![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 55> |
Автор | |
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Massa - Alonso влијаеше на титулата во 2008
![]() Felipe Massa веќе го доби партнерот во Ferrari, Fernando Alonso, но според најавите кои доаѓаат, на Шпанецот нема да му биде лесно во Ferrari. Бразилецот изјавува дека со победата на Alonso во Сингапур, која се покажа како наместена, тој директно влијаел на борбата за титулата. Massa кој се опоравува од повредитe на черепот и ќе се врати во F1 наредната сезона изјавува дека Alonso треба да биде дисквалификуван од првата ноќна трка поради скандалот. "Се што се случи на патеката, влијаеше на конечниот резултат и борбата за титулата, но ништо не се превзеде. Тоа не е исправно," изјавува Massa за Бразилската телевизија Globo. Маssa се осврна на пит стопот кој што го направи предвреме поради излетувањето на Nelson Piquet кое се покажа како намерно, а по кое излезе безбедносното возило. Исто така додава дека неможе да ги свати правилата кои што дозволуваат менување на резултатите само по неколку недели од завршувањето на шампионатот, а рассветлувањето на скандалите доаѓа покасно, па и да се докаже обратното, резултатите не се менуваат. "Имам забележано во фудбалските натпревари, ако судијата земе поткуп за да ја наместат утакмицата, откако целата работа ќе се рассветли, резултатот се поништува. Во Италија, Јувентус беше испратен во Серија Б поради местење натпревари. Но во F1, само го испратија Briatore дома. Мислам дека тоа не е исправно." додава Massa. Сепак, колку и да се буни Felipe за резултатите не можеме а да не му го забележиме предвременото тргнување од пит стопот на Ferrari носејќи го со себе цревото за бензин прикачено на болидот. Изменето од Iron Man - 03.Октомври.2009 во 04:15 |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Неизвесна иднината на Kimi
![]() Додека се шират шпекулации за Robert Kubica и Renault, иднината на уште еден одличен возач е далеку од сигурна. По објавувањето дека Kimi го раскина договорот за 2010 со Ferrari, тој веќе потпиша преддоговор и е добредојден во тимот за кој настапуваше од 2002 до 2006, McLaren. Но, кога Kimi зборуваше со новинарите на Suzuka, тој не ни потврди дека ќе се натпреварува во F1 трките наредната сезона. "Mожеби ќе се натпреварувам, можеби не. Немам амбиции да одам во мал тим, моја единствена цел е да се натпреварувам во тим со кој ќе имам шанса да ја освојам титулата. Инаку, бесцелно е да останам во F1," изјавува Kimi. Raikkonen, најави дека има преддоговор со McLaren, а исто така се очекува наскоро и договор, но исто така тој алудираше дека има голема желба за рели натпреварите. "Има шанса да се случат и двете нешата. Сеуште незнам за што ќе се одлучам. Ќе видиме, ќе одлучам наскоро. Одсекогаш сум имал одлични односи со McLaren. Има можност да седнам во нивниот болид, но засега не размислувам многу за иднината" додава Финецот. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
a da ne treba site za McLaren i Hamilton da navivame a ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
vkk ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
nemojj voopsto da navivash za negoo
![]() ![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ќе ми биде чудно да навивам за алонсо
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Алонсо е вистински избор за иднината
![]() Тимскиот шеф на Ферари, Стефано Доменикали, даде кусо интервју за тимската прес служба по повод објавувањето на веста дека Фернано Алонсо се приклучува кон Скудерија од почетокот на 2010 до крајот на 2012 година. Тој се осврнува на времето минато со Раиконен, а открива дека покрај Фелипе и Фернандо, трет возач на тимот ќе биде Физикела, човекот кој му асистираше на Шпанецот при освојувањето на претходните две шампионски титули. - Среќни сме дека го направивме овој договор со Фернандо, кој не е само возач со голем талент, туку исто така и победнички тип, како што покажа многу пати во текот на неговата кариера, притоа и во многу тешки околности. Неговиот придонес ќе биде многу значаен за да го вратиме Ферари на нивото каде што треба да биде, да се бори за врвот. - Како дојдовте до него? - Како што неодамна изјави претседателот Монтеѕемоло, сите големи шампиони сакаат да дојдат во Маранело, порано или подоцна. Со Фернандо почнавме да разговараме за иднината од 2011 година, но тогаш се случи условите да се антиципираат за почеток на нашата врска уште од следното првенство, па префериравме да ја искористиме можноста. - Како ќе изгледа посадата на Скудерија следната сезона? - Веднаш до Фернандо ќе биде Фелипе Маса, кој заздравува мошне брзо кон неговата најдобра состојба, заедно со Џанкрало Физикела како замена. Веруваме дека ова е најдобриот можен пар за тим како нашиот: Фелипе и Фернандо се два победоносни возачи и тие одлично ќе се интегрираат еден со друг и со екипата. - А каква е ситуацијата со Раиконен? - Зборувавме со Кими и се согласивме да го прекинеме договорот една година пред рокот. Трите години минати заедно беа мошне интензивни и успешни, а кулминација беше несекојдневната победа и титулата во 2007 година, како и пресудниот придонес за освојување на двете конструкторски титули. Оваа година, болидот не ни беше меѓу најдобрите на патеката, а Кими покажа што е способен да направи, особено во вториот дел од сезоната. Тој му даде многу на Ферари, но доби многу. Сигурен сум дека ќе го памети времето со нас како најдобро во неговата кариера, исто како што ние ќе го паметиме него со почит поради неговиот несекојдневен возачки талент, но и како што тоа го заслужува еден чесен, искрен и лојален човек. - Какво е расположението со кое влегувате во последниот дел од сезоната? - Се наоѓаме на третото место во поредокот на конструкторите, но знаеме дека ќе биде тешко да го задржиме. Видовме дека многу тимови се уште ги развиваат болидите, додека ние ја вложуваме целата наша енергија во болидот за 2010 година. Уште повеќе, како ниедна сезона претходно, има многу тимови кои се борат за победа, но има толку малку места на подиумот. Кими и Џанкарло го имаат потребниот стимул за да дадат се од себе во последните три трки. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ферари и Алонсо конечно заедно
![]() ![]() По две години искажување симпатии еден кон друг преку медиумите, но истовремено постојано негирајќи ги шпекулациите дека симпатиите ќе вродат со взаемен договор, Ферари денеска објави дека го ангажира Фернандо Алонсо за три години, од почетокот на 2010 до крајот на 2012 година. - Горди сме што можеме во нашиот тим да му посакаме добредојде на уште еден победнички возач, кој демонстрираше вонсериски талент со освојувањето на двете шампионски титули во неговата досегашна кариера. Се разбира, сакаме да му се заблагодариме на Кими за се што стори во текот на времето минато во Ферари: во првата сезона со нас успеа да ја освои возачката титула со што придонесе кон историјата на Ферари, а имаше и витална улога во освојувањето на конструкторските титули во 2007 и 2008 година. Дури и во тешка сезона како оваа тој го демонстрираше својот талент со неколку добри резултати, вклучувајќи ја тука одличната победа во Спа, но убедени сме дека можеме да споделиме уште добри спомени во текот на последните три трки оваа сезона,- вели во тимското соопштение издадено по овој повод, тимискиот шеф Стефано Доменикали. Од своја страна, Финецот се уште нема објавено каде ќе ја продолжи кариерата, но во повеќе наврати спомна дека засега не планира да се префрли во рели трките, туку да остане во Формула 1. - Со заедничка согласност го раскинавме договорот кој ме врзуваше со Ферари до крајот на 2010 година, една сезона пред истекот. Жалам што го напуштам тимот со кој поминав три прекрасни години, време во кое победив на многу трки. Заедно, освоивме 50% од можните титули во тој период, а јас успеав да освојам и возачка титула во 2007 година, со што ја остварив целта која што си ја поставив на почетокот на кариерата. Секогаш се чувствував како дома со секого од овде и ќе имам уште многу среќни спомени од моето време со тимот,- гласи писмената изјава на Раиконен. Шпанскиот автомобилист кој на претходната трка во Сингапур потврди дека нема да остане во Рено и дека донел одлука за заминување од француската екипа, во својата изјава потенцира дека среќен и горд. - Многу сум среќен и многу горд што станувам возач на Ферари. Да се вози едносед од ергелата на гордото коњче е сон на на секој што е во овој спорт, а денес јас ја имам шансата да го остварам овој сон. Над се, сакам да му се заблагодарам на претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, кој навистина го сакаше овој тригодишен договор. Веќе имавме договор летово кој требаше да почне од 2011 година, но последниве денови ситуацијата се смени и одлучивме да го подраниме моето доаѓање во Маранело за една година. Годините во Рено беа фантастични, заедно освоивме четири светски титули, две возачки и две конструкторски, а до денешен ден и 21 гран при победа. Му посакувам на тимот се најдобро и се надевам дека ќе освоиме добри резултати до крајот на трките оваа година. По крајот на сезоната, ќе ги вложам сите мои напори во следната сезона. Сигурен сум дека заедно со Фелипе ќе им понудиме на Ферари и на навивачите од целиот свет одлична сатисфакција. Едвај чекам да почнам со работа со мојот нов тим,- вели Алонсо во својата прва изјава за тимската прес служба на Ферари. Првата од трите трки до крајот на оваа сезона се вози викендов на патеката Сузука, а новата сезона почнува на 14 март 2010 година. f1almanah.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
vkk ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
McLarenn
![]() |
|
![]() |
|
vkk ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 61 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Одам на победа во Сингапур
![]() "Имам привилегија да водам во трката за титулата, но не е така едноставно. Кога ќе почнеш да се опушташ, си бараш проблеми. Тогаш се случуваат глупости", вели Батон. Пред две сезони неговиот британски сонародник Луис Хамилтон ја пропушти титулата откако пропушти огромно водство во генерален пласман во последната трка од сезоната и Батон вели дека не сака да ја повтори истата грешка. "Како возач инстинктот е да се победи. Да одиш на победа секогаш. Мораш да помислиш и дека треба да завршиш зад својот тимски колега во секоја трка", вели Батон. Тој ја почна сезоната на спектакуларен начин, со шест победи во првите седум трки, по што следуваа проблемите со формата. Но, тој се врати одлично на последната трка во Монца, каде што заврши како втор, негов прв пласман на подиумот по шест трки. Според него, двете негови најлоши трки во Белгија и Валенсија, биле такви токму поради претпазливоста. "Морате да одите до максимум и да бидете агресивни. Да, секогаш ќе биде тука мислата дека мора да ја завршите трката, така што ништо не се менува во мојот пристап", додава Батон. На негова страна застана и поранешниот седумкратен светски шампион Михаел Шумахер, кој посочи дека "нема кој да му ја земе титулата". Трката за титулата се претвора во битка на колегите од Браун Батон и Баричело, а од тимот велат дека ќе дозволат отворена и фер битка. Двојката на Ред Бул, Фетел и Австралиецот Марк Вебер се уште математички се во трката за титулата, но тоа може да заврши овој викенд. Вебер ќе биде елиминиран од трката ако Батон освои 2 поени повеќе од него овој викенд, а шансите на Фетел ќе бидат завршени ако Батон освои 4 поени повеќе од него. Шансите на Фетел се уништени поради механичките проблеми на Ред Бул. Германецот не успеа да освои поени на две од последните четири трки и веќе ги искористи сите 8 мотори дозволени со овогодишните правила. Ако треба да искористи и 9 во последните трки, може да добие казна од 10 места на една трка. Бато вели дека нема причина да не се чувствува добро, но не ги отфрли шансите на Ред Бул. "Знам дека сум во многу добра позиција. Го имам најдобриот болид во формула 1, но и еден од најконк*рентните колеги во спортот. Зошто да не бидам позитивен? Вистина дека Ред Бул се далеку, но бидете сигурни дека ќе се борат до крај", додава Батон. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Campos и USF1 се членки на FOTA
![]() Два од новите тимови кои што ке настапуваат во F1 наредната сезона Campos и USF1 потврдија дека се примени во здружението на тимови кои настапуваат во F1 наречено FOTA (Formula One Teams Association). Претходно од FOTA имаше најава дека сите нови тимови се добредојдени во асоцијацијата како секој тим би имал рамноправен глас. Се верува дека тимот Manor наскоро ке ја објави својата намера да стане членка на FOTA, а истото се очекува и од Малезискиот Lotus. Се верува дека предстаници од новите тимови ќе бидат повикани кога FOTA ќе одржи состанок наредната недела по одржување на трката која се вози за Големата награда на Сингапур. Peter Windsor изјави дека USF1 сега е членка на FOTA и не доцни со подготовките за 2010 како што се ширеа гласини. "Мислам дека некои луѓе се прашуваат што работиме... Посетете не кон крајот на годината и ке имате можност да ги видете резултатите, фабрика за болиди од која ке излези одличен тркачки болид 100% по правилата на FIA за сезоната 2010." додава Peter. Шпанската новинска агенција EFE пренесува дека Adrian Campos ќе биде тимскиот директор и сопственик на Campos тимот. Исто така од тимот на Campos објавуваат дека делегација на FIA ги посетила нивните директори со намера да го испитаат нивното работење и интерес за учество во F1 наредната сезона. Исто така додаваат: "Ние смен многу задоволни со соработката и користењето на мотори од Cosworth кој е задолжен за развој на моторот и преносот. Сигурни сме дека ќе имаме одличен мотор кој ќе го задвижува нашиот болид во дебитантската сезона." |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ferrari ќе ги објави возачите наскоро
![]() Luca di Montezemolo во средата призна за прв пат дека е време за да се објави возачкиот кадар на Ferrari за наредната сезона. Се погласни се најавите дека местото на Felipe Massa е сигурно, додека како негов колега би бил Fernando Alonso, возачот кој со Ferrari веќе има потпишано преддоговор иако и Massa и Kimi Raikkonen имаат договори за 2010. Но, откако Финецот потпиша преддоговор со McLaren, веќе јасно станува кој возач од Ferrari ќе си замине, само уште треба да се дефинира обезштетувањето за раскинување на договорот. Осврнувајки се на Massa и неговите повреди на главата, претседателот на Ferrari Montezemolo изјавува: "Ќе имаме Бразиски возач бидејки тој заслужува шанса по се што стори за тимот. Иако сеуште има доволно време, во наредните неколку недели ќе објавиме кој ке седне во другиот болид". Montezemolo нагласува дека Ferrari ке се врати на шампионските патеки во сезоната 2010, иако додава дека и во оваа сезона Ferrari има што да покаже. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Renault избегна поголема казна
![]() Renault ја избегна казната од две години суспензија поради аферата со излетувањето на Nelson Piquet Junior на патеката во Сингапур минатата сезона, но Flavio Briatore заработи забрана за било какво учество во натпреварите организирани од FIA до крајот на животот. Францускиот тим се појави во Париз пред Советот на FIA, и целосно соработуваше, притоа признавајки ја намерата на Nelson Piquet и понуди да ја надомести финансиската штета за истрагата на FIА. Советот според правилникот требаше да донесе одлука со која Renault ќе беше дисквалификуван од F1, но поради соработката на компанијата и отказите на Briatore и Pat Symonds, FIA одлуката ја замрзна до крај на сезоната 2011. "Советот (World Motor Sport Council) ќе ја активира одлуката за дисквалификација на Renault доколку се повтори инцидентот," стои во изјавата. Но, затоа Советот беше прилично строг спрема Briatore, за кого беше изречена казна засекогаш забрана во сериите организирани од FIA. За 59 годишниот Италјанец исто така повеќе не важат менаџерските договори кои што ги имаше со Fernando Alonso, Mark Webber и Heikki Kovalainen. Објаснувањето за оваа одлука на FIA гласи "Одлуката беше толку строга поради тоа што Briatore иако беше повикан неколку пати на разговор тој не сакаше воопшто да соработува и покрај доказите што ги имаше против него." Symonds доби казна за забрна во учество на сите натпревари организирани од FIA во траење од 5 години, поради тоа што го призна учеството во инцидентот и неговата изјава пред советот дека жали за стореното. Piquet Junior избегна било каква казна поради договорот за имунитет, а FIA потврди дека Alonso воопшто не бил запознат со случувањата. "Ние во целост ја прифаќаме и почитуваме одлуката на Советот," изјавува претседателот на Renault Bernard Rey за медиумите. motorsport.mk |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
другар еве повели напиши скрши го мразот |
|
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |