направат светот горд", изјави Обама на прес-конференцијата пред изборот.

Последните две искуства на ИОЦ со САД беа одбележани со контроверзи. Прво во 1996 година во Атланта имаше бомбашки напад, а потоа во 2002 Солт Лејк Сити ги доби Зимските Игри по најголемиот олимписки скандал во историјата околу подмитувањето на членовите на ИОЦ. Сепак, австралискиот член, Кеван Госпер на ИОЦ вели дека загрижен за последиците.

"Навистина сум шокиран. Да се има претседателот на САД и неговата сопруга тука и потоа да се излезе во првото коло е ужасно. Ова може да направи голема штета на односите на ИОЦ и Американскиот комитет", предупреди Госпер.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:27
Здравје до 2016 интересно ќе биде на олимписки игри, само за жал за нас ќе се одржуват на малите екрани, а не во Рио!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 00:01

Brazilcite uste sega racunaat kolku pari ce zarabotat so nivnata situacija ala ' dve muvi so eden udar'....

Stadionite za koi ce se trosat pari ednas ce donesat pari dva pati , em za svetsko em za olimpujada....i baska sto nivnite stadioni se sekogas polni...Sekoja cest za Brazil...да

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.