|
Александар III Македонски |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 47> |
Автор | ||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак бегаш од темата - те молам бес персонификација,кој што е ти неможеш да знаеш само претпоставуваш
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во Александрија, Птоломеј ја воспоставил новата македонска
династија. Таму тој се зафатил со изградба на библиотека и повторно го
вовел македонскиот систем на владеење, со македонскиот јазик како
официјален јазик во царството. Македонскиот јазик станал јазик на
трговците, дворците и наследниците, кои се стремеле да стануваат
владетели на одделни кралства во евроазиската империја.
Набргу потоа дошло до неизбежни промени меѓу луѓето верни на
Александар. Придружниците и гардистите, раштркани низ новото владеење,
се издигнале на власт како благородници со сопствени права. Тие ја
вратиле професионалната војска и системот кој го научиле од Александар.
Така светската евроазиска империја се поделила на четири делови:
Македонија, Мала Азија под Антигон, Египет под Птоломеј и Сирија до
Хиндокуш под Селеукидите, слободна Ерменија и независното кралство на
Евреите.
Сe тоа било поврзано со заедничка македонска култура во тогашниот таканаречен македонски свет.
Таа нова движечка сила по градовите и кралствата ги терало луѓето
да бараат нови вредности и зачекорување на новите апостоли кон новата
универзална религија - Рисјанството и не само таа.
Бранот на селење кон Исток, кој го започнал Александар, мора да се
поврзе со неговата мисионерска улога. При тоа, мора да се смета за еден
од најуспешните истражувачи бидејќи покрај ослободителната мисија, тоа
биле патувања на кои се вршеле географски откритија.
Неговите истражувачи откриле нови земји и мориња, нови видови
животни и растенија. Тие ја откриле внатрешноста на Персија, Индија,
Персискиот залив и Индискиот Океан. Македонските трговци сe повеќе се
движеле по караванските патишта, кон внатрешните пазари на Азија, за да
разменуваат производи од Исток и Запад.
Александар се сметал за еден од најмоќните светски владетели и
државници во светската историја, меѓу другото и заради успешното
меѓусебно поврзување на Истокот и Западот. Второ, македонската уметност
преку јазикот, обичаите, уметноста и науката ги пренел на Исток.
На Македонската култура и` ја вратил светската слава, а македонскиот јазик повторно станал светски јазик.
Доказите се среќаваат и денес од Индија па сe до Кина.
Градби кои сведочат дека македонските учители на тогашните
уметници биле познати во светската империја на Александар, која се
протегала од долна Италија преку Египет и подалеку во внатрешноста на
Азија. Во целата империја владеел македонскиот начин на живеење и
културниот дух на Александар.
Александар сакал да им послужи на Македонците како пример. Тој
имал благородно однесување и изглед и ги победувал (освојувал) луѓето
со неговите човекови, научни и воени постапки.
Со храброст, знаење, логика, демократија, слобода и човекови права
го возобновил македонското царство. По големите напори тој не знаел за
замор; самиот лично се грижел за повредените и давал наредби за грижа
за нив. Не е никакво чудо што истражувачите и војниците го сакале како
идол.
Во секоја тешка ситуација царот владеел со сигурен поглед. Знаел
да избере точно време за секоја работа. Благодарение на неговиот
несекојдневен талент тој успеал да ослободи голем дел од тогаш
познатиот свет.
Тој одел спроти сонцето барајќи ја вечноста.
Светите патишта му шепотеле за илјадагодишните македонски
мудрости, а бескрајните земни и водени пространства се отворале пред
неговите воодушевени погледи.
Знаењето, логиката и храброста биле негови водители. Тие му ги
отворале светите порти на откровенијата и ја уништувале грижата,
стравот и тагата.
Неосвестените му се поклонувале, а останатите му ја осветлувале победата и среќата.
Со сe она што го направил и што имал намера да направи Александар
Македонецот покажал дека се издигнал над своето време, па не е ни чудо
што со векови им бил инспирација на уметниците, писателите и на
скулпторите во разни средини и епохи.
Александар, кој бил сe во едно и кој го остварил херојскиот сон на
Македонците, бил инкарнација на млад Бог, голем ученик на големиот
Аристотел. Тој бил цар над царевите, во негово време градовите
доживеале најголем процут.
Во духовен и економски поглед македонизмот доживеал најголем подем.
Персиско-медиското кралство под Селеукидите и египетското кралство
под Птоломеј доживеале голем културен подем под македонска управа.
Благодарение на непроценливите папируси ние знаеме за сите поединости
од времето на Птоломеј.
Со производството се развила трговијата и се пружиле големи можности во мала Азија со нејзините градови Ефес и Милет.
Македонија цветала.
Пела и Вавилон биле средишни трговски точки и централни
престолнини на македонскиот свет. Епик*р и Зенон ги поставиле темелите
на големите филозофски школи.
Учењето на Стоа, како и на подоцнежните Киникијци, било сосема космополитско.
Македонскиот дух се гледал во ориенталните култови и мисла, во астрологијата, во славењето на анадолиската "голема мајка".
Размените со Персија и Индија биле поголеми. Постоела
македонско-сириска, македонско-персиска, македонско-египетска,
македонско-бактриска и македонско-индиска култура, кои биле силно
поттикнувани од двете страни.
Од светско значење останува следното: македонскиот дух ја зачувал
својата оригинална форма; културното мешање било најсилно со персиската
култура; хуманистичката мисла под влијание на Стоа во македонскиот свет
се проширила и имала македонско ориентален карактер; преку неа се
вршело обид да се помират постојните раси и мешани народи, конфликтите
и тешкотиите, за да се рашири убедувањето дека заедништвото е посилно
отколку убивањето, дека тоа е заедничка вредност за неслободните,
робовите и варварите. Таквиот идеал овозможил севкупен развој на
науките и уметностите.
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Aleksndar i Avgust od 1568g. |
||
Logos
Група Регистриран: 13.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 67 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„ЈАС СВЕТОТ ГО ОСВОЈУВАМ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ“- малку иронично ако се знае дека истите тие македонци(се мисли на неговите ганерали)се виновници за ситематскиот распад на империјата и на крајот нејзино потполно паѓање.
но па од друга страна колку визионерско ако се знае дека по неговата смрт,дотогаш освоените територи биле поделени меѓу македонските генарали кои сепак ги представувале македонците. |
||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dechki, ste doshle li do zakluchok shto znachi zborot FALAGA ili PHALAGA kako shto Grcite go kazhuvaat? |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Постојат легенди за Александар Македонски кај повеќе народи!
Византиската легенда била објавена во 1388 година! Грандиозната улога која Александар Македонски ја одиграл во светската историја, го направила да биде најпознатиот Македонец на сите времиња. Неговите походи, најмногу остварени поради желбата да открива нови територии и да доаѓа до нови сознанија, како и неговите пораки за братство меѓу народите, направиле тој да биде почитуван до ден денес. Неговиот лик останал во позитивна конотација во легендите и во преданијата на многу народи. Легендите и преданијата за Александар почнале да се јавуваат и да се развиваат уште непосредно по неговата смрт. Со текот на времето тие добивале сè пофантастични елементи во својата содржина. Така, во некои од нив, Александар ги истражува необичните појави на небото и под водата, наидува на најразлични чудовишта, се среќава со чудни народи, доаѓа до изворот на бесмртност и сл. Се смета дека легендите и преданијата за Александар добиле силен импулс во средниот век. Познатиот проучувач на оваа тема д-р Елис, откако ги проучил легендите и преданијата за Александар, заклучил: "Легендите за Александар, вистинити или фалшливи, ги има на осумдесет јазика, од Исланд до Малезија" ("History of Western Civilization" by Dr Ellis L. Knox Boise State University, USA, 1996). И навистина, тешко дека постои случај на друга личност од историјата за која постојат легенди меѓу најмалку осумдесет народи. Во врска со општите карактеристики на овие легенди и преданија, во продолжение на својот текст д-р Елис пишува: "Сè што е поврзано со Александар е презголемено во однос на нормалното, како во неговите истражувања кои навистина се случиле, така и во оние кои биле измислени. Низ целата древнина големите војсководци сонувале да го имитираат Александар. Во средниот век неговиот лик станал неодминлива фигура во легендите". За легендите од разни народи, поврзани со Александар Македонски, денес во светот се напишани повеќе статии и книги. Во 1977 година во Гронинген (Холандија) бил одржан и симпозиум на тема за преданијата и легендите поврзани со смртта на Александар Македонски. Трудовите од овој симпозиум биле објавени во зборникот "Александар Велики во средниот век" ("Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977). Во поново време, треба да се одбележи книгата на Ричард Стонмен, под наслов "Легендите за Александар Велики" (Richard Stoneman: "Legends of Alexander the Great. London and Rut- land, Vermont: J. M. Dent and Charles E. Tuttle, 1994), од која во продолжение ќе наведеме неколку податоци. Има и други книги делумно посветени на оваа тема, кои ќе ги спомнеме во продолжение. Поради фактот што Александар Велики Македонски се појавува во легендите на толкав број народи, сигурно дека за таа тема треба и кај нас да се изработи посебен труд. Треба да објасниме и дека не може со сигурност да се потврди дали некоја од овие легенди и навистина е создадена, така да кажеме, од народот или, пак, е авторски труд. Имено, во средниот век биле објавени неколку авторски трудови за Александар Македонски, кои биле во форма на легенди. Но, сигурно дека целата содржина на овие трудови не можела да биде авторска, туку барем во одреден степен таа била базирана врз елементи од некои постари народни легенди, кои средновековните автори само ги презеле и ги адаптирале во своите дела. Поради тоа, во овој фељтон, како легенди и преданија за Александар, ќе вклучиме и некои од средновековните авторски трудови, кои сигурно дека во својата содржина имаат елементи од некои постари народни легенди. А, сега да наведеме неколку легенди и преданија за Александар Македонски, содржани во фолклорот на другите народи. ИРАЧКА ЛЕГЕНДА Во оваа легенда се раскажува дека Александар Македонски на врвот на главата имал два рога, кои ги криел под косата. Секоја седмица тој ангажирал берберин да му ја стриже косата, но бидејќи се срамел дека берберинот ќе ја открие неговата тајна, по секое стрижење веднаш наредувал берберинот да се убие. Набрзо во градот снемало бербери и останал само еден стар Евреин. Александар помислил: "Ако го убијам и овој берберин, тогаш кој ќе ми ја стриже косата?" Така, Александар му наредил на берберинот да се заколне дека никому нема да му ја издаде тајната. Во спротивно, му се заканил дека ќе ја изгуби главата. Берберинот со недели ја чувал тајната, но најпосле не можел да издржи. Од една страна, интересното сознание го притискало да каже некому, но од друга, се плашел за својата глава. Тогаш му текнало сепак да ја искаже својата тајна, но никој да не го слушне. Отишол надвор од градот и влегол во една пештера, каде на цел глас почнал да вика: "Александар има рогови! Александар има рогови!" Така му се олеснило на душата и задоволен се вратил дома, сигурен дека никој не го слушнал. Но, низ пештерата минувала една рекичка, покрај која растеле трски. Еден ден, некој овчар влегол во пештерата и пресекол трска за да си направи свиралка. Кога почнал да свири, низ свиралката се разлеале зборовите: "Александар има рогови! Александар има рогови!" Многумина го слушнале тоа и ова чудо набрзо дошло до ушите на царот Александар. Тој многу се налутил и наредил веднаш да му го доведат берберинот. Кога дошол берберинот, Александар му рекол дека ќе нареди да го убијат. Берберинот почнал да го моли Александар да не го убива и му раскажал што се случило. Александар, кога ја слушнал приказната, му простил и го пуштил дома. Од оваа легенда произлегла една мудра и помалку комична ирачка поговорка, која гласи: "Ако царевите можат да имаат рогови, тогаш и пештерите можат да имаат уши" (Iraqi Jewish legend; Edoth I: 184-185 A. Ben Yaakov. English language source: Patai. In: The Classic Tales: 4,000 Years of Jewish Lore. Ed. Ellen Frankel NJ: Jason Aronson Inc., 1989). ВИЗАНТИСКА ЛЕГЕНДА Постои византиска легенда поврзана со причините за смртта на Александар Македонски. Оваа легенда била објавена во 1388 година. Според неа, кога Александар се вратил во Вавилон, некоја жена родила необично дете, кое било половина човек - половина чудовиште. Човечкиот дел од телото бил мртов, а делот на чудовиштето жив. Кога го видел ова, еден од претскажувачите на Александар изјавил дека Александар ќе умре во Вавилон, а неговите наследници ќе продолжат да владеат. Така и се случило. Во Македонија, Антипатер се побунил против власта на Александар, поради што Олимпија го повикала Александар на помош. За да го спречи неговото враќање, Антипатер испратил отров, кој бил толку силен, што морал да се носи во железна кутија. Отровот бил ставен во виното на Александар од страна на неговиот виноносец Јола. Додека Александар умирал неговата сопруга Роксана го негувала до последниот момент. Пред смртта, Александар ги повикал Пердика, Птолемеј и Лизимах, на кои им ја кажал својата последна желба. Потоа Александар заминал на небото, а оттаму една ѕвезда паднала право во морето. Истовремено, статуата на Зевс во Вавилон се урнала на земјата. Потоа ѕвездата од морето повторно се вратила на небото, следена од еден орел. Александар бил погребан во Александрија од страна на Птолемеј (W.J. Aerts in: "Alexander the Great in Middle Ages", Groningen, Netherlands, 1977). Алфонсо Десетти од Кастиља во 1280 година објавил легенда за Александар Велики Македонски! И персискиот поет Нисами во XII век објавил легенда за Александар Велики Македонски! Романската легенда за Александар Македонски најверојатно потекнува од 1560 година. Нејзината содржина е слична на содржината на една српска легенда за Александар. И оваа легенда е посветена на смртта на Александар во Вавилон. Кога Александар се вратил во Вавилон, тој таму повторно се соединил со Роксана. Тогаш на сон му излегол пророкот Еремија, кој му ја претскажал смртта. Александар се разбудил вознемирен, но го утешиле Птолемеј и Филота. Тогаш Аристотел и Олимпија дошле во Вавилон. Еден свештеник од Ерусалим пристигнал во Вавилон и го известил Александар дека пророкот Еремија починал. Александар наредил Еремија да биде погребан во Александрија. Но, и Александар бил убиен откако го отрул синот на Минерва, која потекнувала од Македонија. Пред смртта Александар им ја поделил империјата на Птолемеј, Филота, Роксана и Олимпија. Претскажал дека во иднина со Македонија ќе владее некоја азиска сила (мислејќи на Отоманската империја). Тој побарал да биде погребан во Александрија и рекол дека никогаш нема да се појави човек како него т.е. дека никогаш нема да има "втор Александар". Тогаш, покрај посмртната постела дошол неговиот коњ Букефал и пуштил солзи поради својот господар. За да не се мачи Александар во претсмртната агонија, Букефал го удрил со копитата и така тој починал. Александар починал во Ерусалим и по него жалеле сите шуми, реки и планини. Од жал, Роксана извршила самоубиство, откако се прободела со копјето на Александар (A.N. Cizek in "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977). ШПАНСКА ЛЕГЕНДА Шпанската легенда за Александар Македонски е објавена во 1280 година од страна на Алфонсо Десетти од Кастиља. Според оваа легенда, една жена родила половина човек, а половина чудовиште. Претскажувачот на Александар Македонски ова го објаснил со зборовите дека Александар набрзо ќе умре и дека ќе има војна меѓу неговите наследници. Потоа Александар и навистина бил отруен, а отровот го подготвил Антипатер, кој го испратил од Македонија во железна кутија. Отровот го донел синот на Антипатер, по име Касандар и му го дал на Јола, кој кришум го сипал во виното на Александар. Откако Александар сфатил дека ќе умре, се обидел да се самоубие, фрлајќи се во Еуфрат, но Роксана го спасила. Пред да умре Александар ја кажал својата последна желба. Тој рекол дека сака да биде погребан во Александрија и дал инструкции за својот погреб и за гробот. Во моментот кога умирал Вавилон бил погоден од силна бура и од земјотрес, а настапило и затемнување на Сонцето. Пред да умре испратил писмо до Олимпија, во кое побарал таа да организира голема прослава по неговата смрт. Таа постапила така, но никој од поканетите не дошол на прославата. Александар бил погребан во Александрија во златен ковчег. (W.L. Jonnxis-Henkemans in: "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977). АНГЛИСКА ЛЕГЕНДА Англиската легенда за Александар Македонски се појавила некаде околу 1300 година. Придружуван од Антиох и од Птолемеј, Александар влегол во Вавилон, каде што очекувал дека ќе го најде богатството на Дарие. Александар се подготвувал да го прогласи Вавилон за главен град на својата империја. Истовремено, тој се подготвувал да ја заземе Африка, поради што ги зголемил даноците. Од Македонија му пристигнале жалби дека Антипатер лошо владеел и Александар решил да му суди. Поради тоа, Антипатер наредил Александар да биде отруен. Пред да умре Александар именувал девет свои наследници. На Пердика му ги оставил Македонија, Грција и Картагина. На Птолемеј му ги оставил Египет и Португалија. На Филота му ги оставил земјите од Кавказ, па сè до Индија, а Антиох ги зел Рим и Северна Италија. Останатите пет наследници (чии имиња се измислени) ги поделиле земјите од Балканот, околу Црното Море и Персија. Откако Александар умрел, една птица им кажала на наследниците дека Александровото тело мора да биде погребано во Александрија, според желбата на боговите. Но, наследниците, наместо да си ги поделат земјите според желбата на Александар, почнале жестоки меѓусебни војни (G.H.V. Bunt in: "Alexander the Great in Middle Ages", Groningen, Netherlands, 1977). ПЕРСИСКА ЛЕГЕНДА Оваа легенда за Александар Македонски ја запишал персискиот поет Нисами во XII век. Според нејзината содржина, за време на својата експедиција кон исток, Александар дошол и во Кина, каде пристигнал од Индија преку Тибет. Нисами го опишал натпреварот меѓу уметниците кои Александар ги водел со себе и кинеските уметници (Улрих Вилкен, цит. дело, с. 351). ЛЕГЕНДА ОТКРИЕНА ВО РУСИЈА Оваа легенда за Александар Македонски ќе ја пренесеме од еден стар руски ракопис од XI век, кој најверојатно претставува руски превод на постар текст напишан на грчки или на латински јазик. Во овој век во Киев царувал Јарослав. Тој ја изградил црквата "Света Софија" и направил богата библиотека. Собрал многу писари и ги терал да преведуваат книги од останатите јазици. Така, во една книга во библиотеката од XI век се нашла и легенда за Александар Македонски. Во неа читаме: "И здогледа Александар многу шуми со прекрасни дрвја и секакво овошје. Целата таа земја била опколена со река, чија вода била бистра и бела како млеко. Имало и многу урми, а на лозите виселе илјадници убави гроздови". Во продолжение се опишани сите чуда на кои Александар наишол, како што се: луѓе со кучешки глави и со очи и усти на градите, блажени земји во кои сонцето не свети, туку муграта изгрева без сонце и сл. (Миљин Е. Сегал: "Како је човек постао див", књига друга, Ново покољење, Београд, 1948, стр. 312-313). Александар се борел и со натприродните сили! Дури и Филипинците имаат предание за Александар Македонски! ХОЛАНДСКА ЛЕГЕНДА Холандската легенда за Александар Македонски била објавена околу 1260 година од монахот Јаков ван Мерлант. Според оваа легенда, овој свет за Александар бил премал, па затоа тој одлучил да освојува и други светови. Тоа ги налутило натприродните сили, кои решиле да му се одмаздат. Така, суштествата од пеколот создале отров, кој бил доволно силен за да го убие Александар. Овој отров тие му го дале на Антипатер. Во меѓувреме, Александар напредувал во Индија, заедно со својот нов сојузник Пор. Тој дошол во пределите во кои претходно не стапнале ниту луѓето, ниту боговите. Во една од тие земји тој наишол на две дрва - Дрвото на месечината и Дрвото на сонцето. На овие дрва се појавила пораката за неговата блиска смрт. Тоа го виделе и неговите војници, кои го придружувале, но Александар ги предупредил да не ја шират веста. Кога се вратил во Вавилон, Александар примил пратеници од Галија, Картагина, Германија, Шпанија, Италија, Сицилија, Британија, Норвешка и Данска. Кога тие го виделе Пор веднаш до него, сфатиле дека Александар е цар, кој лесно простува и дека е најдобро да му се предадат. Им кажал дека сака да го освои цел свет. Но, следното утро Александар бил отруен, откако се напил од виното во кое бил ставен отровот. Пред смртта им кажал на своите војници дека четири џинови планирале да го освојат рајот и да го симнат од власт неговиот татко Јупитер, па затоа боговите решиле да го повикаат Александар на небото за да војува против џиновите и да му помогне на татко му. Потоа Александар умрел. Така, човекот за кој цел свет бил мал, останал да лежи во гроб од пет стапки. Подоцна, Птолемеј го префрлил неговото тело во Александрија (K.A. de Graaf in: "Alexander the Great in Mid- dle Ages" Groningen, Netherlands, 1977). ФИЛИПИНСКО ПРЕДАНИЕ Ќе спомнеме и едно филипинско предание за Александар Македонски. Конкретно се работи за народот Моро, кој живее на вториот по големина (јужен) филипински остров Минданао, како и на филипинскиот архипелаг Сулу (помали острови веднаш до брегот на Индонезија). Ова предание го запишал истражувачот Вик Харли во неговата книга "Приказната за Моро". Оваа книга прв пат била објавена на англиски јазик во 1936 година, а во 1985 година е преобјавена и на Филипини. Според преданието кое го објавува авторот Харли, припадниците на филипинскиот народ Моро себеси се сметале како директни потомци на Александар Македонски т.е. како потомци на дел од неговата војска, која преку Индискиот Океан дошла до далечните филипински острови. Според ова предание, лично и Александар престојувал на територијата на денешните Филипини, каде изградил свој дворец. Во врска со сè ова, во книгата на Харли читаме: "Во Сулу постојат легенди од народот Моро, според кои, Александар Велики направил свој дворец во Џоло. Многу од припадниците на народот Моро гордо го потенцираат своето потекло од овој голем македонски освојувач" (Vic Hurley:"The Story of the Moros", Original publication, 1936, E. P. Dutton & Co. Inc, препечатена во издание на Filipiniana Reprint Series, 1985 Cacho Hemanos, Inc). АЗЕРБЕЈЏАНСКА ЛЕГЕНДА Оваа легенда е поврзана со мистеријата за потеклото на замокот Сункен, кој се наоѓа близу Сабаил во Азербејџан. Азербејџанскиот историчар Сакина Насирова има објавено опширна статија, посветена за неоткриеното потекло на овој замок, кој се наоѓа на еден остров. Правејќи анализа на легендите поврзани со настанокот на овој замок, г-ѓа Насирова пишува дека, според една легенда, настанувањето на замокот е тесно поврзано со Александар Македонски. Во врска со ова таа пишува: "Една друга легенда го поврзува Александар Велики со името на градот Сабаил. Искендер (Александар Велики) сакал да заземе некој град на брегот на Каспиското Езеро, но жителите на тој град не се предавале. Така, Искендер зел совет од својот учител Аристотел. Градот бил лоциран под морското ниво, а една голема карпа ја спречувала водата да го поплави градот. Аристотел измисли посебна течност, која можела каменот да го преобрати во лимон. Со оваа течност Искендер го тргнал каменот и водата навлегла во градот, по што бил потопен. Жителите побегнале во градот Гилан за да си ги спасат животите. Името на поплавениот град било Сабаил" (Сакина Насирова: "Mystery of the Sunken Castle Sabayil" State Historical-Architectural Museum, Azarbaijan International 8.2, 2000). ПРЕДАНИЕ НА НАРОДИТЕ ОКОЛУ КАСПИСКОТО ЕЗЕРО Ова предание постои среде народите околу Каспиското Езеро. Според него, во пределот околу Каспиското Езеро порано живеел таинствен народ, кој го носел необичното име "Црвени Евреи". Преданијата за потеклото на овој митски народ ги истражувал историчарот Колин, кој во својата книга "Црвените Евреи: Антисемитизмот во периодот на Апокалипсата 1200-1600" запишал дека, според едно предание, овој народ бил населен во областите околу Каспиското Езеро од страна на Александар Македонски (Gow Andrew Colin: "The Red Jews; Antise- mitism in an Apocalyptic Age, 1200 - 1600" Leiden, Netherlands, 1995). ДРУГИ ЛЕГЕНДИ И ПРЕДАНИЈА Освен наведениве, секако дека постојат уште голем број други легенди и преданија за Александар Македонски. Има одреден број исламски легенди за Александар, а секако дека треба да се спомнат и добро познатите легенди и преданија, кои се среќаваат во делата на неговите древни биографи (Плутарх, Аријан, Диодор, Квинтиј к*ртиј Руф и Јустин). Некои од овие легенди и преданија се поврзани со неговото раѓање, други со детството, трети со неговите походи и сл. Но, сметаме дека овие работи сепак се подобро познати во нашата јавност, така што нема да ги повторуваме. Истражувачот на оваа тема, Стонмен, во својата книга "Легендите за Александар Велики" наведува дека повеќето легенди за Александар биле базирани и врз "Романсата за Александар", напишана во Х век, како и врз извесен број латински, шпански и еврејски текстови, поврзани со арапските текстови на Хунајан Ибн Ишак (IX век) и на Јахја ибн Батрик (Х век) кои, пак, ги прошириле древните сириски текстови поврзани со Александар. Секако дека имало и други бројни легенди, кои не се поврзани со овие текстови. Стонмен ја спомнува легендата за Писмото што Александар му го испратил на Аристотел во врска со Индија. Оваа легенда била создадена на латински јазик во VII век, а во Х век била преведена на англиски. Стонмен заклучува дека тоа бил првиот текст за Александар преведен на некој средновековен јазик. Стонмен ја спомнува и легендата за Волшебните чуда на Исток. Оваа легенда била создадена во XI век, а потоа, исто така, била преведена на англиски јазик. Овде е и византиската легенда за Александар, напишана во IX век од страна на монахот Ѓорѓи. Во неа се застапени фантастични доживувања за време на патувањето на Александар во Индија и во други земји. Постои индиска легенда за Александар уште од II век пред Христа! Марко Поло запишал четири легенди за Александар Македонски! Уште во V век легендата за Животот на Брама ја запишал некој Паладие, кој најверојатно бил бискуп во Битинија. Во неа е опишан замислен разговор меѓу Александар Македонски и Браманот Дандамис. Легендата поврзана со наводната Преписка меѓу Александар и Диндим, претставува варијанта на легендата запишана од Паладие. Легендата за Патувањето на Александар во рајот се смета дека е настаната некаде околу XII век. Стонмен наведува и една стара легенда запишана од II век пред Христа во која е спомнат разговорот меѓу Александар Македонски и некој Индиец. Спомнува и една англиска легенда од XV век, посветена на фантастичните доживувања на Александар за време на неговите патувања, а наведува и средновековна англиска варијанта на разговорот меѓу Александар и Диндим, во која се вметнати елементи од тогашната англиска литература. Спомнува и една шкотска легенда за Александар, запишана во 1450 година од страна на Џилберт Хеј (Gilbert Hay). Стонмен го спомнува и постоењето на француски легенди за Александар Македонски. (Подетаљно во: Richard Stoneman: "Legends of Alexander the Great". London and Rutland, Vermont: J. M. Dent and Charles E. Tuttle, 1994) Неколку легенди за Александар Македонски наведува и германскиот историчар Улрих Вилкен. Така, на пример, тој ја спомнува германската поема со фантастични елементи посветена на Александар, напишана од свештеникот Лампрехт во 1130 година. Потоа ја посочува француската поема на Алберихд од Безансон од XI век. Секако дека овде се и египетските легенди, во кои Александар е претставен како син на последниот египетски фараон Нектанебо Втори. Еден персиски поет го сметал Александар за потомок на Ахеменидската куќа, а со тоа за нивен национален херој. Вилкен спомнува дека и кај Евреите постоеле легенди за Александар. (Улрих Вилкен, цит. дело, стр. 352 и 353) Авторот Франц фон Шварц пишува дека припадниците на народот на Бадакстан (област во Туркестан) себеси се сметале за директни потомци на генералите и војниците на Александар Македонски, кои таму останале да живеат. Во областа Ферхана мажите длабоко го почитувале свиленото црвено знаме кое, според нив, Александар го употребувал во неговите походи. Франц фон Шварц претпоставува дека ова население е потомок на Македонците населени во Бактрија и Согдијана, чии потомци своевремено биле прогонети од таму од страна на Монголите, па во Туркестан со себе го донеле и споменот за Александар. (F. von Schwarz: "Alexandros des Grossen Feldzuge in Turkestan", 1906) ЛЕГЕНДИТЕ ЗАПИШАНИ ОД МАРКО ПОЛО Легенди за Александар Македонски запишал и светски познатиот средновековен морепловец и патеписец Марко Поло. Тој е роден некаде околу 1254 година во Венеција. Неговиот татко и чичко биле познати трговци. Поради својата трговија, во 1260 година тие тргнале на пат од Узбекистан за Кина, од каде се вратиле по девет години. По две години со себе го зеле и Марко Поло и повторно тргнале за Кина. Минале низ многу азиски земји. Тие биле првите Европејци за кои се знае дека ги посетиле пустината Гоби и висорамнината Памир. Марко Поло се сретнал со Кублај-кан и се вработил во неговата администрација. Три години бил управник на еден кинески град, а татко му и чичко му, исто така, работеле во служба на Кублај-кан. Тројцата останале во Кина до 1292 година, по што заминале за Иран. Претходно ги посетиле Суматра и Индија. Во Венеција се вратиле во 1295 година. Во 1298 година Марко Поло бил затворен поради учество во војната меѓу Венеција и Џенова. Во затворот тој им го раскажал на затворениците целото свое патешествие. Следната година го ослободиле и се вратил во Венеција. Неговите записи се објавени во 1300 година во делото "Патувањата на Марко Поло" и тие се сметаат за најпознатите патеписи во историјата. Прв пат средновековните Европејци се сретнале со подетални записи за животот во Кина и во другите далечни азиски земји. Се смета дека таа книга предизвикала интерес и кај Кристифор Колумбо да ги преземе своите патувања. Марко Поло починал во 1324 година. Каква е поврзаноста на Марко Поло со Македонија и со Македонците? Најнапред да кажеме дека тој поминал непосредно покрај македонскиот брег во Егејското Море пред да се врати во Венеција во 1295 година. Претходно тука поминале и татко му и чичко му Николо и Мафео Поло, во 1260 година. Но, тоа не е сè. За време на своето патување Марко Поло запишал четири легенди за Александар Македонски и ги објавил во 1300 година. Првата легенда "Осаменото дрво" била запишана некаде во северниот дел на Иран. Таму на Марко Поло му било кажано дека во тие земји постоело едно осамено дрво среде огромна пустина. Наводно тоа дрво изникнало на местото на големата битка меѓу Александар Македонски и персискиот цар Дарие. Поло запишал дека тоа дрво било со огромна големина и дека од едната страна имало зелени лисја, а од другата бели. Она што е многу интересно е фактот дека на најстарата зачувана претстава на битката кај Ис (мозаикот од Помпеј од 80 год. пред Христа) навистина во позадината се гледа едно осамено дрво. Втората легенда за Александар Македонски, која Марко Поло ја запишал во Азија, носи наслов "Наследникот на Александар". Според оваа легенда, Александар се оженил за ќерката на Дарие некаде на територијата на денешен Авганистан. Од тој брак тие добиле деца, кои пораснале, се омажиле и се ожениле и така нивното потомство стигнало сè до XIII век т.е. до посетата на Марко Поло на тие краеви. Тој запишал дека пристигнал во земјата Бадакшан, чии владетели себеси се сметале за директни потомци на Александар и на неговата персиска невеста. Во чест на својот наводен предок, тие ја носеле титулата "Зулкарнијан" (тоа претставува исламско описно име за Александар Македонски, под кое се смета дека тој е спомнат во к*р'анот). Според третата легенда со наслов "Последниот еднорог", познатиот коњ на Александар - Букефал, наводно до четиринаесеттата година од животот бил еднорог. Во претходно спомнатата земја Бадакшан, имало стадо еднорози, кои потекнувале од Букефал. Ова стадо било во сопственост на некој богат член на кралското семејство. Кралот посакал да добие макар и еден еднорог од тоа крдо, но богаташот го одбил. Поради тоа, кралот наредил да го убијат. За да му се одмазди на кралот, жената на богаташот им наредила на своите слуги да ги убијат сите еднорози. Така била прекината лозата на Букефал. Четвртата легенда за Александар Македонски која ја запишал Марко Поло носи наслов "Александровата преграда". Оваа легенда се однесува за еден настан кој наводно се одиграл на територијата на денешна Грузија. Според легендата, во оваа земја било запрено напредувањето на Александар, затоа што пред него се појавил опасен теснец. Од едната страна се наоѓало морето, а од другата имало непреодни планини со густи шуми пред нив. Овде Александар решил да изгради преграда во теснецот меѓу двете планини. На тој начин ги спречил племињата кои го напаѓале и ги отсекол од цивилизираниот свет. Таа преграда го добила името "Железна порта". Интересно е тоа што подоцна многумина се обидувале да ја пронајдат таа "Железна порта". Така, на пример, некои средновековни арапски географи сметале дека оваа преграда всушност е Кинескиот ѕид, а други, пак, сметале дека се наоѓала во Дагестан. |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
филипинците са македонци
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не се Македонци туку имаат легенда за Александар Македонски,значи слушнале и тие за него
|
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според преданието кое го објавува авторот Харли, припадниците на филипинскиот народ Моро себеси се сметале како директни потомци на Александар Македонски т.е. како потомци на дел од неговата војска, која преку Индискиот Океан дошла до далечните филипински острови. |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.absoluteastronomy.com/topics/Alexander_the_Great
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кажав дека тоа само они имаат такво предание,легенда - не е докажано такво нешто |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
е како ке имат легенда ако не са
|
||
Внеси реплика | страница <1 2021222324 47> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |