IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 21:04
Ферари и Алонсо конечно заедно



По две години искажување симпатии еден кон друг преку медиумите, но истовремено постојано негирајќи ги шпекулациите дека симпатиите ќе вродат со взаемен договор, Ферари денеска објави дека го ангажира Фернандо Алонсо за три години, од почетокот на 2010 до крајот на 2012 година.

- Горди сме што можеме во нашиот тим да му посакаме добредојде на уште еден победнички возач, кој демонстрираше вонсериски талент со освојувањето на двете шампионски титули во неговата досегашна кариера. Се разбира, сакаме да му се заблагодариме на Кими за се што стори во текот на времето минато во Ферари: во првата сезона со нас успеа да ја освои возачката титула со што придонесе кон историјата на Ферари, а имаше и витална улога во освојувањето на конструкторските титули во 2007 и 2008 година. Дури и во тешка сезона како оваа тој го демонстрираше својот талент со неколку добри резултати, вклучувајќи ја тука одличната победа во Спа, но убедени сме дека можеме да споделиме уште добри спомени во текот на последните три трки оваа сезона,- вели во тимското соопштение издадено по овој повод, тимискиот шеф Стефано Доменикали.


Од своја страна, Финецот се уште нема објавено каде ќе ја продолжи кариерата, но во повеќе наврати спомна дека засега не планира да се префрли во рели трките, туку да остане во Формула 1.

- Со заедничка согласност го раскинавме договорот кој ме врзуваше со Ферари до крајот на 2010 година, една сезона пред истекот. Жалам што го напуштам тимот со кој поминав три прекрасни години, време во кое победив на многу трки. Заедно, освоивме 50% од можните титули во тој период, а јас успеав да освојам и возачка титула во 2007 година, со што ја остварив целта која што си ја поставив на почетокот на кариерата. Секогаш се чувствував како дома со секого од овде и ќе имам уште многу среќни спомени од моето време со тимот,- гласи писмената изјава на Раиконен.


Шпанскиот автомобилист кој на претходната трка во Сингапур потврди дека нема да остане во Рено и дека донел одлука за заминување од француската екипа, во својата изјава потенцира дека среќен и горд.

- Многу сум среќен и многу горд што станувам возач на Ферари. Да се вози едносед од ергелата на гордото коњче е сон на на секој што е во овој спорт, а денес јас ја имам шансата да го остварам овој сон. Над се, сакам да му се заблагодарам на претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, кој навистина го сакаше овој тригодишен договор. Веќе имавме договор летово кој требаше да почне од 2011 година, но последниве денови ситуацијата се смени и одлучивме да го подраниме моето доаѓање во Маранело за една година. Годините во Рено беа фантастични, заедно освоивме четири светски титули, две возачки и две конструкторски, а до денешен ден и 21 гран при победа. Му посакувам на тимот се најдобро и се надевам дека ќе освоиме добри резултати до крајот на трките оваа година. По крајот на сезоната, ќе ги вложам сите мои напори во следната сезона. Сигурен сум дека заедно со Фелипе ќе им понудиме на Ферари и на навивачите од целиот свет одлична сатисфакција. Едвај чекам да почнам со работа со мојот нов тим,- вели Алонсо во својата прва изјава за тимската прес служба на Ферари.
Првата од трите трки до крајот на оваа сезона се вози викендов на патеката Сузука, а новата сезона почнува на 14 март 2010 година.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 04:48
Алонсо е вистински избор за иднината



Тимскиот шеф на Ферари, Стефано Доменикали, даде кусо интервју за тимската прес служба по повод објавувањето на веста дека Фернано Алонсо се приклучува кон Скудерија од почетокот на 2010 до крајот на 2012 година. Тој се осврнува на времето минато со Раиконен, а открива дека покрај Фелипе и Фернандо, трет возач на тимот ќе биде Физикела, човекот кој му асистираше на Шпанецот при освојувањето на претходните две шампионски титули.

- Среќни сме дека го направивме овој договор со Фернандо, кој не е само возач со голем талент, туку исто така и победнички тип, како што покажа многу пати во текот на неговата кариера, притоа и во многу тешки околности. Неговиот придонес ќе биде многу значаен за да го вратиме Ферари на нивото каде што треба да биде, да се бори за врвот.


- Како дојдовте до него?

- Како што неодамна изјави претседателот Монтеѕемоло, сите големи шампиони сакаат да дојдат во Маранело, порано или подоцна. Со Фернандо почнавме да разговараме за иднината од 2011 година, но тогаш се случи условите да се антиципираат за почеток на нашата врска уште од следното првенство, па префериравме да ја искористиме можноста.



- Како ќе изгледа посадата на Скудерија следната сезона?

- Веднаш до Фернандо ќе биде Фелипе Маса, кој заздравува мошне брзо кон неговата најдобра состојба, заедно со Џанкрало Физикела како замена. Веруваме дека ова е најдобриот можен пар за тим како нашиот: Фелипе и Фернандо се два победоносни возачи и тие одлично ќе се интегрираат еден со друг и со екипата.



- А каква е ситуацијата со Раиконен?

- Зборувавме со Кими и се согласивме да го прекинеме договорот една година пред рокот. Трите години минати заедно беа мошне интензивни и успешни, а кулминација беше несекојдневната победа и титулата во 2007 година, како и пресудниот придонес за освојување на двете конструкторски титули. Оваа година, болидот не ни беше меѓу најдобрите на патеката, а Кими покажа што е способен да направи, особено во вториот дел од сезоната. Тој му даде многу на Ферари, но доби многу. Сигурен сум дека ќе го памети времето со нас како најдобро во неговата кариера, исто како што ние ќе го паметиме него со почит поради неговиот несекојдневен возачки талент, но и како што тоа го заслужува еден чесен, искрен и лојален човек.



- Какво е расположението со кое влегувате во последниот дел од сезоната?

- Се наоѓаме на третото место во поредокот на конструкторите, но знаеме дека ќе биде тешко да го задржиме. Видовме дека многу тимови се уште ги развиваат болидите, додека ние ја вложуваме целата наша енергија во болидот за 2010 година. Уште повеќе, како ниедна сезона претходно, има многу тимови кои се борат за победа, но има толку малку места на подиумот. Кими и Џанкарло го имаат потребниот стимул за да дадат се од себе во последните три трки.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 22:24
ќе ми биде чудно да навивам за алонсо
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
vkk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vkk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 00:20
nemojj voopsto da navivash za negoo
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 05:00
Originally posted by vkk vkk напиша:

nemojj voopsto da navivash za negoo


a da ne treba site za McLaren i Hamilton da navivame a
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 05:21
Неизвесна иднината на Kimi



Додека се шират шпекулации за Robert Kubica и Renault, иднината на уште еден одличен возач е далеку од сигурна.

По објавувањето дека Kimi го раскина договорот за 2010 со Ferrari, тој веќе потпиша преддоговор и е добредојден во тимот за кој настапуваше од 2002 до 2006, McLaren.

Но, кога Kimi зборуваше со новинарите на Suzuka, тој не ни потврди дека ќе се натпреварува во F1 трките наредната сезона.

"Mожеби ќе се натпреварувам, можеби не. Немам амбиции да одам во мал тим, моја единствена цел е да се натпреварувам во тим со кој ќе имам шанса да ја освојам титулата. Инаку, бесцелно е да останам во F1," изјавува Kimi.

Raikkonen, најави дека има преддоговор со McLaren, а исто така се очекува наскоро и договор, но исто така тој алудираше дека има голема желба за рели натпреварите.

"Има шанса да се случат и двете нешата. Сеуште незнам за што ќе се одлучам. Ќе видиме, ќе одлучам наскоро. Одсекогаш сум имал одлични односи со McLaren. Има можност да седнам во нивниот болид, но засега не размислувам многу за иднината" додава Финецот.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 03:33
Massa - Alonso влијаеше на титулата во 2008



Felipe Massa веќе го доби партнерот во Ferrari, Fernando Alonso, но според најавите кои доаѓаат, на Шпанецот нема да му биде лесно во Ferrari. Бразилецот изјавува дека со победата на Alonso во Сингапур, која се покажа како наместена, тој директно влијаел на борбата за титулата.

Massa кој се опоравува од повредитe на черепот и ќе се врати во F1 наредната сезона изјавува дека Alonso треба да биде дисквалификуван од првата ноќна трка поради скандалот.

"Се што се случи на патеката, влијаеше на конечниот резултат и борбата за титулата, но ништо не се превзеде. Тоа не е исправно," изјавува Massa за Бразилската телевизија Globo. Маssa се осврна на пит стопот кој што го направи предвреме поради излетувањето на Nelson Piquet кое се покажа како намерно, а по кое излезе безбедносното возило. Исто така додава дека неможе да ги свати правилата кои што дозволуваат менување на резултатите само по неколку недели од завршувањето на шампионатот, а рассветлувањето на скандалите доаѓа покасно, па и да се докаже обратното, резултатите не се менуваат.

"Имам забележано во фудбалските натпревари, ако судијата земе поткуп за да ја наместат утакмицата, откако целата работа ќе се рассветли, резултатот се поништува. Во Италија, Јувентус беше испратен во Серија Б поради местење натпревари. Но во F1, само го испратија Briatore дома. Мислам дека тоа не е исправно." додава Massa.

Сепак, колку и да се буни Felipe за резултатите не можеме а да не му го забележиме предвременото тргнување од пит стопот на Ferrari носејќи го со себе цревото за бензин прикачено на болидот.

Изменето од Iron Man - 03.Октомври.2009 во 04:15
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 15:31
Originally posted by vkk vkk напиша:

nemojj voopsto da navivash za negoo
не можам, или за цел тим навивам, или за никого, а сум доживотен фан на ферари голема%20насмевка
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 21:21
Мекларен се разделува со Мерцедес?



Една од најголемите вести на патеката Сузука овој викент е онаа дека Мекларен може потполно да се раздели со Мерцедес по крајот на сезоната.

Според германските весници, големиот план на поранешниот тимски шеф а сега председател на Мекларен Груп, Рон Денис е да го продолжи производството на БМВ како снабдувач на мотори за Ф1.

Со ова ќе му се даде потполна слобода и независност на британскиот тим како произведувач на шасијата и моторот. Од друга страна Мерцедес ќе можат да се концентрираат потполно на соработката со Браун ГП.

Во овој момент од Мекларен имаат договор за добавување на мотори од Мерцедес-Бенз за следните две години но Денис е сигурен во успехот на новиот болид на компанијата МП4-12Ц по што целата компанија може во потполност да си ја осигура независноста од германскиот производител. Исто така се шпеклуира дека инвеститорите во Мекларен од Бахреин можат да помогнат во реализацијата на овој план. До овој момент Мартин Витмарш ги одрекува овие шпекулации.

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 03:58
Како Батон може да ја освои титулата во Бразил



Неверојатното представување на пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел кој со победата си ги задржа шансита за титулата.

Џенсон Батон ќе стане светски шампион уште на патеката во Бразил доколку се исполнат неколку услови.

Џенсон е со најголеми шанси во однос на неговите двајца противкандидати, Барикело и Фетел.

Денес повторно ќе ве запознаеме со различните варијанти со кој на трката во Бразил Батон би станал светски шампион:

- Да победи на ГН на Бразил
- Да стигне на целта како втор
- Да да се качи на подиумот како трето пласиран
- Да заврше четврти а Барикело да остане втор или поназад.
- Да заврше петти а Барикело да остане втор или поназад
- Да заврши на 6. позиција а Барикело да биде неподобар од третото место а додека пак Фетел да биде втор или поназад.
- Да заврши 7, - Барикело да остане трет - Фетел втор
- Да заврши 8. - Барикело да биде четврти а Фетел трети или поназад
- Да освои еден поен - Барикело да биде петти а Фетел трети.

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2009 во 04:34
Рубенс Баричело потпиша за Вилијамс



Според извештаите на релевантните бразилски медиуми, 37-годишниот бразилски пилот на Формула 1 Рубенс Баричело идната година ќе вози во болидот на Вилијамс.

Веста ја пренесува телевизиската станица „Глобо“, како и дневникот „Фолха де Сао Паоло“, кои велат дека Баричело со Вилијамс веќе потпишал договор за 2010-та година со можност за продолжување до 2011-та.

Моментално Баричело е во борба за шампионската титула, бидејќи претставува најголемиот конк*рент на својот тимски колега Џенсон Батон во Браун Мерцедес тимот. На две трки пред крајот на сезоната Батон води со 85 поени, додека Баричело заостанува со 14.

Баричело така зад воланот на Вилијамс би требало да седне како замена за Нико Розберг, додека бразилските медиуми предвидуваат дека тимски колега ќе му биде Нико Хулкенберг, 22-годишниот актуелен шампион во ГП2 серијата и тест возачот на тимот, кој би требало да го замени јапонецот Казуки Накајима.

sportdenes.com


Изменето од Iron Man - 14.Октомври.2009 во 04:36
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 04:33
Ватанен го обвинува Мозли


Кандидатот за претседателската функција на ФИА, Ари Ватанен го обивни сегашниот прв човек Макс Мозли дека го прекршува законот на Франција, со тоа што активно лобира за Жан Тод во претседателската трка. Дејли Телеграф објави дека на Мозли му било доставено писмо од судски извршител, каде стоел потписот на Ватанен. Во писмото се наведени сомнежите на кандидатот за претседател за пристрасност на ФИА, а истото содржи и потврда дека неговата кампања е чиста и без заткулисни игри. Се смета дека писмото е е одговор на претходно упатеното отворено писмо на Мозли до принцот Феисал од Јордан, кој е еден од номинираните потпретседатели, ако Финецот стане претседател.

- ФИА е непрофитна организација, раководена од францускиот суд. Согласно францускиот закон, операцијата на непрофитни организации подлежат на легалните принципи. Прекршувањето на принципот на неутралност за време на изборната камшања, при кое целта е да се наруши резултатот од изборите е казниво од сите француски судови. Имам право да покренам постапка за акт кој е извршен против мене. Многу луѓе ми пријдоа и ме прашаа што значи кога другите ја сметаат мојата кампања за нечесна. Одговорот е едноставен - ако зборувам за промени, демократија и транспарентност, очигледно е погрешно и се смета како лична навреда на сите луѓе кои биле поврзани со ФИА пред сегашните избори. Тоа е стара изборна стратегија, но сеуште извонредна, - вели Ватанен во писмото.

ФИА објави дека Финецот е спремен да покрене тужба, поради наводно прекршување на законот. Ватанен веќе се обратил до францускиот трибунал и побарал покренување на судски спор по неколку основи. Инаку, на обвинувањата им претходел неуспешен состанок меѓу кандидатот и сегашниот претседател, кој завршил по три минути откако Британецот манифестирал нељубезни манири. Весникот Гардијан тврди дека Ватанен се обидел да воспостави нормална комуникација, но Мозли јасно покажал дека не е заинтересиран за разговор, затварајќи му ја вратата.

- Не сакам да се расправам со тебе, - биле зборовите на Мозли според Гардијан.

Претходно беше обелоденето дека покрај самиот Мозли кој јавно ја подржа кандидатурата на Жан Тод, официјални лица на ФИА стојат зад Французинот, што фрли сомнеж неутралноста на ФИА, која е правно пропишана. Дејли телеграф и во овој случај беше носител на главните информации. Весникот наведува извадоци од електронска пошта во кои генералниот директот на ФИА, Питер Доџвилер и генералниот директор на фондацијата на ФИА, Дејвид Вард активно лобираат за поранешниот прв човек на Ферари.

- Ќе ти се јавам неделава да видиме каде сме, за да му доставиме адекватен репорт на Жан, - стои во пораката испратена од Доџвилер.

Дополнителнио, во еден од мејловите кој ги испратил Дејвид Вард се споменува поинтензивна стратегија за лобирање. Но во своја одбрана, Вард вели дека соработката со Тод не е против правилата.



- Старателите можеби не се свесни дека јас сум вработен во фондацијата на ФИА четири дена во неделата. Во слободно време, на волонтерска основа му помагам на Жан Тод да ја развие изборната агенда и да обезбеди извештај за неговата кампања. Во мојата асистенција нема употреба на ресурси од фондацијата, - вели директор на фондацијата на ФИА, Дејвид Вард.

Подршка за Жан Тод изрази и Михаел Шумахер, кој беше дел од златната ера на Ферари, предводена токму од Французинот. Од друга страна, неофицијално возачите и тимовите се залагаат за избирање на Ари Ватанен, но тврдењето не е поткрепено со сериозни изјави кои го потврдуваат истото.

Демант стигна од другата страна на приказната. ФИА смета дека подршката за двата кандидати е очигледна, но притоа не се превземени акции што се против законот.

- Свесни сме дека има лобирање во корист на двата кандидати. Изборите се спроведуваат во согласност со статутите на ФИА и законот. Ништо што досега е видено не е во спротивност со тоа, - вели претставник од ФИА за агенцијата ПА.

Војната на зборови која започна пред неколку дена доаѓа на само една недела пред одржувањето на изборите во кој ќе биде одреден наследникот на Макс Мозли. Изборите ќе се одржат на 23 октомври (петок) во Париз.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 02:47
Hulkenberg ќе настапува во F1

Patrick Head шефот на Williams објавува дека Nico Hulkenberg, новиот шампион во GP2 серијата и резервен возач за Williams ќе има F1 деби во 2010.

Сепак, Head е внимателен и не сака со сигурност да го потврди настапувањето на 22 годишниот Герменец, но тимот на Williams е убеден во способностите на Hulkenberg.

"Возачите што успејаа да бидат шампиони во GP2 серијата уште во дебитантската сезона како Hulkenberg се Nico Rosberg и Lewis Hamilton кој се исто така одлични во F1 натпреварите" изјавува Head.

Но, се посигурно е дека тимот на Williams ќе ги загуби услугите на Rosberg, во замена за Barichello за наредната сезона и Williams се труди по секоја цена да си обезбеди надежен талент за идните сезони.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 01:23
Казна за Ковалаинен поради пожарот во боксот


Тимот на МекЛарен-Мерцедес е казнет со 50 илјади долари поради инцидентот кој го предизвика пилотот на тимот Хајки Ковалаинен.

На излегвуањето од своето прво влегување во боксот на Големата награда на Бразил механичарите на МекЛарен го пуштија Хајки да тргне со цревото за гориво закачено на болидот.

Како резултат на тоа, од болидот на Ковалаинен по патеката започна да истекува бензин и по неколку секунди изби пожар. Кими бешеточно зад својот сонародник и неговиот болид пламна за секунда.

Освен со парична казна, која МекЛарен ќе мора да и ја исплати на ФИА, на вкупното време на Ковалаинен беа додадени казнени 25 секунди. Така финалното место на финецот беше 12-то, наместо деветтото на кое ја финишираше трката.

sportdenes.com
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.